Животните на подземната железница

07.04.2011 12:49
Животните на подземната железница

„Animals on the Underground“ (Животните на подземната железница) е колекција од над дваесетина животински ликови создадени само со повлекување линии и употреба на симболи на мапата на лондонската подземна железница.

Творец на овие цртежи е Пол Мидлвик уште во далечната 1987 г., а во 2003 овој концепт беше употребен за постерите од рекламната кампања за Лондонската зоолошка градина.

Меѓународниот фонд за заштита на животните (The International Fund for Animal Welfare) употреби дел од овие постери (фоката, слонот и китот) и за кревање на свеста опколу ловењето фоки во Канада, трговијата со слонова коска и светскиот лов на китови.

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW


 

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

Извор: animalsontheunderground.com

ОкоБоли главаВицФото