Даровите на небото

08.04.2011 09:03
Даровите на небото

Од небото, по една авионска несреќа, паѓаа луѓе, врескајќи.

Еден човек тресна на плочата пред нашата куќа: убаво се чу како му „пукна“ главата. Жената отрча до ранетиот, велејќи им на собраните да повикаат брза помош; а тој се придигна на лактите и сакаше нешто да и’ каже. Жената не можеше да го разбере, клекна, го стави увото на неговата уста: пак не можеше да ја разбере пораката на ранетиот која сигурно беше важна.

Дојде брзата помош на мотор со приколка: пред да притрчаат со носилката, ранетиот уште еднаш ја крена главата, обидувајќи се пак да ги каже своите последни зборови. И овојпат безуспешно. Пред болничарите да го фатат, главата уште еднаш со пукот падна врз бетонската плоча и остана неподвижна.

Митко Манџуков (Струмица, 1943) е раскажувач, романсиер, драмски автор и есеист. Пишувал и објавувал на македонски и српски јазик. Добитник е на неколку книжевни награди и признанија. Живее во Македонија. Член е на МАНУ. Застапен е во домашни и странски антологии. Расказот „Даровите на небото“ е преземен од неговата збирка кратки прози „Меѓата на светот“.

Слични содржини

Книжевност
Клопец [к:1]
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото