Заев на ручек кај племето Басонго

11.04.2011 16:48
Заев на ручек кај племето Басонго [пара вести]

ЗАНЗАБУКУ / СТРУМИЦА, 13 април 2011 (ЊУЗ/ОКНО) – Племето Басонго од Конго денеска му упати официјална покана на потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев да учествува на нивниот традиционален ручек, кој ќе се одржи на 17 мај во срцето на џунглата Занзабуку во Конго.

Повикот уследи по објавувањето на изјавата на Заев, во која се потенцира дека СДСМ кога ќе дојде на власт ќе јаде живи луѓе.

Оваа изјава доби широк публицитет на овој континент, па, според реакциите на официјалните лица и здруженијата на африканските земји, го предизвика вниманието на племето Басонго, кое веќе со генерации практикува канибализам.

Во писмото, потпишано од поглавицата М’Зунга, меѓу останатото, се наведува дека Зоран Заев со својот настап повторно го привлекол вниманието на светската јавност врз канибализмот, а со самото тоа и врз проблемите на канибалите.

- Ситуацијата е алармантна, бидејќи во последните години во Африка има сè помалку туристи, како и заскитани туристи, кои би им обезбедиле редовни оброци на оние што својата исхрана ја базираат на овој извор на намирници – се вели во писмото.

Во поканата, исто така, е изразена надеж дека „господинот Заев ќе биде првиот македонски политичар што ќе присуствува на ручек кај ова племе. Претходната покана му беше упатена на премиерот Груевски, кој, иако сè беше подготвено за неговото доаѓање, пропушти да биде дел од оваа традиција, кога минатиот пат беше во посета на африканскиот континент“.

По овој повод Зоран Заев, за кого инаку се шпекулира дека ќе биде опозициски кандидат за премиер, по овој повод изјави дека е почествуван со поканата на поглавицата М’Зунга и со поддршката што африканските народи ја даваат на програмата на СДСМ и нему лично.

Потпретседателот на СДСМ изрази надеж дека гостопримството од М’зунга на најдобар начин ќе ги демантира критиките на поедини македонски политичари од власта што уследија по неговата изјава.

инспирација за текстот: http://www.njuz.net/pleme-africkih-ljudozdera-pozvalo-cedomira-jovanovica-na-rucak/

Заев ли ѕирка на чаршафот,

Заев ли ѕирка на чаршафот, меѓу жените?! Изгледа М’зунга главиве ги одвоил за препарирање, а телата више ги стаил у некој казан... Изглеа Заев му требал ко зачин во женскиот казан, изглеа ради тоа го викнал...

Текстов ви е плагијат ?!! 01.

Текстов ви е плагијат ?!!
01. 04. 2011. 04:12h | Njuz.net
Pleme afričkih ljudoždera pozvalo Čedu na ručak

Pleme Basongo iz Konga uputilo je danas zvaničan poziv lideru LDP-a Čedomiru Jovanoviću da učestvuje na njihovom tradicionalnom ručku, koji će se održati u srcu prašume Zanzabuku u Kongu 17. maja ove godine, prenosi sajt "Njuz.net".
и што би рекол Фршко кој нема у глаа има у рука!

Не е плагијат туку

Не е плагијат туку (вообичаена) адаптација на ваков тип иронично-сатирични текстови. Пропуст е само што нашиот соработник Ѕвездан Георгиевски (адаптаторот, во случајов) пропуштил да го наведе изворот за својата инспирација. Што во оваа пригода ние го правиме:)

ХА ХА ХА МЕ ИЗНАСМЕАВТЕ

ХА ХА ХА
МЕ ИЗНАСМЕАВТЕ

Анапласт, вообичаена практика

Анапласт, вообичаена практика е ваков тип текстови да се пренесуваат и адаптираат. Самиот сјаен српски сајт Njuznet често адаптира текстови од легендарниот Onion (ние во Темплум на времето преведовме книга со најдобрите текстови од Онион, а нивни текстови сме преведувале и во Маргина).

Наша добра практика е да го наведуваме изворот на инспирацијата. Иако, во светот се толерира и спротивното: да не се наведува изворот, за финтата да биде поубедлива.

Последните три пара вести на Окно ги состави Ѕвездан Георгиевски.

Исти .!. сте и ти твојот

Исти .!. сте и ти твојот Ѕвездан, квази писатели, квази интелекти, квазо..

Коља #fail copy paste for the

Коља #fail copy paste for the win #fail

ОкоБоли главаВицФото