Ревносната конвертитка

13.04.2011 13:30
Ревносната конвертитка

Едно нешто мора да и’ се признае на „партизанката“ Мирка. Ревносна беше и ревносна остана. И некогаш, кога му се наоѓаше на тогашниот претседател Глигоров, и сега, кога му се наоѓа на сегашниот премиер Груевски, „партизанката“ Мирка ја краси ревноста.

Меѓувремено, Мирка им се наоѓаше уште на неколкумина, на премиерите Црвенковски и Георгиевски и на министерот Љубе Бошкоски. Брат Љубе веројатно знае најмногу поради што и заради што ревноста на „партизанката“ Мирка преку ноќ се испаколичува од љубов во омраза, па вчерашниот херој го прогласува за предавник, а вчерашниот обожаван „брат“ го деградира во презрена „сестра“. Ревноста на Мирка не познава граници и во љубовта и во омразата. Ревност каква што и’ доликува на конвертитка која премногу често ги менувала страните, а сепак би сакала да ја сметаат за правоверна. Невозможна задача, која бара од Мирка жолчката што ја истура врз бившите господари да биде поголема од понизноста со која им лижела од рацете, без оглед на тоа кој кого отфрлил, Мирка нив или тие Мирка.

Уште поневозможна задача си задала Мирка во својот напис во „Нова Македонија“ во минатиот петок. Се нафатила да ја прикрие својата улога во дебаклот на Миленко. Па, излажала дека Киро Глигоров во раните 1990-ти години ме „назначил“ за одговорен за работа со МПО. А вистината вели дека Киро Глигоров одби да го прими Лебамоф, тогашниот претседател на МПО, а претходно го прими Младеноф, кој важеше за лидер на тврдото, бугарско крило во МПО. Иван Лебамоф беше убеден дека Глигоров наложил медиумите да го игнорираат и не го криеше разочарувањето од степенот на демократијата во Македонија. Но, тогашната главна уредничка на телевизијата А1, Гордана Стошиќ, му овозможи на Иван Лебамоф во интервју да ја раскаже историјата на семејството Лебамови, кое во 1905 година емигрирало од Егејска Македонија и да ги искаже своите погледи за Македонија и Македонците. Неколку месеци подоцна, Иван Лебамоф, човек со силни врски во Републиканската партија, нè покани мене и Гордана на конвенцијата на МПО во Арлингтон. Ја прифатив поканата, иако бев предупреден дека Глигоров ќе ме нападне преку своите новинари. Прифатив да говорам на конвенцијата по амбасадорката на САД во Обединетите нации, Џин Киркпатрик. Мојот говор, посветен на Македонците и Македонија, беше поздравен со овации. Плакетата што Мирка ја унапредила во награда сè уште ја краси мојата канцеларија. Но, поважно беше тоа што бев индиректен сведок на исклучувањето на двата канадски ограноци на МПО, предводени од Младеноф, а познати по пробугарските ставови. А кога се вратив дома, ме дочека нападот објавен во неделникот „Пулс“. Што мислите, кој беше авторот?

Но, „партизанката“ не запира тука и ме праша како јас сум станал директор на Соросовата фондација, кога е „општопознато дека прв избор на Џорџ Сорос биле Доста Димовска и Љубчо Георгиевски“. Не верувам дека одговорот ќе и’ се допадне. Имињата на Доста Димовска, Љубчо Георгиевски и комбинацијата на името и презимето на Блаже Ристески и Драги Арсов беа напишани на ливчето што тогашниот премиер на Бугарија, Филип Димитров, му го дал на Сорос. На појадокот во Благоевград, Сорос го покажа тоа ливче пред членовите на управниот одбор на веќе укинатата фондација „Сорос Југославија“, формирана од Анте Марковиќ и Џорџ Сорос. Јас бев еден од членовите на тој управен одбор. Сè уште го чувам тоа ливче кое Сорос ми го даде кога го испраќав на скопскиот аеродром.

Налогот што овојпат го исполнува „партизанката“ Мирка мора да е од највисоко место штом се залетала толку што ми припишува „патолошки страв од лустрацијата“. Како да не знае дека во 2000 година тогашната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска, ми прати порака дека сум бил цел на прислушување, следење и друга оперативна обработка од страна на Службата за државна безбедност. Не драпај колчишта, Мирке, јас уште тогаш си го побарав досието и во неколку наврати, во Белград и во Скопје, јавно презентирав делови од него. Вклучително и тоа дека досието ми било отворено поради „анархо-либерализам и учество во демонстрации“. Но, Мирка дефинитивно се претвора во Свирка кога лаже за некакви мои министерски амбиции во 1996 година, кога јас веќе не сум член на Претседателството на СДСМ. Знае Свирка дека јас неколку години порано ја одбив понудата на Никола Кљусев да бидам министер во првата влада на независна Македонија, а знае и за моето одбивање да бидам предложен за министер за надворешни работи во првата влада на Црвенковски. Како што знае и дека мојата изјава дека „ќе земам пушка и ќе појдам во планина“ беше објавена во времето на грчкото ембарго во угледниот неделник „Њујоркер“, за кој Свирка не може ни да сонува.

Но, затоа може да блада куп глупости за домашна употреба, почнувајќи од „грчки НВО-содружници“ и не завршувајќи со креирањето, цитирам, „архибригада, плоштадот ‘Слобода’ и распеани скопјани“. Очигледно, ревноста негативно влијае не само врз логиката, туку и врз интерпункцијата.

Сепак, најступидната лага на нашата „партизанка“ Свирка, сепак, е врзана за театарот. Наводно, за неа сум бил „прочитана книга уште од времето кога сум се потпишал како режисер на плагијат-претставата „Животот и смртта на Хоакин Муријета“. А бре, Свирке, а да го прочиташе најпрвин насловот на претставата? Се викаше „Славата и смртта на Хоакин Муриета“! Претераната ревност е нездрава. Таа претстава беше праизведба на драмата на Пабло Неруда на сцената на МНТ. Јас го договорив преводот од шпански од Огнена Никуљска, јас го убедив Драган Ѓаконовски-Шпато да ја компонира музиката. И да сакав, Свирке, не можев да направам плагијат, зашто тогаш „Хоакин Муриета“ не беше поставен на ниту една друга сцена и од ниту еден друг режисер!

И така стигнавме до крајот на последниот испад на ревносната конвертитка Свирка. Дното допрва следи.

слики: Adhika Rahmani

„Шпиц“, 13.04.11.

Текстот на М. Велиновска можете да го прочитате на следниот линк.

Забележителна е добрата

Забележителна е добрата меморија и конкретните факти, настани, имиња и сл со кои во неволнава преписка со мегафоните оперира г-ин Милчин. И во емисијата кај Миленко мораше да го исправа, потсетува, корегира за тоа во кој часопис излегло некое интервју, кога испратил некое писмо, со кого кога се видел и сл. Очигледно мегафоните се повеќе импровизираат. Дали се пренапрегнати со „преродбеничките“ предизборни фабрикувања?

Еден интерсен факт, Милчин спомнува дека Глигоров го претпочитал бугарското крило на МПО на чело со извесен Младеноф. Изгледа за некои секогаш се резервирани обвиненијата за предавство, а некои секогаш уживаат заштита што и да правеле. За приватизацијата е демонизиран Бранко Црвенковски, а кога таа почна во 1994 претседател беше Глигоров. За бугаризацијата секогаш беше обвинуван Љубчо Георгиевски, а еве и Глигоров го милувал пробугарското МПО.

Изгледа г-ин Милчин би имал уште што да каже, доколку го влечат за јазик.

Не се работи дека Глигоров

Не се работи дека Глигоров бил пробугарски ориентиран, токму напротив, сакал целото МПО да го прикаже за бугарашко, затоа што било анти-југословенско. И не ти ја разбирам логиката дека претседател бил Глигоров кога почнала приватизацијата. Приватизацијата владата ја спроведува, или претседателот? И немој Црвенковски цвеќе да испадне, а Глигоров лошиот. Па, Глигоров го измисли Црвенковски. Тоа е исто како да велиме дека Георгиевски не е одговорен за поставувањето на Груевски за претседател на ДПМНЕ.

Тоа се хипотези што сакал

Тоа се хипотези што сакал К.Г. како да прикаже околу МПО. Факт е дека се сретнал со Младеноф. И нарачал кај Мирка текст против Милчин во Пулс.

Дали е одговорен Глигоров за (начинот на) приватизацијата? Секако дека е. Тој беше како што и сам кажуваш ментор на Бранко. Се сеќаваме на познатото ’не ме оставајте сам!’. Им порачуваше на граѓаните да се снаоѓаат и да не чекаат на државата. Отворено агитираше за приватизацијата. Приватизацијата во основа е неправедна работа. Секако нејасно е дали ваучер системот ќе донесеше нешто подобро.

Нејсе, текстов не е за Глигоров.

Што се однесува со Љубчо, тој самиот изјави дека се определил за Грујовски наспроти Марјан Ѓорчев. Оти согледал дека може да постигне повеќе од Ѓорчев. Сега јас да шпекулирам: дали согледал и нешто од деструктивните црти кај Грујовски? Не е исклучено. И и’ го подметнал како темпирана бомба на РМ?

Па? Што не е јасно, токму ти

Па? Што не е јасно, токму ти се обиде да го амнестираш Бранко од приватизацијата препишувајќи му ја на Киро. Јас реков, Глигоров е виновен за тоа што го инсталираше Бранко, исто како Љубчо што го инсталираше Грујо. Тоа не значи дека Бранко и Грујо се невини.

Г-не Милчин, “јас“,

Г-не Милчин, “јас“, “нашпознатблогер“, сензибилитетот познат на уредникот на Окно а и “пошироко“, изјавувам: „Ве Сакам“! Ве сакам поради едноставна причина: Вие, со се вашиот целокупен хабитус, го рационализирате (разобличувате/детерминирате) сето трансидеолошко и транснационалано лудило на Груевизмот кое треба и мора да се порази!
Имено, јас сум за секој оној кој е против оваа Груевистичка националистичка калакурница - па, боже мој, па тогаш се' гледа кој е кој!
Живи здрави!

Инаку за жалење е до каде се

Инаку за жалење е до каде се спушти протагонистката на колумнава. Од интересните колумни што ги објавуваше во Фокус, до помијата што сега оди во Нова Македонија. Каде се спуштила дури и под нивото на таблоидите. Дали вработувањето на синот ја обврзува, или егејската солидарност ја нагонува да го обожава пастирот?

Браво! Удрете по сељаците, за

Браво! Удрете по сељаците, за еден да не остани! Удрете оти мамата ни ја ебаа.

pred fsktite i Bogovite

pred fsktite i Bogovite kjutat, ama se somnevam deka ke se zakjutat spin-doktorite na vlasta. Tie se odnesuvaat kako da se nad Gospod, unishuvaat lugje i karieri za tugji zlatnici!

trebashe da stoi "pred

trebashe da stoi "pred faktite" i Bogovite kjutat

Испратено на 14 април 2011 од

Испратено на 14 април 2011 од Picasso`
Браво! Удрете по сељаците, за еден да не остани!

ОстанИ? Остане се вика граѓанЕЦУ од Свирипичино.

Главецу, освен тоа што

Главецу, освен тоа што сукцесивно, дел по дел, го сереш просторов за кафе пауза и муабет оттаде закоравената иманенција во која што ти живееш, почна да сереш и над никот којшто го носиш а тоа е тежина за која што оној што ти го кажал името негово не те научил на тежината на она што значи да носиш име нечие како ник нејм, а притоа тоа да биде достојно, и без рустикалност. Сељакот освен тоа што се наоѓа во ничија територија па уште без некој да го шкљапне по неговот клемпаво мариовско ушиште, цевка и крека, сака нешто, а не знае што сака, самиот гомносан до врат, се конформира до тој левел на смрдеа да смета дека и другите требЕ да смрдат како него. Успеа бре идјотче мало, успеа, напраи и јас да се просерам, но јас за разлика од тебе, не серам на мое име, серам на твое, за да придонесам да ќенефот си остане ќенеф место за серење.

Инаку простаче мило мало, мора да знаеш дека утре Окнашите и ГЕМ се во Битола, па тоа беше моја експресија со локал-лексички импулс, недофатлива за твојот олигофреничен смрден хабитус.

Ако бараш хипертрофија на егото, сељаче мало, мора да знаеш дека си погрешил адреса. ;)

(ај гит сега)

Што се држи на себе оваа

Што се држи на себе оваа земја. ’Преродбава’ е триумф на злобата, простотилакот, лажливоста, некултурата. Безмилосни арамии. Ако размислуваме во некои религиозни категории,тоа се верни следбеници на Сатаната. Опседнати со власта и парите и запоседнати од Мамонот.

ОкоБоли главаВицФото