Користејќи ги разговорите со луѓето во врска со нивните први средби со љубовта, нивните животински копии ги раскажуваат нивните смешни и срцепарателни приказни.
Анимацијата е на Џулија Пот, а музиката на Кристофер Фрост.
Со вадење пиштоли на маса се изнудуваат најблагоугодни привилегии
Со вадење пиштоли на маса, со разни видови закани за одмазда, се изнудуваат најблагоугодни привилегии – чиниш ја живееме добата на најбруталната и најпримитивната првобитна акумулација од историјата на човештвото. Нашиот Левијатан е сосема издишан. Веќе не се знае што е фукција на највисоката држава, што на локалната власт, што е јавен домен, што приватен.
Судовите сé помалку се место на раздавање на правото и правдата. Се претворија во кванташки пазар, каде сѐ зависи од случај до случај, од понудената откупнина за злоделото, каде со пари и позиција може да се добие сѐ, освен да се стигне до правдата. Монополот на примена на сила сѐ повеќе се истргнува од рацете на државата, се пренесува или узурпира од разни поединци и групи од другата страна на законот.