Зошто жените носат превез

18.04.2011 15:11
Зошто жените носат превез

Знаеме што мисли Џек Строу за муслиманките кои носат бурка. Претседателот Саркози им го кажа своето мислење на францускиот парламент и на нацијата. Но жените кои носат превез во јавноста многу ретко се прашани зошто го прават тоа.

Меѓутоа, Фондот за отворено општество реши да праша 32 жени од Франција зошто во јавноста носат превез кој го прекрива целото лице. Ова е дел од проектот „Дома во Европа“(At Home in Europe Project). Објавен е и извештај, „Зошто 32 муслиманки во Франција носат превез кој го покрива целото лице“. Нивната цел е да им се даде можност на овие жени да го објаснат својот избор и да укажат и да се спротивстават на митовите и заблудите кои ги подгреваат хистеричните реакции кон малубројните жени во француското општество, но и низ Европа, кои носат бурка.

А што точно мисли претседателот Саркози? Во јуни 2009 г. тој им се обрати на насобраните членови на обата дома на францускиот парламент, одговарајќи на барањето на 58-те пратеници од сите политички ориентации, кои бараа да се основа парламентарна комисија за истражување на оваа појава и да се разгледа законскиот одговор кој доведе до забрана за носење бурка во Франција.

Саркози даде свој благослов на барањето за создавање парламентарна комисија и изјави: „Проблемот со бурката не е од верска природа. Тоа е прашање на слободата и достоинството на жените. Бурката не е верски симбол; таа е симбол на покорноста, на понижувањето. Свечено изјавувам дека бурката не е добредојдена на територијата на Француската република! […] Парламентот ја изрази својата подготвеност да се позанимава со ова прашање. Ова е најдобриот начин да му се пристапи на прашањето. Мора да се започне дискусија и сечиј став да биде изнесен. Каде би можеле подобро да бидат изразени ставовите надвор од парламентот? Ви велам, дајте да не се срамиме од нашите вредности, ајде да не се срамиме да ги одбраниме“.

Што имаат да кажат очигледните „непријатели одвнатре“ во своја одбрана? Наима Бутелџа разговараше со 32 жени од Франција, кои рамковно ја претставуваат групата од 1900 жени што носат бурка во Франција. Само три од нив се родени надвор од оваа земја. Осум од нив ја промениле верата, 22 имаат помалку од 30 години, 14 од нив имаат барем средношколски дипломи, а десет работат со целосно или со скратено работно време.

Ниедна од нив не била присилена да носи бурка. Напротив, мајките и семејствата на дваесет од нив на почетокот не се согласувале со нивната одлука, во одредени случаи „жестоко“, плашејќи се дека тоа ќе ги спречи да развиваат приофесионална кариера, или плашејќи се за нивната безбедност: многумина од нив биле под влијание на преовладувачките медиумски ставови. Некои од жените на почетокот криеле од своите семејства дека носеле превез. Најголем дел од нив не ја носеле бурката во јавност, поради можни тензии во семејството, правилата на работното место или „општото социјално-политичко опкружување“.

Носењето превез не било чин на отфрлање на општеството. Најголемиот дел од овие жени водат активен општествен живот. Типовите како Саркози и уште полошите елементи во нашите општества се обидуваат да го делигитимизираат верското и духовно значење на носењето бурка. Бутелџа тврди дека најголем дел од жените носат превез „како дел од духовното трагање“ кон продлабочување на својот однос кон бога, раководејќи се од однесувањето на жената на пророкот Мухамед.

Многу од жените, посебно оние младите, биле поттикнати да носат бурка токму поради контроверзите околу неа. Некои тоа го сметаат за „естетско искуство“, или во пубертетот решиле да се оттргнат од „несаканото внимание од страна на мажите“.

Бутелџа вели дека високото ниво на вербално насилство на кое се изложени најголемиот дел од овие жени не смее да биде потценувано. Навредите најчесто доаѓаат од белите Французинки на возраст меѓу 30 и 50 години. Бројот на вербално насилни млади луѓе бил многу мал.

„Неколку испитанички ни кажаа дека не разбираат зошто младите ги доживуваат како угнетени или терористи, додека вербално ги напаѓаат во јавноста. Само две жени (обете не носат редовно бурка) изјавија дека досега никогаш не биле изложени на вербално насилство. Овие жени биле нарекувани со разни имиња, од Бетмен, Дарт Ведер и Фантом до навредливите називи како курва или кучка. Некои забелешки се однесувале на правата на жената, на забраната на превезот кој го прекрива целото лице... Минувачите често довикувале: ’Врати се во својата земја’ или ’Ти си во Франција!’“

Мал број случаи вклучувале и физичко малтретирање, со примери како плукање или обиди да и’ се симне бурката на жената што ја носи. Најмалку пет жени изјавиле дека минувачите ги фотографиле без нивна дозвола, „како да се животни во зоолошка градина“.

Голем број од овие жени се убедени дека политичарите се обидуваат да ги придобијат гласачите правејќи жртвени јагниња од муслиманите, во време кога Франција западна во социјална, политичка и финансиска криза. Неколку од нив мислат и дека владата се плаши од зголеменото влијание на исламот, додека други тврдат дека ни Франција ни нејзината влада не се помириле со фактот дека Франција е мултикултурна земја.

Деновиве законот кој ја забранува бурката стапи на сила. Овие жени сега се соочени со тешка дилема. Многу мал дел од нив отворено потврдија дека овој месец ќе го соблечат превезот, додека помладите испитанички цврсто стојат при ставот дека ќе пружат отпор. Меѓутоа, уште сега две жени кои изјавија дека нема да го тргнат превезот го сторија тоа.

За време од период на шест месеци парламентарната комисија сослуша искази на 211 лица: феминистки, политичари од сите убедувања, претставници на муслимански организации, секуларисти, групи за човечки и права на жените, припадници на академската заедница, интелектуалци и новинари. Комисијата патуваше и во неколку градови, како и во Белгија. Прашалници се пратени во француските амбасади низ Европа, Канада, САД, Турција, но и неколку арапски земји.

На самиот крај од својот мандат, кон крајот на 2009 г., членовите на комисијата се сетија да интервјуираат една муслиманка која носи бурка, но претходно бараа да го тргне превезот од лицето за време на разговорот. Андре Герин, пратеник на Француската комунистичка партија и претседател на комисијата, објасни дека „за да ја подобриме нашата одлука, моравме да сослушаме барем една жена која носи бурка“.

Кенза Дридер, муслиманка која беше сослушана од комисијата, исто така е и една од жените опфатени со извештајот на Фондот за отворено општество. Според неа, таа испратила неколку писма до Герин, во кои барала да се појави пред комисијата, и само поради упорноста и контактите во медиумите, конечно била повикана да се појави пред истата, меѓу последните. На нејзиниот исказ е посветен пасус од само десетина редови во извештајот на комисијата кој брои 658 страници.

Извор: Open Democracy

Значи уште малку ќе испадне

Значи уште малку ќе испадне дека само најсамосвесните жени носат бурки и дека носењето бурка е кул. Way to go liberals!

Носењето бурка треба да биде

Носењето бурка треба да биде една од опциите што им стои на располагање на жените, пријателе. Текстов само ја прикажува другата страна на медалот. Ако има слобода, нека ја има за сите, ама ако се докаже дека некој ја присилува жената да носи бурка, исто нека одговара. Така барем јас гледам на слободата. Сите, значи муслимани, атеисти, православни, панкери, скинери, навивачи, сите си имаат свои вредности, религија, култура, субкултура и доколку не ја нарушуваат слободата, пред се мислам на физичката слобода, но и да не ги малтретираат вербално сограѓаните, сите имаат право на постоење и практикување на своите вредности.

За кои вредности зборуваш

За кои вредности зборуваш пријателе? Можноста да излегуваш маскиран надвор и да ѕиркаш низ мрежа? Се си има свои граници па така и религиските слободи. Инаку што ќе беше ако дозволевме пагани (пагани има и во денешно време) да палат луѓе на отворено, хиндуси на темза да пуштаат мртви луѓе како што им налагаат нивните обичаи, да се колат овци на улица за курбан и така натака. Велиш да се испитало дали се злоупотребени, а како да се изведе тоа? Зарем жените пред да добијат право на глас некој одел од жена до жена и прашувал - дали ви е добро без право на глас? Дали за вас е во ред што вашиот маж одлучува за вас? Ако имало такви "анкети" жените никогаш не би добиле право на глас. Како и да е, бурката е нешто што е неприродно и секако не припаѓа на европа и европските вредности и ја поддржувам забраната.

И јас сум со Д-р Фројд, со

И јас сум со Д-р Фројд, со почит кон Исламот, ама ова е ненадминливата контрадикторност на либералите.

Така доктор серојд, така,

Така доктор серојд, така, Македонија на Македонците така?

ОкоБоли главаВицФото