Гери Ларсон во Окно

19.04.2011 11:23
Гери Ларсон во Окно

Од денес на Окно почнуваме да ги претставуваме карикатурите на Гери Ларсон. Воедно, му се заблагодаруваме на нашиот досегашен карикатуристл Драган Поповски.
Gary Larson (роден на 14.08.1950.) е автор на The Far Side, серијата карикатури која излегуваше во разни светски весници цели 15 години. Серијата заврши откако Ларсон (неочекувано) реши да се пензионира на први јануари 1995 година. Неговите 23 книги со избрани карикатури досега се продадени во над 45 милиони примероци.
Во продолжение пренесуваме мал текст на самиот Гери Ларсон, кој зборува за своите цртачки почетоци...

Одеднаш, бев опкружен со ангели кои пееја „ти саааакаш да црташ карикатури....”
Ја напуштив работата во продавницата за музика и започнав да цртам, живеејќи од комбинацијата - малкуте пари што ги заработував и бесплатната соба и работната маса кај моите родители. И работите започнаа да се одвиваат прекрасно. Работев на мало дело наречено Nature’s Way - еднопанелна серија карикатури и собрав сила да му го покажам на уредникот на еден мал, неделен весник (Sumner News Rewiey). Му се допаднаа и почна да ме објавува редовно.
Совршената среќа што моите карикатури се објавуваат беше доволна да живеам некое време, но трите долари по карикатура што ги добивав наскоро почнаа да покажуваат отрезнувачки ефекти врз мојата визија дека со тоа ќе се бавам професионално. Не сум сигурен дали тоа беше страв од одбивање или нешто друго, но факт е дека почнав да одбегнувам да чукам на други врати или да ги праќам делата на различни издавачи.

Така цртањето го одложив на страна и најдов „вистинска работа” - истражувач за локалното Humane Society.
Работите некое време течеа приближно нормално, колку што е тоа можно во мојот живот, а потоа, во 1979, еден новинар што го сретнав ги покажа моите карикатури на својот уредник, во Seattle Times. Nature’s Way воскресна и започна да излегува неделно во нивното саботно издание - веднаш до детскиот крстозбор наречен „Junior Jumble” (знак дека проблемите се на повидок).
По една година, со висок степен на самодоверба (достигнав 15 долари за карикатура), направив храбар план за проширување на ова „издавачко царство”: Во викендите кога бев слободен од работа, ќе го земев портфолиото и ќе се одвезев во Сан Франциско. Сè на сè, мојата мотивација се сведуваше на едно: да заработувам пари од нешто што сакам да го работам.

Слични содржини

Карикатури
Карикатури
Карикатури
Карикатури
Карикатури
Карикатури
Карикатури

ОкоБоли главаВицФото