1008 hPa
68 %
17 °C
Скопје - Чет, 28.03.2024 08:29
Со пот и крв на младите од МКЦ, со сопствени сили и средства, со огромни ентузијазам и љубов, од едноставна идеја до секавична реализација, ви го претставуваме премиерното издание на фестивалот на нова музика „ЗДРАВО МЛАДИ!“.
На 22 и 23 април, во салата „25 мај“ во Младинскиот културен центар во Скопје, ја славиме новата музика, се сладиме на звуците кои, за жал, мошне ретко и/или пак, воопшто не ги среќаваме на нашата музичка сцена. Бендови и музичари, веќе етаблирани нови имиња на светската сцена или, пак, респектирани надоаѓачки ѕвезди.
Фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ! во своето дебитантско појавување претставува 11 грижливо деноноќно селектирани бендови и музичари. Од широкиот бел свет нè вознесуваат:
Се гледаме на 22-ри април во 20 часот.
Здраво Млади!