1011 hPa
41 %

25 °C
Скопје - Пет, 23.05.2025 11:14
Проектот Димитар Додовски и Сашко Костов започнува за време на првото продолжение на de:sonanz фестивалот за електронска музика во 2009 година.
Димитар Додовски веќе неколку години е присутен на светската електронска сцена преку најразлични изданија, како компилации во кои гостува со едни од најсовремените продуценти во моментов така и EP изданија за нет лејблови. Продуцира електронски звук кој е амалгам од даб техно и хаус со доста споредни експериментални влијанија кои го сочинуваат неговиот оригинален потпис.
Сашко Костов е продуцент, вокалист и мулти-инструменталист кој својот подем го бележи во периодот на т.н нов македонски бран на свежи продуценти кои дефинитивно дадоа нов и релевантен облик на македонскиот поп звук. Големо внимание посветува на деталите во композицијата инспирана од џезот, краут-рокот, поп звукот и алтернативниот рок.
Случајната средба и големата естетска усогласеност помеѓу овие двајца изведувачи резултира со нивна соработка која генерира фидбек ретко евидентиран на македонската музичка сцена. Проектот е спој од електрониката на Димитар Додовски и тапаните на Сашко Костов, жанровски и инструменталистички уравнотежен, доволно да функционира на секој подиум!
Димитар Додовски и Сашко Костов настапуваат на 23-ти април (сабота) на самото затворање на фестивалот.
За програмата на фестивалот можете да прочитате овде.