Новковски: во рајот има уште 16 места

27.04.2011 10:05
Новковски: во рајот има уште 16 места

СКОПЈЕ, ХАВАНА, 26 април 2011 (Окно) - По објавувањето на веста дека Владиката Стефан се распопил по сознанието дека во Рајот нема повеќе место, во редакцијата на пара вести на „Окно“ се јави проф. д-р Ненад Новковски со реакција дека неговата диференцијална формула, според која и г.г. Стефан дошол до овие сознанија не е најпрецизно пренесена.

„Точно е дека при постапката применивме неколку диференцијални формули, од кои крајната е Х=Р*Y-2011/R@F, при што Х е бројот на жителите на рајот, Р – површината на рајот, Y – бројот на генерации од Адам и Ева наваму, R – бројот на направените гревови и F – факторот на божјата енергија. Точно е дека со примена на оваа формула се добива резултат од минус 3, што значи дека веќе сега има тројца прекубројни во рајот. Меѓутоа, во формулата не е земен факторот P+2, кој се однесува на сеуште нелегализираните дивоградби во централното подрачје на Рајот“, објаснува д-р Новковски.

Според него, сега формулата би требало да гласи Х= (Р*Y-2011/R@F)+(P+2). Во овој случај излегува дека во Рајот има уште 16 места. „Мотивот за мојата реакција е фактот дека по објавата дека во Рајот нема повеќе место кај луѓето завладеа голема доза на разочараност. Со оваа исправка сакам да им дадам надеж на оние што секако ќе умрат до првомајските празници да не се откажуваат од принципите на богобојазниот живот“, вели Новковски за „Окно“. Тој додава дека процесот на легализација на рајските дивоградби е во тек и дека набргу ситуацијата ќе биде појасна. „Додека не се реши ова прашање во единствениот избирачки список и натаму ќе функционираат стотина стогодишници, плус оние кои веќе се сместени на просторот P+2“, ги објаснува Новковски практичните последици од новонастанатата ситуација.

Редакцијата на пара вести се обрати за стручно толкување и кај експертот за просторно планирање и изградба на цркви, архитектот Вангел Божиновски. Негов став е дека пребукираноста на Рајот не треба да го запре бранот на градење цркви, туку напротив – бројот на црквите треба драстично да се зголеми. „Само на тој начин ќе го натераме Господ многу бргу да го промени ДУП-от на Рајот и така Универзумот да продолжи да функционира по воспоставената дихотомија Македонија/Свет, односно Рај/Пекол“, вели Божиновски. Според него, со оглед на фактот дека Господ за седум дена го создал светот, а во контекст на домашното искуство со менување на ГУП-овите и ДУП-овите, нема место за каква и да е паника.

Некогашниот г.г. Стефан остана недостапен за коментари. Според нашите сознанија, тој се наоѓа на подолг годишен одмор на Куба, каде што наводно „Господ уште оди по земја“, како што наведуваат извори блиски до некогашниот архиепископ.

Sto se sekirate, ako vo rajot

Sto se sekirate, ako vo rajot nema, vo pekolot ke ima za site nas mesto ako ne se pokaeme, a vie lupajte gluposti, samo znajte deka vi e kazano! A vie, si znaete, golemi ste!!!!

Не ве мрзи да тресете такви

Не ве мрзи да тресете такви глупости ?? :D

ОкоБоли главаВицФото