Машина за магла

03.05.2011 12:19
Машина за магла

Ништо ново под капата небеска. Притегнувањето, до давење, на весниците од МПМ го гледавме пред повеќе од 20 години кога луѓето на Милошевиќ ја освојуваа „Политика“. Преку ноќ, преку упад, на сила, најстариот весник на Балканот стана ударна тупаница на Балканскиот касап. Неколку години пред тоа истото му се случи и на либералниот НИН, кој зазема „погрешна страна“, онаа против Милошевиќ, во судирот меѓу српските комунисти, кога всушност и се прекрши воената разврска на југословенските политички проблеми.

Денес, значи, на скопски „Дневник“ му се случува истото што му се случи на НИН пред дваесет и кусур години: преземање и допирање на професионалното дно. Политички комесари и погребници во весникот ги растераа сите што мислат поинаку од власта и со закани со откази ги замолчаа потенцијалните бунтовници. Извршителите и силеџиите на груевизмот, во невидената предизборна паника, решија да одиграат најтврдо: да го збришат од хоризонтот сето она што стрчи. Решија да го заколат волот за едно кило предизборно месо. Се разбира, со своето еклатантно политичко силеџиство слугите на груевизмот ќе го покопаат угледот на „Дневник“. Дневниот весник „Политика“, на пример, ни после 20 години не може да се ослободи од срамот дека својот со децении граден углед го стави во функција на воените злосторници претворајќи се во нивна воена труба.

Со суптилност на друмски разбојници, значи, груевистите влегоа во „Дневник“ и го претворија во машина за магла. Всушност, го претворија во малку покомплицирана гротескна машинерија како произлезена од лабораторијата на Руб Голдберг или професор Балтазар: комбинација од машина за магла, труба (воена) и проточен бојлер - тоа е „Дневник“ денес, под владение на страста по портокаловите вистини.

Денес и некогаш, ист е, значи, суштинскиот чин на насилство при претворањето на медиумите во машини за магла. И денес и некогаш директорите и главните уредници на највлијателните медиуми ја извршуваат функцијата на проточни бојлери. Не откривам топла вода со тој факт, но сепак мора да се констатира дека некои механизми на контрола и преземање во меѓувреме беа усовршени, а системот во кој денес живееме според својата бруталност го надминува дури и перфидниот бирократски социјализам. И во социјализмот, на пример, одговорноста за гнасотилаците се разводнуваше, но денес неодговорноста за постапките е главниот столб на владеењето во здружениот политичко-корпоративен сектор кој истовремено го држи целото општество за јајца и врат и притега по потреба, кајшто треба. За подобра контрола на медиумите, на пример, развиена е корпоративната технологија на двоен команден синџир: политичкиот моќник и сопственикот на весникот решаваат, но не спроведуваат, па имаат шанса да немаат ништо со гнасотилаците; додека директорот и главниот уредник спроведуваат, но не одлучуваат, па и тие божем избегнуваат да бидат укашкани. Кога политичкиот главуч влијае врз уредувачката политика на медиумот, приватниот сопственик постои само затоа за главучот да претставува жив доказ дека не влијае врз медиумите. Ист е односот и меѓу сопственикот и главниот уредник. Никој, всушност, нема врска со ништо. Како што се гради „Скопје 2014“, без автор, без аргументација, речиси без луѓе што го обликуваат и спроведуваат проектот, така се решаваат џелатските потреби и во „средствата за јавно информирање“: нит лук јал, нит мирисал, важно е камилите да врват и шишињата да бидат затнати.

Учителот по новинарство, извонредниот Виктор Иванчиќ вели дека ангажираното новинарство, во денешните околности, би требало да се занимава исклучиво со штетите настанати од самото новинарство. Та така, покрај „кучињата чувари“ треба да имаме и „кучиња водичи“ низ дебелите слоеви од фактографски магли. Иванчиќ вели: „Не е практично да известуваш за криминалот ако известувањето е дел од криминалот. Не се исплати со пљачка да ги кршиш законите ако е можно законски да се пљачка. Не е умно да наебеш поради криминал, ако е можно поради нашиот криминал да наебат сите други“. Со еден збор, подобро е сопствената новинарска вистина да ја држиш напикана во шише, како заробен едреник, а притоа да се занимаваш со туѓите „дебла“, т.е. со бродовите што пловат, за разлика од твојот заробен брод.

Жарко Трајаноски во својот проштален текст од „Дневник“ цитира активистка за човекови права која најсликовито ја опишува медиумската стратегија на преродбениците: „Едни ќе ги поткупиш, други ќе ги купиш, трети ќе ги ставиш во затвор, четврти само ќе ги стегнеш за јајца. Резултатот е, Македонија ја покри медиумски мрак“.

А зошто, добога, сите се прашуваме, медиумите се толку важни за политичките движења од типот на груевизмот? Одговорот е прост: зашто нивната држава не функционира на ниедно рамниште, освен на рамништето на произведување магла. Колку помалку е ефикасна груевистичката држава толку повеќе таа се потпира на медиуимските инсценации на сопственото дејствување. Во таквата држава медиумите имаат функција не само да ја разубавуваат сликата на владејачкиот систем, туку на места сосема да го заменат системот. Груевизмот, значи, е симулација на држава, фасада зад која се крие здружен злосторнички потфат. Дали ќе имаме сила, како општество, ем да ја срушиме фасадата, ем да го казниме злосторничкиот потфат, ќе дознаеме набрзо, по петти јуни.

слики: Руб Голдберг

Текстов требаше да излезе во „Глобус“ на 03.05.11., но списанието не излезе.

Што мислиш бе филозофу, како

Што мислиш бе филозофу, како двајцата новинари на А1 се најдоа на листа на кандидати за пратенички места и тоа баш од СДСМ? Многу е јасно... си го одработија своето и сега како заслуга ќе си добијат мандат од 4 год.и државна плата. Истата таа, која секоја втора емисија на гости во студио го канеше Министерот за финансии, од пред некое време од ''незнаеме кои причини'' е најголем критичар на земјоделската политика на владата. Исто како што нејзиниот газда решил дека треба да ја промени уредувачката политика, така и сопствениците на ''Дневник'' ја сменија својата. И едниот и другиот се сопственици на приватни претпријатија и тие си ја креираат насоката на своето работење. Зошто тогаш не го дигневте својот новинарски глас?

Двојни стандарди Мартине.

Двојни стандарди Мартине. Двојни стандарди кои го уништуваат нашето новинарство,па дури и нашето секојдневие.

Сафет Бишевац и колешка му ќе бидат партиски кандидати на СДСМ и никој од оние т.н. новинари нема да ти каже дека тоа е удар врз независното новинарство или дека СДСМ купуваат новинари. Но заминувањето на Жарко од Дневник,е тоа е удар за демократијата.
Па уште упорно не лажат дека А1 е единствениот независен медиум во МК,што во најмала рака е една мега идиотштина.

Да биде јасно.
Во Македонија нема независен медиум и ќе биде фер ако овие „борциве за демократија“ чесно да ни го кажат тоа.

Ама нема да ни го кажат тоа и ќе продолжат со етикети и дискредитации затоа што тоа е нивниот начин на работа.
Нормално,нивната легитимна политичка борба.

Но народов ја има веќе прочитано и видено таа приказна неколку пати во изминативе две декади, така што се потешко можеш да го манипулираш. Се излажал еднаш два пати и веќе не ги купува толку лесно.

Туку всушност кога ќе

Туку всушност кога ќе видиш,некој како навистина да сака да завладее медиумски мрак кај нас.

Некој сака само една страна да ги контролира медиумите.

Еден македонски „експерт за све“ Сашо Ордановски дури оди до таму и вели (на Youtube) дека протокот на информации на интернет треба да биде драстично ограничен и контролиран.

Некому дефинитивно му пречи информативниот плурализам.

Ајде Мартин кажи во кој

Ајде Мартин кажи во кој случај новинарите пишуваат против власта а во корист на опозицијата? Сите независни новинари и сите интелектуалци секаде во демократскиот свет, по правило ја критикуваат власта. Легитимно е и да се подржува власта од провладини новинари. Меѓутоа од кога критиката на власта вака се сваќа и каде го има тоа во демократскиот свет.

Колку што можеше да се

Колку што можеше да се разбере во медиумиите ова е последната (необјавена) колумна на Коља во сега веќе бившиот Глобус. Историјата на бесчестието на македонскиот медиумски самрак се одвива со брзина која и самите новинари и колумнисти не можат да ја следат. Да се надеваме дека нема да се посегне по ’уредување’ и на сајбер просторот. Та и ОКНО да појде во архива.

Ако некој го чепне

Ако некој го чепне ОКНО,старо,младо,женско и машко ќе земе пушки и во планина ќе оди да го брани.

Е сеа ако се самозатвори,не знам што ќе праиме.
Ма и да се самозатвори може да труби наоколу дека режимот ги затворил и пак ќе идеме во планини.

Туку шала на страна кои се објективните причини за згаснувањето на Глобус?

На сите ни е јасно дека

На сите ни е јасно дека медиумите кои не се ултра критични кон власта,а не се ни про опозициски настроени и во кои нема лојални новинари на одредени опозициски структури се жестоко напаѓани и неосновано етикетирани како провладини токму од лојалните новинари кои се плаќани од разни невладини организации и опозициски партии. Тоа е едно од правилата за медиумска пропаганда кои Сорос во еден свој есеј ги напишал.

И нормално е Жарко да вреска наоколу поради тоа што останал без работа во Дневник,но не е нормално да тврди дека поради тоа што тој веќе не пишува во Дневник,Македонија ја покрила медиумски мрак.

Знам дека едно Соросово перо помалку ќе има во нашиот и онака преплавен со купени новинари, медиумски простор и нормална е ваквата реакција, но сепак една ластовица пролетта не ја носи.

Само ќе напоменам дека BBC радио затвори неколку редакции и тоа на македонски,албански,српски и уште не знам кој и не слушнавме дека Англија ја покрила медиумски мрак.

Убава Јано. Абе од Дневник не

Убава Јано. Абе од Дневник не си отиде само Жарко, си отидоа повеќе колумнисти мислам 5. Дневник беше интересен по избалансираноста на колумнистите со различни погледи. Сигурно е мрак во медиумскиот простор затоа што Дневник беше последнит весник што колку толку го држеше тој баланс. Самиот велиш дека медиумскиот простор е преполн со купени новинари. Тогаш во што е проблемот. Споредбата со BBC ти е без врсак и не заслужува коментар. Едно е наклонетоста на некој новинар кон некоја опција а друго е сите да изгубиме медиум за некакво џамшише(којзнае можда било пластично).

Проблемот е што една од

Проблемот е што една од страните која купува новинари ни кажува колку е лошо што другата страна купува новинари.
И така до недоглед!!!
Тоа е проблемот.

Инаку компарацијата со BBC има и тоа каква основа.

Поради нерентабилноста на редакцииите и големите трошоци за нивно оддржување,управата решила да ги затвори и со тоа да остави неколку новинари на улица.
Еве го и Глобус се затвори и навистина не гледам други причини освен финансиски.
Нерентабилност и менаџерска неуспешност а и не проаѓа кај народот.
И што сега да го репрограмираме народот?
Значи причините се секогаш во основа од финансиска природа.

Но еве и да е од идеолошка па зарем има ли основа безрезервно да им се верува на овие луѓе?
Повеќето од нив се или биле функционери на СДСМ а еден од нив е активист за човекови права на само една политичка или еве невладина опција.
Значи двојни стандарди и двојни аршини.

И зошто сите ја забораваме Нова Македонија?
Единствен весник во кој на иста страна ќе прочитаме ултра критика за власта и ултра критика за опозицијата?
Секогаш интересна за читање токму поради интересен по избалансираноста на колумнистите со различни погледи

Весник во кој пишуваат:

Венко Андоновски,Билјана Ванковска,Дарко Митрески,Александар Русјаков,Дарко Јовановски,Владимир Николоски,Џејсон Мико итн итн.
Интелектуалци со независна мисла.

Но не ви одговара да се напаѓа вашата опција која е трула и застарена и производ од едноумието,па мора со дискредитации и етикети да го минимизирате интелектуалниот импакт што независните колумни би го создале врз мислењето на народот.

Или не знам можеби за вас единствените независни и добри колумнисти во МК се Стево Пендаровски,Љ. Фрчковски,Жарко Трајановски,Ѓунер Исмаил и Владе Милчин.

„Едно е наклонетоста на некој

„Едно е наклонетоста на некој новинар кон некоја опција а друго е сите да изгубиме медиум за некакво џамшише(којзнае можда било пластично)„

Апсолутно.

Исто толку страшно кога изгубивме медиум поради некаков Флипс и ситна роба.

Мора да се направи селекција

Мора да се направи селекција тоа е факт и да се отвори простор за нови лица, неможе истите фаци да парадираат насекаде и да лапаат дебели хонорари од сорос, морос и остали, а некои новинари да гнијат пишувајќи по блогови.

Ете вчера на денот на

Ете вчера на денот на слободата на медиумите, или како и да се вика денот, рекоа дека сме биле на 99 место во светот. Значи скоро зависни, ама скроз. Мрак! Владата, МПМ, Латас и Миленко го прават тоа, да. Но да бидеме искрени и Сафет и Ленче не влечкаат удолу...

Затоа што ги спомна Сафет и

Затоа што ги спомна Сафет и Ленче веднаш те ставија на груевистичкиот коњ.

Која перфидна манипулација.

Отварајте очи луѓе и не дозволувајте да ве исплашат или да ве спречат во обидот да мислите слободно и независно.

Тоа што не мислите како нив не ве прави припадник на другата страна.

Убав Јано. Точно не треба да

Убав Јано. Точно не треба да бидеме исплашени. Ама прашање овде кај нас кој кого плаши. Како некој новинар може да уплаши некого ако ја критикува власта или провладин медиум? Мислев имаш некој акал , ама зборуваш како вмровец кој е влезен во филм и уште мисли дека е во опозиција. Овде некој ако ја критикува власта, ти одма а вие? Демек тие немаат право да ја критикуваат власта и медиумите што се со неа затоа што биле вакви или онакви. Тоа со BBC пак велам нема врска, затоа што овде се работи за уцена од власта до Дневник од познатите џамшише причини. Ако е профитот во прашање ќе се кажеше Жарко твојте колумни не носат пари и готово,тоа се случувало и порано. Се радуваш на онаков Дневник, тоа ќе му донесе профит. Ако се платените реклами од страна на владата аферим. Платени реклами создаваат слободни медиуми?

И јас прашувам кој кого

И јас прашувам кој кого плаши?

Мислев дека имаш акал и си заклучил за што впрочем зборувам јас тука. Воопшто не се работи за пропорционалност во критиките. Ич не ми чуе кого критикувате. Тоа што дробам постојано ќе го кажам ЈАСНО И ГЛАСНО!!!

ГИ КОРИСТИТЕ ИСТИТЕ ТЕХНИКИ ЗА ПРОПАГАНДА КОИ ГИ КРИТИКУВАТЕ КАЈ ВЛАСТА!!!ТОА Е МЕНТАЛНА МАСТУРБАЦИЈА ВРЗ ГРАЃАНИНОТ И НАВРЕДА ЗА НЕГОВАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА!!!

А ПОКРАЈ ТОА,НЕ МОЖЕ ИСТИТЕ 5 ЛИКА,20 ГОДИНИ ДА НЕ ПЛАШАТ ДЕКА АКО НЕ ДОЈДЕ СДСМ НА ВЛАСТ,ЌЕ ПРОПАДНЕМЕ,ДЕКА АКО НЕ СМЕНИМЕ ИМЕ ЌЕ ПРОПАДНЕМЕ,ДЕКА АКО НЕ НАПРАВИМЕ КАКО КАЖАТ ГРЦИТЕ ИЛИ АМЕРИКА ИЛИ СОРОС ЌЕ ПРОПАДНЕМЕ ИТН ИТН.!!! И ПОСЛЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА НЕЗАВИСНО НОВИНАРСТВО И ДЕМОКРАТИЈА И СЛОБОДНА МИСЛА?!!! АМА АЈДЕ ВЕ МОЛАМ!!! НА КОЈ КОЊ ЈАВАТЕ?

Една работа е интересна за

Една работа е интересна за разгледување. ДПМНЕ тврдат дека СДСМ има 10 % подршка наспроти нивните 28%. значи СДСМ ќе оствари едвај 20-ина мандати. Односно првите 3-4ца по изборна единица. Од каде сигурност дека дотичните поранешни новинари - сега наводно кандидати ќе станат пратеници? Или повторно се работи за политичко лешинарство, да се колве макар било што, само да изгледа згодно за сеење магла. Дефокусирање од битни социјални и оптествени проблеми со наметнување банални теми за дискусија. Впрочем секој по устав има право да бира и да биде биран. А и не знаев дека се работи за толкави новинарски величини?!

Имено философ, се работи за

Имено философ, се работи за подлизурковци какви што има во сите медиуми. Воопшто не е битно дали тие двајца ке влезат во парламент или не, битно е дека се на листа. Да се појави некој новинар на листата на ВМРО ќе го расчеречите. Еве да не влезат во парламент,што ќе работат после? Ќе се вратат во А1!

„Дефокусирање од битни

„Дефокусирање од битни социјални и општествени проблеми со наметнување банални теми за дискусија“.

Токму за тоа зборуваме овде и се согласуваме со тоа.

Како невладин сектор наместо да отварате дебати за вистинските социјални и опшествени,па ако сакате и еколошки и пред се глобални проблеми,вие 5 години се занимавате со дебати за споменици и слични глупости.
Нормално е со сите можни оружја да ги дискредитирате адутите на власта за избори и каверот дека нешто градат,но,не очекувајте потоа дека луѓето кои луцидно внимаваат и ги обзервираат вашите политички борби безрезервно ќе ви веруваат.

Медиумите згаснуваат,

Медиумите згаснуваат, довербата во новинарството е на најниски гранки заради самите новинари а не заради некаков притисок. Најниски гранки достигна кога оние комедијанти од А1 што примаат плата на рака почнаа сами да се удираат во полицијата и да го повикуваат граѓанството во одбрана на нивната телевизија(нивниот газда) неплаќач на данок и капак на сите овие глупости беше моментот кога дознавме дека под носот на Борјан Јовановски во истите простории каде што се наоѓа А1 се прозиведувале илегално смоки. Мизерија. И сега истите тие се најжестоки критичари и поборници за некакви права. Па не ги финансирам ни едните ни другите на никаков начин повеќе и ме здоболе ако некој од сегашниве медиуми престане да работи.

Брутални идиоти, оперирани од

Брутални идиоти, оперирани од ум, суптилност и морал, тоа сте вие, груевистичка бандо, Јана, Алиса, Мартин итн. Кретените на новото доба! Децата на сонцето што заоѓа! Каков дебилитет, боже!
А тебе, Фројд, кретену над кретените, ти повторувам: во Македонија единствена пазарна економија е ако си со власта! Идиоте, „Д-р Фројд“ (какво дебилско име! За што си бе ти, глупандеру, доктор?!), тоа го знаат и идиоти! Во Македонија нема пазар за леб и сирење, а да не зборуваме за работи за кои народот е совршено незаинтересиран: весници, книги итн.
Какви билмези, боже, ја водат земјава и какви кретени као мислат и коментираат... Млади требале да дојдат... Старите биле потрошени (а стар е секој над 40, според талибанските норми на изродбата)...
Да владее глупоста! Примитивизмот, бруталноста! Во тој свет, Фројд, ти си цар, признавам! Таму, во халуцинациите на груевизмот, ти си стварно „Д-р“ Фројд“, а печените гулаби паѓаат в уста.

Ете го нивото на „борците за

Ете го нивото на „борците за демократија“.

Сдсмовските пулени и апологети.

Дечките кои се залагаат за слободни медиуми и слободна мисла,а впрочем жестоко се борат против нив.

Овие елоквентни младичи ни се нудат како алтернатива и ќе не палат на плоштад ако не се согласиме со нив.

Само прашање е дали тогаш ќе дојдат на помош Плоштад Слобода и Распеани Скопјани,бар една песна да испеат додека горат еретиците и додека „народот“ френетично мантра на нивното палење.

Браво.

Идиоти, деца на сонцето што

Идиоти, деца на сонцето што заоѓа, вие (Јана и другата имбецилна компанија) сте слика и прилика за помрачена Македонија кајшто секој шупак ги добива (кобајаги) своите 15 минути слава. Ништо не постои. Само подвижната лента на груевизмот, кајшто луѓето се консумираат ко дневен весник: читни згужвај фрли.
Не ви работат тиквите, постојано зборам. Голи и боси во умот. Коментирате под текстови кои галактички ги надминуваат вашите амебски интелектуални способности. И притоа - види, боже! - вие арбитрирате што чинело што не чинело кој бил застарен итн. Неспособни за пет реда коментар, а умислени - најгрдата можна слика на демократијата! Ради такви кретени ко вас, уморниот народ, низ историјата, често бира тоталитаризам, оти вие сте гротескната слика на демократијата (во која нормална земја таков дебил ко Бичиклиски - Латас, Миленко итн. - може да биде портпарол на најмоќната партија?!; според урнекот на тие типови - такви се и вашите коментари, сосема ослободени од какво било знаење, имагинација, хумор, непредвидливост, нонконформизам, креативност).
Ви реков, во само еден текст на Гелевски има повеќе знаење (јазично, политичко, книжевно, па и морално) од миљонте коментари што ги раскењувате наоколу. Како е можно, вие, сосема неспособни дури ни за банална шега, виц, игра со зборови, и тоа на крајно слободниот коментаторски терен, да имате учинок НУЛА, а притоа да дробите големи приказни за државни политики за медиуми за Курто Мурто Петко и Станко?! Како е можно, вие дебили! До курца со вас! Бие сте историскиот срам на оваа земја! Ради таквите ова општество го делкаат истите надувани празнини распоредени по бандите наречени СДСМ ВМРО итн. Брука сте!

- прочати Коља и рикна, во

- прочати Коља и рикна, во некоја друга димензија.

Се најаде? Антигруевист?

Се најаде? Антигруевист?

Кољо(Антигруевисту), ти си

Кољо(Антигруевисту), ти си шега бе елитисту . Какви коментари очекуваш болен човеку? Сакаш сите да се сложиме со твојот текст кој е ,божем, јазично, книжевно, политички па дури и морално поарен од сите миљони овде!!! Ти си политички слеп, книжевно досаден ко пролив, а моралот ти се гледа од коментариве, единствено се согласувам со тоа дека си писмен, знаеш кај се ставаат запирки и простор после нив...иако не си идел у школо многу.
Ко што гледам ти си бетер од Груевистите, ти ко Заев би да јадеш луѓе, ко Наташка да палиш Вмровчиња, да газиш жаби со шлепер. Таквите како вас не ги интересира што сака народот. Алчни сте за моќ!
Ние сме неписмени ама бираме на избори. Можеш да ни се фатиш за интелектуалните ни способности! Ти си од тие бандите, јас не сум, а гледам ниту Јана, има и други...
Ако несакаш контра коментари шо к.р си ни ја оставил таа опција?

Синот на кодошот угриновски -

Синот на кодошот угриновски - пеачот Угро е кандидат за пратеник од СДС, ќерката на коалициониот партнер Ќахил, синот на коалициониот партнер Гегај, мајката на поранешниот портпарол на БЦ Чолаковски, родената сестра на газдата на националното радио Канал 77 Горан Гаврилов, Билјана Казанџиска, се наоѓа исто така на листата за пратеници, Сафет Бишевац од А1, Ленче од А1...ова ли е листа за пратеници или листа на роднински-бизнис-медиумски интереси. Како ќе губат, не се свесни.

Фројд, ти си толку

Фројд, ти си толку недотупавно глуп и толку длабоко слуга - што секоја пософистицирана (и мазохистички расположена, а такви се, за жал) девојка би те исплакала ко гладна година, толку си јаден. Но, и острвен во својата беда, ентузијастичен во слугувањето на истите такви дебили од вашиот кружок. Со оглед дека не сум (таа) девојка, нит претерано по сожалувањето, ти кажуем: досаден си. неписмен си. некултурен си. слуга си. глуп си. служиш за спотер. служиш за цимање. секоја будалаштина од спин-лабосите ја вежбаат на такви заморци ко тебе. латас е вашиот бог. од штабовите ви ги кројат мислите. дно на дното се, деца на заоѓачкото сонце...

Од кај излезе муабетов со

Од кај излезе муабетов со девојкава? Некој има проблем со женскиот пол изгледа. Другото за штабови и глупости не е вредно ни за коментирање, очигледно она што вие го применувате го припишувате на други. Ваков слаб сајт и вакви извикани пишувачи (коља,геро,грчев,прчев и најновото другарче Рамадан Рамадани!) е доволно еден човек да ги разбие а не па да организира некој цели штабови.

И уште ова...како да

И уште ова...како да коментирам на освртов на коља за медиумската магла кога тој во ист ден пишува на неговиот сајт со бранко героски - комедијантот во македонското новинарство. Човек кој прво беше избркан од Велија па му даде простор да пишува колумна од 3 реда(нешо као хаикуто на коља) па сега е главен бранител на ликот и делото на газдата. Нереално, смешно, сосема забегано и дволично. Луѓето ќе почнат да ве сфаќаат малку од малку сериозно кога ќе си признаете за кого работите. Кој ви е газда и за какви цели се залагате, се разбира без оние флоскули - граѓански права, демократија, слобода, поими кои таквите како вас ги банализираа до максимум.

Абе "Антигруевист", ти ставил

Абе "Антигруевист", ти ставил Грујо интернет и компјутер во Бардовци,а? :)

Будалчиња, вашиот проблем не

Будалчиња, вашиот проблем не е до толку што сте груевчиња (мада, и тоа е проблем, се разбира), туку што сте будалчиња. Груевизмот имаше намера да направи една грандиозна работа: од земјава да создаде рај за будалчиња. Секој (со груевски печат на своето воловско/кравско месо) да може да праи што сака: да води држава, да анализира текстови, да прогласува непријатели, а кој сака може и доктор да биде (Фројд, на пример).
Како не сфаќате, идиоти! Бирајте си го Панделки Леле Мајко! Ваш е! Целото малоумно цицибан царство (на фраери со залижани коси и кратки вратови) - ваше е! Ваши се парите, моќта итн.! Никој не ви праи проблем за тоа! (до сеа) Но, пак ви кажувам: базди до небо вашата глупост! Тотално сте неспособни! Ради тоа и’ се чудам на изродбата: па, добро, за лекар стајте бар ветеринар, за новинар бар полуписмен, за коментатор по интернет - бар чоек со минимум култура, здрав разум и хумор... Но не! На сите позиции (од лекар месар до новинар) вие ништо друго не праите туку го браните Николае Грујабе! Никој не ви го зима, кретени! Носите си го! И носете се у курац, сите комплет!

За секој твој коментар на

За секој твој коментар на ОКНО кој се коси со мислата и ставот на уредникот-пастир,во просек добиваш по 8 гадости и навреди на твое конто од партиските сдсмовски пулени.

Инаку не знам против каков говор на омраза се борат активистите на ГЕМ,Отворено Општество и останати,кога „ОКНО“, како дериват од гореспоменатите,пропагира класичен фашизоиден говор на омраза кон неистомислениците.

Ваљда нема да отиде уредникот на ОКНО до таму, да организира јавно палење на еретици на плоштад. Иако така ми мириса работава.
Сепак верувам во неговата демократска душа.

И, повторно ќе те прашам,

И, повторно ќе те прашам, Гелевски: ако се до толку неспособни, а вие девет години не можете да ги тргнете од власт, што ве прави тоа вас?

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото