„Глобус“ е мртов, баш ни е гајле!

04.05.2011 11:47
„Глобус“ е мртов, баш ни е гајле!

Не можеше да се избере подобар датум за згаснување на политичкиот магазин „Глобус“ од Светскиот ден на слободата на медиумите. Неделникот што беше остар критичар на власта е принуден да абдицира, како дел од глобалниот план на оваа власт да ги уништи сите слободни и критички медиуми во земјата, ако може пред изборите.

Новинарот на „Глобус“ Бранко Тричковски проклето е во право кога вели дека неделникот е уништен „доминантно под притисок на власта, која промовира, модел на антикултура, примитивизам, популизам, диктатура, страв и очај“. Кој тоа не го гледа, или е поткупен или е обична будала. Но ете, тоа не го забележуваат или не сакаат да го забележат десетици наши колеги, кои спокојно и без бунт патуваат кон безизлезот, како стока на клање.

На денот кога требаше да ја славиме слободата на медиумите - ние кои сме на дното на Балканот и по тоа прашање - очекував барем професионалните здруженија на новинарите да се огласат по овој тажен повод. Помислив дека можеби ќе ги засегне затворањето на еден медиум. За жал, ништо од сето тоа. ЗНМ си брка некоја своја аутистичка агенда. А и некако незгодно им е на луѓето, бре, многумина од нив леб јадат од апсанџииве.

Туку ај, можеби ќе се огласат денеска, откако ќе им стане незгодно. Не очекувам некој од нив да се сети да свика дебата за тоа како да ги смениме околностите за кои сведочи Тричковски, како да освоиме повеќе слобода и како да го запреме овој цензорски поход на власта. Но, ред е барем да ги замолат своите шефови да им дозволат да кажат некој збор, оти навистина е непријатно да се затвори еден неделник, а претседателот на ЗНМ да гледа во таван.

што е виновен некој ако

што е виновен некој ако весникот ти се продава во 5 премиероци? Тричковски нека разбере дека типови како него се останати во минатото а такви типови не функционираат во пазарна економија.

Будало, во Македонија

Будало, во Македонија единствена пазарна економија е ако си со власта! Идиоте, „Д-р Фројд“ (какво дебилско име! За што си бе ти, глупандеру, доктор?!), тоа го знаат и идиоти! Во Македонија нема пазар за леб и сирење, а да не зборуваме за работи за кои народот е совршено незаинтересиран: весници, книги итн.
Какви билмези, боже, ја водат земјава и какви кретени као мислат и коментираат... Млади требале да дојдат... Старите биле потрошени (а стар е секој над 40, според талибанските норми на изродбата)...
Да владее глупоста! Примитивизмот, бруталноста! Во тој свет, Фројд, ти си цар, признавам! Таму, во халуцинациите на груевизмот, ти си стварно „Д-р“ Фројд“, а печените гулаби паѓаат в уста.

Ако те разбрав добро, тебе ти

Ако те разбрав добро, тебе ти е криво што власта не се рекламирала во весникот? Тоа е вината на власта? Така ја поимаш пазарната економија? И ако те разбрав имаш проблеми со бесот кој го канализираш со навреди преку интернет мрежата.

Коњо(Антигрујовисту) , па ја

Коњо(Антигрујовисту) , па ја дури сега видов! ти си препишуваш коментари од еден текст на друг. Или само тоа имаш да го кажеш? Будала, дебил, глупандер, идиот, билмези, кретени, талибан, изродба,глупост, примитивизам, бруталност...
Па види Скизо, вака да пишуваше во Глобус можда немаше да згасне...Ј.еби га, коа си досаден као Никола Гелевски...

Глобус беше опозициско

Глобус беше опозициско списание, и опозицијата треба да го спонзорира... Ако имаат пари за глупи кампањи, ќе имаат и за едно списание кое ја критикуваше власта. Жалосно е што се затвораат весници и списанија, посебно оние кои се покритично расположени кон владата. Верувам дека никој од опозицијата немаше допирни точки со редкацијата на Глобус, ама нека се одважат и нека поддржат нешто што им оди во прилог. И нека ги купуваат оние малку „лево настроени“ весници што се печатат. Само така ќе можат да опстанат истите. Вака - опозицијата раскарана, позицијата - си го дрви.

Do Antigruevistot - decko,

Do Antigruevistot - decko, olabavi malce, go spustas nivoto na komentiranje do debilno ramniste. So navreduvanje ne se postignuva nisto, tuku samo se stanuva ist kako protivnicite.
zatoa, predlagam, da si zakupis edna lezalka od novata plaza na Koce i da odmoris, citajki nekoj bestserel od Matica.
ajde, oladi malku. i ostavi gi lugeto da si go iskazat mislenjeto bez strav deka ke im se nafrli nekoe besno lingurce.

Во Мемоарите на Хадријан,

Во Мемоарите на Хадријан, Јурсенар, низ свеста на контроверзниот император предупредува дека доаѓаат времиња во кои ропството ќе престане да биде видливо, ќе ги снема оковите и синџирите и ќе се трансформира во ропство на свеста, разумот и разумното расудување, масата ќе стане роб на зборот, каменот ќе биде заменет со идеологија. Коментарите кои произлегуваат од оваа хипнотизирана, заразена, ретардирана колективна свест, често потпишани со никовите Др Фројд, Феликс и сл, не се ништо друго освен ужасни пораки на колективното несвесно произведени во мрачните нужници на прогресивната цивилизациска мисла, стекнати инстинкти на хипнотизирани мајмуни кои имаат за цел да завладеат со светот за потоа да не' убедуваат дека телата не можат да летаат, дека слободата е беспредметен идеал кој ја изгубил сета своја пазарна вредност и како таков е беспредметно да се продава, произведува, одгледува. Ужасно ме нервирал Гелевски со неговите контра-коментари упатени кон гласилата на оваа мувлосана, ретардирана свест зашто бев убеден дека во таа борба на искази/дискурси станува ист како Нив. Но се' повеќе сфаќам, дека сето тоа е производ на еден силен нагон/инстинкт на самоодбрана од нападите на глупоста и некултурата во име на одржувањето на каков-таков цивилизациски, културен ред. Најискрено се надевам дека еден ден сите тие никови, тие мутанти на погубната идеолошко-политичка матрица ќе се престорат во описите на Гелевски, во последното лајно што ќе помине низ канализацијата на културата.
Долго време се обидував да си одговорам на прашањето кои се тие суштества кои стојат позади овие никови, кои во недостаток на сопствен интелектуален капацитет, неумешно и погрешно ја репродуцираат реториката на матрицата во име на одржливоста на пропагандата, дури и таму каде што воопшто нема потреба да ја има (Окно на пример)? Тоа е еден човек, група, центар...? И не можев да дојдам до единствен одговор. Пред некој ден случајно се потсетив на финалната сцена од Валтер го брани Сараево. И денес, иако 1700 км оддалечен од домашните настани, гледајќи како полека се комплетира сликата на ужасот наречен Скопје 2014, велам Das ist Др. Фројд, Феликс....
А Јурсенар е првата жена академик во Франција.

Гидеон, фала за коментарот!

Гидеон, фала за коментарот! Битна е поддршката, во секоја форма... Оти, ко што рече поетот: лесно се полудува во улицата со малите дуќани...

Толкав текст од коња за

Толкав текст од коња за ништо. До кога ќе го терате тој филм - ние сме прогресивните, напредните вие сте медиокритети, пропагандисти? И што е најстрашно во тој филм како да верувате?
Се чувствуваш повеќе вреден ако навредиш некого? Слободен си кога ќе го употребуваш зборот лајно? Либерален си кога го сереш владиката во колумна/коментар пред Велигден? учествуваш во промените на општеството ако спротивната страна ја нарекуваш монструозна, фашистичка, нешто што треба да се искорени? И за крај дали си супериорен доколку за сите овие бљувотини земаш некој денар од Сорос? За жалење си/сте, еве за да може помирно да спиете - зборувам за себе - ниту земам пари за коментирање, ниту се јавувам од некој центар или организација, си пишувам секогаш од мојата соба од мојот десктоп компјутер. Сакам да дебатирам пристојно и конструктивно, но на вакви коментари и вакви текстови тоа е едноставно неможно.

Пострашно е портокаловто

Пострашно е портокаловто боење на Дневник од гаснењето на Глобус. Дневник, за разлика од Глобус, има сериозна бројка на читатели па преку него и гласот на разумот се слушаше подалеку.
Што може да ти направи едно шише!

Жал ми е за Тричковски, сепак мислам дека високиот стандард на Глобус беше поубиствен од притисоците на власта. Фокус кој е опозиционо настроен, со совојата стил на граница на жутило успешно тера во некаква пазаран економија.

Тоа иди кажи му го на

Тоа иди кажи му го на Младенов. А после собери ја целата екипа на Глобус и нека седнат на ТВ муабет со него, за да видиме кој е кој и зошто, уствари, му оди на Фокус, а не и на петпарачки памфлети и наменски башибозуци од типот на Глобус.

Анонимен Глобус беше далеку

Анонимен Глобус беше далеку од петпарачко списание. Стилот и графичката опрема беше светлосни години понапред од Фокус. Само што немаше читателска публика. Да имаше 10-тина илјади читатели тешко дека каков било политички притиок ќе успееше да доведе до затворање на магазинот.

Култура, здравство, образование, наука, па и цена на струја и вода не смеат да функционираат пазарно. Политички магазин да.

Бранко... „Глобус беше далеку

Бранко...
„Глобус беше далеку од петпарачко списание.Само што немаше читателска публика.“

Се согласувам,но искрено едно не ми е јасно.

Кој велите дека е крив во ситуацијава?

Власта или народот кој не го купувал списанието?

Јана повеќе елементи заедно

Јана повеќе елементи заедно придонесоа за затварање на Глобус. Сепак НАЈГОЛЕМ проблем е немањето читателска публика.

Ако ти сакаш да се рекламираш, нема да одиш во весник што не се продава во повеќе од 1000 броја. Е сега тоа што во Македонија 90% од весниците не фунционираат на економска основа, туку се се одржуваат во живот за да служат како средство за политичко и економско влијание, е друга работа.

Глобус како хрватски бренд, во земја која е 2,5 пати поголема од Македонија се продава во тираж поголем од 100 000.
Тоа се тиражите на сите дневни и неделни веснинци заедно во Македонија.

Можам да ти направам анализа колку од цената на чинење на весникот оди за печатење, колку за дистрибуција, а колку за издавачот, како држењето монопол во дистрибуцијата од страна на издавачите е спротивено на законот, колку се мали тиражите во однос на соседните земји, колку ни се ефтини весниците (Глобус, 50 ден. = едно еспресо), колку на тој начин се економски неисплатливи... ама ме мрзи.

Истото што му се случува на Глобус му се случи на никогаш прежалениот Форум. Неможеше да направи поголем тираж и го продадоа. И виде во што се претвори.

Време е некој од новинариве (Тричко, ако случајно ме читаш еве ти идеја) да се зафати со правење на сериозен интернет портал кој покрај забава ќе нуди и сериозни политички ставови и анализи. Полесен е и поевтин за одржување и неможе некоја печетница да не ти го испечати.
Рекламирањето на интернет во Англија за минатата година за прв пат се изедначи со телевизијата. Кај нас светските трендови доцна стигаат, ама стигаат.

Ако може Матија Бабиќ во Хрватска, зашто не и тука.

Ок. Многу јасно и

Ок.
Многу јасно и конкретно.
Фала.

Другар (се сомневам дека ова

Другар (се сомневам дека ова Д-р се однесува на доктор) Фројд имаш сериозни проблеми со самоидентификацијата. Повеќе би сакал да се препознаеш како хипнотизиран мајмум отколку како пропагандист. За таа титула веројатно ќе мораш да изедеш уште некој сомун, да искакаш уште некое лајно, ама не губи надеж, кога можеше Горан Тасковски да стане амбасадор во Р. Турција ќе биде нешто и од тебе, не се сомневам. Токму твојот одговор ја потврдува вистинитоста на мојот коментар. Ужасната идеолошко-пропагандна матрица дотолку ја заразила твојата свест што си станал едно со неа. И сега за да можете да се одржите во живот, во недостаток на креативност, масовно произведувате стереотипи, јадејќи го и онака кревкото ткиво на македонското општество. Произведувате многу повеќе од она што можете да го потрошите. Па дури и јас, на 1700 км од дома станав платеник на Сорос.Лудилото мора да се одржи како поредок по секоја цена. Само чекам ден кога ќе почнете да си јадите од опашката.
Значи, имаш право коа велиш дека сум платеник, ама единствено како корисник на ВЛАДИНА стипендија од една (како што ја нарекуваат твоите ментори) пријателска земја на Р. Македонија, земја во која што не знам какво е влијанието на фондациите на Сорос, но претпоставувам е минорно. На Окно сум коментирал се' на се' трипати. Еднаш пренесувајќи ги ставовите на Кундера за т.н. Мали народи, еднаш велејќи - сите сте вие луди, а третиот пат мислам ти е познат. Како постдипломец на студии кои што својата програма ја базираат на проучувања на тоталитарните и пост-тоталитарните општества/системи никогаш и никаде не сум го употребил терминот Фашизам (термин што полуписмената опозиција го најчесто го употребува мислејќи на нацизам) во опишувањето на начинот на кој неписмената македонска власт го практикува своето владеење. Никогаш и никаде не сум напишал ништо против никаков Владика, ни пред овој, ни пред кој било друг Велигден. Иако ми е чудно како тоа не се најде ниту еден демохристијански патриот да реагира на експресната одлука на Синодот (токму пред овој Велигден) со која се менува стилот на црковното пеење во службите од византиски на српски. Ама убеден сум другару дека за слободата мора секаде да се зборува. Дури и овде. Не е слобода ако се напише зборот лајно, слобода е да се умее да се препознае лајното пред да се нагази. Затоа е паметоно да се зборува за слободата. Дури и ако морам да си дозволам да ти одговорам тебе. Тоа го правам од најмалку две причини. 1. Верувам дека и ти имаш другарчиња кои што сега живеат нормално детство, слушаат Pink Floyd, го палат скришум првиот џоинт, пијат евтино вино и се фалат дека по втор пат почнале да го читаат Странецот на Ками. Се плашам оваа свест да не ги зарази и нив. 2. Зашто убеден сум дека во животот сум бил особено креативен токму кога ќе сум се најдел во некој нужник. Меѓу лајна.

Стипендистче, напишаното беше

Стипендистче, напишаното беше општо за фановите на окно и самите окнари. Исто како што ти ме поистоветуваш со некои други коментатори а јас немам никаква врска со нив, ниту ги познавам, ниту имам желба да ги запознаам, а ти само затоа што си почувствувал дека сме на иста линија се обидуваш да правиш психоанализа а при тоа единствени параметри ти се неколку коментари на Окно. Во недостиг на друго користејќи ја твојата бујна фантазија правиш конструкции и приказни. Зошто зборуваш толку празно, ако си навистина некаков wannabe интелектуалец дади ги конкретно проблемите и предложи решенија. Ете собери искуство од Израел и пренеси ни го тука еве на Окно и да дискутираме, да видиме дека не за џабе ти ја дале стипенијата, дека истата ја враќаш со тоа што даваш свежи идеи за напредокот на нашето затуцано општество во кое има души заробени во идеолошко-пропагандни матрици.
P.S. нема демократија за непријателите на демократијата. Нема пристојни коментари за лажните борци за човекови права (за ОКНО важи ова).

hmhmhm,kaj otide diskusijava,

hmhmhm,kaj otide diskusijava, a, samo za Globus se raboteshe

Либерален си кога го сереш

Либерален си кога го сереш владиката во колумна/коментар пред Велигден?" Odgovor,DA, zatoa i e, nekoj libaralen. "...учествуваш во промените на општеството ако спротивната страна ја нарекуваш монструозна, фашистичка, нешто што треба да се искорени?" DA, zatoa shto rabotite, kolku i da de zastrashuvachki i bolni, za da se reshat, treba da se narechat so vistinskiot naziv!

Си дозволувам мала дигресија.

Си дозволувам мала дигресија. Г-не Геровски ве молам ставајте ги на ОКНО, одличните текстови на Роберт Алаѓозовски од Сега за да можат и моите пријатели во странство да ги читаат. Благодарам

1. Знаеш колку членови има

1. Знаеш колку членови има владејачката партија во главниот град на оваа земја кој што има повеќе од 2 милиони? Не повеќе од 5 илјади. Затоа идеите добиени од неважни странски стипендии тука фаќаат корен. Зашто има каде да се посадат, има воздух. Пребројте се колку сте во Скопје и намалете го тој број неколкупати.
2. Не пуштајте суштества од типот на Горан Тасковски за амбасадори. Ве молам. Ова мислам не мора да ти го објаснувам зошто.
Другите совети не се бесплатни.

Гидеоне, брате, советувај, од

Гидеоне, брате, советувај, од уста ќе двоиме да те исплатиме, само да не избавиш од Лукавиве. Не утепа ова потсвесното! Кажи ни исто и дефиниции за фашисти, нацисти (и партизани ако може) оти ретко читаме за тоа на окново.

И да го поздравиш многу Јурсенар ако го сретнеш таму, ја сум школски другар со брат му, Ариф.

Jas Globus ne kupuvav i

Jas Globus ne kupuvav i svoite opozicioni informacii gi dobivam od konkurentnite Shpic i Okno. Vo vrska so tekstot na Gerovski, me zanimaat slednite prashanja na koi bi molel da mi odgovori.

1. Dali postoenjeto na Shpic i Okno mozhebi predizvika (lojalna ili nelojalna) konkurencija na Globus i vodeshe do negovo povlekuvanje od pazarot?

2. Zoshto ovie vtorive opstojuvaat, a Globus propadna? Ako e kriva vladata shto ne davala reklami, dali toa znachi deka vladata potajno se reklamira vo Shpic i Okno?

3. Ako ne e vladata, dali nekoj drug potajno se reklamira vo Shpic i Okno?

4. Koj e toj drugiot, i zoshto toj ne se reklamiral i vo Globus?

Како дополнување...еден мој

Како дополнување...еден мој став...

АлфаТВ и Телма се опозициски национални медиуми и нудат одличен баланс во медиумскиот простор во МК,а се и вистински места каде можеш да добиеш информации од два ракурса.

Додека пак А1 е перверзен опортунистички ТВ сервис со исклучително матна позадина.ТВ сервис на една политичка партија, во кој за жал владее едноумие и вистински новинарски тоталитаризам и секако работите можеш да ги видиш од само еден агол.

За жал никогаш не купив Глобус за да можам да го оценам евентуалното негово професионално или непрофесионално делување.

Се извинувам за мојот евентуален придонес во згаснувањето на Глобус со мојата апстиненција од негово некупување.

*купување

*купување

Значи да резимираме. Немањето

Значи да резимираме.

Немањето читателска публика и неможноста за наметнување на пазарот т.е. неможноста за привлекување субјекти кои би се рекламирале, во основа се причините за згаснувањето на Глобус.

Тоа и самиот Геровски го констатира.

Тоа се алфа и омега правилата во капиталистичкиот свет.

И нема потреба од измислување теории на заговор за неговото згаснување.

Сепак еве Окно може на некој начин да стане алтернатива за Глобус. И така веќе се почесто информациите се конзумираат на интернет.

некој постави прашање погоре

некој постави прашање погоре „1. Dali postoenjeto na Shpic i Okno mozhebi predizvika (lojalna ili nelojalna) konkurencija na Globus i vodeshe do negovo povlekuvanje od pazarot?“

Мислам дека ова е одлично прашање, затоа што нелојалната конкуренција има дефинитивно удел во паѓањето на квалитетот на медиумите, ако ништо друго. ОК, не зборувам за ОКНО како електронски магазин, но што е со печатените весници како Шпиц што се продаваат за 5 денари? Како еден дневен весник може да задржи квалитет покрај таква нелојална конкуренција? Медиумскиот пазар треба да биде регулиран и да се заштити од нелојално спуштање на цените.

Кај нас, 50 денари за весник се смета за превисока цена, додека тоа е реално цена на две топки сладолед на кеј.

Весник како Глобус во нормална држава не би чинел помалку од 150 денари.

и Јана, од каде тоа дека

и Јана, од каде тоа дека неделникот немал читателска публика? Тоа што ти и другарките не сте купиле глобус не е никаков критериум.