
Надвојводата Шарло гледа на опозицијата како што Тито гледаше на луѓето што завршија на Голи Оток. Во 1948 и потоа. Или како што Моамерчо гледа на луѓето кои во Мисрата и Бенгази посакаа да видат како изгледа чудото што од другата страна на морето го викаат демократија.
Кога имате власт која не е во состојба да ја разбере државата како нешто што може да постои надвор од неа, само наивните можат да очекува дека изборите ќе бидат легитимација на демократските тенденции на широките народни маси и демонстрација на уставниот и законски нормативизам и номинализам.
Изборите не се приповетка за народните желби. Народот не може да каже дека не се сака себе си, а тоа значи дека не може да каже дека не ја сака својата власт.
Крај.
Изборите се тренинг на непоколебливата врска меѓу народот и неговата Организација. Која има обврска да ги искористи сите средства и сите ресурси на државата. За да ја совлада формалноста на изборите.
Власта не е луда. Не е ниту каприциозна. Света должност е на власта да ја заштити државата од атаците на ненародните елементи и тогаш кога се јавуваат како брутална агресија на некаква воена сила и тогаш кога се јавуваат како изборна апликација на непријателскиот светоглед на Курвата Вавилонска. И на Бранко Црвенковски.
Во тој светоглед нема нешто што не е дозволено ако е од корист за „нашата кауза“. Сила ќе има колку што треба. Брашно, зејтин, пари – исто така. Што друго му треба на Македонецот за да продолжи да ужива во блажениот статус на најголемата будала.
Државната изборна комисија не е сосема во право кога тврди дека државата не си ги исполнува обврските во врска со изборите. Таа ги исполнува сите обврски што ги добива од Внатрешната антимакедонска контрареволуционерна инсталација. Како второ име за државата. Кога Кондарко ќе го разбере тоа единство ќе сфати дека Државната изборна комисија може да постои надвор од Партијата само ако Партијата ја овласти да биде надвор и да изиграва некаков кловн што ќе го одвраќа вниманието на белосветските посматрачи или ќе врши некоја слична корисна улога за светата кауза на Инсталацијата.
Изборите се измислица на западната декаденција. Изборите се стилски вежби на нациите кои не знаат што да прават со себе и со своите смотани држави. Каприци на незрелите народи. Зрелите нации, како што е македонската, го имаат направено својот избор, тие знаат што сакаат, тие си имаат свои држави, свои организации и свои водачи. Имаат и плажи, имаат палми, имаат мајмуни, од Флорида ги очекуваме алигаторите за левата страна на Вардар и крокодилите од збирката на Мубарак за десната страна. Извршниот комитет на ВМРО во текот на идната недела ќе одреди кои ќе бидат нашите гнуови. И така натаму односно само напред, браќа и сестри мои.
Каква смисла има еден народ да влага во ризик да добие друг некој министер за надворешни работи. Па, човекот влезе во капсулата на вториот реактор во Фукушима за да им помогне на Јапонците да го исклучат радиото што било многу активно и за возврат да добие пари за скопските подземни сообраќајници. Што не отиде Вук Јеремиќ да го направи тој подвиг. Или Кетлни Ештон и Стево Пендаровски. Милошоски отиде, драги мои, Милошоски.
Или, земете го на пример нашиот сакан лидер. Тој човек изгради цел еден град (во центарот на градот) кој и денеска и по илјада години ќе сведочи за итрините на Македонците кои во најделикатните историски моменти знаеле да се швркнат скроз на скроз и така како луди го принудувале агресивниот свет да ги остави раат. Па зарем тој лидер утре треба да оди на некакви избори, ви се молам.
Не знам дали можеме „со смрт смртта да ја победиме“. Но, фактот дека сме речиси мртви покажува дека половината од условите за вечен живот сме ги исполниле.
Така што јас не би се заебавал многу со другарот Бошковски и со неговата идеја за воскреснување на Македонија. Имам, меѓутоа, неколку практични совети за апостолите од Обединети за Македонија.
Прво, треба да утрврдите, драги браќа и сестри мои, дека субјектот на воскреснувањето е мртва природа. Не можете да воскрснувате нешто што сè уште мрда, пишува во каноните на светиклиментовата филијала на „Исус енд Компани“ на „Партизанска“ без број. Прашајте го возљубениот во Господа Хилтон од Македонската православна црква.
Ако сакате да бидете сигурни дека вашиот колега-ловец е мртов, најдобро ќе биде да му испукате три-четири куршума во главата и три патрона во пределот на стомакот. Не е доволно ако на човекот му тече крв од устата или ако џигерот му се гледа од околното ритче. Дури потоа можете да сметате дека во вукојебината во која сте залутале ќе дојде брза помош и ќе го воскрене вашиот пријател од местото на несреќата. Што е многу логично: зошто луѓето би доаѓале по мртов човек кој сè уште е жив.
Македонија може да воскресне ако умре. А може и да реши да умре ако е сигурна дека ќе воскресне. Сите опции се оптимистични и цинични истовремено: смртта не е цел туку целта е неостварлива без смрт. Е сега, како мислите да ја дотепате Македонија – не знам. Знам само дека нема да ви биде многу тешко зашто најголемиот дел од работата ја заврши екипата на другарот Гр Уевс Ки.
Не е проблемот во тоа што „Дневник“ врти десно (зошто па да не врти десно) туку во тоа што ќе наебе.
Ha ha ha... Odlicno
Испратено на 06 мај 2011 од Gr Uevs KiHa ha ha...
Odlicno
Неодамна социјалдемократките
Испратено на 06 мај 2011 од MaraНеодамна социјалдемократките Астеруд и Шеќеринска повикаа на линч на против работничката политика на сегашната влада и слушнавме како овие две социјалдемократки ќе се изборат, доколку СДСМ со коалициските партнери ја приграбат власта уште еднаш, за еднаквост во правата на жените и мажите кои се во работен однос. Но, овие социјалдемократки се трули, чија социјалдемократија е бесмилосно згмечена од слонот на личниот интерес на нивната партија, на таа хиерархија од професионални политичари. Оттука, нивната вознемиреност за вашите права, работнички и работници ширум Македонија, е чиста урнебеска, лицемерност која има безброј маски. Но, ајде да ги разобличиме!
Во текот на кратењата на работничките права од 1993 до 2006, социјалдемократките Астеруд и Шеќеринска во парламентот наместо да ги бранат правата на сиот работнички народ од позиција на власт, тие молчеа како египетски гробови. А, денес се дрзнуваат крајно безобѕирно од позиција на невладини политичари да фучат незадоволно и душогрижнички што сегашната влада им ги крати правата на работниците. Затоа социјалдемократката Шеќеринска (која и во приватниот живот се мажи за познат бизнисмен од Скопје) кога се мажи за идеите на неолиберализмот на една г-ѓа Тачер со кој се приватизираат правата на работниците и се доделуваат на каприцот на приватните сопственици, не може да го управува кормилото на трулиот СДСМ во насока на современа левица (како што веруваат наивно, а можеби и злонамерно против народот, квази-интелектуалци како Никола Гелевски). Г-ѓа Шеќеринска спротивно на нејзините претпоставени социјалдемократски убедувања молчеше злосторнички против народот штом дозволи народното собрание да се претвори во дрдорилница на новопечената македонска буржоазија без да воскликне глас против намалувањето на работничките права.
Така СДСМ наместо да ги проширува правата на работниците, доколку како политичари беа вистински социјалдемократи, тие, трули во совеста и тесни во душата, во 1993 год. ја укинаа обврската за осигурување на приправниците кои вршат волонтерски работи; пак во 1993 но и во 2005 го намалија времетраењето за коешто отпуштениот работник како технолошки вишок имаше приоритет при вработувањето кај истиот работодавец; во 1993, 1997, 2003, 2005 и 2006 драстично го намалија времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработените лица; во 1995 воведоа можност за отказ без отказен рок и ја намалија должината на отказниот рок; во 1997, 2003 и 2005 го намалија износот на испратнината за лицата прогласени за технолошки вишок; во 1998 ја воведоа можноста за намалување на деветмесечниот период на породилно отсуство; овозможеа со колективен договор на ниво на работодавец да се пропишуваат помали права од правата утврдени со грански колективен договор; во 1998 и 2005 воведоа и зајакнување на субјективните преференции на работодавецот при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени при технолошки вишок; во 1998 ја укинеа судската заштита при прогласувањето технолошки вишок; во 2003 и 2005 го променија времетраењето и опсегот на работниот однос на определено време; во 2004 оневозможија лицата кои го прекинале работен однос по своја волја да ги остваруваат правата што се добиваат со стекнувањето на статусот невработено лице; ги укинуваа одредбите со кои се регулира правото на работниците на учество во управувањето со акционерските друштва и друштвата во државна сопственост со што фактички е оневозможено остварувањето на ова право; во 2004 и 2006 ја воведоа, а потоа ја укинаа одредбата за задолжително вклучување на претставник на вработените лица кај должникот во одборот на доверителите при стечајна постапка; во 2005 воведоа можност за забрана на дејствување на синдикат; значително го отежнаа остварувањето на правото на штрајк (организатор може да е само синдикат, можност за отказ за време на штрајк, можност за судска забрана на штрајкот со право на надомест на штета на работодавецот итн.); ги намалија средствата кои се издвојуваат за вработување на инвалидните лица (Закон за вработување на инвалидни лица); ја укинуваа можноста за жалба по престанок на договорот за вработување при отворање на стечајната постапка; во 2006 го укинаа правото на основање Совет на вработените и учеството на претставници на работниците во Управниот одбор на јавното претпријатие.
Сè на сè, нашите пожртвувани социјалдемократи дотолку го искастрија Законот за работни односи што го преобразија во Закон за експлоатациски односи во прилог на приватните сопственици. Според тоа, мои сограѓани, се поставува логичното прашање: зошто вие како работници би гласале на следниве парламентарни избори за Социјалдемократскиот сојуз доколку тој води политика против вашите интереси, зошто би гласале за социјалдемократи како г-ѓите Астеруд и Шеќеринска, кои се носат во буржоаска руба жигосана во песните на пролетерскиот поет Ацо Караманов, доколку во нивните, очигледно злонамерни умови против народот, нема никаква социјалдемократска идеја која оди во прилог на вашите интереси како работници? Зошто мои сограѓани верувате дека ѓаволот (неволјата) постои, кога ние го создаваме? Неговото постоење зависи единствено од нашата волја дали ќе се бориме против него или ќе чемрееме како флегматични црви по трпезата на нашите работнички права? Немојте повеќе да се самоизмачувате туку направете им неволја на бездушните тирани од парламентот така што нема понижувачки да клечите и ќе се изборите за сопствените права. Оние што ви се скратени да ви се вратат а другите да ви се прошират.
Како што изјави универзитетскиот професор Здравко Савески, еден од авторите на книгата „Обезвреднување на трудот“ (од која ви го приложив и списокот на владите предводени од СДСМ во однос на работничките права), проблемот е системски. Неможноста да се спречи кратењето на работничките права е проблем на општествено-политичкиот систем, проблем на парламентарната демократија која произведува елита на професионални политичари избрани од партиски списоци – создадени од централните комитети на политичките партии. Ако е така, тогаш како граѓаните можеа да предвидат дека СДСМ за време на нивното владеење ќе ги крати така драстично, гледано збирно, правата што се однесуваат на нив како работници, и како можеа да ги спречат тие кратења во парламентарен систем? Никако. Битката за демократија работниците во Македонија ја изгубија одамна, а креирањето на социјалната политика е оставено на стихијноста и ќудта на професионалните политичари кои не сакаат да погледнат во огледалото на реалната состојба на работничката класа во оваа држава. Буржоаските жени како Шеќеринска и Астеруд имаат огледала само за личната убавина, но не и за убавината на животот на работниците. Тие се одметнаа и се спријателија со крадците на вашите права. Тоа е факт пред којшто и боговите молчат.
Но, дека треба СДСМ да биде отфрлен како авторитет за социјалдемократска партија која ги брани правата на работниците и да се замени со друга вистинска работничка партија е исто така слика на реалноста, факт. Ако го одберете Движењето за социјална правда – Ленка како чувар на вашите права и му помогнете да прерасне во релевантен политички фактор нема да згрешите.
Доколку не го послушете овој пријател на народот, ќе страдате! Сонот ќе ви биде мачен зашто ќе спиете на аголот на бездната во која трулите социјалдемократи ќе ги фрлаат вашите права. Немојте потоа да ме обвинувате за таа неволја бидејќи јас веќе ве предупредив. Мојата совест е чиста и затоа мирна.
Мара еднаш овде ми напиша
Испратено на 07 мај 2011 од ПарчеМара еднаш овде ми напиша "чмарче што бараш овде ако не ги коментираш колумниве". Па сега јас тебе чмаролижачу те прашувам која колумна ти овде ја коментираш и што бараш тука?
Таков цитат никаде не сум
Испратено на 07 мај 2011 од MaraТаков цитат никаде не сум коментирал.
Ако сум дал, наведи линк до него.
Мојот коментар е во духот на колумната.
Но, твојот коментар е вон секоја рамка.
Батка, ти не само што си го
Испратено на 06 мај 2011 од КонтрареволуционерБатка, ти не само што си го промашил векот и континентот (азиска Русија, 19 век), и не само што си луд ко струја, туку, најсмешно (оти првите две работи можат да бидат и фриковски симпатични) - ти си мочан платеник на изродбата! „А“ не си рекол против чудовишниот груевизам, кој девет години (прво ко љупчо-груевизам) исто така ги крати работничките права ко и „буржујските жени“ (јеботе, Мара, флипнат си ко дрвце).
Што стануваше со работничките права изминативе пет години, Мара?! Напраи ли инвентар?! Кога ќе излезеш со своите револуционерни согледби?! Или ти дофрла погледот до сукњите на Шеќеринска&Астеруд?! Ебате (и сексуално)пореметениот револуционер ем платеник!
Докажи дека сум нечиј
Испратено на 06 мај 2011 од MaraДокажи дека сум нечиј платеник.
Проширувањето на правото на работниците над целата вредност која ја создаваат значи одземање на правото на угнетувачите да ги угнетуваат работниците, и политички и економски, но ти не си доволно интелигентен ниту совесен да поразмислиш околу тоа.
Впрочем јасно и гласно велам:
,,Но, дека треба СДСМ да биде отфрлен како авторитет за социјалдемократска партија која ги брани правата на работниците и да се замени со друга вистинска работничка партија е исто така слика на реалноста, факт. Ако го одберете Движењето за социјална правда – Ленка како чувар на вашите права и му помогнете да прерасне во релевантен политички фактор нема да згрешите“.
За тоа што се случуваше со работничките права изминативе пет години ѕирни во книгата „Обезвреднување на трудот“ (2010).
И кога веќе реплицираш на мојот коментар, реплицирај на коментарот а не да ејакулираш ад хоминем „мисли“.
Жан Пол Мара, е во право кога
Испратено на 06 мај 2011 од Picasso`Жан Пол Мара, е во право кога зборува за кратењето на работничките права и тоа директно од партија која се декларира како работничка, односно социјалистичка, која на крај и по методите на владеење и по методите на функционирање не се разликуваат од останатите партии (ВМРО, Социјалистичка Партија на Ѕинго, итн.).
Тоа што последниве 5 години изродбениците не сторија ништо во однос на работничките права, тоа не значи дека не треба да се кирикува и опозициската партија која што очито, во својата програма и овој пат ги запоставува работниците и работничките права. Знаеме дека работниците се државата, партијата, данокот, асфалтот итн.
Тогашниот министер за труд и социјална политика Стевче Јакимовски даде една изјава чие ехо се слушна дури до јужната граница, имено, кажа дека „работниците не треба да се штитат како мечки во планина“ - демек не се загрозен вид. Истиот тој денес е градоначалник од редовите на СДСМ.
Затоа не прдете, и размислете со вашите главички (ако имате нешто на нив), ако не можете тоа да го сторите, напуштете, не коментирајте, оти гледам дека поларизацијата ве опфаќа и вас, и врти сучи, или со Изродбеник или пак си Изродбеник. НЕМОЈ ДА БИДЕШ ИЗРОДБЕНИК МИСЛИ СО ТИКВАТА!
Данке.
Данке Пикасо,данке...
Испратено на 07 мај 2011 од JanaДанке Пикасо,данке...
И после се чудат зошто
Испратено на 08 мај 2011 од Д-р ФројдИ после се чудат зошто пропаднал Глобус. хах.