Урбанистички делириум

09.05.2011 13:21
Урбанистички делириум

Како нè гледаат другите? Фотографии и текст од Милица Јовановиќ.

Ретко се гледа страста со која еден град се менува како што изминативе години е видливо на улиците на Скопје. Додека на сите страни никнуваат монументални градби, а празнините во јавниот псростор се пополнуваат со скулптури, симпатичниот град на Вардар постепено се претвора во панаѓур на стилови и епохи со нејасни намени. Кога на централниот градски плоштад ќе пристигне и џиновскиот Александар Македонски, веројатно најскапата сценографија во историјата на балканските политички продукции ќе биде целосна. Потоа можеби на ред ќе стигнат и жителите на еден од најсиромашните градови во регионот.

Линк до коментарите на самата страница.

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

 

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

 

Извор: e-novine.com

 

И сеа шо?

И сеа шо?

Е како шо бе СКопјанец? треба

Е како шо бе СКопјанец? треба ли уште, зарем не беше доста?!?!?

јас сепак ќе го чекам

јас сепак ќе го чекам коментарот на euronews а не на e-novine (wtf?).

euronews ќе бидат понежни -

euronews ќе бидат понежни - европејци се.
Балканциве и онака поима немаат.

Прекрасни се сликите,

Прекрасни се сликите, спомениците и тоа како го разубавуваат Скопје

пациент Фројд, во Европа

пациент Фројд, во Европа повеќе се ценат стари градби и занаети отколку новокомпонирани квазистари бетонштини.

На пример, во Гардијан имаа прилози за стара чаршија и за занаетите, а никој не падна на гз за триумфалната капија.

пациенту сандра, а кој рече

пациенту сандра, а кој рече да се запостави чаршијата и дали е таа запоставена? И административните згради, музеи и споменици се градат за нас пред се, не за некој у франција да паѓа на гз.

Леле пак тупење со ова.

Леле пак тупење со ова. Опседнатоста е навистина над дозволените граници. Дај нека го завршат веќе па ќе се даде оценка, и домашна и странска. Лично не ми се допаѓа вака наеднаш ај да кажеме "инстант култура", ама добро е што голем дел од објектите се наменети за јавни установи, жива срамота сме со постојните.
Дај постирајте ги програмите на партииве па да дадеме оценки и видувања. Еве интересна е програмава на СДСМ, особено делот за јавната администрација и пензионерите.
Сакам да видам анализа на Жарко на програмата на СДСМ како што даде анализа на "отчетот" на ВМРО. Или премногу барам? :)

Za Skopje 2014 ke tupam od

Za Skopje 2014 ke tupam od ovde do vecnosta ako treba. Na grdi zgradi za javnata im administracija i spomenici od netalentirani umetnici spiskaa eden kup pari, sto mozese da gi investiraat vo skoloto na kerka mi, ili vo bolnicana, kaj sto mi vadea krv pred nekoj den so igla debela kako za konji. Nemoj ti za programi, ziti boga, posto epten im vredi programata na vmrovcive so site onie cuda so koi ni go nargdija i onaka ne bas privlecniot ni grad. Tuku aj sikter od tuka, neka si odat, oci veke da ne im vidime, posto so sekoja sekunda poveke sto se na vlast, samo nepopravliva steta poveke se pravi.

Мене лично поголем дел од

Мене лично поголем дел од зградите ми се допаѓаат и дел од спомениците, ама тоа е мое мислење и на поголем дел од луѓето ги одобруваат. А ако ти е сеедно што поголем дел од главните инстутиции се под кирија некаде и една институција е на различни географски локации тогаш незнам што да кажам, се е кажано. А и кој си ти да оценуваш дали некој е талентиран уметник или не?
А ако уставен суд не ги буткаше реформите на здравството може немаше да драматизираш толку сега. Ама тоа нема да го дознаеме сега нели?!
А во врска со школото на ќерка ти, тоа ти е, има уште многу работа, ако воопшто и се среди некогаш образованиево. Со сегашни и минати "генијални" министри за образование далеку не одиме.
Така да, ти тупи го пак со овој проект и брани си со Бране до крај на својот живот, зашто беше доста задоволен со здравството, образованието и културата во негово време.
Кога не не пуштаат во Прохор Пчински, си најде начин да се исперат пари во Пелинце, меморијален центар што го нема во меморијата на ниеден македонец. Кој ти знае што ќе изгради кога ќе се врати? Еве не не пуштаат на гробот на Јане Сандански па може да изгради негов меморијален гроб некаде во осоговијата или малешевијата.

Za Skopje 2014 ke tupam od

Za Skopje 2014 ke tupam od ovde do vecnosta ako treba. Na grdi zgradi za javnata im administracija i spomenici od netalentirani umetnici spiskaa eden kup pari, sto mozese da gi investiraat vo skoloto na kerka mi, ili vo bolnicana, kaj sto mi vadea krv pred nekoj den so igla debela kako za konji. Nemoj ti za programi, ziti boga, posto epten im vredi programata na vmrovcive so site onie cuda so koi ni go nargdija i onaka ne bas privlecniot ni grad. Tuku aj sikter od tuka, neka si odat, oci veke da ne im vidime, posto so sekoja sekunda poveke sto se na vlast, samo nepopravliva steta poveke se pravi.

Jas pak imam sin sto raboti

Jas pak imam sin sto raboti vo Ustaven Sud, i mislam deka e mnogu dobro sto ke raboti vo nova zgrada nabrzo. Okapaa vo taa starata, nemaa ni vc-inja saglam, a Ustaven Sud se pisat! Da se nadevame deka i skoloto na kerka ti kje dojde na red nabrzo; da go napravat ubavo, so dusa.

A toa so iglata, ne ti go razbrav. Debela bila od sto imale samo konjski a ne i damski, ili si mu luta na doktorot sto resil deka takva bila soodvetna za tebe?

euronews.net/2011/05/05/the-c

euronews.net/2011/05/05/the-changing-face-of-skopje/

Еве како не гледаат

Еве како не гледаат Европејците, а не некои љубоморни Нишлии.

Хахаха, салгам европејците

Хахаха, салгам европејците мислиш дека гледаат Euronews? Грешка си голема! Повеќе од очигледно е дека станува збор за платена реклама од страна на владата, пошто имаат искуство со CNN таму мислам цел век се вртат бесполезно рекламите за Охрид!
Ај да одеше ова на BBC или некој друг релевантен медиум, ама на Euronews хахах, што е следно,реклама на Fashion TV ? Те жалам искрено и се надевам наскоро ке дојде крај на вандализмов и крај на владеењето на тотални вандали со ПЕТПАРАЧКО ОБРАЗОВАНИЕ (тука алудирам на премиерот Груевски и неговото едвај стекнато високо образование ...само уште да ми текне каде, пошто нема завршено економски факултет во Скопје, упс)

Само тој што го кака Скопје

Само тој што го кака Скопје тој е неутрален, само e-novine се релевантни а euronews или CNN се заебанција. Иначе факултетското образование нема врска еве уредников на овој портал Коља е среднист па види како се согласувате во ставовите. Или и ти си со исто образование?

Euronews is a pan-European

Euronews is a pan-European multilingual news television channel launched on 1 January 1993 in Lyon. It covers world news from a European perspective,[1] and is available in ten languages.[2]
The channel is available in 300 million households in 151 countries worldwide. It is the most widely distributed news channel in Europe,[3] reaching more than 179 million European households by cable, satellite and terrestrial.[2] This compared with 147 million European households for CNN International, 88 million for BBC World News and 76 million for CNBC Europe.[4][5]

Од Википедија, а за независната и објективна e-novine не најдов податок на википедија. Се разбира тој медиум можеби е најпопуларен меѓу саглам европејците и саглам србите ебате тоа несагламот.

Da mu nacrtam odgovor na

Da mu nacrtam odgovor na "dedo Nikola" za negovata demagogija! Zoshto postojano se odgovara so izvrteni tezi? Za proektot za gradenje na noviot nacion, t.n. Skopje 2014, ne se bunime zoshto se gradi nova zgrada na Ustaven sud, tuku kade se gradi i vo kakov stil: zoshto taa zgrada se gradi na SAMIOT BEDEM (izgraden za zashtita od poplavi) na Vardar, vo nea ke se vleguva preku most (nezamiaslivo! ) zoshto stilot na zgradata ne gi sledi aktuelnite sovremeni stilovi vo cel svet (a, ne istoriski nadminati), zoshto gi nabutaa site zgradi na samata ivica na Vardar, go zagushija prostorot imajki ,neizgradeno zemjishte, isto vo centarot, na 300 m.podolu, na bul Kocho Racin ,kade ke imashe i ubav parking i t.n. Vprochem, zoshto tolku mnogu zgradi i spomenici ODDENASH vo 1 km.? zatoa shto tie objekti se NEPRODUKTIVNI! a se frlija tolku mnogu nashi pari koi mozhea da se iskoristat za patishta, zheleznica..... Dali treba ushte da crtam ili ke mi odgovorish pak so demagogija, deka trebalo na ADMINISTRACIJATA da im se naprtavat podobei uslovi za rabota, neli? I zatoa treba da se frlat stotici milioni evra? Za da uzhivaat vo pogledot odozgora kon nas obichnite smrtnici????? Siromashna zemja treba da shtedi a ne da se rasfrla so pari.Sramota e!

Слични содржини

Општество / Јавни Простори
Општество / Јавни Простори
Општество / Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото