8 лоши работи кои жените им ги прават на мажите

10.05.2011 12:55
8 лоши работи кои жените им ги прават на мажите

Ви ја претставуваме листата најлоши нешта кои жените им ги прават на мажите, од кои некои од нив барем еднаш во животот сте можеле да ги почувствувате и на своја кожа.

1. Игнорирање

Некогаш е неопходно да се игнорира мажот кој се преценува себе си или кој е напорен. Меѓутоа, некои припаднички на поубавиот пол го игнорираат дури и својот партнер и се однесуваат сосем недофатливо.

Во поголемиот дел од случаите се работи за тоа дека споменатата дама сака да делува недопирливо и неосвоиво за остатокот од светот. Тоа може да биде интересно на почетокот на познанството, но во врската предизвикува целосно спротивен ефект.

2. Оставаат на цедило поради пријателките

Постои сосем неоправдано верување дека само мажите се тие кои ги ставаат пријателите на прво место. Меѓутоа, жените можат да бидат многу сурови кон своите партнери кога треба да бираат меѓу нив и пријателките.

Тие сакаат да излегуваат сами. Доколку се многу блиски, тоа може да биде доста зачестено. Не би било лошо да им вратите со иста мера и да не ја поканите кога ќе излегувате со вашите другари.

3. Викаат

Викањето никогаш не е добар аргумент. Кревањето на тонот само ја покажува незрелоста и недостатокот на сигурност. За жал, многу жени тоа често го прават во случаи на недоразбирање со саканата личност. Потоа се лутат кога мажите ги нарекуваат „послабиот пол“.

4. Бараат да ги молите за прошка

Некои жени чувствуваат потреба по секоја и најмала кавга да бараат од партнерот да моли за прошка. Некои тоа го прават зашто сметаат дека тоа го заслужуваат, додека на другите целта им е само да го понижат мажот. Поголемиот дел од припадниците на „посилниот пол“ се извинуваат кога навистина им е жал, но со преколнување не се постигнува ништо.

5. Наметнуваат чувство на вина

Мажите понекогаш се чувствуваат виновни, а ни самите не знаат зошто. Всушност, тоа „црвче“ на сомнежот во себе кој им е всаден потекнува од саканата жена. Се работи за тоа дека се текот на времето тие го стекнуваат тој условен рефлекс и штом забележат дека девојката не им се јавува или не се смешка при нивната средба, стравуваат да не сториле нешто погрешно.

6. Ги понижуваат пред пријателите

Ниеден маж не сака да биде предмет на шега или да биде целосно понижен пред своите пријатели. Споделувањето детали од интимата, нарекување со погрдни имиња или исмејувањето на некаков начин пред пријателите е ужасен начин за постигнување чувство на моќ, а сепак многу жени се склони кон такво нешто.

Дури и да сте духовита двојка, треба да се знае границата меѓу хуморот и непристојноста.

7. Ги завлекуваат

Дали поради недостаток на храброст да ја окончаат врската или поради стравот дека ќе ја замрази блискиот, жената може да го „завлекува“ мажот долго пред да му каже „збогум“.

За тоа не постои никаква оправдана причина, бидејќи личностите кои се во врска, макар и во најкратка, треба да ги почитуваат животот и плановите на партнерот и да не го задржуваат во приказна без иднина.

8. Ловат на бременост

Ова е веројатно најлошата работа која една жена може да му ја направи не само на еден маж, туку и себе си.

Бидејќи ќе ѝ снемат квалитети со кои на подолг рок може да го задржи покрај себе, таа внимателно ја планира својата бременост (некои дури и ја лажираат) и од партнерот создаваат заложник.

Што е уште полошо, најголемата жртва во целава приказна е невиното дете.

Извор: b92