Инвазија на скулптури во Хаг

11.05.2011 13:09
Инвазија на скулптури во Хаг

„Скулптури покрај морето“ е името на еден музеј од Хаг, Холандија. Во рамките на еден негов проект, американскиот скулптор Том Отернес ја постави изложбата насловена „Бајковидните скулптури покрај морето“ на тротоарот на булеварот Шевенинген.

Поради реконструкција на овој булевар, изложбата беше привремено преместена, со ветување дека ќе се врати на своето место. Ако појдете сега во Хаг повеќе од сигурно е дека нема да ги сретнете овие скулптури на булеварот Шевенинген, така што, ова е една добра можност да видите на нашата страница за што станува збор.

Музејот „Beelden aan Zee“ (Скулптури покрај морето) е основан 1994 г. Тој е единствениот холандски музеј посветен на скулптурата. Делата на Том Отернес се познати по својот цртанофилмски изглед.

(Горе) Скулптурата „Не гледам ништо, не слушам ништо, не велам ништо“.

Скулптурата „Јадач на харинги“.

Скулптурата „Ох, Ларс, момче мое“ ја претставува шведската сказна напишана во 1880 г. од Барон Г. Дјурклу.

„Расплаканиот џин“ е една од најфотографираните скулптури во Хаг.

„Хампти Дампти“.

„Ханс Бринкер“. Инаку, оваа скулптура е направена според сказната без наслов во која едно холандско момче ја спасило својата татковина со пикање на прстот во пукнатината на една брана која истекувала.

„Гуливер“ е една скулптура со џиновски размери.

„Љубопитниот“ и „Оловниот војник“ се примери за помали скулптури.

„Љубопитните“.

„Хансел и Гретел“ се претставени заробени во кафез кој едвај ги собира.

„Рибји оброк“.

„Китов оброк“.

„Кралот и кралицата“ се јавуваат неколку пати како скулптури. Понекогаш бронзените величества ги набљудуваат своите поданици како работат (втората слика), а во третата слика е претставена средбата на кралицата со волшебната риба.

Една хумористична скулптура насловена како „Зграпчување“.

„Глувците и лавот“, според една сказна.

Извор: scribol.com

Гомна да јадат Холанѓаниве!

Гомна да јадат Холанѓаниве! Немат осет за нација! Нит за величина. Грујо треба да им го пратиме, малку скулпторски да им го облагороди градот. Башка, слушам, имало таму и некој меѓународен суд?! А богами и затвор.

Каков примитивизам и невкус!

Каков примитивизам и невкус!

Па се ставаат ли толку скулптури на толку мал простор?

Најверојатно авторот Том го читал отчетот додека ја правел изложбава.

Ах да имаат еден институт „Отворено Општество“ , „Распеани Холанѓанки“ и еден „Плоштад слободен Хаг“, малце да ги изрибаат за оваа скулпторска перверзија.

Инаку се шушка дека овие скулптури биле наменети за проектот Скопје 2014,но затоа што не биле со доволно добар квалитет министерката ги пратила во Хаг,за да кога ќе одат нашиве политичари таму сосе опозицијата,секако на чело со Велија,Заев енд хис меџисти гоподин Б.Ц, да се чувствуваат како дома.

Од таму секоја недела ќе даваат директен пренос на Собраниски канал како се дружат во слободно време и како си играат политика во дворот на затворот во Шевенинген.

Тоа ќе биде празник за очи и душа.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото