Зрак светлина во сеопштиот кичерајски мрак

13.05.2011 14:17
Зрак светлина во сеопштиот кичерајски мрак

Кога некоја институција, манифестација, што и да е, го слави својот 20-ти роденден, веднаш се говори за традиција, за вредности што треба да се чуваат, за ветувања за натамошни успеси и слични вообичаени флоскули за свечени мигови од овој тип. Кога, пак, таков јубилеј се слави оваа година, тогаш задолжителни квалификации се оние од типот „во чекор со државност“, „белег на осамостојувањето на Македонија“ и слични гламурозни компарации. Но, ако таа институција се вика Музичко радио Канал 103, тогаш од славеничките говори (ако воопшто има такви) сите овие квалификации отпаѓаат. Канал 103 не е ниту традиција, ниту вредност што треба да се чува, а најмалку белег на македонската државност. Ова радио, едноставно, е – феномен. Ние не би рекле „слободна зона“, термин што стотројкашите го корист во последно време дефинирајќи се самите себеси, туку повеќе еден урбан, граѓански остров меѓу палмите на плажата на Коце Трајановски, односно во сеопштиот (урбан, политички, информативен, културен, партиски, меѓучовечки) кич што доминира во толкава мера што веќе не го забележуваме. Канал 103 е школа на урбаното живеење и слободното мислење. Низ неа поминале генерации и генерации млади луѓе, а преку неа се школувале уште повеќе. Конечно, авторот на овие редови и не може да се сети некоја институција со една ваква културна мисија каква што има Канал 103 да успеала да издржи две децении во континуитет. Секој обид за некакво „шверцување“ на урбаната култура и урбаната мисла однапред е осуден на неуспех и секогаш со исто образложение – не ги издржа пазарните критериуми! А Канал 103 не се ни обидува да ги издржи овие критериуми. Едноставно, пазарот не може да ги издржи критериумите на Канал 103.

Уредничката на културната рубрика во „Утрински весник“ Тина Иванова, своевремено и самата една од креаторките на програмата на Канал 103, сега ја подготвува монографијата за ова радио.

За мене Стотројка е живот. Без ова, сега веќе култно радио, јас не би можела да го замислам денот и ноќта. Особено кога почна да работи, уште во 1991-та, и неколкуте години потоа, зборувам, пред сè, за мојата генерација, за ние кои растевме и го развивавме музичкиот и воопшто вкусот за уметноста преку Стотројка, ја слушавме нон-стоп, дење, ноќе. Само за Стотројка зборувавме. Муабетите претежно ни беа, што слушавме и што ќе слушаме, каде да го набавиме тој и тој албум, која песна се нашла на прво, а која на последното место. Бевме заразени од радиото кое во времето кога се појави, а така е и денес, беше единственото алтернативно упориште, единствениот опозициски глас, единствениот културен бунтовник, беше радикално во своите ставови. Правеше фантастични џинглови преку кои го искажуваше ставот за општетсвените прилики и неприлики, преку кои вршеше одличен импакт во јавноста. Беа тоа возбудливи времиња, за разлика од денешниве, кога се слушаше гласот на Стотројка и кога таа вршеше силно влијание врз младите. Канал 103 го промени мојот начин на размислување, ми го одреди правецот на професијата со која денес се бавам, како музички критичар“, вели Иванова.

„Се сеќавам на првата радиодрама што во 1991 година ја направи Канал 103, наречена ’Интервју со Емир Кустурица и Горан Бреговиќ’, која предизвика бурни реакции во јавноста, зашто беше направена по теркот на фамозната ’Војна на световите’ од Орсон Велс. Потоа уште една радиодрама, ’Дрогераш’, која ја работеа Јово Брамс, Александар Станковски-Рембрант и Владо Манчевски-Марсо, радикална по своите ставови, субверзивна, но и комична, која правеше своевидна радиска уметност. Се сеќавам и на прекрасните емисии на Горан Путица, ’Камера Обскура’, на Тихомир Спировски, ’Етнос-логос’ и ’Атмосфер’, на Горан Трајкоски, ’Зборник на незнајните’, ’Модус вивенди’ на Ангела Јофковска, на емисиите посветени на електронската музика на Мирко Попов и момците од ПМГ, и на уште многу, многу други генијални творби од кои навистина можеше да се учи. Сега ги слушам емисиите на Ивана Драгшиќ, Давид Ангелевски, Соња Исмаил... Во 103-ка не можеше секој да влезе, таму работеа и сè уште работат луѓе со истенчен вкус и грст плочи зад себе“, додава таа.

Според неа, а и според многумина со кои разговаравме за ова скопско радио „Канал 103 е парадокс, феномен и апсурд во истовреме. Сместена е во МРТВ, во национална куќа, а е сосема независна и слободоумна. Не е ниту заведена во државните акти. Работи на нелегална фреквенција. Се обидуваа да ја замолчат, па да ја затворат, постојано беше под пресија, но таа сè уште го живее својот живот и тоа со полн здив. Не успеа да им подлегне на бирократските правила, не успеаја да ја загушат конзервативците и комформистите“.

Еден од препознатливите брендови на Стотројка е и Костадин Шурбановски – Шурбе, кој вели:

„За мене, Канал 103 претставува искрена и патетична љубов кон музиката и слободата. Стотројка е слободно радио, вистински независен медиум, културно движење, феномен, начин на живот... другарче на сите инакумислечки градски ликови. Симбол на слободата, независноста, бескомпромисноста, интегритетот, индивидуалноста, нескротливоста и непоткупливоста. Единствената светла точка (искра светлина) во мрачните лавиринти на зградата што требаше да претставува јавен сервис, а се претвори во јавна куќа околу која гравитираат проститутки“.

Мирко Попов, пак, со својот ПМГ-колектив, остави и остава силен белег врз програмата на Канал 103:

Канал 103 е вистинско светилиште на македонската алтернативна култура и нејзин единствен обединувачки фактор. Нашата алтернативна култура во 103-ка за прв пат доби КОНТИНУИТЕТ и тоа е најзначајното нешто што може да се каже во оваа приказна. Идејата за вистинска слобода на личноста/народот, која постојано зрачи од овој духовен центар е повик за борба до креативниот ум на човекот заробен во стегите на нашата заостаната реалност. Иако исполнет со подеми и падови, патот на 103-ка во овие 20 години е јасна линија во правец на освестување, креативност и, пред сè, фантастичен музички вкус. Бидувајќи дел од ова радио речиси сите 20 години, можам да кажам дека мојот живот и дух се вградени и се испреплетуваат со него. Сум бил ученик, учител, водач и отпадник во неговите рамки, и се надевам сум успеал да вратам барем половина од она што сум добил“.

Сандра Мардин сега живее во Велика Британија, но сè уште е врзана со Радиото, во чија програма своевремено активно учествуваше:

За мене радиото не е само искра светлина во мрачните лавиринти на МРТВ, туку во целата држава (на моменти можам и патетично да изјавам дека е искра светлина во целиот свет) и кога преку стриминг слушам Канал 103 во Велика Британија - на моменти се чувствувам како таа дупка на носталгија да е пополнета и како ништо повеке да не ми недостасува од Македонија. Радиото е уникатно во светот по својата некомерцијалност, а уникатно е во Македонија по слободата на говор. Згора на сè, радиото функционира во рамките на МРТВ. МРТВ ѝ е потребна на 103-ка за да ја задржи некомерцијалноста – значи, 103-ка е дел од системот, но не е искористена - туку го користи системот во своја полза, задржувајки го интегритетот и индивидуалноста. Со тоа што парите не го движат радиото, на начин на којсто движат сè во светот, радиото за мене значи последно засолниште на искрена човечност, љубов кон музика, независна мисла...“

А, се разбира, радиото доживуваше и доживува премрежиња. Роден во таканаречената „македонска пролет“, кога тогашното Радио Скопје беше една од перјаниците на сеопштата демократизација на општеството, Канал 103 ги преживуваше сите фази низ кои поминуваше Јавниот сервис. Љупчо Јолевски, главен уредник на Канал 103, некаде во средината на 90-те години од минатиот век и единствениот уредник на плата во Македонското радио (тогаш вработен во Втората програма на Македонското радио) вели дека раководството на Радио Скопје силно го поддржувало опстојувањето на Канал 103. Екипата од преку 20 хонорарци редовно примаа хонорари, 103 во негово време добило сопствени простории, сопствен пат... Се емитуваат директни преноси на значајни концерти од Скопскиот џез фестивал. Самото радио организира целодневен хепенинг во МКЦ на кои настапуваат речиси сите македонски и помлади и поетаблирани бендови (деновиве „Стринг Форсис“ слави 15 години од својот прв жив настап – токму на овој хепенинг), со видео проекции, изложби, мултимедијални содржини... Проценката е дека тој ден низ МКЦ поминале околу 20.000 луѓе. Во тие години Канал 103 добива дури и награда во рамките на МРТВ за годишно остварување. Во тоа време, низ радиото како гости поминуваат и Љупчо Георгиевски, Фрчковски, Тупурковски... Се појавуваат славните фудбалски преноси на Јанко Илковски, а програмската шема се движи по сите музички сегменти на современата музика, од техно до рап. Се појавуваат радио-драмите итн. Работите, според Јолевски, тргнуваат надолу по промената на раководната екипа во 1998 година. Дали од неразбирање за што станува збор, вроден конзервативизам или други причини, раководството констатира дека премногу се трошат пари на хонорари, дека програмата треба да се прави со минимален број луѓе итн. Тогаш Јолевски се повлекува од уредничкото место, а МРТВ практично прекинува да ги исплаќа хонорарите што може да се толкува и како еден вид притисок луѓето самите да го затворат радиото. Состојбата не се менува и со доаѓањето на СДСМ на власт. Во рамките на некаква рационализација, Канал 103 треба да емитува на фрекфенцијата на Втората програма.

Радиото во една рововска битка го издржа и тој притисок. Денес во него работат многу од доајените на ова радио, но и момци девојки кои во периодот на неговото формирање биле едвај родени. Радиото се обидува да прави сопствена продукција, да организира живи свирки, да издава книги, дури и да продуцира филмови. Зошто? За инает на оние кои мислат дека победиле во битката за цивилна Македонија. Затоа Канал 103 е единствениот локален феномен со универзални последици.

Извор: globusmagazin.com.mk

Ѕвездан сигурно случајно

Ѕвездан сигурно случајно „заборавил“ да спомне, барем во една реченица, за обидот за затварање на стотројка во 1994 од страна на тогашната „демократска“ власт. Кој на крај заврши со протерување на најпрогресивните и критички елементи од радиото (Путица, Ацо Рембрант итн итн) и затупувањето на дотогашната блескава критичка острица. Настанот воедно беше крај на најдобрата фаза на 103, се после тоа беше само бледа копија на тие две години под уредништво на Путица.
Ѕвездан исто така заборавил да спомене дека Гоца Стошиќ (другарка им ем на Б.Ц. ем на Владе Милчин) исто така проба да го укине Канал 103 во 2004 година. Ѕвеки тој настан пробува да го релативизира, како некаква рационализација и префрлување на Канал 103 „на фрекфенцијата на Втората програма“.
Што да се каже, освен дека... е стварно сте ебани фалсификатори! Затоа и ви пропадна Глобус, пошто македонската јавност сепак има премногу добро дефиниран вкус за да дозволи да ја манипулираат со такви квазилевичарски срања!

Батка, ти да не си на дрогите

Батка, ти да не си на дрогите на Путица, на кои им помина рокот уште тогаш, па сеа ептем посебно откачуваат! Што лупаш, бе, батка?! Вакво историско и фактографско лупетање може да дое само од вмровец - тешко од било кој друг (ах, да, тотално отсуство на хумор - тоа е другата примарна разликовна особина на асли вмровец).
Што ти значи оваа реченица, дрогиран (од лудиот груевизам) изродбенику?: „Затоа и ви пропадна Глобус, пошто македонската јавност сепак има премногу добро дефиниран вкус за да дозволи да ја манипулираат со такви квазилевичарски срања!“ Македонската јавност има „премногу добро“ (тоа е неписмено и сите го грешите: не може да биде “премногу добро“; може да биде „многу добро“; премногу добро не е на арно) „дефиниран вкус“?! (маваат мувлосаните дроги, аха)
Зборот ми е: Гоца Стошиќ веројатно била во право (103 треба некако да се контекстуализира), но каква е незграпна и смотана, сигурно се обидела да употреби прекумерна сила - и се сјебала.
Нејсе. Историјата, батка, мувлосан дрогашу, како далечната така и блиската, е прекомплицирана за твоитре јадни две виуги (ионака зафатени од гангрената на груевизмот) у шупликавата тиква. Тоа што некој некогаш изгубил битка (па и војна) не значи дека е идиот, лузер, стока итн. Историјата, будалче, е суптилна работа. За суптилни луѓе. Ради тоа ти е боље да закачиш, батка, значка на Грујо и да идеш на покурентни места за да продааш басми за историја, морал и политика. (П.С. Мада, со оглед на тоа дека и Окново е под окупација на груевистичките моронски коментаторски ескадрили - остани тука, батка, таман им треба друштво на Др-Фројд, Јана и другите пилоти-гомнофрлачи. Машала нек е! Распаљуј!)

Во 2004-та, Утрински Весник

Во 2004-та, Утрински Весник (кога Ѕвездан беше уредник) покрена цела медиумска кампања за спас на радиото.

А дека „затупела критичката острица“ на радиото може да каже само некој што веќе не слуша Канал 103.

Колку што памтам, ради такви

Колку што памтам, ради такви срања (МРТВ е едно големо срање, сама по себе) СДСМ два пати губеше избори: 98 и 06. Се’ ми се чини дека медиумските манипулации ќе му се скршат од глава и на „маестрото на рекламата“, Златниот-Црниот, прославениот Николае Грујабе, во народот попознат како Панделки (Леле) Мајко.

Патем, супер е изложбата во

Патем, супер е изложбата во МКЦ, по повод јубилејот на Канал 103. Има, на пример, изложено неколку ступидни писма на Тихомир Илиевски, тогашен директор на МРТВ, кој се буни (со некој језив бирократски соц јазик) за некаква си емисија на радиото... СДСМ, факт е, секоаш биле зад времето (па Ѕинго и Латас командаа и во девеесеттите, како и сега, и тогаш уште беше социјализам, уште бевме под Слоба)... За жал, кај груевистите заостанувањето веќе не се мери со години или децении, туку - со векови! Во најдобар случај, под груевизмот ја живееме среќната нова, железно комунистичка (талибанско-необољшевичка) 1949 година!

Што има врска дали СДСМ

Што има врска дали СДСМ изгубил избори два или пет пати? Џабе губеле кога пак не им доаѓа памет, очигледно продолжуваат си да го негуваат истиот препознатлив менталитет:)
И не ми беше поентата колку пати СДСМ губел избори и од кои причини. Поентата ми беше во манипулативноста на текстот на Ѕвездан, кој се обидува дури и историјата на Стотројка да ни ја прикаже преку простачката црно-бела ВМРО-СДСМ призма карактеристична за „Глобус“. Ах да, и за „Пулс“ од времето на првиот атентат против Канал 103!
А дека смената на Путица&Co. немала влијание врз критичкиот однос на Канал 103 кон тогашната власт, може да каже само некој кој тогаш не ни слушнал за Стотројка.

Кога подобро ќе размислам,

Кога подобро ќе размислам, Стотројка е чисто срање! Детско игралиште за вечни малолетници што у гз набиле по 20, 30 и 40 години. Стотројка е чисто срање зашто од една страна е продолжение на сомнителното социјалистичко разбирање на јавниот интерес (кој во новите околности бара барем редефинирање, јавниот интерес), а од друга страна е типично скопско одвратно неодговорно препичуење базирано на чувството на тотално неоправдана надмоќ, ескапизам и цинизам.
Го читав манифестот на 103, по повод 20-годишнината, и пак истото тинејџерско срање: сакаме да ни дадат се’, а да не бидеме одговорни за ништо. 103 никогаш немале платформа, начела, светоглед... Кога се бавеле со политика тоа било или сосема небулозно или за да се заштитат сопствените привилегии.
Ова, се разбира, не значи дека на 103 не сме се наслушале низ годиниве чудесна музика! И фала за тоа! Но, кога отворале уста, нарцисоидните скопјани, тоа било главно пораз за умот, за мислата, за ангажманот, за јавната свест... Ретарди - кога станува збор за јавниот интерес, се стотројкашите... И тоа им е јако врзивно ткиво, мора да се признае: скопскиот ретард споил систем...
Ѕвездан можеби е површен, во случајов, но дури и таков Ѕвездан (дури и таков Глобус и Пулс) се еони далеку од сегашната јавна сцена, а галактички години се далеку од имбецилните коментаторски ситни души кои се испичкарале со Мирко Попов, имале тезга ваму, им скинале тезга таму... - скопското малодушно ситно и бедно. Запрепастувачки е колку се скучени светогледите и перспективите. Народ на морони. На коментаторски морони, пред се’.

Иди лечи се Коља! Стварно не

Иди лечи се Коља! Стварно не те разбирам, плукаш по твоите најголеми подржувачи-стотројкашите, али со Мирко си другар па мораше него да го извадиш од кошот на скопските нарцисоидни ретарди!!! Па пола од нив ти се у Сорос, стипендирани, подржани финансиски, шкарт проекти у твојата Точка.
Се криеш под псевдоними ама и мало дете знае кој си. Ти си батка еони далеку од човек, мајмуне.

што излезе од коментариве,

што излезе од коментариве, (демек вмро): „Ѕвездан манипулатор“ а (демек сдсм): „Гоца Стошиќ веројатно била во право.“

ај оставете ја стотројка на раат од дневна политика. па целиот текст е за тоа што радиото значи за слушателите и за оние што минале низ радиото, од една емотивна перспектива, а не политичка.

освен тоа, да се каже дека 103 е збир старци е генерализација. Па во 103 во моментов има нова генерација млади луѓе (16-26).

Јас кога влегов во 103 на пр. имав 16 години, а излегов од радиото кога наполнив 20. И точно, Доброинформирано Злопамтило, не слушав Канал 103 во 1994, кога имав 7 год. Но, радиото во 2000-тите веше многу влијателно за мојата генерација ('87) во одсуство на МУЗИЧКИ алтернативи.

ОкоБоли главаВицФото