Слогата на Земјаните во вселената

17.06.2009 12:04
вселенска станица МИР

Кои Земјани спијат во најголема тишина? Не се тоа ранчерите од Охајо, ниту рударите од Сибир, ниту млекарите од Сведмилк, туку астронаутите од Меѓународната вселенска станица. Оваа станица, која во вселената се наоѓа уште од 1998 година, течка е околу 400 тони, долга е 58.2 а висока 27.4 метри. Соларните панели имаат површина од 73.15 метри. Единствените жители на станицата, во моментов шестмина, живеат во простор од 356 кубни метри.

Кои Земјани спијат во најголема тишина? Не се тоа ранчерите од Охајо, ниту рударите од Сибир, ниту млекарите од Сведмилк, туку астронаутите од Меѓународната вселенска станица. Оваа станица, која во вселената се наоѓа уште од 1998 година, течка е околу 400 тони, долга е 58.2 а висока 27.4 метри. Соларните панели имаат површина од 73.15 метри. Единствените жители на станицата, во моментов шестмина, живеат во простор од 356 кубни метри.

Оваа орбитална станица е заеднички проект меѓу Белгија, Бразил, В. Британија, Германија, Данска, Италија, Јапонија, Канада, Норвешка, Русија, САД, Франција, Холандија, Швајцарија, Шведска и Шпанија. На 27 мај годинава, од Бајкјонур, рускиот полигон за лансирање во Казакстан, испратени се нови три астронаути, така што, станицата, за првпат во историјата, ќе има шест членови. По четири месеци, командата со станицата ќе ја преземе белгискиот астронаут Франк де Вин. Тоа ќе биде првпат еден Европјанин да застане на чело на Меѓународната вселенска станица.

Сè започна со руската вселенска станица МИР, која во периодот од 19 февруари 1986 до 1996 година настана со спојување на повеќе модули. Орбиталната станица постоеше до 23 март 2001, по што беше намерно уништена по враќањето во атмосферата.

Се работеше за првата постојано населена станица во вселената, која го држи рекордот за најдолгиот престој на луѓето во вселената, кој изнесува речиси 10 години (без 192 часа). На таа станица веќе престојуваа астронаути од разни земји. МИР се оддржа во вселената преку успешното поврзување на неколку модули во споменатиот период.

Уништувањето на МИР ги натера водечките руски научници и добитници на Нобеловата награда, Николај Басов, Александар Прохоров и Зорес Алфјоров, да му испратат писмо на Владимир Путин во кое одлуката за уништување на орбиталниот комплекс МИР е прерана и погрешна. Според нивното мислење, станицата се наоѓала во работна состојба и со благовремено финансирање на работите околу неа таа немало да претставува никаква опасност по светската заедница.

Меѓународната вселенска станица, лансирана од руската лансирна база во Бајконур, донекаде ја продолжува работата на МИР. Станува збор за многу обемни истражувања во кои учествува посебно одбрана посада која се менува во одредени експедиции, а сега во тек е дваесеттата. Се вршат експерименти од областа на медицината, технологијата и физиката. Од јуни 2006 се извршени 90 научни истражувања во специфичните, речиси бестежински услови. 

Изучувањата ја вклучуваат физиката на течностите и нивното мешање во такви услови. исто така се истражува и температурата и спроводливоста во тие услови, со надеж дека ќе се открие суперпроводник. Постојат планови за искористување на орбиталната станица за истражувања на аеросолите, озонот, хемискиот состав на водата и оксидите, како и на космичките зраци, космичката прашина, антиматеријата и црната материја. Завршувањето на мисијата се предвидува некаде меѓу 2015 и 2020 година.

НАСА во својот дел од мисијата координира активности од Хантсвил во Алабама, а Роскосмос од Москва, додека Европјаните тоа го прават од космичкиот центар во германскиот Оберфафенхофен и француски Тулузм, Јапонците од Цукуба, а Канаѓаните од Сан Хуберт.

Сега на ред е анализата на кристалот на белковините, потоа живите клетки, животот во услови на ниска гравитација (88% помала отколку на Земјата), кога мускулите брзо „исчезнуваат“ и кога сите човечки органи се однесуваат по некои други норми. Сето тоа со цел да се создаде основа за безбедно о квалитетно понатамошно истражување на другите небесни тела, првенствено Месечината и Марс. Пламенот, течностите и металите исто така се меѓу основните истражувања, со цел да се добијата поквалитетни производи за најекстремни услови.

Рускиот астронаут Јуриј маленченко за време на една од мисиите се венчаше со Екатерина Дмитриева, која во тој миг се наоѓаше во Тексас. Најверојатно веќе се планира живеење на парови во вселената, но до таа експедиција астронаутите сепак ќе мораат да почекаат.

ОкоБоли главаВицФото