Режисерот Фон Трир е избркан од Кан

20.05.2011 08:41
Ларс Фон Трир

Данскиот режисер Ларс Фон Трир вчера беше исфрлен од Филмскиот фестивал во Кан бидејќи еден ден претходно на прес конференцијата, на шега, се нарече нацист и симпатизер на Хитлер.

„Управниот одбор на фестивалот најостро ја осудува изјавата и го прогласува Ларс Фон Трир за непожелна личност на Фестивалот во Кан“, објави управата во соопштението.

Советот „длабоко жали што Фон Трир го искористил овој форум за коментари кои се неприфатливи, не можат да се толерираат и се спротивни на идеалите на човечноста и великодушноста кои се суштината на постоењето на фестивалот“.

Санкцијата се однесува на самиот режисер, но не и на неговиот филм кој нема да биде исклучен од официјалната конкуренција за наградата Златна палма, беше објаснето по вонредната седница на советот која ја свика претседателот на фестивалот Жил Жакоб.

На прес конференцијата во средата, по повод претставување на својот нов филм „Меланхолија“, данскиот режисер предизвика непријатност кога изрази симпатии за Хитлер кого го „разбира“ бидејќи Израел е вистински давеж, а попладнето, на барање на фестивалот, се извини.

Извор: e-novine

ОкоБоли главаВицФото