Концерт на Marie Petrov Quartet во кино Фросина

26.05.2011 12:15
Концерт на Marie Petrov Quartet во кино Фросина

Утре (петок 27-ми мај) со почеток во 21:00 часот,  во киното Фросина при Младинскиот Културен Центар ќе се одржи целовечерен концерт на Marie Petrov Quartet. (http://www.myspace.com/mariepetrov).

Marie Petrov quartet

Џезот е обоен во посебна боја тука во Европа.

Нашата постара генерација на џезери беа директно инспирирани од американскиот џез кој се развивал под влијание на културата и естетиката од Франција, Италија, Англија како и од Балкан...

Јас припаѓам на една од првите генерации што искусиле домашен џез. Влегов во музиката инспирирана од Хенри Тексиер , Бојан Зулфикарпашиќ, Марк Дукре, Жерар Мараи, Луис Склави, Еди Луис, Енрико Рава...

Во мојот прв џез проект како лидер, сакав да оддадам личен печат на музиката која ќе ја свирам и да создадам добра атмосфера.

Со квартетот создаден од пијано, контрабас, тапано, вокал и тромбон ќе свириме импровизирани песни од Жерар Мараи како и композиции од Тони Рабсон, Александар Петров, Шаревски, Симон Киселички.

Квартетот го сочинуваат:

Александар Петров е музичар и композитор од Македонија, кој рано ја асимилирал културата и традицијата од своето родно место што му овозможува да се отвори кон музицирање и во други правци. Работи и разменува искуства со многу интересни и познати џез музичари како и артисти кои свират традиционална музика.

Работел со:

Марсел Калифе, Питер Херберт, Теодосиј Спасов, Бојан Зулфикарпашиќ, Башар Калифе, Марк Хелиас, Газменд Бериша, Васил Хаџиманов, Максиме Делпјер, Џулиен Шарле, Жлуст, Јола Калифе, Клер Заламански, Ла Рут де Фил ду Вент, Балканес, Тони Китановски, Жерар Мараис, Џулиен Лурау, Браникца Баисавлјевиќ – Василиса, Слоновски Бал, Красен Луцканов, Јаско Рамиќ, Недим Налбантоглу, Метју Мишел, Алекс Дојч, Маки Накано, Макото Сато...

Настапи:

Парискиот Џез Фестивал, Сал Плејел, Џез Рио Локо, Џез во Мулхаус, САД, Прага, Италија, Швајцарија, Сингапур, ОАЕ, Бахраин, Јемен, Јордан, Србија, Црнагора, Албанија, Македонија, Финска, Мароко, Тунис, Алжир, Кувајт, Сирија, Либан, Берлин, Шпанија...

Дискографија:

Guerre Propre, Bace Quartet (2005) – Chicken Madness

Bez Prozor, Bace Quartet (2008) – Chicken Madness

Family Reunion, Raymond et Bastien Boni Marie et Aleksandar Petrov invite Gazmend Berisha (2008) – Chicken Madness

Aah, Yolla Khalifé (2011) – Nagam Records

Александар Икономов, роден 1969 во Скопје е еден од музичарите од Македонија за кој може да се каже дека ја познава и разбира џез културата.

По завршените студии во Скопје, се запишува на Музичката Академија во Грац ( Австрија) отсек џез музика, студирајќи контрабас како редовен студент кај професорот Вејн Дарлинг (џез) и Евалд Цимерман (класична музика) од 1989 до 1996. Александар Икономов настапувал со многубројни европски и американски џез музичари меѓу кои Марк Марфи, Алан Праскин, Дејвид Мареј, Енди Беј, Боб Мувер, Андре Жан Картиер, Стјепко Гут и многу други. Икономов учестувал и на работолница кај легендарните Реџи Воркман (Џон Колтрејн), Чак Израелс (Били Еванс трио), и Рон МекКлур (Дејвид Лајбман-Џон Скофилд).

Снима десетина музички албуми и работи како професор на конзерваториумот во Инсбрук. Одржал бројни работилници во западна Австрија, Швајцарија и Италија.

Симон Киселички е една од највлијателните личности во македонската музичка сцена, особено ако станува збор за џез и неговиот комлетен музички израз. Роден во Скопје, Република Македонија, во 1974 година, каде што е живее и работи. Привремено, престојувал и во соседните земји каде креира музика. Неговото прво појавување на македонската музичка сцена е во раните 1990-ти. Симон Киселички се истакнува по соработката со различни македонски џез легенди, меѓу кои Драгиша Солдатовиќ – Лабиш, првиот џез-гуру во Македонија.

Мари Петров е родена во Париз, 1979 година и дипломира тромбон (камерна музика) на Музичкиот конзерваториум во Св. Маур и Руелј Маламајсон како и на Националниот музички и танцов конзерваториум во Париз.

Во меѓувреме, се интересира за џез и барокна музика, и работи на своите пост дипломски студии со Жорди Савал и Даниел Ласал.

По три години поминати како тромбонист во симфониски оркестри , Мари влетува во нов правец во 2002 година и формира квинтет со Александар Петров, Максим Делпјер, Џулиен Шарле и Башар Калифе.

За време на неколкуте месеци поминати во Македонија во 2004 година, свири заедно со Жлуст, Тони Китановски, Јордан Костов, Симон Киселички, Оливер Самолијан, Гоце Димитровски, Александар Сераминов.

Од 2008, Мари свири и пее во еден проект наречен “Family Reunion”, заедно со Газменд Бериша, Теодосиј Спасов, Маки Накано, Јан Питард.

Мари се занимава исто така и со модерен танц и музика. Врз основа на нејзината поезија снима и филм наречен “L’Essence Ciel!” со Маргот Дорлеан и Јорик Гранд.

Во 2009 ја формира својата група Мари Петров Квартет. Таа аранжира и пишува текстови, свири заедно со Ѓорѓи Шаревски, Оливер Јосифовски, Сале Икономов, Александар Петров и Симон Киселички.

ОкоБоли главаВицФото