Библиотека

31.05.2011 11:32
Новоговор - Библиотека

На прв поглед повеќе спаѓа во староговорот отколку во новоговорот.

Можеби дури и ќе се кандидира за лексиконот на непознати зборови.

Бидејќи она што започна пред неколку илјади години како архива на храмовите или владетелите, во меѓувреме се претвори во нешто сосем друго.

Најпознатата стара библиотека е онаа која ја собрал асирскиот крал Асубанипал во 7 век п.н.е., наредувајќи за неговата збирка да се препишат, т.е. да се врежат на глинени плочки сите дотогаш постоечки библиотеки – во кои се наоѓале записи уште од времето кога писмото е измислено. Поради склоп на околности, плочките преживеале илјадници години; ако не преживеаја, денес немаше да знаеме за кралот Гилгамеш од Урук, најстарата верзија на страрозаветната приказна за Потопот и Ноевата арка која во сумерскиот еп за Гилгамеш ја направил Утнапиштим, за трагањето по тревата на бесмртноста и змијата која ја украла...

Дури кон крајот на 18-от век библиотеките се отвораат за обичните читатели, оние кои можат да ја позајмат, прочитаат и вратат книгата – за и други да ја прочитаат.

Библиотекарите се таму да му помогнат на секој член или корисник на библиотеката да го најде токму она што го бара или да го упати на користење посебни збирки мапи, отпечатоци, документи, микрофилмови, звучни записи, касети, компакт дискови, видео записи, игри, дигитални книги и други електронски извори на податоци.

Сè уште се водат расправи околу тоа дали интернетот ги дотепа печатените публикации.

Библиотеките ќе преживеат, во овој или некој друг облик, а со нив веропјатно и празнувањето на Свети Лоренс, заштитникот на библиотекарите.

Тој бил еден од седумте римски ѓакони, задолжен за чување на раните црковни списи. Убиен е на 10 август 258 г., за време на императорот Валеријан. Според легендата, на барањето богатството на христијанските цркви да му го предаде на царскиот двор тој одговорил на начин што сите вредности ги распродал и ги раздал на сиромашните, болните и старите кои потоа ги донел пред судијата и му рекол дека тие се единственото христијанско богатство. Наводно, го казниле со тоа што го испекле на ражен.

На денот на Свети Лоренс, 10 август, библиотекарите и архиварите јадат само студени месни нарезоци – или месо од скара.

Извор: vreme.com

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото