Камен-темелниците маршираат

01.06.2011 14:00
Камен-темелниците маршираат

Клепсидра е воден часовник, античка направа која времето го мери со истекување на вода. Не знам со која вода груевистите, нашите љубители на антиката, го мерат истекувањето на своето време?

Со една од двете Ѕингови води или со онаа третата, матната вода што повремено им ја пуштаат на жителите на Кратово? Не знам, но гледам дека ги фаќа хистерија. Се пентарат по бандери, кинат транспаренти и се подмочуваат на јавни места. Шетаат камен-темелници по земјичката македонска. Копаат дупки и веднаш по заминувањето на Груевски и свитата ги затрупуваат. Ја осветлуваат колонадата на незавршениот Уставен суд. Во споредба со нив, кнезот Потемкин е беден дилетант.
Ги ставија под нозе синдикатите така што им ги построија шефовите како на партиски митинг. Државните институции ги претворија во месни комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Ги пребаруваат полициските албуми со стари фотографии за да го оцрнат оној кого го прогласија за „мртов политичар“. Зар и од „мртовци“ се плашат? Со принуда ги полнат митинзите. Нивните јуноши се храбрат по скопските улици со нацистичкиот извик Sieg Heil! Mazedonishe Übermensch! А од говорницата, нивниот зарипнат вожд се напрега да згрми, небаре Один, дека низ Македонија се слушало барем два пати повеќе ДА отколку НЕ и дека во секој град, во секое село, насекаде низ Македонија, реформите добивале поддршка. И дека не им вредело (на СДСМ, демек!) тоа што го имале СОРОС и Милчин, ни илјадниците евра поделени по разни лажни невладини организации. И кој го вели тоа? Тој што ги надмина сите расипикуќи што ги видела Македонија. Тој што се расфрла со државни пари. Тој што создаде десетици квазиневладини организации за еднократна употреба.

А со што тоа Соросовата фондација, Милчин и „лажните“ невладини организации му го расипуваат сонот на Груевски? Со тоа што ги повикуваат и поттикнуваат граѓаните да гласаат на 5 јуни. Со тоа што објаснуваат дека масовниот одзив е единствениот начин да се поништи подготвуваното фалсификување на волјата на граѓаните. А тоа дека фалсификатот е стокмен го гледаат и предупредуваат сите партии од опозицијата, левите и десните. Само клекнатите институции во кои доминираат груевистите се прават слепи и глуви и молчат. Сонот на Груевски му го расипуваат Соросовата фондација, Милчин и „лажните“ невладини организации и со тоа што ги регистрираат сите активности со кои Груевски и неговите ги газат и законите и правилата за однесување во предизборието и ја известуваат јавноста за тоа.
Зошто Груевски се плаши од масовен одзив на парламентарните избори? Зошто, ако е сигурен дека „реформите му“ ќе победат? Зошто, ако е убеден дека граѓаните му веруваат во отчетот и манифестот? Зошто, ако му се слуша барем два пати повеќе ДА отколку НЕ? Или го јаде јанѕа дека всушност се работи за акустички халуцинации и фатаморгана?

Кога прв пат слушнав за селењето на камен–темелниците, не ми се веруваше. Кога прв пат слушнав за списоците со матични броеви, не ми се веруваше. Кога прв пат слушнав за уцените со забременувањето ин витро, не ми се веруваше. Разумот ми велеше дека груевци ќе направат сè за да ја задржат власта што им се услади. Емоциите ми велеа дека сепак мора да има некаква црвена линија која ни груевистите нема да ја згазат. Ја згазија. Се заборавија поради преголемата леснотија со која Македонија им се покори. Премногу долго им поминуваше и лагата и кражбата. А кога почнаа да тонат и нивното претање почна да го крева талогот од дното, се претворија во давеник кој се заканува да ги повлече со себе на дното и оние чие верување се расколеба. Прегратката на давеникот се претвори во костец кој, ако не се раскине, се заканува да ја потопи и Македонија. Затоа Македонија мора да се ослободи од тој костец.

Во понеделникот вечерта беше избран првиот македонски естраден идол. Во недела, од 7 до 19 часот, ќе се избира новиот македонски парламент. Во недела ќе се случи падот на последниот македонски политички идол, Никола Груевски, кој политиката ја претвори во естрада. Во недела ќе се стави крај на идолопоклонството кое Македонија го плати скапо. Во недела, Македонија веќе нема да биде држава за подбив. Во недела ќе престанат прашањата за тоа како е можно земјата која беше прва до влезот да се најде на опашката. Од недела натаму, амбасадорите на ЕУ нема да ја напуштаат Македонија уште пред да си ги распакуваат куферите и да бараат спас во Босна и Херцеговина. Од недела натаму, нема да ѝ попуваме на ЕУ и да му држиме лекции на НАТО осамени во чекалните, туку ќе влеземе во двата клуба и ќе учествуваме во одлучувањето. Од недела натаму, нема над глава да ни виси повторното воведување визи за Шенген-зоната. Од недела натаму, ќе ги броиме деновите кога водата ќе потече низ кратовските чешми.

Од недела натаму, Соросовата фондација, Милчин и „лажните“ невладини организации ќе продолжат да го прават она што го правеа досега. Ќе ги следат чекорите на новата власт и јавно ќе ја потсетуваат за ветувањата и обврските што ги презедоа. Ќе предлагаат политики со кои ќе се остварат стремежите на мнозинството граѓани. Ќе организираат дебати за најбитните и најболните општествени прашања. Ќе го прават тоа со надеж дека новата власт нема да биде глува за критиката и дека нема да ги прикрива грешките, туку ќе ги признава и ќе ги поправа.

Само така, без претензии на безгрешност и без одбивање на контрола од страна на граѓанското општество, новата власт ќе може да се справи со тешкото бреме што во наследство ќе ѝ го остави режимот на Груевски.

Колажи: Свирачиња

Кај ви е ГЕроски и он едно

Кај ви е ГЕроски и он едно време маршираше делејќи шпиц и остали пропагандни весници нешто многу е тивок во последно време, да не ве свртел грб случајно?

Од недела натаму, Соросовата

Од недела натаму, Соросовата фондација, Милчин и „лажните“ невладини организации ќе продолжат да го прават она што го правеа досега. Ќе ги следат чекорите на новата власт и јавно ќе ја потсетуваат за ветувањата и обврските што ги презедоа.
___
Уште една потврда на мојата теза. Кој и да победи Милчин и СОРОСовци победуваат - Ако победи ВМРО ќе прибираат пак донации за рушење на власта, ако победи СДС ќе добијат по некое функцииче. Со оглед дека второто е невозможно, уште од сега гледам како 2012 пробуваат да направат атмосфера за предвремени избори. Да живее другарот Сорос!

И мајката на Ване Цветанов да

И мајката на Ване Цветанов да не станала Соросоид?

Философу колку време ти

Философу колку време ти требаше да научиш како на грчки се пишува философ? Посмешни сте и од обидот за атентат со пластично шише врз Рада Шеќеринска.

Воопшто не се трудам да

Воопшто не се трудам да пишувам на грчки, туку само со грчко писмо. Инаку да одговореше на прашањето за Цветанови? (Ι τιε δα νε σε ζρτβι να Σορος? Δρ Φροιδ?)

ομοφυλόφιλος παιδεραστής cigo

ομοφυλόφιλος παιδεραστής cigo eden junanistanski

Ха,ха,ха. Еве кој знаел

Ха,ха,ха. Еве кој знаел грчки. И што теми го интересираат. Ем расно ем полово теолерантен. Во најдобрата традиција на дпмневските ’демократски перјаници’. Ко о чему курва о поштењу, што би рекле Србите. Машала, машала.

тАј не си ја вршеше работата

тАј не си ја вршеше работата како што треба па после плаче кога го сменија, не може да се помири.

Сигурно дека не работел како

Сигурно дека не работел како што треба. Наместо да молчи почнал да зборува. И ете ти беља.

А што ако шишето имало

А што ако шишето имало кока-кола и ментос бомбони, а ?

сакаш да кажеш дека рада =

сакаш да кажеш дека рада = Johnny Knoxville?

dobro e, prorabote kujnata na

dobro e, prorabote kujnata na zamajuvanjeto! malo potsetuvanje: Shekerinska vo nitu edna izjava ne reche deka imalo obid za atentat

А бе тоа е типична ДПМНЕовска

А бе тоа е типична ДПМНЕовска логика, демек ќе ги фатат гласачите на емоции, ќе дигнат хистерија, комуњарите се бесчуствителни, ги навредуваат кутрите транзициски жртви, праат реклами во коишто се спомнува „ебење“, не сакаат да се множиме и плодиме, а забораваат дека они се тие што веќе 5 години го тероризираат народот и тоа ќе им пресуди на 5ти јуни, нема финтите на Бранко или ветувањата на Рада, туку омразата кај народот што самите си ја создадоа. За жал, по којзнае кој пат ќе гласаме „против“, иако и кога гласавме „за“ во 2008 гадно се заебавме.

seloto go pobedi gradot

seloto go pobedi gradot (pogledni rezultati vo "zemjodelskite" IE 3 i 4. Nema beganje od realnosta

ОкоБоли главаВицФото