Јас сум повеќе од моето лице

02.06.2011 13:33
Јас сум повеќе од моето лице

Јапонската фотографка Митсуко Нагоне е главниот протагонист во нејзината серија фотографии „I am more than my face“, во кои го истражува својот идентитет со маскирано лице, користејќи предмети од секојдневното опкружување.

Верувајќи дека идентитетот треба да се создава, а не да се наоѓа, Нагоне во фотографиите пристапува со двојна премиса: сликата на некое лице често води кон моментално судење или стереотипизирање; како и дека однесувањето и дневната рутина претставуваат неодвоив дел од идентитетот на секого.

Во овие фотографии таа зазема различни пози и положби, во различен контекст.

За своите фотографии, Нагоне вели: „Со овој проект се обидувам да се создадам себе си, наместо да го најдам својот идентитет. Луѓето често си го поставуваат прашањето ’Кој сум јас?’, меѓутоа, дефиницијата кои се тие може да ги ограничи нивните можности и бескрајноста на нивната суштина. Верувам дека себството треба да биде создадено, наместо да се најде. Моите автопортрети ја истражуваат оваа идеја, бидејќи лицето, кое обично покажува кој е кој, во случајов е замаскирано“.

Извор: designboom.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото