Монструмот Младиќ

03.06.2011 10:46
Монструмот Младиќ

Верувам дека апсењето на генералот Ратко Младиќ било недраматично и едноставно, и дека со текот на годините тој се претворил во остарена руина која на прилично одвратен начин се присетува на своите воени успеси. Неговите потреби веројатно биле скромни: чашка сливова ракија во друштво со сочувствителниот поп (обично СПЦ е таа која им пружа поддршка и совети на воените злосторници во бекство), со повремено заминување на скијање и лов. И иако има некоја сатисфакција во ова клише од исходот – личноста која зрачеше со енергично зло сега е сведена на исцрпена, банална лушпа – постои и нешто одбивно во сето тоа.

Постои опасност Младиќ, во ликот на збунет и остарен пензионер, да ги разбуди симпатии на месното население, на сличен начин како во случајот со Џон Демјанук, со тоа што во случајот со Младиќ тоа се случува само неколку години по сторените злосторства, а не по неколку десетлетија. Освен тоа, Младиќ го надгледувал и организирал масовниот колеж во Сребреница и Жепа (како и срамното гранатирање на Сараево) – тој не бил обичен војник кој извршувал наредби. Новата, наводно реформистичка влада на Србија сноси дел од одговорноста за овој миг на морална ништожност и конфузија, бидејќи апсењето на Младиќ и неговиот политички шеф Радована Караџиќ во најголема мера ги гледа како епизода во затоплувањето на односите меѓу Белград и ЕУ. Не морате да бидете српски шовинист за да видите нешто одвратно и тривијално во вака пресметаното однесување. (А што ако излезе дека не може да се прошири сè помалку еластичната еврозона, за да се задоволат итните потреби на Србија, заедно со веќе постоечките потреби на Грција и Ирска?)

Постои уште една жалосна последица од прикажувањето на Младиќ како беден и патетичен. На луѓето кои се многу помлади од мене ќе им стане речиси невозможно да сфатат колку важна фигура бил тој порано. Многу внимателно ги користам овие зборови – во тоа време, сметав дека личноста на Младиќ е бескрајно преценета и дека му се припишуваат политички и воени вештини кои не ги поседуваше. Но ако сте се обиделе за време на првите години на Клинтоновата влада во Вашингтон да го изнесете мислењето дека на гранатирањето на Сараево од страна на Младиќ треба да се одговори со воена акција, како одговор би добиле еден вид Арапска улица, во која зборовите арапски или муслимански се заменети со зборовите православни или руски:
 
„Ако стреламе врз српските позиции, тие целосно ќе престанат да се воздржуваат и ќе го избришат Сараево од лицето на земјата... Југословенската народна армија ќе тргне во офанзива низ целата земја. Милошевиќ ќе се сврти кон Москва за вооружување и дипломатска поддршка, и ќе ги добие... Сетете се дека Титовите партизани пикнаа во ќош 20 дивизии на Хитлер...“
 
И така оваа приказна се вртеше во бескрај, иако не секогаш причините беа наведени вака заедно (иако се сеќавам дека секретарот за одбрана Лес Аспин успеваше да ги сумира доста добро, да не речам хистерично). Секако дека на крајот силите на Милошевиќ го сторија она што расните и верските фанатици секогаш го прават – отидоа предалеку. Кога се случи тоа, западот мораше да реагира. И тогаш излезе дека српските сили не се „елитни“ единици, туку бедни паравоени сили со непрекината историја на победи над цивилното население. И иако некои руски демагози како Владимир Жириновски се појавија во Босна, која беше под окупација на српските сили, Русија не покажа преголема склоност да глуми Мајка на сите Словени.
 
Дури и кога на виделина излегоа овие и други хронични слабости на нашиот пристап, на српските лидери постојано им се нудеа отстапки, првин во Дејтон, потоа во врска со Косово, сè додека целиот мит не се распрсна по лудачкиот обид на Милошевиќ етничкото чистење да го прошири и во Албанија и Македонија. Кога сето тоа заврши, железната логика на европскиот фашизам повторно триумфираше, како што беше случај и по 1945, и голем број припадници на српското етничко малцинство беа протерани од Краина и Косово, од просторот на кој живееја со векови. Ако последниве неколку години некој требаше да се залага за апсење на Ратко Младиќ, зарем не требаше тоа да бидат обичните Срби?
 
Во миговите како овој, можеме да бидеме сигурни дека ќе нè потсети на она што Џон Квински Адамс го рекол за ризикот кој Америка го презема кога заминува во светот „во потрага го монструмите кои треба да ги уништи“. Монструозниот карактер на Младиќ и неговото движење нема потреба да се преувеличуваат. До денес, многумина не разбираат колкаво страдање, хаос и болка пресметано нанесол тој. Меѓутоа, монструозната природа на неговата моќ и влијание во голема мера се парадоксално преувеличувани – не од страна на оние кои сакаа да му се спротивстават, туку од страна на оние кои не го сакаа тоа! Ова за исход го имаше непотребното одолговлекување на кошмарот, додека трошоците на целиот потфат да се излезе од него беа драстично зголемувани. Каква и да требаше да биде основата за реконструкција на пост-титоистичката Југославија, еден концепт сигурно беше незамислив – Голема Србија, во кој помалите републики и нивното население насилно би биле прекројувани за да се вклопат во моделот на еден диктатор. Еден ден ќе се чини неверојатно тоа што НАТО силите не го виделе ова веднаш, и дека продолжиле да го третираат Милошевиќ како „партнер во мирот“, со што ја отворија вратата која водеше директно во Сребреница и кон убивањето луѓе кои наводно се наоѓаа под наша заштита.
 
Сребреница е едно од најдобро документираните злосторства во модерната историја. Имаме сè: од сателитски снимки во реално време (кои во Америка беа достапни и додека се одвиваше самиот колеж – што е срамно), до фотографии и снимки кои ги направиле самите сторители, вклучувајќи го и Младиќ. Ни останува само да се надеваме дека изнесувањето на овие докази ќе ја избрише секоја потенцијална насмевка на неговото лице, и ќе ја урне пропагандната слика за едноставниот војнички патриот. Независно од тоа во што ќе се претвори на крајот нашата политика кон монструмите во светот, би требало барем да сме во состојба да ги препознаеме кога ќе ги видиме.

Извор: Slate

Malku istroshenata zapadna

Malku istroshenata zapadna propagandna masina od 24/7 casovnoto turbo manufakturno proizvodstvo na lagi i besramni konstrukcii so koi se ocrnuva eden cel narod (ej, ne e toa mala rabota) ovie denovi dobi prilika za zamena na potrosenoto maslo vo svoite zapcanici. Masloto ke bide iscedeno od saloto na haskiot elen kapitalec-generalot licno. Ajde da dzirneme vo proizvedstveniot pogon na ova matno rekla-kazala medjunarodno pretprijatie sto ljubezno ni go dozvoli gospodinot Kristofer Hicens. Tuka prvo ke se sretneme so eden notoren alkoholicar koj lumpuva so pravoslavnite popovi, dokazani pijanicista. Dodeka hektolitri smrdliva slivka (fuj!) im strui po holestericnata krv tie razuzdano skijaat pukajci vo nevinoto Bambi kako sto i dolikuva na nivnata krvolocna priroda. Za toa vreme katolickite im kolegi po mantija na mira, civilizirano i ,,trezvenjacki” si orgijaat so maloletnite maski ucenicinja vo pauza od ucenjeto na napornite katehezi. No, toa momentalno ne e na proizvodstvenata lenta. Kako sto do nekni ne bese nitu opasniot ukrainski fasisticki krvolok od vtorata svetska vojna Dzon Demjanuk koj, vidi bogati, pedesetina godini si ziveese mirno vo najdemokratskata zemja na svetot, krkajki hamburgeri i koka kola kako sekoj “bogobojazljiv” cesen Amerikanec, bez da mu fali vlaknence na staroto glavce. Duri ne morase nitu da se krie. I so toa se fali gospodinot Hicens. Srbite pak, ulavi kako sto Bog gi dal, ne mu ovozmozija uzivanje vo blagodetite na mirniot penzionerski zivot na svojot general. Se razbira i toa im se zema za zlo. Dobro sega, navistina Srebrenica opravdano se koristi kako osnova za kazneno-pravno gonenje na generalot, no, da ne kaze nekoj sega deka ,,teram mak na konac”, jas pak ke potsetam na selektivnosta vo gonenjeto na zlostornicite. Na racete na Naser Oric, muslimanskiot vodac, odgovoren za sistematsko kolenje na se zivo srpsko vo okolinata na Srebrenica, denes posle prosetkata po haskiot tribunalen luna-park, nema da najdete ni kapka krv. Za toa ni zbor od gospodinot Hicens. Kako nitu za uspesno polozenite hirurski ispiti odrzani vo zoltite kosovsko-albanski kuki. I koga posle site lazlivi Scili i Haridbi so koi izobiluva tekstov (genetski predodreden rasen+verski srpski fanatizam, Rusija-taa lazna majka, a vsusnost losa makea na site Sloveni sose tatkoto nash Zirinovski, Baba Roga-Golema Srbija, koja, by the way, sega se cereci kako jagne pred Veligden, itn, itn,) i koi mozat navistina da ostavat trajni valkanici vo nasita zakrzlaveni propagandno neotporni mozocinja, spasot za zdraviot razum se pojavuva od nikade. Gospodinot Hicens, kako sekoj notoren lazko, ja pretera so majkata na site lagi: ludackoto etnicko cistenje na Milosevic vo Albanija i Makedonija. Citam i ne mozam da veruvam. Pa, kade bev jas koga toa se slucuvase? Da ne “bija sam na podrum, nishto ne sam videja”. No brgu se sozemam i duri sega go razbiram kutroto avtorce na orgazmicnovo tekstule. Pa toj samo se seguval. Ah, kako me nasmea. A za malku, majtapcija eden, da me nasamari kako posledno magare. Znaci sepak krajnite proizvodi na tvoeto pretprijatie, gospodine Hicens, se nameneti za detski pazar. I toa za deca so posebni potrebi.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото