Враќање во иднината преку Вардар

06.06.2011 11:14
Враќање во иднината преку Вардар

Против Цеца Ражнатовиќ е подигнато обвинение, а Воислав Коштуница и понатаму слободно шета низ белградските улици и никому не кажува ни збор за политичката заднина на атентатот на премиерот на Србија, Зоран Ѓинѓиќ. Лажам! Му раскажал на Жуќа додека овој зјапаше во кучките во Ташмајданскиот парк. Но сето тоа нема никаква врска со мојата официјално неофицијална посета на Скопје.

Не беше проблем тоа што моторот ни се прегреа во доцните вечерни часови на патот за Скопје, ниту тоа што, поради престанувањето на работењето на греењето, за малку ќе се смрзневме во колата. Проблемот беше што задоцнивме на роденденската забава на една позната македонска глумица на која присуствуваше речиси целиот македонски џет сет.

Тие неколку дена без запрепастен од она што го видов во Скопје со што веста за земјотресот и цунамито во Јапонија воопшто не допре до мене. Шетав низ поранешната улица Маршал Тито и уживав во модерната неускладеност. Толкав несклад на така мало место немав видено уште од посетата на Тирана. Дури и идејата на македонските власти за изградба на некакво античко Скопје ме фасцинираше. Знаете, јас мислев дека „Скопје има микро-клима, ладни лета, топла зима“, а не еден куп микро мозоци во власта.

Види, ти се молам, античко Скопје, и тоа во 2014 г. Одисеја 2000. Скопје 2014. Стекнав впечаток дека ненормалното фрлање пари на изградбата огромен храм, како и статуа на Александар Македонски и уште неколку антички куќички и фигурички е, всушност, желба на премиерот на Македонија, поточно на премиерот на Поранештата Југословенска Република Македонија, Никола Груевски, да го оживее сеќавањето на својот дедо кој, како што дознав, бил Грк. Оваа перверзија на македонските власти ќе ја чини Македонија над 100 милиони евра. Парите доаѓаат и од буџетот, и од ММФ. И додека изградбата на античко Скопје 2014 се одвива наголемо, автобусите кои возат низ Скопје се од времето кога посетував основно училиште, а тоа беше на почетокот на 1980-те. Речиси „античкиот период“.

Морам да признам дека Спомен куќата на Мајка Тереза на улицата Македонија делува ултра мега модерно во однос на сите оние стари згради изградени веднаш по големиот земјотрес во 1963 г. Со „вгравираните“ гулаби, куќата само што не полетала. Фасцинантно е тоа што туристичката обиколка во приватна режија може да биде и смешна. Најпрвин во улицата во која е сместена „пиљарата“ на Мајка Тереза, улицата Маршал Тито (повеќе не се нарекува така, но сините табли со белите букви на Тито и понатаму стојат на повеќе места долж неа) ќе испиете едно кафе, еспресо, се разбира. Додека зјапате наоколу во вашиот видик ви влетува ултра мега модерната куќичка со „гулаби и крстови“. Интригантно и интересно. Го испивате еспресото и тргнувате накај неа. Кога гледаш – зад неа, голем трговски центар со жива музика. Заеби ја куќата, и онака е ултра мега гига грда. Одам во шопинг. Скокнувате до првата банка и разменувате евра за денари. Леле. Леле. За парите со „мостови“ добивате пари на кои има повеќе икони одошто во македонските цркви. Пу, пу, Сотоно, марш во вода!

Она што посебно ме фасцинираше во Скопје беа коњите. Загреб има „коњ“. Белград има „коњ“. Скопје има „коњи“, и тоа два. Едниот го јава Гоце Делчев, а другиот Даме Груев. Екстра!

За малку ќе заборавев. Таа ноќ кога влегувавме во Скопје забележав огромен крст некаде на планината над Скопје. Целиот беше осветлен како кулата на белградска Авала. Помислив на тоа колку биле среќни кога поминувале одовде полковникот Амфилохие Радовиќ и мајорот Пахомие. А потоа, наеднаш, покрај нашата кола, на стариот антички мост поминаа два огромни лава. И повторно, со што овојпат им ги видов само задниците. Четири лава. Крстови, гулаби, икони, антика. Чиста антика.

Жителите на Скопје навистина ме воодушевија. Навистина се чувствував како да сум во Ниш (не поради тоа што Скопје е колку Ниш). Љубезни и насмеани луѓе. Некаде слушнав дека „античките“ Македонци во Скопје се националистички настроени поради националистичката власт, ама не го стекнав тој впечаток. И за моите сограѓани велат дека се националисти зашто ги „сакаат“ Путин и Младиќ. Во краен случај дали Македонците би ѝ ја изградиле онаа „симпатична“ куќичка на Агнес Гонџа Бојаџиу да беа ултра националисти? Не верувам.

Иако е мал град, Скопје има душа. Има и Мекдоналдс. Ако ме прашате дали повторно би дошол во Скопје одговорот секако ќе биде потврден. Некако, претпоставувам, поради недовршените градежни работи, се чувствува полуантички, полусрпски. Но и вистина е дека Скопје има микро-клима.

Извор: differentia-nis.org, 30 март 2011

Ултра српски националист,

Ултра српски националист, пишува за ултра македонски национализам. Смешно, патетично, а кон крајот дури и перверзно. Ако беше статијава парче хартија, сигурно ќе го потпалев ќумбето, онака, за да заборавам дека имево -ИЌ воопшто постоело. Неандерталски ум кажано накратко.

имам впечаток дека

имам впечаток дека македонците страдаат од еден самоуништувачки синдром - ко едвај да чекаат некаде некој да објави нешто лошо за нив и одма да се стрчаат да го објават во весник или на некој од квази-порталите. и со текстов е истото - како прво, не кажува ништо ново, како второ, баш ме заболе мене мислењето на некој српски шупак, и как трето, го покажува нивото на уредништвото на окно, кое е спремно да објави се и сешто само ако истото ја критикува власта и проектот СК 2014. не верувам дека авторот на овој текст е архитект, а уште помалку некој стручњак. од она што го гледам, најверојатно се работи за некој безначаен блогер кој само си го кажува мислењето, а окно го пренесува ко да е од Папата лично.

е да, батали го тој „српски

е да, батали го тој „српски шупак“. Вие вмр-Овците си ги имате своите „антички срби“ Драган ПавловиЋ - Латас, Слободан ТомиЋ Газот на народот и Владимир ТодоровиЋ звани Катна гаража. А со каква радост, вашиот прилепски градоначелник Марјан Ристески ја дочека ЦЕЦА! линак:
youtube.com/watch?v=IuRz86buZ2s
То ЦЕЦОО!

Иди печи сливова, стоко

Иди печи сливова, стоко импотентна.

е да, батали го тој „српски

е да, батали го тој „српски шупак“. Иќиќи-беќиќи. Вие вмр-Овците си ги имате своите „антички срби“ Драган ПавловиЋ - Латас, Слободан ТомиЋ Газот на народот и Владимир ТодоровиЋ звани Катна гаража. А со каква радост, вашиот прилепски градоначелник Марјан Ристески ја дочека ЦЕЦА! линак:
youtube.com/watch?v=IuRz86buZ2s
То ЦЕЦОО!

Се окезил Србинов до уши,

Се окезил Србинов до уши, онака, драго му е како сме упропастени, со голем ќеф ја рола нашава трагедија во која иначе дебело се умацани нивните служби, за што тој, секако, појма нема...

ОкоБоли главаВицФото