Денот потоа

07.06.2011 11:15
Денот потоа

Ни дваесет и четири часа не поминаа од затворањето на глaсачките кутии, победниците го започнаа својот „блицкриг“. Жестоко, без одмор.

Одмазда ли е, бес ли е, поради неостварениот план да освојат мнозинство од 62 пратеници? Со овие 56 пратеници што ги избоксува со претходна „оперативна обработка на теренот“, камуфлирана со „мирна и демократска атмосфера“, победникот Груевски со ослабени мускули ќе мора да прави пазар со Ахмети и/или Тачи. Ценкањето ќе биде негов проблем, привилегиите и профитите ќе бидат негови и на неговите, но цената ќе ја платиме сите. А од нас се очекува да молчиме, зашто „победила демократијата“.

Ваква порака на првиот ден по изборите ни испрати претседателот Иванов. Цитирам: „Од друга страна, сметам дека изборите отворија редица прашања за функционирањето на некои сфери од јавно значење, како што се медиумите или невладиниот сектор. Очекувам во наредниот период да ја пронајдат и дефинираат својата значајна улога во општеството и во демократијата“. Кутриот наш претседател, некогашен професор, автор на книгата „Цивилно општество“, прифатил да изврши еден недостоен налог. Прифатил да подготви терен за дефинитивно замолчување на граѓанското општество или барем за нов политички погром. Прифатил да го подметне обвинението дека (сите) медиуми и невладини организации (допрва) треба да ја пронајдат и дефинираат својата значајна (!) улога во општеството и демократијата. Тој, Ѓорге Иванов, снабден со претседателско полномошно, очекува медиумите и невладините организации да се покајат и покорат. Веројатно да се откажат од својата контролна улога што ја имаат во цивилизираниот свет. Она што нашиот претседател се нагрбил да го изнесе на својот грб се вика замолчување на јавната критика на злоупотребите на власта. Дали треба да очекуваме десет претседателски заповеди за тоа што смеат и што не смеат медиумите и невладините организации?

Но, тоа не е сè што се случи на денот по победата на ВМРО-ДПМНЕ. На паркингот пред ресторанот „Воденица“, до заби вооружени припадници на специјалните единици на МВР, пред очите на неговиот син, го уапсиле некогашниот херој и брат, сега лидер на партијата Обединети за Македонија. Според она што го тврди МВР, ние треба да поверуваме дека некогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски бил таков дилетант што со 100 000 евра во автомобилот тргнал да ги исплати долговите направени за финансирање на кампањата. Смрди на местенка со која треба политички да се дискредитира и елиминира „братот“ Љубе, чија кампања ќе се памети по извикот „Бандо кримилна!“ и по она со што ги поткрепи своите откритија за имотот во Чешка и за јахтата купена од Камчев. Едно е сигурно: Двојниот аршин е темелот на правдата на Груевски и неговите. Каква ефикасност за 100 000 евра наводно најдени кај Љубе, а каква неефикасност за оние 750 000 евра фатени од унгарската царина во автомобилот на Керим!

Лошите вести на првиот ден не завршија со апсењето на Љубе. Агенијата Нетпрес објави изјава на очевидец кој видел како едно момче било претепано на смрт ноќта меѓу неделата и понеделникот на Плоштадот Македонија. „Седев на клупа кога пред мене видов како припадник на специјалната единица Алфи со голема брзина брка младо момче. Момчето се сопна од еден кабел и не успеа да побегне од рацете на алфашот. Припадникот на специјалната единица почна брутално да го удира по сите делови од телото, на што момчето не пружаше отпор и за многу кратко време се струполи на една клупа. Специјалецот се исплаши дека можеби го усмрти, па се обиде да го освестува и да бара вода, но по пет минути дојдоа негови колеги и со тегнење го однесоа момчето накај МЕПСО“. Оваа вест го урниса обидот на МВР со лажење да ја потомори вистината за насилството кое се случило за време на славењето на победата на ВМРО-ДПМНЕ.

Никој не го приметувал убиеното момче, го седнале на клупа со главата покриена со црна кеса. Прославата продолжила. Оваа морничава слика ќе остане врежана во нашата свест, без оглед дали очевидците ќе одбијат да сведочат, уплашени за сопствената безбедност. А и како да не бидат уплашени? Раката на ВМРО е долга и тешка. Во неделата ноќта, „веселите победници“ упаднале и дивееле во домот на Голуб Ангелов, пратеник на СДСМ од Делчево. Јавноста веројатно ќе ја слушне неговата изјава в понеделник. Деталите се морничави, но за среќа, последиците не биле трагични.

Денот потоа ќе остане запаметен и по полициската асистенција со која од станот во кој живее 16 години е исфрлен Ѓунер Исмаил, директор на Центарот за стратегиски истражувања Форум, поранешен министер, личност позната по своите опозиционерски ставови. Има ли граници одмаздољубивоста на Груевски и неговите? Во својата изјава Ѓунер Исмаил тврди дека барал да го купи општествениот стан според комерцијални цени, но дека бил одбиен. Но, дури и да не е така, ужаснува подготвеноста на Груевски и неговите да ги згазат сите што не можат да ги замолчат. И тоа само неколку часа по говорот во кој Груевски се колнеше дека сака да биде премиер на сите граѓани, без оглед на тоа дали гласале за него или против него. Можете да си го замислите неговото задоволство при помислата што ќе им приреди на Љубе и Ѓунер веќе следното утро? Ајде Ѓунер, тој е опозиционер со долгогодишен стаж, но „брат“ Љубе, херојот од 2001 година, кој застана на страната на Груевски во судирот со Георгиевски?

Метафорички кажано, ова е првото братоубиство. Не верувам дека е последното. Кога ќе се одврзе, спиралата на теророт не запира. Така кажува историјата. Но, кој да ја чита опиен од победата?

Фотографии: Josef Koudelka

Дали се работи за провокации

Дали се работи за провокации со кои власта сака да стимулира бунт на опозицијата? Кој потоа би се искористил како изговор за поништување на изборите или вонредна состојба? Честитката и прифаќањето на резултатите од страна на СДСМ, без поголеми поплаки, ме наведува на заклучок дека можеби кај нив постои свест за евентуална интенција власта да ги поништи и вака добиените избори. Со кои секако не е задоволна, бидејќи ќе зависат од коалициониот партнер, а можно е и друго мнозинство без нив.

Ni dvaeset i chetiri chasa ne

Ni dvaeset i chetiri chasa ne pominaa od zatvoranjeto na glasachkite kutii, a porazenata makedonska crvena burzhoazija, pokondirenata samoprograsena elita, go zapochnuva svojot blitzcrieg. Zhestoko, bez odmor.

Obidot e, kako i porano, da se podrijat site makedonski drzhavni institucii, za da se unishti i samata ideja za makedonska drzhavnost.

Pa taka, bez troshka dokaz, se obvinuva makedonskata policija za terorizam, bez da se vidi shto kje pokazhe istragata. Se obvinuva edna partija za osvetoljubivost i "dolga raka" kon neistomislenicite, a potoa vo sledniot pasus, istata partija se obvinuva deka e "losha" i kon sopstvenite bivshi chlenovi. Samo togash toa ne se rachuna za "edinechen" arshin tuku za "bratoubistvo". Povtorno bez nikakov dokaz, i mozhnosta deka navistina postoel nekakov kriminal od strana na privedenite.

Sekako, za razlika od takvite negramotni, avtorot na ovoj tekst e mnogu "fin" kon "svoite". Se grizhi i deli pari ramnopravno za site, so mala fusnota deka treba prvo da "bacish raka". Vistinska demokratichnost, nema shto, kao kaj Don Korleone.

Не е јасно зошто дпмневските

Не е јасно зошто дпмневските активисти очекуваат другиот дел од македонскиот народ да им се восхитува? Се чудат како другите не гледаат колку висок и светол е нивниот лидер, колку вредни им се министрите, колку државотворна политиката. Да се погледнеа малку во огледало? Можеби проблемите лежат во недостатокот на лична потенција и машкост. Еве и коментаторов на окно, изгледа од такви проблеми си избрал име на автоматска пушка. Веројатно надевајќи се на чудесна помош од Севишниот и од симболите кога самиот изгледа ништо одамна не испукал. Па си насобрал фрустрации.

Mojot nik e ime (izvedeno od

Mojot nik e ime (izvedeno od moite inicijali i godina na ragjanje), a nikako identitet (avtomatska pushka, militarizam). Ko shto na Okno mnogu chesto mozhevme da prochitame, tie dve raboti *ama nikako* ne odat zaedno. Taka da, te molam, bez klevetanja bazirani na moeto ime. A ona so frustracii i merenje na "falichnite simboli", dechko jas taa faza ja nadminav vo gradinka pred podosta godini. Ako imash neshto da kazhesh shto ne e vrzano so klevetanje, poveli, ako ne, ne si vreden za ponatamoshen muabet.

Mnogu smesno deluvaa

Mnogu smesno deluvaa kvaziintelektualcite na a1 kako milco svesni za porazot zaedno so poparenite lica na borjan i oostanatite plateni novinarcinja denta i go branea porazot so zaplasenosta na narodot. Brojkata od 400 i kusur iljadi sama po sebe e demant na vasite obidi da se manipulira javnosta.

Dodeka branko cestitase rece deka znaat kako da prodolzat ponataka a toa se gleda vekje so obidi slicni na raspeani skopjani ili nadezni arhitekti koi gi pamtime od pred nekoe vreme.

Legitimitetot na vlasta poracuva da ostavite vo ovaa drzava da se raboti kako sto i se pocna t.e. ako vasite stavovi za nekoi proekti ne se vo soglasnost so nivnite dovolno e da go kazete toa a ne da vodite mesecni kampanji. Slicno bi bilo kako oni da pocnat da vodat kampanji za bricenje na brkovi ili slicno na istite tie tipcinja koi smetaat deka e toa samo nivno pravo iako deluvaat groteskno.

Da ne zaboravime deka eden Vlade prognozirase i bese siguren vo smena na vlasta vo predhodnite izlaganja taka da negovite proceni i mislenja se daleku od realnosta.

Добога кои се тие комуњари,

Добога кои се тие комуњари, предавници, квазиинтелектуалци, соросоиди, субверзивни елементи, грчко-српско-бугарски платеници да критикуваат?! Што ќе каже лидерот е вистина, што ќе одлучи партијата е врховно добро, што е напишано во манифестот е догма која не се преиспитува! Кои се тие црви да се противат на волјата на народот и да се дрзнуваат да го изговараат името на водачот!

Мило ми е што за време на

Мило ми е што за време на предизборнава какофонија, искрените читатели на ОКНО не го поганија порталот со политички предизборни препукувања, агитирања и пропагирања и покрај уредувачката предизборна тенденциозност, агитација и пропаганда или со еден збор,повраќаница. Гледаме дека таквата уредувачка насока ќе продолжи и понатаму,за жал.

Ваков или онаков, отчет за земениот кеш ќе мора да се даде!

Затоа интересно е што тие кои во 2001ва,кога Бошковски беше министер за внатрешни,во 2004та кога беше уапсен и потоа пишуваа се најлошо за него денес го ставаат на некаков херојски трон и зборуваат се најубаво за него.

Затоа луѓето не веруваат на таквите „интелектуалци“ кои во зависност на примената количина кеш пари пишуваат нарачани текстови диктирани од нарачателот. И најчесто таквите текстови ако се читаат можат да бидат многу забавни затоа што секогаш изнесените ставови се различни од претходниот напишаниот нивен текст.

Весникот Време досега

Весникот Време досега безусловно ги објавуваше моите текстови против сегашната власт, а последните два текста во кои ја критикувам опозицијата, одби да ги објави со објаснување од едно тамошно лице: „Ти и други како тебе извесно време ќе бидат жртви на уредувачката политика. Читај што се објавува и ќе ти стане јасно. Јас, се разбира, не сум креатор на таквата политика“.

Латасовото „шуц муц“ се покажа кобно: иселување, апсење и претепување до смрт. Колку ќе иселува, ќе апси и убива оваа власт е по нејзин ќеф, но до кога тоа ќе го прави, не зависи од неа!

Добро е за глупаците што глупоста не ги боли физички затоа што кога би било така тогаш тие ќе бидат принудени да се опаметат. Во спротивно, глупоста е единствена болест од која не страда болниот туку другите околу него.

Народот ќе изгуби без разлика дали ќе биде СДСМ или ДПМНЕ на власт од принцип што било која од нив ако дојде на власт ќе продолжи и понатаму да ја промовира експлоатацијата на трудот на моите родители-работници, на мојата баба-наемен земјоделски работник, на мојата тетка-работничка итн. на начин што ќе ги намалува работничките права.

Што се однесува до

Што се однесува до „интелектуалецот“ Милчин, тој е голем лицемер доколку не сака да види дека спиралата на теророт одамна се одврза против мнозинството граѓани на државава. Бидејќи спиралата на теророт сега се одврзува, според Милчин, тогаш трулите социјалдемократи се амнестирани. Како тоа одеднаш овие „социјалдемократи“ се апостоли на слободата кога немаат храброст да бидат нејзини мартири? Никој не му доликува да биде апостол на слободата, доколку нема храброст да биде нејзин мартир!

Работниците немаат интерес ниту корист од тоа опозицијата да се врати на власт. Ниту пак имаат надеж за враќање на нивната слобода од страна на сегашната власт. Во парламентот нивните „претставници“ им ги намалуваат правата уште од почетокот на независна Македонија, додека во работниот однос со нивните работодавци тие права им се кршат. Еве го братоубиството за кое Милчин молчи, а, сепак, е дрзок да претендира да биде апостол на некојаси апстрактна слобода само во неговата глава! И тоа го смета за интелектуално мартирство! Срамота!

Не се работи овдека за „погодна политичка опција“ г-дине Милчин, туку за принципиелност! Да се однегува принципот на НЕексплоатација, одн. да им се даде на работниците сета вредност која ја ствараат, значи да им се скратат маките и со тоа да постанат економски независни. Во ниедна програма на политичка партија во Македонија го нема овој принцип како цел (Наскоро се надевам дека оваа програма која оди во целосен прилог на мнозинството граѓани ќе биде објавена годинава и промовирана во сите градови низ државата!).

На крајот треба да се запрашаме зошто „интелектуалциве“ како Милчин се плашат социјализмот? Затоа што од социјализмот никој не е исклучен од учеството во производството! Зошто така, би прашал совесниот читател? Па ако сме вистински демократи а не обични битанги и полтрони на малограѓанските политики на СДСМ и ДПМНЕ треба да ја земеме во обѕир економската независност на мнозинството граѓани како примарна нужда за остварување на слободата како таква, како слободно време за развој на способностите на широките народни маси. Работниците не се плашат од социјализмот затоа што нив ќе ги затекнеме веќе во фабриките и во плантажите. И тие работат со претеран труд. Додека „пожртвуваните“ борци за човекови права како Милчин безделничат и по туѓа потреба ејакулираат штогодности по мас-медиумите.

Но, да видиме што Маркс кажува во однос на овие своеврсни ,,капиталисти‘‘, т.е. експлоататори на вишокот на вредност присвоен од непосредните производители – работниците, како што се Милчин и другите „интелектуалци“: „Сите членови на општеството, кои не фигурираат непосредно во препроизводството, со труд или без него, можат својот дел од годишното стоковно производство – значи нивните средства за потрошувачка – во прва рака да ги добијат само од рацете на класите, на кои производот им иде од прва рака – од производните работници, индустриските капиталисти и земјосопствениците. До колку се нивните доходи материјално изведени од наемнината (на производните работници), од профитот и земјишната рента, и поради тоа се појавуваат спроти оние оригиналните како изведени. Сепак, од друга страна, оние што ги примаат овие доходи изведени во оваа смисла, ги примаат со својата општествена функција како крал, поп, професор, проститутка, наемен војник итн., и тие можат, значи, своите функции да ги сметаат како оригинален извор на своите доходи... Овие момци се појавуваат како купувачи спроти индустрискиот капиталист, и до толку како посребрувачи на неговата стока; и тие во соодветен размер ги фрлаат ,,парите‘‘ во циркулацијата, а индустрискиот капиталист ги добива од нив. При што постојано се заборава, од кој извор тие првобитно ги добиле и постојано пак сè одново ги добиваат.“

Што да се прави во насока на вистинска демократизација на цивилното општество, како да направиме услови широкото работно мнозинство непосредно да учествува во политиката како не би го злоупотребувале квази-интелектуалци како Милчин? Одговорот го дава Маркс: „Кога сите би морале да работат, би отпаднала спротивноста меѓу претераното работење и безделничење - и тоа секако би било консеквенција на тоа што капиталот би престанал да постои, што производот не би давал повеќе право на туѓ вишок на труд - и ако освен тоа се земе во вид развојот на производствените сили, како што капиталот ги создал, тоа потребниот општествен вишок ќе се произведе за 6 часа, повеќе отколку сега за 12 часа, и воедно сите работници би имале 6 часа >>време со кое располагаат<<, ќе имаат вистинско богатство; време кое нема да биде апсорбирано со непосредно производствен труд, туку ќе им останува слободно за уживање, за разонода, така што тоа дава простор за слободна дејност и развој. Времето е простор за развој на способностите. “

Но, бидејќи г-дин Милчин како партиски интелектуалец не знае како да престане капиталот, ниту пак сака тој да престане, сите граѓани не можат да работат само 6 часа, а со тоа и интелектуалците-безделничари не мора да работат, а инаку ќе работеа исто толку часа. Доколку капиталот престане, материјалното богатство за сите би било со тоа намалено на ниво на работниците. Но, сите би имале слободно време за развој. Но, како овој донкихотски мартир како Милчин да сфати дека вистинската слобода на широкото мнозинство се состои во престанок на капиталот! Па, социјализацијата во производство со работниците би била преголема жртва за неговото и така кратко слободно време за пишување партиски какофонии. Оттука и овоплотувањето на Милчин како апостол на слободата е горка шега зашто тој нема храброст да ‘и биде мартир!

Ова е врв на апсурдот. Во

Ова е врв на апсурдот. Во коментарите на истиов напис Милчин е прогласен и за комунист и за антикомунист. Каде живеат луѓево и со чија глава мислат? Само на власта и се апологети, од кој и да мисловен свет да доаѓаат.

Како комунист Милчин може да

Како комунист Милчин може да биде прогласен од ДПМНЕвци но не и од сериозен левичар. За сериозен левичар Милчин може да биде само „комунист“, одн. анти-комунист.

Изгледа не приметуваш дека

Изгледа не приметуваш дека твојата фиксација врз Владе Милчин како пречка за враќање на социјализмот во Македонија е беспредметна, депласирана и апсурдна. Милчин го коментира политичкиов момент во светло на реизборот на еден тоталитарен режим, кој гласовите ги обеазбеди со силна пропаганда, присила и уцена. И ги толкува првите знаци на континуитет на таквата политика веднаш по изборите. Идеолошкиве тиради се упатени на погрешно место. Еден пример, како не ти засмета предизборното дружење на синдикалните лидери со премиерот? И кои работници тие застапуваат? Освен ако овие твои долги постови не се уште една дпмневска ујдурма?

Фикс-идеја е да се верува

Фикс-идеја е да се верува дека СДСМ ќе промени нешто во прилог на работниците кога од 1993 до 2006 континуирано во парламентот преку законски регулативи им ги намалуваше правата. Милчин верува во една таква фикс-идеја. Воедно тој и врши таква пропаганда. Ги присилува и другите да веруваат во таа фикс-идеја. Тој проклето лаже кога вели дека спиралата на теророт се одврза од 6ти овој месец. Тој не ги знае корените на таквата политика. Тој верува во фикс-идејата и не‘ убедува дека опозицијата нема да спроведува политика на уцена. Имам очевидец кој може да потврди дека еден партиски војник на СДСМ во 2006 год. уценувал корисник на социјална помош. На крајот, дали јас кажав дека ми е сеедно што синдикалните лидери се непринципиелни или пак на ниво на малограѓанин упорно импутираш мисли кои не сум ги искажал?! Голем гаф е да се рече дека моите „долги постови“ се „уште една дпмневска ујдурма“ кога самата содржина на постовите противречи на твоите малограѓански незасновани обвинувања. Вистината и кога не знае да се брани, стои исправена.

Социјалистичкото уредување се

Социјалистичкото уредување се напушти не заради Глигоров, Милчин или Бранко, или Љупчо, Кљусев или Груевски туку заради Горбачов, Елцин и падот на СССР. Сега нема политичка сила што може да го врати тој систем. Што не значи дека не треба да има партија што ќе се застапува за тоа. Повели формирај, зачлени се и отвори си веб сајт. Па таму елаборирај, агитирај и образувај. Околу синдикалците, велам како тоа не ти бодеше очи па да го коментираш? Можеби не се согласуваш со тој нивни чин, но еве не најде за сходно да го спомнеш, ако толку се застапуваш за работниците. А во моментов власта е таа што може да излезе во пресрет на работничките барања. Можната дпмневска припадност беше во кондиционал. Работава е дојдена до таму да се прашуваме кои се воопшто нормални луѓе, настрана идеолошките одредници. На крај што не понудиш критика на актуелниов политички систем, наместо редукцијата на поедини партии па дури и личности? И наместо што ја елаборираш политичката економија на марксизмот? Така написот би ти изгледал актуелен, твоите ставови фундирани на знаење и истражување, во согласност со актуелните општествени движења, а не како сега злочести напади врз еден поединец без никаква логичка врска со текстот. И како празно потпирање на фрази и флоскули од архивот на марксистичката теорија, зачинето со провокациии и лична пизма.

@АК47 Pa taka, bez troshka

@АК47 Pa taka, bez troshka dokaz, se obvinuva makedonskata policija za terorizam

Владата (МВР) неколку дена ја прикриваше вистината за 22-годишниот Мартин Нешковски, убиен од страна на нивен припадник и само благодарејќи на притисокот на јавноста, таа мораше конечно да проговори за тоа. Претходно изјавуваа на момчето МАЛЦЕ МУ СЕ СЛОШИЛО. Убија дете и сакаа да ги заташкаат трагите. Па што е тоа ако не тероризам?

Околу Љубе Бошковски, Ѓунер Исмаил, Велија и А1, само слеп, глув и мутав човек не гледа дека се работи за СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА. Што не го апсат Амди Бајрам, Ѕинго робовладетелот? Ми кукате за црвени буржоазии, абе ало тие се поразени, СЕГА на власт ти е Портокалова буржоазија испокрадоа све живо, заведоа страховлада, кадија те суди кадија те тужи. Ти збори си и даље, више по улици почнаа да убиваат луѓе. Што сакате бе повеќе?

П.С. Мара не замарај со ирелевантни километарски коментари се утепав од скролање

„Аман“, во филозофијата

„Аман“, во филозофијата постои тврдење дека еден будала за пет минути може да постави толку прашања на кои не можат да одговорат ни сто мудреци за сто години. Така што јас сум приморан поради авторитет што го има Милчин во јавноста како „сериозен политички филозоф“ да ги побивам сите негови гафови и логички формализми и да докажам/покажам дека тој и не е толку „сериозен политички филозоф“ како што се верува. Нерелевантни се вашите кукања за смена на една власт од расипана корумпирана клика со друга власт која исто ќе го угнетува мнозинството граѓани но со други методи: дерегулација, приватизација, трговски дефицит, инфлација, задолжување и даночење.

Of lele, avtoritarnata vlast

Of lele, avtoritarnata vlast potkleknala pred pritisokot na javnosta; istata taa javnost shto pred samo necel den ja izbra da vladee, sega naednash reshila da "pritiska".

Neverojatno gnasno e shto nesrekjnata smrt na momcheto, za koja istragata si dovrshuva i krivecot kje odgovara, senzacionalistichki ja koristite i Milchin i ti i A1, za vakvi monstruozni politichki obvinuvanja. Shto da ti kazham; gledaj da si najdesh povekje ljubov, pomalku omraza. Vo princip, vakvo kritichko histeriziranje kade nema prichina za toa, e kontra-produktivno. Ko vo prikaskata so momcheto shto vreskashe "Volk". E sea, ako si platen, pa morash, toa e tvoj problem.

Shto se odnesuva do crvenata burzhoazija, za zhal ama epten ne e porazena. Iako ne e vo vladata, sekako e na vlast, dobro instalirana vo ekonomijata, mediumite, univerzitetot, od kade zhestoko se bori da gi sprechi opshtestvenite reformi i da gi zadrzhi svoite opshtestveni privilegii. Ko vprochem i sekoja druga vladeachka klasa pri premin od edno vo drugo ureduvanje. Mozhe da gi prepoznaesh po toa shto si laskaat deka se nekakva elita, krem, genetski superiorni nad narodot (koj im e sega malce "shutrachki" poshto prestanal da gi "poshtue" dovolno). Imeto na klasata i go dal Milovan Gjilas ushte vo 60-tite.

Nejse, progresot nikoj ne go zaprel, pa nema ni tie.

Чекај бе, па Иво Котевски

Чекај бе, па Иво Котевски прво кажа дека таков случај НЕМА. Па после дека има, ама дека нема траги на насилство. Па после дека има траги на насилство и они цело време работеле да го фатат виновникот. Па, тој после сам се пријавил. А бе прогресивец, кажи ми дека и во ова веруваш.
За црвената буржоазија нема што да се коментира, точно е дека постои, ама прашај се која партија со двете раце ја прифати таа „црвена буржоазија“, па ја префарба во портокалово и и даде уште поголеми привилегии - Ѕинго, Стојменов, Михајло Маневски, Саркањац, Ѓорѓе Иванов и да не редам. И тоа, да биде уште полошо ги зема најлошите елементи од таа црвена буржоазија, шестиот ешалон, оние што понављале у кумровачката школа, бар пописмените комуњари да си ги земеа во ДПМНЕ, ова немаше да ни се случува. Онаму каде што не им успеа да ја придобијат буржоазијата, си создадоа нова, уште посељачка и понеписмена. Затоа деца од клупи седнуваат право во директорски фотелји, а факултет има во секое село. Затоа секоја шушумига продава сила и моќ низ Скопје, а знаење нула.

Кога станува збор за Бранко,

Кога станува збор за Бранко, се мисли на приватизацијата на државниот капитал и намалувањето на работничките права во текот на владеењето на владите на СДСМ. Никаде не сум кажал дека социјализмот пропаднал поради Бранко. Не импутирај!

Социјалистичкото уредување не се напушти со пропаста на СССР. Социјалистички принципи на стопанисување постојат и се развиваат во Венецуела, Боливија, Сингапур и Јапонија. Прочитај малку литература надвор од жанрот на памфлетите на Милчин.

Впрочем она што пропадна во СФРЈ, на пример, беше државен капитализам, одн. „социјалистичкото стоковно производство“ кое ширум федерацијата го промовираа токму Глигоров и Кардељ. Поради нивната неукост во научниот социјализам дозволија во економската сфера да владеат законите на стоковното производство кое неминовно исходи со приватно присвојување на средствата за производство. Значи, вината за изопачувањето на социјализмот во СФРЈ паѓа на главите на Глигоров и Кардељ, главните апологети на „социјалистичкото стоковно производство“.

Јас понудив критика на актуелниот политички систем во која доминантен е скептицизмот во парламентарниот систем, т.е. либералната демократија, но битангите како Коља пенеа усти со ад хоминем коментари против мене. Тоа зборува за нивниот „сестран поглед“ на политиката и колку се тие длабоки набљудувачи. Напротив, токму таквите како Коља и Милчин својата критика ја редуцираат на поедини партии и личности. Логичката поврзаност на мојата критика со она што го кажал Милчин е многу јасна и може да се сумирана во следново:

1. Милчин не знае или не сака да признае дека спиралата на теророт се одврза уште во почетокот на независна Македонија како последица на погрешните политичко-економски перцепции на Глигоров и Кардељ.

2. Милчин го поистоветува братоубиството со ништење на политичкиот неистомисленик, додека катаден се ништат од лицето на земјата браќата работници на чии плеќи се потпира сиот државен апарат и Милчин како интелектуалец.

3. Милчин има погрешни перцепции на демократијата и слободата (во подолгиот коментар веќе објаснив зошто тој има погрешни перцепции!) и оттука ги заблудува своите читатели дека ќе има вистински бенефити за мнозинството граѓани доколку се смени власта со клика од професионални политичари од одредена опозициска политичка партија.

П.С. Колку ќе иселува, ќе апси и убива оваа власт и онаа на било која друга политичка партија која би била во позиција на власт е по нејзин ќеф, но до кога тоа ќе го прави, не зависи од неа!

@АК47 каква бе истрага, што

@АК47 каква бе истрага, што збориш, си живееш у некој свој Вондерленд не праиш мутави сите. Довчера викаа „му се СЛОШИЛО“, „НЕМАЛО траги на насилство“. Да не беа реакцииве детето ќе го јадеше мрак, „демократски“ (ко у „Црни Бомбардер“ шо викаа). Ало бе, свести се, на власт сега се ВМРО-ДПМНЕ. Не е 1994-та, не сте партија на улица да демонстрирате против Бранко, Киро и Фрчко со црвени беретки со лавои. НА ВЛАСТ СТЕ. У КРАВАТИ. ГРОУ АП. Бевте изгласани, носете си го товарот, сами си го земавте, а за тоа сте неспособни (или ве боли уво). Батали Ѓилас-Милас сеа и твоите фрустрации шо си бил клошар у 60-ти. Било па прошло. Навистина комунизмот напраил разни гадости, пишуено е на Окно за тоа увелико, да не те потсеќам на текстовите на Јасна Котеска, НО СЕГА во 2011 на власт е вашиот Грујо (или поточно Мијалков). Не црвена буржоазија, а бетер, лилјакова со кафени туфни, кич комбинација ко и нивните градби! Маф напраија све, коски ќе глода народ, ни по телефон више не зборат слободно. Па голем херој си да протестираш против опозиција, брао. Ајде мрчни против твоине у штабон да те видам, ќе ти никне нешто у нива ќе се чудиш или ќе ти направат „спонтани“ собирања пред врата ко 1998-2002 ако ти текнуе, кога некои пратеници се дрзнаа да залутаат од стадото. Но те сфаќам, може си на список за ин-витро или за работа, па мора да се покажеш. Ова е бетер комунизам од комунизмот

Ако нешто им поаѓаше од рака

Ако нешто им поаѓаше од рака на политичките структури околу СДСМ тоа беше на западниот естаблишмент да му ја продадат приказната за Македонија како земја со демократски потенцијал што дели слични вредности како остатокот од Европа. Тука беше и режимот на Милошевиќ чие постоење обилно ја помагаше оваа претстава, навлекувајќи ги на себе сите критики.
Првиот сериозен тест беше кризата 2001 и конфликтот со Албанците. Што ја начна оваа слика, но сепак со посредување на САД/ЕУ ситуацијата не прерасна во тотална војна и не го сруши тој имиџ.
Второто владеење на ДОМНЕ, исполнето со задоцнета приватизација преку дренажа на буџетот, раснење на полициско/репресивниот апарат, изградба на култот на личноста на лидерот, етатизација и партократија, како и масовната хистерија против имагинарните внатрешни непријатели и ја окара мајката на македонската демократска приказна.
По резултатот од последниве избори, графички е оцртана линијата на поделба на македонското општество и јасен е фактот дека е поголем бројот на оние кои животот во колективизам со силна партиска контрола и патронат им е помил од било какви евроинтеграции. Нарочно што тнр демократска десница не освои релевантен дел од гласовите. Што секако од ЕУ никогаш јавно нема да го искажат ама им е многу јасно и примено на знаење.

Да видиме колку беа искрени

Да видиме колку беа искрени спрема народот опозиционерите за време на предизборната кампања. Во интервју на ТВ А1 трулиот социјалдемократ Црвенковски искажа три фантастични лаги! 1. Лага: Моментално само сегашната власт ги тоталитаризира слободните медиуми; 2. Лага: Боливија е Зимбабве и затоа нема што да имаме надворешни политички однос со оваа држава; и 3. Лага: Владата на СДСМ во рок на 5 години ќе ја преполови невработеноста.

Разобличување на 1 лага на Б.Ц.: Весникот Време досега безусловно ги објавуваше моите текстови против сегашната власт, а последните два текста во кои ја критикувам опозицијата, одби да ги објави со објаснување од едно тамошно лице: „Ти и други како тебе извесно време ќе бидат жртви на уредувачката политика. Читај што се објавува и ќе ти стане јасно. Јас, се разбира, не сум креатор на таквата политика“.

Разобличување на 2 лага на Б.Ц.: Сегашниот претседател на Боливија е демократскиот социјалист Ево Моралес. Бидејќи Моралес не е оженет, како прва дама на земјата беше декларирана неговата најстара сестра Естер Моралес, која работела во своја мала продавница за овошје, и се чудела како таа ќе се снаоѓа како прва дама на државата кога до вчера била обична работничка. Сиромашните Индијанци после 500 години дојдоа на власт во Боливија.

Разобличување на 3 лага на Б.Ц.: Во рок од 5 години ниту владата на СДСМ ниту која било друга не може да ја преполови невработеноста. Објаснувањето е следново: За да се намали невработеноста за 1%, потребен е економски раст од 4%. А во Р.Македонија имаме над 30% невработеност. Трулиот социјалдемократ Црвенковски го качил народот на популистички коњ в јуриш кон амбис.

Мара, идиоте, толку ниско си

Мара, идиоте, толку ниско си паднал што и најниско профилираните посетители на Окно гледаат да те заобиколат, ко гомно сред пат (додуше, твоите габаритни коментари повеќе наликуваат на прсната канализациска цевка, и тоа од поголемите).
Мара, идиоте, дојде на она дереџе од вицот: не се распраај со будала оти, прво, ќе мораш да се спуштиш на нејзино ниво, а после ќе те сотре на искуство.
Мара, разни луѓе овде ти соопштиле: не само што си аут од просторот&времето, туку си своеевиден Ѕинго (да, да - Ѕинго, Динго е изумрен, ад акта, ама е многу посимпатичен од Ѕинго) на македонскава ретардирана идеолошка сцена (ама па и толку ретардирана сепак тешко трпи толкава ѕингостичка забеганост ко што е твојава).
Мара, идиоте, Златниот-Црниот, велечесниот и непогрешивиот Николае Грујабе (во народот познат и ко Панделки /Леле/ Мајко) влегува во шестата година на владеењето. Пред тоа беше четири години министер за финансии во архипљачкашката влада на Љубчо (Телеком, Окта, НПМ итн.) И ти, Мара, идиоте, уште се бавиш со сукњата на Шекеринска?! Океј, имаш и сексуален проблем, згора на класната декласираност (инаку, познато е, таа фрустрација знае да биде многу јака и крвава; од таму ти е поистоветувањето со груевизмот?! истото сексуално лудило комбинирано со чувство на помала вредност?! Бар Љубчо, сполај му, се извлече од тој глиб и стана „просечен бизнисмен“ и сталожен и разумен човек; еден ден, кога доволно ќе се напљачкаат и кога ќе ја купат, ах, деновиве толку дефицитарната љубов, и груевистиве ќе се смират, веруј ми, Мара, а ако не мене, од историјата е познато). Та, да резимираме: има ли некоја горда невеста да жртвуе сукњата и нашиот Разјебител на народот, почитуваниот Мара, да го смири?!

Не знам дали јас сум идиот

Не знам дали јас сум идиот којшто наоѓам дека проблемот не е во поедина партија или лице туку во системот. А која е вашата политичка филозофија? Лажење, мамење и хохштаплерска работа. Не е важно што некој при тоа може да биде и чесен. Неговите зборови ќе се превртат во спротивно од кажаното, ако не знае дека е време да се менува системот, а не луѓето.

Нашите политички филозофи и политичари, кои се формираа во „социјализмот“, не треба да се слушаат, бидејќи се глупави, научно несвесни и геноцидно злочинечки. Глупави се затоа што не читаат ништо. Научно несвесни се, бидејќи не размислуваат како тоа можеше само на нив да им биде добро и во „социјализмот“ и во капитализмот. А геноцидно злосторнички се зашто и денес, кога гледаат дека луѓе гинат во разни социјални судири, умираат од болести за кои постои лек или од премореност и неисхранетост, да не зборуваме за криминал, дрога и проституција и сл., што носи граѓанското општество, тие го популаризираат истото општество во кое брат на брата е џелат (демек социјалдемократскиот брат ќе биде попрецизен џелат!). Тие се идеални злосторници: постојат жртви, постојат и мотиви, убијците се познати, а не можете да ги затворите. И ако продолжите да ги поддржувате во нивната „политика“, ќе останат уште многу луѓе без глава.

Доказите следат:

АЛФИ: полициска единица формирана од владата на СДСМ и Џанго во чиј состав влегоа илјадници улични насилници, тепачи и криминалци кои со 3 месеци курс од државата добија огромни овластувања и одврзани раце. Малтене пара-војска која ја користеа, ја користат и ќе ја користат во иднина (доколку ние не се избориме за спротивното) за валкани игри, претепувања, убиства и малтретирања на граѓаните. Низ блогосферата постоеја многу сведоштва за дивјачкото однесување на алфите, сепак најтрагичен беше слулчајот на Трајан Беќиров.

1. Трајан Беќиров беше ромче на 17 години кое „се самоудави во Вардар“ според тогашното МВР, Судска медицина, власта. Сепак, надвор од официјалните изјави Трајан и неговиот другар биле тепани од страна на припадниците на Алфите и при бегањето се разделиле. После некое време телото на Трајан е најдено удавено во Вардар. Да се потсетиме на тогашниот премиер- Владо Бучковски, Мери Младеновска Ѓорѓиевска, Министер за правда, Љубомир Михајловски, Министер за внатрешни работи, и Александар Прчевски, Јавен Обвинител на Република Македонија. Сите се одговорни!

ЗДРАВСТВО: Здравствениот систем на Македонија треба да е достапен секому, секој има право на живот и здрав живот, секој човек треба бесплатно да ги користи сите здравствени услуги.

2. Наташа Кметовска (33) почина поради ненавремено пружање на медицинска помош. Вечерта на 31 декември 2005 година Наташа ја погоди заскитан куршум, а во болница докторот ја испратил дома со објаснување дека ја пуцнало петарда и потоа истиот заедно со персоналот продолжил да си слави нова година. Владо Димов, тогашен Министер за здравство, Крцковски докторот кој ја испратил дома (единствениот разрешен во случајов), тогашниот премиер- Владо Бучковски. Сите се одговорни!

Душко Мамучевски почина поради ненавремено пружање на медицинска помош. Неподвижен, измачен, легнат во амбулатно возило Душко чекаше да го примат во Градската болница во Скопје откако го исшутирале од други болници низ државата. Душко почина. Бујар Османи министер за здравство, Никола Груевски премиер на Македонија и сите лекари кои одбиле да го примат на лекување…Сите се одговорни!

Милан Стефановиќ, сега е без нога бидејќи му е ампутирана поради ненавремено пружање на медицинска помош. Милан бил зависник, а лекарите кога станува збор за оваа категорија на луѓе се мнооогу комотни. Таа комоција Милан го чинеше една нога. Бујар Османи министер за здравство, Никола Груевски премиер на Македонија и сите лекари кои одбиле да го примат на лекување…Сите се одговорни!

ЗАТВОР: Институција која освен компонентата да казнува ја содржи и компонентата на поправање што значи затворите не се мачилишта туку казнено-поправни институции.

3. Али Ахмет, Дарко Трајковски, Симон Станковски…. се само последните случаи (сите во 2011 година) на умирање во затвор поради „предозирање“. Како е можно во таква институција некој да се предозира? Во нашите затвори пречесто умираат луѓе, од предозирање, самоубиство, насилна смрт… разрешувања нема. Сите се одговорни!
ПОВТОРНО ПОЛИЦИЈА, ТИГРИ

4. Мартин Нешковски, убиен од страна на припадник на полициската единица Тигри. Претепан до смрт.

Извор: Ирена Цветковиќ, Тортура на системот, 8 јуни 2011.

Мара пријателе, овде нема

Мара пријателе, овде нема дебата.

Идеолошката борба што ја водиш овде не може да ти успее затоа што противниците твои кои се обидуваат да ја дискредитираат твојата мисла се дебело платени да спроведуваат само ним подобни мисли и само добро испланирана и прецизно фокусирана пропаганда.

Секој вон таа матрица ќе биде жестоко напаѓан.

Принципот е „Ако не си со нас, си против нас“.

Звучи познато?

Дури и самиот господин Џорџ Сорос во еден свој есеј кој делумно е цитиран во една колумна на ОКНО, пишува за тоа.

А бе млад човек е убиен, бе

А бе млад човек е убиен, бе алооооооо!!! Вие за Суруш, Муруш ми зборите, бе. Убиен е од бивш телохранител на Груевски, на прославата на нивната партија. А, случајот се обидоа да го прикријата и минимизираат откако не можеа да го прикријат. И вие зборите за пропаганда, бе, имате ли малце свест, бе луѓе?

Кој го спори тој факт? Ете

Кој го спори тој факт? Ете кажав во мојот последен коментар: Мартин Нешковски, убиен од страна на припадник на полициската единица Тигри. Претепан до смрт.

Но, немојте да бидете тврдоглави како мулиња на мост и прифатете го и следново како факт: АЛФИ е полициска единица формирана од владата на СДСМ и Џанго во чиј состав влегоа илјадници улични насилници, тепачи и криминалци кои со 3 месеци курс од државата добија огромни овластувања и одврзани раце. Малтене пара-војска која ја користеа, ја користат и ќе ја користат во иднина (доколку ние не се избориме за спротивното) за валкани игри, претепувања, убиства и малтретирања на граѓаните.

Е па, можеби Бранко и Џанго

Е па, можеби Бранко и Џанго се криви и сега, а?

Вселенец, не реков дека за

Вселенец, не реков дека за убиството на младото момче се виновни Бранко (поточно Бучковски како тогашен премиер) и Џанго, туку реков дека за денешнава ситуација со овој систем на тортура индиректно е виновна токму тогашната влада како формирач на АЛФИ и во чиј состав влегоа илјадници улични насилници, тепачи и криминалци кои со 3 месеци курс од државата добија огромни овластувања и одврзани раце. Овој факт, иако Милчин претендира да биде набљудувач во длабочина, го премолчува, што е злосторнички.

А бе Адам е крив, зашто тој

А бе Адам е крив, зашто тој го направи првиот грев. Пријателе, не се прави наивен, мислам дека добро знаеш чија е одговорноста овде, идеолошки криви дрини исправај на друго место, овде се работи за еден млад живот.

Е да, ама библискиот Адам

Е да, ама библискиот Адам одамна умре, но нашиов „Адам“, поточно Бранко Црвенковски никако да „умре“ од политичкава и општествена сцена!

Со кој да го замениме Груевски бе Вселенец, со оние ли што некад одлучиле да ги започнат срањава? Што заташкуваа атентати и поткупуваа наши претседатели а сега се сликаат со децана на протести и продаваат муда за бубрези? Епа за среќа некои луѓе имаат и долготрајна меморија, наместо само краткотрајна!

МВР си е виновна за ова, најточно нејзин вработен, ама не го спинајте одма тоа како причина да се смени оваа влада (што ја изгласаа граѓаните на РМ пред некој ден) со некоја друга, поточно со онаа која играше прилично погадно од оваа. NO PASARAN!!!

Чекај, бе пријателе, каков

Чекај, бе пријателе, каков Бранко те спопаднал, убаво си кажа бе, завчера имаше избори, Груевски пак ја доби власта, а со тоа и одговорноста, а единствен спинер во случајов беше МВР, да целото МВР, односно раководството, не нејзин еден член, бидејќи се обиде да го забошоти случајот. Ако твојот Грујо е за трошка поарен од Бранко, најмалку што може да направи е да не ја назначи Јанкуловска за нов министер, а тоа тешко ќе се случи, бидејќи денес и тој се придружи на хорот недоветни, обвинувајќи го СДСМ. Јас пак прашувам, кој се обиде да забошоти убиство??? NO PASARAN!!!

Вселенец, Адам е приказна за

Вселенец, Адам е приказна за мали деца. Бучковски и Џанго се чудовиштата кои накотија „чистачи на криминалот“ чиј ген е зло.

Верглај си го ти истото што

Верглај си го ти истото што си го знаеш. Јас пак те прашувам, од кого треба ние како граѓани, од кого треба на протествие што ќе се одржат за саат и кусур, да бараме одговорност, од Бучко и Џанго, или од Јанкуловска. И не ми кажувај пак за трула социјалдемократија и зрел марксизам, не ме здоболе за вашите левичарски мудрувања, сакам одговрност за тоа што се случи.

Ти не си сериозен и си

Ти не си сериозен и си пристрасен. Ти не разбираш дека системот базиран на пари создава нелуѓе, злосторници, шпиони, подлеци. Стоковното стопанисување со своите инструменти – понуда и побарувачка – го овековечува капитализмот. Нека размисли секој и ќе го увиди тоа. Игрите на „безбедносните“ и „известувачките“ органи немаат крај сè додека некој јаде леб како професионалец во истите. Тие мораат некого да „следат“, некого да „организираат“, некого да „упропастат“ а што притоа страдаат сосема невини луѓе – тоа не е важно. Важно е да се оправда платата која се прима. И да се стигне што повисоко на хиерархиското скалило. А Вие Вселенец ако сте повеќе паметни а помалку отруени од идеолошки отров ќе сфатите дека треба да се бара смена на системот кој продуцира криминалци а не смена на криминалци кои се продукт на тој систем. На крајот на краиштата, Вие можете да продолжите да верглате исто прашање до мене чиј одговор е очигледен.

Колумнава е за сосема нешто

Колумнава е за сосема нешто друго од насоката во која се води дебатава во последниве 40ина коментари.

А Вселенец се убацува со муабет кој е сосема вон контекст.
Се понаша како да не е оттука.

Но ајде кога сме веќе таму каде што стигнавме, да, дете е убиено поради полициска бруталност која треба веќе еднаш да престане, а за тоа треба сите ние да се избориме. Гледаме низ светот како полицијата sверски се понаша кон граѓанинот. Не сакаме тоа да стане пракса со такви размери и кај нас.

Но морам и да забележам дека некрофилите од А1 целава трагедија си ја искористија за свои цели што, што крајно подло и суптилно ја убива секоја слободна општествена клетка.

Но да се вратиме на темата.

Има огромен број „невладини активисти“, матни политичари и медиуми кои работат за нечии матни странски интереси, поради што исто така ние како граѓани и цивилен сектор треба да се избориме таквите опортунисти да се тргнат од сцената на креаторите на јавно мислење.

Слобода за народот!!!

А професионалните новинари од

А професионалните новинари од Сител прво два дена не спомнаа ништо за случајот, а после убиенот го прогласија за наркоман и криминалец за да можат да го релативизираат убиството. На тоа денес реагираше чичкото на Мартин и ја посочи по име новинарката што ја соопшти таа „вест“ и побара одговорност од министерката. Брат му исто така ги поддржа протестите. Туку, ти беше на протест?

Џанго у апс, не глеам друго,

Џанго у апс, не глеам друго, баш по линија на командна одговорност. Башка, нешто многу ми брани опозиционери, нек се смири малку у ќорка, а опозиционериве нек им делегира добриот старец Михајло Маневски службени адвокати, доста више се расфрлаат со крадени народни пари (опозиционериве, се разбира, кој друг?!). После Џанго, значи, нек се спреми Фрче (а кој ги тепаше јадните&нежни ѓорчепетровци на браникот на татковината?!), па после Бранко да се спреми, нормално, а и Киро би можеле, за памет на пензионериве, никоаш да не се опуштат - удба - наша судба, озна све дозна!
А Мара - ултра кретен.
Не, не е крива горда Горде, стамен Саше, голем (а мал) Грујо, него крив е Џанго, не, не, крив е Фрчко, не - Бранко, не - Киро, не - Тито, не - кралот Петар (ради тоа и го свиткавме 36), не - грко-бугарашите што не’ асимилирале пред српско маму им ебем, не - западњациве што на балканскиве варвари не им даваа да пркнат пред 1850, не - Турците, не бе, какви Турци...
Ало, Мара! Ти си архи идиот! Утре малиот-црниот да поапси пола држава ти па ќе го дрвиш дека Бранко бил крив. Абе нема друго објаснување за вашиот синдром освен, прав е Хичкок-Лаканијенец: сексуална попреченост&трајна класна декласираност. Јеби се, Мара! Поработи на здравје!

Ултра-кретен е оној кој пати

Ултра-кретен е оној кој пати од убиствена депресија, од хронична презаситеност на сите можни пазари на инетереси - од која и патат денешниве трули социјалдемократи. Вие сте банда од демагози која сака да се прикаже како борци за човекови права и слободи додека од друга страна немате совест на набљудувачи во длабочина да ја кажете целата вистина, за тоа кој му даде корење на овој систем на тортура. Во таа смисла ултра-кретен е и Милчин. Тој е типичен филозоф кој како и другите во светот само различно го толкуваат светот, но не разбира дека тој свет треба да се измени. Прво, Милчин има погрешни толкувања на слободата и демократијата. Друго, тој не сака да го измени. Доколку сакаше да го измени светот на Македонецот ќе го направеше тоа уште кога беше една од „главите“ во СДСМ. Но, како трул социјалдемократ а во суштина неолибералист не можеше да го измени. Напротив, тој дозволи приватизацијата и дерегулацијата да им се струполат на главите на луѓето со сета суровост. Иронично, но вистинито, кога Груевски вели да се реформирате, не греши. Можеби тој ја сфаќа реформата како супституција на лица во партијата и тука греши, меѓутоа идејна реформа на партијата и ете како ‘и треба. Но, луѓе со погрешни перцепции на слободата и демократијата не можат да делуваат во правец на социјалдемократизација на СДСМ. Луѓето со погрешни перцепции на слободата и демократијата можат само да одобрат формирање на полициска единица составена од улични насилници, тепачи и криминалци.

„Иронично, но вистинито, кога

„Иронично, но вистинито, кога Груевски вели да се реформирате, не греши. Можеби тој ја сфаќа реформата како супституција на лица во партијата и тука греши...“, ти си згрешил бе Мара, Грујо никогаш не греши.

Малограѓанскиот

Малограѓанскиот про-трул-социјалдемократски цинизам е потсмев на сметка на тоа колку несериозно ја сфаќате идејната реформа како реална нужност против неолиберализмот на сегашната власт. Од вашата глупост страдаат само работниците. Вие од трулиот социјалдемократизам можете само да паразитирате на ткивото на работниците во скоро еднаква мера со неолибералните груевисти. Затоа понекогаш почувствувам силна потреба да се молам на Јахве да ви ја направи помислата да изречете глупост - физичка болка.

,,Оние, кои го водат овој народ, го заведуваат, а кои ќе остават да бидат водени – ќе пропаднат.‘‘ (Изаија 9:16)

*несериозно=треба да стои

*несериозно=треба да стои „сериозно“

Тагови Социјализам,Патриотиза

Тагови

Социјализам,Патриотизам,Милитаризам,Бранко,Груевски,Сино,Црвено,Груевисти,Социјалисти,Паметни,Глупави, Писмени, Неписмени,сДСМ,вМРО,Вака треба, Така треба,А1,Сител,Латас,Борјан...

На крај имаме Еден куп гомнојадци и несреќен народ, некој ни дал ние на држава да си играме... жалосно, жалосно...

ОкоБоли главаВицФото