Насилството како матрица

08.06.2011 11:02
Насилството како матрица

Во неделата, на предвремените парламентарни избори, земјата, како никогаш досега, се подели на две хируршки прецизно одделени половини: 550 илјади граѓани гласаа за партиите на власт (ДПМНЕ и ДУИ), а исто толку граѓани гласаа за партиите на опозицијата. Изборниот систем и раздробеноста на опозиционите гласови придонесоа следниот парламент да не ја отсликува волјата на граѓаните; партиите на власта добија 71 пратеник, а само 50 пратеници доби опозицијата, СДСМ и ДПА. Неизвесно е позиционирањето на двата пратеника на Руфи Османи.

Постојат неколку многу важни прашања во моментов. Пред сè, динамиката на политичките односи ќе ја одреди однесувањето на победничката партија. Првите сигнали на режимот вообичаено се насилнички и заканувачки; Груевски дури и во моментите на славеничкиот полноќен триумф не пропушти да ја етикетира и да ѝ се закани на телевизијата А1. Да беше само гест на несоодветност и вулгарност (толку карактеристичен за груевизмот, но толку, се чини, пожелен во брутализиранава земја), на старо-новиот премиер таквиот гаф не требаше да му се прости. Но, дотолку повеќе се загрижувачки неговите закани зашто по правило тие беспоговорно се извршуваат од војнички устроената државно-партиска машинерија. Веќе во понеделникот беше уапсен најдрдорливиот критичар на режимот, Љубе Бошковски. Суптилни закани кон медиумите и невладиниот сектор исто така дојдоа во понеделникот од груевистичката кукла, претседателот Ѓорге Иванов, низ кого духот на груевизмот зборува како што вентрикулистот зборува низ својот морничав двојник.

(Патем, кога веќе го спомнуваме старо-новиот премиер, помни ли некој дека во предизборната анкета на прецизниот „Рејтинг“ на „Дневник“ 65% од граѓаните се изјаснија против Никола Груевски како нов премиер?! Се разбира, смерните извршувачи на народната волја молневито го закопаа важниот индикатор за народното расположение и веќе го започнаа новиот бескраен круг на убедувања дека токму Груевски е непогрешивиот избор како на македонскиот Бог така и на македонскиот народ.)

Сите овие сигнали за продолженото малтретирање на граѓаните кои не се согласуваат со груевизмот – се очекувани. Тоа е, просто, матрицата на владеењето на овој режим. Ред апсења, ред закани, ред реклами. Неуморно, дење-ноќе. А сè дебело подвлечено со ред бескрупулозно пљачкање. Најнов пример од зоната на самракот: партијата која на предизборни кампањи троши десетина пати повеќе пари од сите свои конкуренти заедно и која без срам и перде користи државна инфраструктура за партиски цели го апси Љубе Бошковски за нерегулирано финансирање кампања?!

Истата насилничка матрица ја гледавме и по изборните победи во 2006, 2008 и 2009 година. Според нивната логика, стратегијата што победува нема зашто да се менува. Тоа значи дека, на пример, наполно партизираното судство ќе биде дополнително пришрафено. Како, впрочем, и сите други лостови во државата претворена во триумф на груевистичката волја (аха, звучи познато, ама кој ќе се мачи да им ги објаснува аналогиите на празните мали извршители; башка, и да им ги објаснуваш историските примери – ко што правам низ годиниве – совршено е бесполезно; дијалогот е убиен како сосема непотребен, се слуша една единствена уста - водачот; а и тој се слуша само заплакнат&запакуван во реклама).

Груевски, значи, да потсетиме уште еднаш, по сите свои изборни победи сакаше да ги апси своите политички противници: Црвенковски, Бучковски, Шекеринска, Заев, Бошковски... Со Георгиевски фрчеа ножови, а бандите беа поприлично наелектризирани, сè додека послабиот не си го подвитка опашот... Можеби тогаш и таму, борејќи се за превласт во ДПМНЕ, Груевски сфатил дека насилството е суштина на политиката?! Од тој ден, откако новиот шеф на ДПМНЕ го извади ножот од грбот, се чини дека македонската политика дефинитивно се промени, на полошо...

Во секој случај, таквото брутално, бандитско разбирање на политиката не ѝ остава никаков маневарски простор на опозицијата. Затоа и велам, второто клучно прашање во моментов е каква ќе биде политичката стратегија на опозицијата. Како ќе се однесува Бранко Црвенковски? Како ќе се справи со барањата за негова оставка? (Интересно е што повиците за демисија на Црвенковски доаѓаат главно од вечната паланечка класа на празни а умислени авторитети, класа вечно флотантна, вечно аморфна, вечно одлучувачка, класа од „златната средина“ која им клима на сите победници и им се руга на сите губитници, класа на сеирџии и нивелатори, класа на луѓе од естаблишментот кои никогаш во животот не поднеле јавна одговорност за ниеден свој чин - а секогаш биле добро вгнездени.)

Да завршиме со поинаков ракурс: материјалната сиромаштија е огромен проблем во Македонија, но во моментов застрашува и сиромаштијата на потребите, на визиите, на чувството за одговорност и спротиставување. Тесноградоста, кусогледоста, омразата, глупоста, фрустрациите... – сето тоа се општествени закани исто толку важни и опасни како материјалната сиромаштија. Во крајна линија, во олку опустошено општество нема ни потреба од политика. Политичките настани се плитки, кавгаџиски на прва топка, предизвикуваат здодевност и желба да се побегне. Површината (бескрајните вести, фрапантно плиткиот ТВ екран) навидум е подвижна и разбранета, но во длабочината владеат неподвижноста и мртвилото.

Има уште еден голем проблем, и кај нас, но и во светот. Можеби станува поважно “кој?” отколку “што?”. Наместо класичното прашање “Што да се прави?”, денес кај нас, и не само кај нас, самото политичко дејствување како да станува проблематично. Тоа го вели и Клаус Офе, еден од водечките светски политиколози: “Наместо да се прашуваме што да се прави би било покорисно да испитаме дали воопшто постои некој кој е способен да го направи она што би требало да се направи, што и да е тоа”.

Со други зборови: камбаните ѕвонат токму за тебе. Кога работите неумоливо одат по ѓаволите секој станува одговорен.

Слики: Scott Hunt

Гелевски да не се откажува.

Гелевски да не се откажува. Иако е разочарувачки што Македонците не го прескокнаа прагот. Да не беа колумните, средбите со граѓаните на ГЕМ и ангажманот на А1 тв, ни оддалеку немаше да се постигне ова воскреснување на опозицијата. Ако се погледнат резултатите во споредба со 2008, дпмне изубил околу 50.000 гласа а СДСМ добил околу 150.000 гласа. Што значи дека зголемувањето се должи најмногу на мобилизирање на тие што претходно не гласале. Главна придобивка е дека груевузмот е соборлив во парламентот. Секако во моментов не може да се очекува од ДУИ чудо. Нарочно што гледано од перспектива на албанските максималистички барања, ова за нив е златна прилика. По 60 години на статус на репресирано малцинство, Албанците во Македонија можат со задоволство да гледаат како самиот македонски народ си го стави јаремот и стенка под стегите на режимот, додека тие уживаат во заштитата на рамковниот договор. За крај разбирливо е на Коља да му додеало да биде постојана мета на груевистите и да очекува опозицијата да си го превземе теретот.

Гаљего, фала за коментарот!

Гаљего, фала за коментарот! Драго ми е што коментираш на Окно!
Но, чуј, не ми додеало да се борам против груевистите. Дури, мислам дека спротиставувањето на тоа насилие е мерка на човечноста, денес, независно од сите политички и идеолошки преференци. Политиката кај нас е спуштена на ниво на бандитизам и лажење на прост народ. Страшно е, според мене, да се седи на страна и да се гледа сеир. Ако ништо друго, тоа го научивме од вестерн филмовите: бандитите го малтретираат гратчето се’ додека не им прекипи на мештаните. Додуше, често се случува да наебе херојот, кој ги мобилизира мештаните, но тоа е... Нема слобода џабе!
И ова сакам да ти го кажам, Гаљего: херојството не е мој мотив; дури ни мобилизацијата на заспаните не е мој мотив. Просто, повторувам, не можам поинаку, пред неправдата и насилството. Осамен?! Тоа уопште не ме секира. Тоа можеби е предноста (се разбира, тоа е и мана) на мојот културњачки бекграунд: да бидеш дел од толпата просто е малку непријатно... Иако, се разбира, спремен сум и со толпата да се борам против неправдата и насилството!

Коља, ти благодарам за

Коља, ти благодарам за одговорот и за појаснувањето.
Одлично кажано. Се разбира, како што самиот велиш, тоа е мерка на човечко достоинство. Сепак не се надевавме дека ќе се најдеме во вестерн. А, како што наговести, во High Noon, Гери Купер на крај останува сам во справувањето со бандитите.

ПС Денес Хрватска се очекува да добие оценка дека успешно ги завршила преговорите, и покана за членство во ЕУ. Ние некогаш бевме заедно во Јадранската група. Хрватска и Нато и ЕУ, Албанија Нато, а Македонија од трите подолгото.

Колку ли овој народ ќе си го апе задникот кога ќе пресмета колку пари и години од иднината му однеле Грујо и фамилијата! Заедмо сосе археолозите, мегафоните, плочкарите и лопатарите, протокол мајсторите и преторијанците од уличарски маштаб.

Уште ли бе

Уште ли бе плачеш...цццц....Дали си размислил дека можеби луѓето коишто излегле да гласаат во неделата, не се согласуваат со тебе. каков фашист си ти!!! Според тебе сите се ретардирани бидејќи твојата малечка глава неможе да разбере дека има и луѓе коишто мислат и поинаку од тебе. Во последните 5 години трипати имало избори. Што сакаш повеќе??

Подршка до Коља, немој да се

Подршка до Коља, немој да се откажувате!!!!
ГЕМ е доказ дека во Македонија има ангажирани интелектуалци. Малкумина, но сепак ги има. Варварите се побројни, но наша човечка должност е да им се спротиставиме.
Поздрав.

Ova shto go pravite ne e

Ova shto go pravite ne e intelektualen angazhman tuku organiziranje na linch banda, bash ko na diviot zapad. A Kolja malce se zanel pogore, pa fatil da si laska sebesi ko da mu davaat Oskar za glavna zhenska uloga.

Си ласка?! За женска улога?!

Си ласка?! За женска улога?! Кукавица е?! А организира линч банда?! Ти се бркаат двата молекула у глаа, батка-митралезец, и никако да се стигнат. Но, не замерам; ми потсмрдуе на подрумски цајкан, расходуван, сосема нереализиран џандарски профил („линч банда“, молим ти се) кој кариерата ја минал во ловење интелектуални непријатели на системот (јал комунизам јал груевизам - не е битно). Што не идеш да ги размааш внуците, бе, батка, многу нешто се курчат, они ќе ми идат на полиција?! Што губиш време, митралезец, на работи што ем ти го надминуваат акалот, ем времето во кое си заглавен (среќна нова 1948, добро беше, а?, коа ловевте шипоси и предавници ко зајци, а? ради тоа е добар малиов-црниов, а? да не ми се курчат многу салонските умови, они мене граѓани маѓани...)
И, после, коа ќе им спискаш на најновиве предавници (ЕУ-НАТО-грчко-соросоидни платеници итн.; има логика?! нема, али пичи! коа имало логика?! битно е бе крв да има!), батка митралезец, идеш пред гранап да им каеш за твоиве најнови подвизи или у општинскиот штаб?!

ak47, немаш муда или имаш мал

ak47, немаш муда или имаш мал кур?!

Gledam eskaliraat usvitenite

Gledam eskaliraat usvitenite chmarovi. Super, aj shtom vi go svrtev vnimanieto, ushte edna konstruktivna i edukativna poraka:

Aj shto ste usviteni, ama ne ste ni originalni. Ova scenario shto sega go igrate, odamna se izigra na Gazimestan, pod naslov "NIKO NE SME DA BIJE OVAJ NAROD". Vidovme kako toa pomina.

А бе мозок, Милошевиќ беше на

А бе мозок, Милошевиќ беше на власт кога го држеше тој говор, а не во опозиција! И контекстот и поентата беа сосема други. Овде, МВР е соучесник во убиство и наместо да го расчисти се обиде да го заташка случајот. Што уште не ти е јасно???

Pa otprilika se e jasno.

Pa otprilika se e jasno. Politichkite leshinari od opoziciona proviniencija edvaj nachekaa tragedija, za da mozhat da izigraat brzopotezna partija za destabiliziranje na drzhavata.
Edinicite za brzo rasporeduvanje na shtrumf-firerot Milchin tolku brzo se rasporedija shto i ne znaeja za shto se rasporedeni. Ostanatoto go odrabotuvaa(t) megafonite. Ne e bitno dali e Daniel ili Martin, dali e Alfa ili Tigar. Bitno e da se nasska masa na linchuvanje, da se proglasi kolektivna vina. Togash, spored poznatoto populistichko scenario od Gazimestan, nashite heroi kje se instaliraat ko "spasiteli" i "zashtitnici" na tepaniot narod. Zaebi pravna drzhava, proces, i slichni zafrkancii. Ima tuka Komandant Kolja, "intelektualno angazhiran" da odreduva koj e kriv, a koj e prav.

Vo znak na pochit za momcheto shto zagina, jas ovde prestanuvam.

А бе пушко со ќор-фишеци, не

А бе пушко со ќор-фишеци, не е важно кој начекал трагедија, туку кој ја создал, тоа прво да го сфатиш, да разграничиш причина од последица, мотив од постапка, тоа ти е прва лекција и во логиката и во природните науки, а сам велиш повозрасен човек си, срамота е волку неписмен да бидеш. И немој толку да го почитуваш момчето, слушаш овчарот ваш што вика: Наше си беше бе, ние си го убивме, вас комуњари ич кур да не ве боли.

Секоја чест на обсервацијата

Секоја чест на обсервацијата АК47, такви глупости немав прочитано од завчера. Жити се препрочитај што пишуваш пред да го објавиш. Баздиш на ( Влатко) Ѓорчевска школа! Имаш многу омраза во себе друже АК47, многу омраза-кон погрешните луѓе. Тоа што ти го пишуваш овде е класичен пример на "обвинување на жртвата." Иди сега малце на Google, види што тоа значи, па после дојди да ни држиш предавања за ангажирани интелектуалци.

Никој не е неписмен,

Никој не е неписмен, Вселенец, само реален. И да беше СДСМ на власт, или Саркози, или Обама истото ќе се случеше. И ти го знаеш тоа, и јас го знам. И затоа ти велам дека виновниците не се „тие“, туку „ние“ и тоа не затоа што не организираме масовни протести, туку затоа што 99% од нас би го сториле истото да бевме во нивна кожа, да бевме на власт.

Јас пак кажувам и СДСМ да

Јас пак кажувам и СДСМ да беше на власт, од нив ќе требаше да бараме одговорност, а не од ДПМНЕ; и не јас не сум од 99% што тоа би го сториле, малку ги потценуваш луѓето. Освен тоа, не ми е јасно на што целиш, дали зборуваш за самото убиство или за обидот да се заташка. Впрочем, не знам што е пострашно во случајов.

А јас пак ти кажувам дека

А јас пак ти кажувам дека можеш да бараш одговорност до утре, ама нема да ја добиеш, ни од ВМРО, ни од СДСМ, ни од Саркози, Путин или Обама, а на тоа дали си од тие 1 проценти, или не, не можеш да ми одговориш зашто не си на нивното место. И немаш три чисти како се води една „демократска“ држава.

Навечер, пред спиење, и двете работи се страшни, а луѓето доволно се потценуваат самите, и да сакам не можам повеќе да ги потценам.

ОкоБоли главаВицФото