CSI: Прашања на кои треба да добиеме одговор!

08.06.2011 16:31

 Истрагата за случајот на насилната смрт на скопскиот плоштад при прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори на следниве прашања:

1) Дали убиството е извршено „на свиреп или подмолен начин“ (за што следува казна затвор најмалку десет години или доживотен затвор)? Зошто никој не ја обезбедил потенцијалната „crime scene“ откако медицински лица констатирале смрт, и кој и зошто го одвлечкал телото на починатиот од сцената на злосторството?

2) Дали имало помагање во извршување на кривичното дело? Според Кривичниот законик (КЗ), за помагање се смета и „...однапред ветено прикривање на кривичното дело на сторителот, на средствата со кои е извршено кривичното дело, на трагите на кривичното дело...“.

3) Кои лица се одговорни за „Непријавување на кривично дело или сторител“? Во моментот кога било сторено кривичното дело, во близина имало голем број на службени лица и други очевидци. Според КЗ, „Службено лице кое свесно ќе пропушти да пријави кривично дело за кое дознало во вршењето на својата должност, ако за тоа дело според законот може да се изрече казна затвор од пет години или потешка казна, а делото се гони по службена должност, ќе се казни со парична казна или со затвор од една до три години.“ (чл. 364.)

4) Дали имало „Помагање на сторител во извршено кривично дело“? Според КЗ, „Тој што ќе скрие сторител на кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност или со прикривање на орудијата, трагите, предметите или на друг начин ќе му помогне да не биде откриен... ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“ Но, „Тој што ќе му помогне на сторител на кривично дело за кое е пропишана казна доживотен затвор, ќе се казни со затвор од една до десет години.“ Во случајов, постојат повеќе индиции дека имало прикривање на убиство на свиреп и подмолен начин, кривично дело за кое е предвидена казна доживотен затвор. Оттаму, сите што помагале свирепото убиство да биде „заташкано“ цели 40 часа, треба да бидат осудени и да добијат затворска казна од една до десет години. Кои се мотивите на прикривањето на свирепото убиство, кое се случило пред да бидат објавени резултатите од страна на ДИК? Зошто кривичното дело е „признаено“ од страна на МВР дури откако е објавен извештајот на набљудувачите на ОБСЕ и по бурните граѓански протести?

5) Кои одговорни лица од МВР им дадоа на медиумите лажни информации на 06.06 дека не е сторено кривично дело убиство, туку дека на момчето „му се слошило“, и кои одговорни лица во МВР соопштија лажни информации дека „првични траги на насилство нема“?

6) Кои одговорни медицински лица констатирале смрт кај жртвата, и зошто истите не пријавиле дека смртта настапила како резултат на тешки телесни повреди?

7) Дали сторителот на убиството е дел од обезбедувањето на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и дали во тоа време дејствувал во насока на обезбедување на премиерот или на други службени лица присутни на партиската прослава?

8) Дали апсењето на Љубе Бошковски е на некој начин поврзано со обидите да се прикрие свирепото убиство, односно, дали спектакуларното апсење и објавувањето на видео снимки од аспењето е обид да се пренасочи вниманието на јавноста од свирепото убиство на плоштадот додека ВМРО-ДПМНЕ ја прославуваше победата на изборите?

9) Кои одговорни лица издадоа наредба да се спречи продолжувањето на мирниот протест на група граѓани со поставување на полициска барикада пред зградата во која наводно живее премиерот и зошто портпаролот на МВР упорно ја дезинформираше јавноста дека некој „повикуваа на насилни протести“?

10) Дали во случајов имаме „злосторничко здружување“ на лица кои се организирале за да прикријат тешко кривично дело кое се случило на партиска прослава (и други со него поврзани кривични дела), со цел да се заштити ликот и делото на претседателот на партијата кој е истовремено и премиер на Република Македонија? Кои лица вршеле притисок кај родителите на жртвата и со какви мотиви?

фотографиите се од граѓанскиот протест на седми јуни 2011:
http://www.flickr.com/photos/fosim/sets/72157626784620373/with/5809427156/

http://www.flickr.com/photos/fosim/sets/72157626917732098/

linkovi do

linkovi do Alfa-incidenti:

http://www.time.mk/info/brutalnost

link i do Fem

link i do Fem Gerila:

http://femgerila.crnaovca.mk/?p=229

Уште неколку етички прашања

Уште неколку етички прашања што заслужуваат одговор:
Зошто и требаа три дена на МВР да објави дека се случило убиство сред плоштад на главниот град? Колку се ефикасни процедурите и политиките во МВР за справување со убиства? Дали ние граѓаните треба да бидеме загрижен колку е спремна, кадарна и брза МВР во извршувањето на своите обврски на заштита на Уставот, животот и слободите на граѓаните? Кој е системот на вредности кој МВР го комуницира во јавноста (посебно кон помладите) кога кадри на МВР наместо да ги штитат, ги убиваат граѓаните? Дали треба да бидеме загрижени со процесот на вработување на полициски службеници доколку се зачестени случаите на полициска бруталност и неадекватна проверка на нивните психо-физички способности, карактер, знаења итн.? Дали нашите пари како даночни обврзници се користат правилно штом полициски тигри ја тероризираат јавноста? ДАЛИ МВР ЈА ВРШИ СВОЈАТА ОСНОВНА ЗАДАЧА ДА ИМ СЛУЖИ И ДА ГИ ЗАШТИТУВА ГРАЃАНИТЕ (to serve and protect)?

Me ima na edna od slikite, a

Me ima na edna od slikite, a ne se pronagoam vo ovoj pretenciozen tekst. Se fokusirate na vistinski bitni stvari, da, ama malku razmislete dali seto ova shto ste go napishale se sofpaga so stavovite na protestantite. Poveke od prodzirni se vashite anti-vladini pretenzii, koi gi delime, no od razlichni pobudi. Jas od revolt, vie od simpatii kon sprotivnoto. pozdrav!

Во случајов не е тоа важно,

Во случајов не е тоа важно, сепак. Одговорноста е кај власта и тој револт е оправдан кај сите, без разлика што мислиш за опозицијата.

Go mislam identichno istoto i

Go mislam identichno istoto i za vlasta, i za opozicijata. Rabotata e toa shto dodeka vie se fokusirate povekje na minimiziranje na MVR, tolpata na lugje po ulicite se fokusira na gragjanskite prava i kako MVR kje se odnesuva so nas gragjanite.
Shto jas kako edinec kje dobijam ako se sluchi famoznata ostavka, odgovornite hierarhiski si gi dobijat zasluzenite reperkusii, a istite bidat zameneti so ista sodrzina vo razlichno pakovanje? Jas kje vi kazam, NISHTO!!!
Povtorno fiktivna demokratija, samo zaradi takvite kako vas shto zastapuvaat partija, ne stav!
Se najubavo!

Не верувам дека ставовите на

Не верувам дека ставовите на сите протестанти можат да се совпаднат. Група граѓани составија петиција со конкретни барања, која и јас ја потпишав. Барањата беа обединувачки фактор и ми изгледаа сосема легитимни.
Во текстот немам никакви претензии да зборувам од името на сите протестанти. Секој си има своја причина за протест. Опремата на текстот е на редакцијата на ОКНО.
Текстот го одразува моето лично мислење и е реакција на тезите дека „случајот е расветлен“. Најческа даде прилог што значи расветлување на случајот. Јас се надоврзав на тоа. Секоја критика на текстот и секое надополнување се добредојдени.
Инаку, текстот е пишуван пред вчера да се огласат Јанкуловска, Бичиклиски и Груевски. Нивните противречни изјави даваат уште повеќе основи за сомневање дека постоел организиран обид за заташкување на бруталното убиство.
Како активист за човекови права, сметам дека треба да се протестира не само за бруталното убиство од страна на „Тигарот“, туку и за обидот на МВР (портпаролот и министерката) за забошотување на кривичните дела кои се најверојатно сторени со цел да се прикрие делото и дефокусира јавноста.
Кога велам, истрагата треба да одговори на овие прашања, не прејудицирам дека се случиле сите кривични дела кои се наведени. Сакам да укажам дека ако истрагата не ги постави горенаведените прашања, и не даде веродостоен одговор на нив, тогаш ќе остане сомнежот дека прикривањето на бруталното убиство било од партиско-политички мотиви.

Апсолутно се согласувам,

Апсолутно се согласувам, обидот да се скире е уште пооправдан разлог за да се протестира.

Драг Борецу за човекови права

Драг Борецу за човекови права и драга редакцијо на ОКНО,
Ви Благодарам многу што се борите за човековите права. Мои и на другите „човеци“. На крај на краиштата кога јас одлучувам да се бавам со нешто друго (во случајот да студирам), мора да има некој друг да ги брани моите права, и сосема нормално е да има несогласувања во тоа што тоа Вие прецизно сакате/барате и тоа што лично јас сакам/барам.
Во секој случај, ќе ве замолам, кога се работи за вака сензитивна тема, кога првичната побуда да го напишете сето ова, е смрт на млад човек, да се трудите да си ги зачувате политичките ставови и познавања (кои многу гордо сте ги истакнале), што подлабоко во себе.
И уште еднаш, Ви благодарам, Господине Жарко што работите и се борите за нашите права. Всушност им давате живот на барем дел од револуционерните негодувања и идеи што му проаѓаат низ глава на секој зафатен/мрзлив единец, како и самата јас.

Okno bi mozelo da raboti

Okno bi mozelo da raboti MNOGU po-profesionalno. Osobeno vo objavuvanje na fotografii.

Tekstot so prasanjata e dobar, no ne e jasno od kogo se prasanjata. Se e nekako premnogu lokalno, premnogu provincijalno. Mnogu raboti se zemaat zdravo za gotovo, ne se vnimava na precizno dokumentiranje, za celosno informiranje.

So seta pocit kon demostrantite i site sto se buntuvaat protiv vladata, koja e ocajna, posledniot slucaj e premnogu politiziran, a bez jasna politicka cel i fokus.

pa toa znachi deka ne e

pa toa znachi deka ne e ispolitiziran... iako za nashite politichki "sluchai" fokusot i celta mozhat da se svedat na nadrealistichki kopnezh.

зошто е ова исполитизирано?

зошто е ова исполитизирано? мислите дека убиството немаше да се случи доколуку друга партија прославуваше победа на плоштад? зашто ја користите смртта на едно дете да ќарувате поени? СИТЕ искочија на протестите, од сите партии, како и луѓе кои не се партиски определени. се заборава овде најважното- да се најде правда за Мартин и да се спречат во иднина вакви грозомори!
аман више прекинете да си давате г'зот под кирија на оваа или онаа партија и почнете да мислите со своја глава?! а за авторот на текстов: убаво што си ги набубал/прогуглал сите овие закони, ама не видов еден збор што ќе укаже на тоа дека ова убиство те засега како човек прво, ниту еден збор да искажеш сочувство! ЧОВЕК е убиен и ова може да се спречи во иднина ако дејствуваме и мислиме ко луѓе, а не ко партиски војници и магафони.

„ама не видов еден збор што

„ама не видов еден збор што ќе укаже на тоа дека ова убиство те засега како човек прво, ниту еден збор да искажеш сочувство!“ - Мислам дека е крајно нечовечки да се упатуваат вакви критики. Да не ме засегнеше убиството, немаше да го напишам текстот, немаше да учествувам на протестите, ниту пак ќе учествував во организација на тркалезна маса на која беше зборувано за убиството. Написот беше пишуван крајно рационално, без никаква патетика, со цел да ги посочи прашањата кои не се расветлени (наспроти тврдењата на МВР дека случајот е расветлен?!?)
Слушам по телевизииве и на Фејсбук критики зошто немало реакции од невладините во врска со случаите Беќиров и „Поштарот“. И тоа е бесрамна лага. Хелсиншкиот комитет реагираше во обата случаја (убаво се сеќавам, затоа што бев таму), исто како што реагираше и сега. Она што најмногу ме погодува е тоа што некои радикални „активисти“ за човекови права од уста не ги симнуваат случаите со „Беќиров“ и „Поштарот“, а воопшто не се сеќавам дека некој од нив јавно реагираше кога се обидувавме да ги актуелизираме овие случаи и кога баравме кривична и политичка одговорност.
Сите што обвинуваат за „политизирање“ на случајот, ги молам убаво да ја анализираат оваа изјава: „-Maртин таа вечер беше многу среќен. Купи 10 шишиња вино за да ги почести пријателите. Радосен, се качи на бината, сакаше да ја сподели радоста, оттаму го тргнаа и го убија. Тоа е вистината, низ солзи им соопшти на насобраните, Александар Нешковски.“ (Телма) Најбесрамно нешто во моментов се обидите на гебелсовските пропагандисти за политичка дискредитација на сите што сакаат професионално расчистување на случајот.

Zarko, nema potreba da se

Zarko, nema potreba da se branis - osobeno ne od pateticni sentimentalni osudi od tipot kade e covecnosta!!! Akciite se politicki, i toa ne gi pravi pomalku licni. naprotiv. Ona sto go pravis e vazno i potrebno.

Вие разликувате ли политичка

Вие разликувате ли политичка од партиска реакција. Политиката е работа која не засега сите, оти полисот, државата се наши и нормално, протестирање на улица е изразување на некаков политички став.

Само кај нас граѓанството се

Само кај нас граѓанството се меша со помодарство...напиша еден умен во Утрински весник. Борци за човекови права кои не прават разлика помеѓу политичко и партиско, помеѓу граѓански и институционални права и на моменти ко да немаат врска за значењето на Законите и нивното повремено користење за укинување на одредени граѓански права во име заштита на некои други - никаде нема да не одведат.

Се согласувам со протестите, се согласувам со барањето морална и ПОЛИТИЧКА одговорност, се согласувам дека ова се ПОЛИТИЧКИ протести како што некој погоре напомена и нема ништо спорно во тоа и не треба да има доколку некој разбира што е демократија и што е политичко општество - и дека доколку некој разбира дека нема граѓанско општество доколку нема функционално политичко општество. Она со коешто не се согласувам е упорното мешање на баби и жаби. Не може случајот Љубе Бошковски да се става под знакот еднакво со убиството на младото момче. Не може иселувањето на Исмаил од станот да се става во ист кош. Не може, не може некој да замерува за како Љубе бил уапсен (со Алфи, со маски, со лисици) а да молчи пред кога на ист, потполно ист начин е уапсен и убиецот на момчето, за кој исто така важи истата премиса на невин додека не се докаже (на СУД) спротивното. Не дека нема да се докаже, и не треба, јасно е ко бел ден, но некои борци за човекови права забораваат дека и убијците имаат човекови права (забораваат додека не им текне на Идризово и не тераат некое ново помодарство). Не може да не замеруваат како ликот на убиецот беше прикажан на медиумите, а се лутат за Љубе, како што се лути неписмената учителка на авторот, попозната како Најческа. Да, овој убил човек, различно е - различно е на морално и емотивно ниво, но не и од аспект на човекови права. И се извинувам, МВР се одвратни лажови и копилиња, ама да не се лажеме, на самите фејсбук профили имаше повици „за палење, кревање во ваздух“ и слично. Во местата каде што наводно живее Груевски, не живее груевски наводно туку луѓе со подеднакви човекови права кои некој исто така мора да ги заштити од гневна толпа... со право или не, не праи разлика...Додека овие работи не ги разграничат борците за човекови права, ќе тераат само помодарска правда.

Слични содржини

Балкан / Живот
Општество

ОкоБоли главаВицФото