Девет барања до власта

09.06.2011 12:26
Девет барања до власта

Почитувани,

Тешко ми е што морам да Ви пишувам само неколку дена по најмирните избори некогаш одржани во слободна и демократска Македонија, но цената на слободата е вечна будност.

Како што веројатно веќе знаете, рано наутро, на 6-ти јуни, на плоштадот Македонија во Скопје почина млад човек откако бил претепан од лице за кое Министерството за внатрешни работи објави дека е работник на полицијата.

Ова не е прв ваков настан, но се надевам дека ќе биде последен. Слабата контрола над полицијата води до многу проблеми. Се чини дека препораките на МВР за однесувањето на полицијата важеа само до завршувањето на изборите на 5-ти јуни 2011 година.

Затоа од вас, како мои претставници во законодавниот дом на Републиката, барам да го промените законот што го регулира работењето на полицијата и тоа да биде прва точка на дневниот ред по свечената седница во парламентот.

Моите барања до вас за измените на законите се како следи:

1. Распуштање на специјалните единици на полицијата како што се „Алфи“, „Тигри“ и други.

2. Задолжително присуство на униформиран полициски работник при секој контакт на полицијата со граѓаните.

3. Избор на министер и заменик министер на МВР со консезус помеѓу сите политички партии.

4. Задолжително доделување на општествено корисна работа на сите полициски работници како дел од секојдненвите работни обврски.

5. Зголемена контрола над Министерството за внатрешни работи од страна на Собранието на Републиката преку комисија за која ќе можеме да сведочиме преку јавни месечни извештаи или слично.

6. Зголемени казни во Кривичниот законик за делата што работници во МВР ќе ги сторат без разлика дали се или не се во служба / на работа.

7. Намалување на буџетот на МВР за секое кривично дело што ќе ги изврши негов работник.

8. Замена на Секторот за внатрешна контрола со независно тело по примерот на Independent Police Comission во Обединеттото Кралство.

9. Доколку тоа не го сторат сами, актуелните функционери во МВР кои што се одговорни за случувањата во полицијата поврзани со овој немил настан, да ги разрешите и отпуштите.

Се надевам дека ќе посветите нужно потребно време на овие мои барања. Се надевам исто така дека ќе ги сфатите сериозно.

Вашата работа во Собранието на Републиката е да ја осигурате слободата и правото на живот во Републиката.

Се согласувам со Вас!

Се согласувам со Вас!

Вашето барање е добра основа

Вашето барање е добра основа и за граѓанскиот сектор и регистрираните лобисти да биде меѓу првите предлози за новиот собраниски состав.

Ахх... да не испадне дека

Ахх... да не испадне дека мрчам, но ова е оригиналниот текст што го напишав и се се појави на мојот блог пред некој ден: http://novica.softver.org.mk/node/622

Во меѓувреме го дополнивме и постапивме праќајќи писма:
http://novica.softver.org.mk/node/623
http://novica.softver.org.mk/node/624

Изгуглав и гледам дека Никола Коџобашија е некој познат човек, и благодарност до него што исто така се потпишал зад овој текст.

Честитам #mkfail!

Честитам #mkfail! Проверувајте ги информациите што ги објавувате и со вас ли треба да се бориме?

Се извинуваме поради

Се извинуваме поради направениот превид. На Фејсбук наидовме на овој текст потпишан од Коџобашија и оттаму го презедовме.

Грешките се отстранети, а

Грешките се отстранети, а поставивме и линк до блогот од каде што оригинално потекнува отвореното писмо. Благодариме за укажувањето, критиките и конструктивноста.

Поддршка!

Поддршка!

10x Окно! Ќе биде супер и

10x Окно! Ќе биде супер и вашата редакција да прати писма па да ги објавите и поштенсктите картончиња тука.

Ne razbiram. Koj e potpisnik

Ne razbiram. Koj e potpisnik na ovie baranja? Vo chivo ime? Koj gi zastapuva ovie baranja?

Razbrav...znaci ne ste go

Razbrav...znaci ne ste go citirale blogot na Novica a tamu pisuva se sto treba. Napred!!!!

Глупости...

Глупости...

Поздрав, јас се извинувам ако

Поздрав, јас се извинувам ако не бев доволно јасен оти НЕ СУМ автор на писмото но сепак сум потписник на циркулацијата (односно обичен граѓански истомисленик).
Сакав да го споделам како став, да ја артилулирам некако мојата лутина за таа бесмислена трагедија)... (наспроти невоспитаното феудално плукање меѓу кметовите до тој момент) и го испратив до Минстерството за Внатрешни работи, до Претседателот на Собранието како и до Претседателот на Република Македонија...

во меѓувреме се појавија уште неколку текстови но... сепак сметам дека писмо е убава форма...Јас сум свесен за (можеби малку) утопистичката содржина но... (како што гледам) е одлично четиво за дебата што предизвикува подсмев и поддршка ... ОДЛИЧНО!!! и му Благодарам на Новица... и само се надевам дека повеќемина ке бидеме подобри (или макар помалку зли) по ова писмо... срдечно Никола

И патем, барањата не се до

И патем, барањата не се до власта, ами до парламентарните партии кои се надлежни за законската регулатива во Р. М.

Некои од овие барање се

Некои од овие барање се глупости, распуштење на зоолошката градина со себе може да повлече пораст на уличниот криминал, така да не е работата да се укинат туку доволно е само да се зголеми контролата, независноста во ревизијата на процесите и настаните, мислам дека некои од преголем гнев кон груевистите, ни самите незнаете што барате.

@ Рикардо, Анонимен и други

@ Рикардо, Анонимен и други фантомски добронамерници од ФБ, Твитер, итн...

Госпоѓи и Другарки, Господа и Другари,

Се согласувам дека ова писмо на Новица содржи романтични барања (или како вие ги етикетирате како глупости) но само љубезно да кажам дека со цинични коментари не баш придонесувате кон заедничката цел, а тоа е едноставо: ПОДЕМКОРАТСКО И ПОТРАНСПАРЕНТНО ОПШТЕСТВО ВО КОЕ СЕ ПОЧИТУВААТ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА… сеуште ова писмо е едно од подобрите демократски ставови и барања.

Морам пријателски да забележам дека не го разбирам ефектот на вашата констатација дека ”демек некој е гневен" на (како ги нарекувате) Груевистите или Бранковистите или Љубчовистите итн... Но знам оти сум растргнат како и вие од бесмислената смрт на еден младич. Затоа составување на едно заедничко поартикулирано барање до нашата власт и опозиција е ДАЛЕКУ ПО ПОТРЕБЕН отколку цинично да се представиме попаметни од другиот...

Сигурен сум ке се согласите дека ГЛУПОСТ е ДА НЕ СЕ ДЕБАТИРА а суштината на оваа наша комуникација е токму гаење на КУЛТУРА НА СОСЛУШУВАЊЕ и РЕПЛИЦИРАЊЕ (или ако сакате Домашно Воспитание) чија дисторзија во континуитет од 20тина години придонесе за оваа и други трагедии. Се чини делумно ја предизвикавме ТОКМУ НИЕ со прифаќање на простачката комуникација и ароганција на (како ги нарекувате) Груевисти, Бранковисти или Љубчовисти итн... и нивните партии кои сеуште не умеат да СОСЛУШААТ а камоли да прифатат дека институциите на власта со сите свои компоненти СЕ СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ а не ОБРАТНО!

Јас сум уверен дека во секоја од тие конститутивни, законодавни и извршни институции вклучувајки го и Министерството за Внатрешни работи ИМА ТРОА ЧЕСНИ ЛУЃЕ (и НЕ се сите полицајци искорумпирани убијци)!!! Но само со вакви иницијативи и нециничен аргументиран притисок (па макар бил и романтичен) имаме шанса да создадеме простор за ОПШТЕСТВЕНА ЕТИКА и преовладување на (идалистички кажано) ДОБРОТО ВО МАКЕДОНИЈА. Само така ке бидме слушнати дека трагедијата на Мартин е и трагедија на секој од нас… следствено СЕКОЈ од нас мора да сноси одговорност а особено нашите вождови (без разлика од која партија или феудална грофовија доаѓаат) бидејќи согласно општествените демократски конвенции ТИЕ се ОДБРАНИ да ги бранат човековите, нашите права во Република Македонија. Токму затоа, ако сме доблесни, првата свечена седница на Македонскиот парламент треба да инсистираме да започне со сериозна, конструктивна и абсолутна ревизија за одговорностите во овој случај која ке вроди со еволуција (наместо револуција која се посилно крвари)…

Сето ова го говорам само во мое име како граѓанин и во НИКОЈ СЛУЧАЈ како памфлет поддршка или во името на НИТУ ЕДНА Политичка Партија или НВО… сепак во реалноста јас сеуште предлагам да се направи сериозна ревизија врз контролата на судската и полицијската структура. така што Ќе е покорисно ако посочите што НЕ СЕ ГЛУПОСТИ и ШТО САКАТЕ ДА ДОПОЛНИТЕ во тој контекст (дали во писмото или во некоја друга форма) и да ја објавите вашата редакција или став… јас на ТОА ке се надоврзам или ке ви дадам искрена лична поддршка…

Никола Коџабашија,
татко, граѓанини, композитор (и политички гностик)

Baranjata si se na mesto,sto

Baranjata si se na mesto,sto vo nasi priliki zvucat utopiski toa e vise- korenot na problemot.
Dosta cinizam dosta seirenje,
Da bideme realni da go barame nevozmoznoto.

СУШТИНСКОТО БАРАЊЕ ТРЕБА ДА

СУШТИНСКОТО БАРАЊЕ ТРЕБА ДА БИДЕ: Оставка и кривична одговорност за надлежните, кои го ПРИКРИВАА случајот и изјавуваа дека „на детето малку му се СЛОШИЛО“ и демек „НЕМАЛО траги на насилство“. Тоа е суштината. А според мене, полициски единици за специјална намена, сепак мора да постојат, се разбира со строга контрола над тоа, кој се’ влегува во нив

Апсолутна поддршка за

Апсолутна поддршка за барањето под број 5, но и за барања 9 и 10 кои за жал не се наведени овде.

И ако може некој да дообјасни што точно се мисли под барање бр. 4.

За се друго немам соодветен коментар.

Додека...барање број 3 е апсолутно неприфатливо!!! Тоа ќе биде лакрдија а дури и ми мириса на тоа дека самото барање има задни намери.

Туку интересно е што се

Туку интересно е што се протестира за слобода,толеранција и пред се против насилств, а толпата постојано извикува шовинистички пароли како педери,цигани и други гадости.

За што впрочем се бориме ние?

Е браво, сега и протестот ќе

Е браво, сега и протестот ќе го делегитимирате затоа што некој викал „Џандари педери“. ДПМНЕ ќе почне да ги брани хомосексуалците, за да може да ги заштити убијците. Стварно, Илија Димовски можел нешто попаметно да смисли.

Вселенец како и секогаш бегаш

Вселенец како и секогаш бегаш од суштината, и само поради твојот псевдоним ти го разбирам интелектуалното отсуство во твоите коментари.

Туку да повторам!

Апсолутна поддршка за барањето под број 5, но и за барања 9 и 10 кои за жал не се наведени овде.

И ако може некој да дообјасни што точно се мисли под барање бр. 4.

За се друго немам соодветен коментар.

Додека...барање број 3 е апсолутно неприфатливо!!! Тоа ќе биде лакрдија а дури и ми мириса на тоа дека самото барање има задни намери.

до Никола Коџабашија и

до Никола Коџабашија и останатите,
НЕКАКО СЕ РАЗБУДИВМЕ, АМА СЕУШТЕ НЕ СТАНАВМЕ ОД КРЕВЕТ!! целосно стојам зад главната мисла, меѓутоа во ваков државен хаос и милион наши барања подобро е да бидеме концентрирани интегрирани на нешто суштинско и да не бараме многу, доволно ќе биде и да се подигне свеста, без губење во стил "сами себе уплеќемо"....несакам да навлегувам понатаму околу барањата туку би сакал да бидеме практични и едноставни (а напоменав што е доволно, строга контрола и независна ревизија, строги казни за секој престапник).
Добро е што има некоја критична маса која генерира независна мисла, мене конкретно не ми се допаѓа и тоа што сите ние одиме тамо на ПРЕМНОГУ мирни протести.
Па секоја развиена земја низ историјата поминала низ бројни револуции, на пионери, студенти кои радикално влијаеле на политиките на нивните влади. ДОСТА МИ Е ВЕЌЕ ОД ПРОДАВАЊЕ КУЛТУРА, ФИНОЧА ВО ДРЖАВА ВО КОЈА СОПЕРНИЦИ НИ СЕ ЏГАНОТ И СИТНИТЕ ИНТЕРЕСИ, мислам дека треба јасно и демонстративно со цврста рака да им се каже и на сдсм и дпмне дека на народот му е смачено од нив, ние сме колатерална штета 20 години од нивните препукувања,сопки, кочења, опструкции во насока на власт.
ЕДИНСТВО И ХРАБРОСТ ДО КРАЈ, НЕМОЖЕ ВЛАСТА ДА НЕ УАПСИ 1000 ЛУЃЕ, АМА НИЕ 1000 МОЖЕМЕ ДА ОСТАВИМЕ ГОЛЕМ ОДЕК ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА И ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА.

Рикардо, поздрав... е ова е

Рикардо, поздрав...

е ова е сосема нешто друго... став за поздрав, има аргументи, има страствена позиција и тоа го почитувам. Гледам оти и ти се согласуваш дека цинизмот никаде не води туку ни е потребен на сите еден отворен семеен разговор по една ваква трагедија, а се слушија премногу... и јас сум веројатно како тебе вечен опозиционер )или би додал политички гностик)... само сметам дека наместо револуција нам ни е ОЧАЈНИЧКИ потребна ЕВОЛУЦИЈА... но сепак и повторно во потполност ја прифаќам суштината на овој твој блог. Поздрав НК

mojot predlog e da se dopolni

mojot predlog e da se dopolni uste edno baranje za human odnos so zatvorenicite kako i rascistuvanje na sekojdnevnite "samoubistva" vo zatvorite.Za nekoi od niv licno smetam deka se egzekucii-kako na primer slucajot sto se samoubi so davenje vo kofa voda.pozdrav i samo napred!!!!

Слични содржини

Општество / Квир
Општество
Општество

ОкоБоли главаВицФото