Интересен дизајн на корици за книги

09.06.2011 14:09
Дизајн на насловни страници за книги

Ви ги претставуваме резултатите од неодамнешниот полски конкурс за дизајн на насловна страница на книга. Уметниците беа замолени да го осмислат изгледот на нивната омилена книга.

Победникот на овој конкурс беше англискиот дизајнер Бен Џонс за книгата на Џорџ Орвел, „1984“. (горе)


Второто место му припадна на Французинот Николас Гале за “Баронот на дрво“ од Итало Калвино.



Третото место го освои холандскиот дизајнер Бас Алберт за „Куќата на лисјата“ од Марк. З. Даниелевски
.

Комисијата која ги оценуваше пристигнатите трудови ги издвои следниве поради нивната оригиналност:

Џорџ Стајчиќ од Австралија, со дизајнот за „Потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин.


Ада Бухолц за „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол.


Андреј Брозина за „Хобитот“ од Џ.Р.Р. Толкин.

Елена Џиавалди за „Задушување“ од Чак Паленак.

Марк Сторс за „Да се убие подбивната птица“ од Ли Харпер.

Ана Ковечеш за „Палп“ од Чарлс Буковски.

Луис Вуд за „Господарот на мувите“ од Вилијам Голдинг.

Бас Албертс за „Господарот на прстените“ од Џ.Р.Р. Толкин.

Питер Менделсунд за „Лолита“ од Владимир Набоков.

Извор: 50watts.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото