Во спомен на дрвото кое не ја преживеа власта на ВМРО-ДПМНЕ

13.06.2011 10:25
Во спомен на дрвото кое не ја преживеа власта на ВМРО-ДПМНЕ

Исползеа од под некои камења, се измолкнаа од некои влажни дупки, доползеа од најсмрдливите ќошиња на некои заборавени канализациони цевки и загадија сè под себе, уништија сè пред себе и ја проколнаа земјата со стогодишна клетва, ништо во неа да не вирее освен троскот и глувчарки.

 

Си поставија задача да урнисаат сè што граделе генерациите пред нив (што од бес невиден, што од незнаење големо) и да остават пустош во која ќе се издигнуваат спомениците на нивната моќ и лудило.

 

Ги сотреа градовите, ги столчеа луѓето, ја згмечија историјата, а сега со сета сила и се нафрлија на природата. Во своето безумие спремни се да го исечат секое дрво и секоја грмушка и да сомелат сè што било засадено и негувано и подигнато од генерациите пред нив.

 

Неуки, насилни, бескрупулозни ја уништуваат мојата и твојата држава пред нашите очи.

 

Идните генерации ќе пишуваат и раскажуваат за пустошот кој го оставиле, меѓутоа ќе раскажуваат и пишуваат и за луѓето кои молчеле, кои како глувци се криеле и не застанале во одбрана на својата сегашност и иднината на своите деца.

 

Сите ние сме соучесници во актот на уништување со своето молчење, неделување, пасивност и префрлање на одговорноста на некој друг. И како такви ќе бидеме запаметени и оценети од идните генерации.

 

Извор: kvadraturanakrugot.crnaovca.mk

Јас сум екологист по

Јас сум екологист по убедување, ама во случајов (проширување на тесен булевар во центарот на градот и партерно уредување на околината, како и на запуштениот средишен зелен појас) навистина не гледам ништо лошо, туку добро за сите, а најмногу за граѓаните на центарот на Скопје, и затоа го осудувам секој обид да се стават партиите, кои немаат никаква врска со сечењето на дрвјата, во некаков контекст на „уништување, сотрување“ итн.итн., посебно за дневнополитички потреби. Срам да ви е!

Јас сум вмровски ропак, до

Јас сум вмровски ропак, до лудило заглупен и фанатизиран партиски војник и пишувам исклучиво по матрица („јас сум пензионер, јас сум екологист, јас сум неутрален, јас работам во администрација“ итн., „и баш сакам објективно и непристрасно да си кажам дека Грујо е цар“). Значи, ќе ви ебам матер на сите предавници, соросоиди и слична багра коишто дури и сеа, по триумфалниот успех на мојот водач, по референдумот кајшто 102% од народ гласавме да идеме прв пат у живот на одмор без лицето БЦ, лаете против неговите величествени преродбенички визии! Абе свестете се, еј! Долга е раката на партијата ко што е широк булеварот! Абе коа ќе ви дое памет у глаа, бе, предавници?! До кога ќе ве мааме и апсиме, за да сфатите?!

Мрсулко, оди е.и некоја,

Мрсулко, оди е.и некоја, некого (ако неможеш најди некоја вмрОВЦА) оти од толку негативна сексуална фрустрација што ти се насобрала, ќе ти пукнат црвените мадиња право во лицето на лидеро, па после беља. Ако ми спомнеш уште еднаш апсење, ќе те запалам со липите што ги исековте, путе едно нацистичко.

Гелевски, да се разбереме, не

Гелевски, да се разбереме, не е ни СДСМ сува интилигенција

Господине екологист, срам да

Господине екологист,
срам да ви е ако имате вакво мислење!!! да се исечат околу 150 дрва садени и одгелдувани во распон од 100 год., за вас е „ништо лошо“!!! и тоа на улица која е како откината рака и неводи никаде?
Прво тебаше да се дооформи рингот, да се направи мост преку Вардар, да се направи тунел под Кале, да се спои цел еден круг на улици, па после да се борјат коли и мери закрченост на улиците!!!
Но, од кај да знаете вие што треба, вие сте „екологист“ сто не гледа „ништо лошо“ во асфалтирање на цел град!!!
Се чини ни ги асфалтирале и главите и место крв во мозокот имаме проток на коли!!!

Аууу, ова веке звучи

Аууу, ова веке звучи страшно... ако беше мотивација за напуштање на земјава - успеа. Живеј си ти со твоите идеологии а кога ќе останеш сам и пропаднат со твоите пропалитети тогаш ќе се прашуваш каде згреши...

Ироничен беше.

Ироничен беше.

Или ироничен, или

Или ироничен, или провокатор...

"Jas sum vmrovski ropak" ha

"Jas sum vmrovski ropak"

ha ha ha ha ha ha...odlicno

Господи, дали е можно на

Господи, дали е можно на земјава да има и вакви гревови?

Дотичнава госпоѓа вели "Си поставија задача да урнисаат сè што граделе генерациите пред нив (што од бес невиден, што од незнаење големо) и да остават пустош во која ќе се издигнуваат спомениците на нивната моќ и лудило".

Е сега ако може да ми објасни што изградиле "нивните" претходни генерации и за каков пустош зборува кога јас се шетам во Скопје и гледам дека на сите страни се гради и се поубав и поубав ни станува градот. На што личеше плоштадот во Скопје пред да се почне со обновување на градов? На Комунистички плоштад како во Тирана?

И само сакам да и кажам на дотичнава госпоѓа дека историјата ќе покаже кој работел за доброто на оваа држава, а кој против интересите на држата и за својот приватен џеб.

"И само сакам да и кажам на

"И само сакам да и кажам на дотичнава госпоѓа дека историјата ќе покаже кој работел за доброто на оваа држава, а кој против интересите на држата и за својот приватен џеб."

Тогаш за жал веќе ќе биде доцна....извесен Игоре

Што изградиле претходниците?!

Што изградиле претходниците?! Се’! Или речиси се’. Тоа значи: сите улици, школи, градинки, болници, станбени и јавни згради итн. Во 1945 Скопје беше касаба. Во 1963 Скопје беше гратче. За само 25 години Скопје стана град!

Овие дваесетина транзициони години Скопје се уништува, во заедничкиот злосторнички потфат на СДСМ и ВМРО. Иако, мора да се каже вистината, неспоредливо е поголема вината за опустошувањето на градот кај груевизмот. Допрва ќе се откриваат размерите на тоа лудило и бесмисленоста на груевистичките проекти.

Груевизмот не изгради ништо. Да, започна десетина згради на кои крајот не им се гледа, ниту начинот на кој ќе бидат одржливи. Да, изгради педесетина споменици, во потфат што ќе биде замислен како „најкултурната“ кражба на векот! (грд споменик, анахрон, грандомански, никому потребен, се плаќа најмалку десет пати повеќе од неговата реална цена - тоа се градбите на груевизмот, единствените негови градби).

Се чека денот кога

Се чека денот кога љубоморните ќе пукнат од мака! Пукнете веќе еднаш!!!

Квазо ќе дојде денот кога

Квазо ќе дојде денот кога бронзени мадиња на скара ќе ти биде специјалитет пошто друго ќе нема...

ОкоБоли главаВицФото