1011 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 02:04
Не е научно докажано дека во Македонија живеат најглупавите луѓе на земјината топка и пошироко, меѓутоа мора власта и нејзе припаѓачките медиуми да имаат некоја информација плус штом се толку убедени во тоа.
Такво дрско и безобразно прикривање и спинување на едно грозоморно убиство од страна на власта веројатно не е видено ни во најцрните моменти на пусто турско. Од тотално фрлање на вистината под тепихот на „блескавата изборна победа“, преку убедување на семејството да не крева многу прав околу она што се случило, сè до најголемиот цинизам – фрлањето на лопата на проширување на булеварот „Свети Климент Охридски“ од страна на премиерот во периодот на погребот на убиениот младич. Да. Нема Ден на жалост, затоа што ние живееме во цела една епоха на жалост.
Сепак, најинтересен ми беше обидот на Министерството за внатрешни работи да ги запре протестите така што ќе ги укинува фејсбук-групите преку кои протестантите се организираат. Не знам кои им се спин-доктори, ама такво непознавање на народот со кого се управува просто фасцинира. Интернетот, вклучувајќи го тука фејсбукот, се разбира, е простор каде што овие деца буквално живеат, каде што ги знаат сите агли и сите тајни, каде што ја исфрлаат својата енергија и своите активности... Кој тоа навистина мисли дека со укинување фејсбук-групи повторно ќе може да се прикрие нешто или да се минимализира некаков настан. Не мораат ниту Сител, ниту Вечер да објават ни ред за протестите. Макфакс може да пишува што сака. Латас може да спинува до најневеројатните височини на лагата. Бадијала. Сето тоа е работа во полза на својата штета. Зашто, конечно, младите не повикуваат на протести за насилство. Тие повикуваат на протести против насилство. Насилството во мигов не живее кај нив, туку во зградата каде што најубав кабинет има Гордана Јанкуловска.
Чисто се сомневам дека министерката за внатрешни работи ќе даде оставка. Ја нема таа потребната политичка култура за таков чин. Зашто дури и да не беше грозоморното убиство на денот на победата на изборите, дури и да не беше смешно-трагичниот обид убиството да се скрие, тогаш доволна причина ќе беше соопштението дека четворица непознати напаѓачи изненадиле полицаец и му го украле пиштолот. Демек, му дошле зад грб, го турнале и му го зеле службеното оружје. Во соопштението на МВР не стои дека полицаецот имал „видливи повреди“, ниту дека стигнала Брза помош, ниту дека му бил скршен носот... стои само дека бил изненаден. Ако полицајците на службена должност, и тоа на протести, така лесно се изненадуваат што им ги крадат пиштолите, тогаш Јанкуловска треба сериозно да размисли за повлекување од местото на прв полицаец во државата – не од политички причини, туку поради многу поедноставно прашање: прашањето на минималната способност за извршување на работните задачи што ѝ се доверени.
Кога сме веќе кај одговорноста, во бисерите влегува и нејзината изјава дека не размислува за оставка, затоа што овој случај не повлекувал политичка одговорност! Што повлекува политичка одговорност? Протестите, кои јасно и гласно се насочени против неа и против манирите на Министерството со кое раководи исто така не влегуваат во политичка одговорност. За морална одговорност и онака не се зборува. Тука одамна се изгуби значењето на самиот збор.
Кога студентите беа тепани на плоштадот „Македонија“ во Скопје, тогаш истата министерка повлече некакви пријави против тепаните, зашто организаторот на протестот морал да обезбеди редари и да го чува редот и мирот. Кој требаше да ја обезбеди прославата на ВМРО-ДПМНЕ? Кој одговара зошто се дозволило да се случи убиство?
Значи, кога вака се спинува и прикрива едно грозоморно убиство во центарот на метрополата, пред огромен број очевидци, што ли се случува со оние обични, нормални работи што одат во рокот на службата. Еве, сега е најавена делегација на ММФ, ќе знаеме ли навистина што ќе речат? Или кога повторно ќе ни ги вратат визите, ќе знаеме ли точно зошто е тоа и кој дозволил азилантски бранови во Шенген-зоната? Или повторно светот ќе скрои некој светски заговор против „библискиот“ народ.
Јас сè уште не стасав да уживам во придобивките на Преродбата. Не седев уште на Градската плажа, на пример. Не дека немав време, ама некако изгледаше како прилично осамен остров во градот што се гради. Иако претпоставувам дека мора да е прилично голема авантура да се седи крај Вардар и да се гледа во неговите матни води, додека крановите наоколу ти прават пријатна звучна кулиса, освежувајќи го воздухот со тазе прашина. Не бев ниту на жичарницата. А велат дека било прекрасно, имало навистина добар поглед врз протестните шетања по улиците.
Жал ми е единствено што меѓу „шетачите“ има многу малку родители. Па, знаат ли тие што им прават децата? Околу има толку многу полицајци, така што, не дај Боже, ќе се појават хулигани што ќе им ги земат пиштолите. А шетачите се млади, неискусни, не можат да им помогнат. Нема, брате, кој да ни ја заштити полицијата.
Во меѓувреме македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското ракометно првенство. Тоа сите го дознаа. Освен оние што гледаа Сител. Телевизија Сител, белким затоа што директните телевизиски преноси на македонската ракометна репрезентација ги пренесува А1, решија да не го третираат овој успех на македонскиот спорт. Ако тоа се гледа на А1, тогаш мора да е нешто сомнително. Сител единствено редовно објавува кога А1 прави репортажи од Кратово. За да ги демантира. И покрај целата потврдена имагинација никако не им појде од рака да ги демантираат ракометарите. Латас уште во тој спорт не се обидел. Иако нема научни докази за ова тврдење.
Извор: globusmagazin.com.mk
Фотографии: Ландон Мејер
До кога вака. Ке се
Испратено на 16 јуни 2011 од OktajДо кога вака. Ке се ослободиmе ли еднаш од комплексот "Пусто турско". За еден новинар од профилот на Ѕвездан Георгиевски мислам дека не се потребни коментари и интерконекции со Османлиското владеење на овие простори. Нека остане тоа како дел од наша македонска историја.
Се случи тоа што не требаше да се случи со Мартин. Почина детето, ни криво ни должно. Виновникот е фатен, нека си одговара за постапките. И претпоставените до колку е тоа потребно и до колку народот тоа го бара. Но веќе ми е смачено да слушам и читам за негативни случувања во нашата држава, и истите да се поистоветуваат со "ПУСТО ТУРСКО".
Аман, заман, поштедете не малку.
Октај О.
Prashuvate: "Жал ми е
Испратено на 16 јуни 2011 од roditelPrashuvate: "Жал ми е единствено што меѓу „шетачите“ има многу малку родители. Па, знаат ли тие што им прават децата? " Ne ima shto sakame da se pridruzhime no,znate li zoshto ima malku roditeli? Zatoa shto go pochituvame baranjeto na protestantite deka toa bil protest na mladite i ne treba postarite da uchestvuvaat. Jas so ovaa nivna konstatacija ne se slozhuvam zatoa shto ubistvoto na eden chovek gi zasega site lugje,no kako i vo se' drugo i tuka se pravat podelbi, mlad,star,mashko, zhensko, no, ne e vazhno, samo neka izdrzhat. Za zhal,gragjanskiot nachin na razmisluvanje e vo nikulec
Господине, повелете дојдете
Испратено на 17 јуни 2011 од ВселенецГосподине, повелете дојдете на протестите, секој ден во 18. Никој не повикал возрасни да не доаѓаат. Се побара само експонирани функционери во политичките партии да не доаѓаат, за да не се исполитизира настанот. Впрочем, самиот автор на текстов е повозрасен, а го гледам речиси секој ден на протестите.
Уживам во секоја од колумните
Испратено на 17 јуни 2011 од ЅвезданецУживам во секоја од колумните на Ѕвездан. Тој е еден од ретките новинари кои на еден сатирично-циничен начин не само што ги исмејува негативните појави во нашето општество, туку и точно ги детектира главните проблеми што не’ мачат. Што можам повеќе да кажам? Само напред, Ѕвездане!
Инаку, на протестите
Испратено на 17 јуни 2011 од ЅвезданецИнаку, на протестите забележав и постари лица кои доброволно учествуваа без да се плашат дека ќе му дадат некаква политичка заднина на настанот. Всушност, оние што сакаат да го направат тоа се добро познатите провладини пропагандисти: Вечер, Сител, делумно Канал 5. Нивните новинари се олицетворение на сето она што е срамно во една таква професија, или со други зборови - платеници и продадени души.
Толку од мене. Поздрав до сите што не се плашат да ја бараат вистината.
Така е Sвезданец! Малку офф
Испратено на 18 јуни 2011 од JanaТака е Sвезданец! Малку офф топик!
Вечер, Сител и Канал 5 се олицетворение на злото.
Ѓавол од најтемните зандани на Мордор!
Државен непријател бр. 1.
Телевизии на кои се што ќе се објави е сомнително затоа што не е во согласност со политиките на опозицијата и затоа што се третираат и вести кои не се објавуваат на А1.
А тоа е адско зло.
Телевизии на кои меѓуостанатите се рекламира и власта.
И тоа е адско зло.
Телевизии на кои не дај боже може да им се испуштат пар добри реченици за власта.
И тоа е адско зло.
Новинарите на овие телевизии се дното на новинарството и новинарската етика.
Но, мислите заради тоа што не се плаќани од „невладини организации“ кај кои треба да ја учат новинарската етика и каде што треба да добиваат инструкции за тоа како треба да се биде политички морален и подобен или само затоа што не работат во А1?
Не, не е поради тоа.
Единствено А1 е независна телевизија чии новинари се секогаш на врвот на новинарската етика и не се платеници и продадени души. Тие работат и без пари само затоа што сакаат вистината да ја извадат на виделина. Тие работат само за своите идеали.
Единствено А1 е ТВ на која се што ќе се објави треба безрезервно да поверуваме и проголтаме затоа што само А1 секогаш ја бара вистината па дури и кога ја измислува за да бидат задоволни оние пуритански трагачи на вистината.
Единствено А1 е тотално независна и покрај тоа што нејзиниот газда е политички рекетар и инволвиран во политиката па дури и една опозициска партија и ги плаќа заостанатите сметки и бесплатно се рекламира на неа.
Единствено А1 се грижи за нашите соседи Грци да не се вознемират и да не ги провоцираме со некој наш идиотски потег.
Единствено А1 се грижи за тоа во Брисел преку своите известувачи да ги пренесе сите тие работи што оваа власт пропуштила да ги направи, но и тие што ги направила а не смеела да ги направи.
Единствено А1 е демократска телевизија затоа што кога ќе ви направи анкета на улица истата ја објавува без цензура без разлика дали се согласува со кажаното.
Единствено А1 плаќа даноци и придонеси за своите новинари. Вечер, Канал 5 и Сител не го прават тоа.
Единствено во А1 не се печат смоки и не се пакува сомнителна храна.
Во Вечер, Канал 5 и Сител е сконцетрирана целата нелегална прехрамбена индустрија во МК
А1 не е проопозициски пропагандист и не е телевизија која е портпарол на една опозициска партија.
А1 не е спин машина која ги извртува фактите во своја корист.
А1 е Мека за трагачите на вистината.
А1 секогаш го кажува тоа што сакаме да го слушнеме па дури и кога е лага.
Да живее А1!
„Кога студентите беа тепани
Испратено на 17 јуни 2011 од добро прашање„Кога студентите беа тепани на плоштадот „Македонија“ во Скопје, тогаш истата министерка повлече некакви пријави против тепаните, зашто организаторот на протестот морал да обезбеди редари и да го чува редот и мирот. Кој требаше да ја обезбеди прославата на ВМРО-ДПМНЕ? Кој одговара зошто се дозволило да се случи убиство?“
Pred malku go procitav Vasil
Испратено на 17 јуни 2011 од RedovenPred malku go procitav Vasil Mickovski, a sega i Zvezdan - i se vooduseviv od dvajcata. Pa se prasav, kako se sluci nivniot vesnik da propadne? Odgovorot e verojatno deka malkumina kupuvaat vesnik bez cicki i gazovi, ama so mnogu mozok. Da e ziv i zdrav internetot, barem tamu kje mozeme da gi sledime i da gi poddrzuvame. Bravo.