Студент прочитал цел текст пред да испрати коментар

16.06.2011 14:40
Студент прочитал цел текст пред да испрати коментар

Битола, 15 јуни, (Окно) – Менде Трајчевски (28), студент од Битола, кој во последните 5 години дневно во просек испраќал 20 до 30 коментари на текстови од разни сајтови, денес првпат во животот прочитал цел текст пред да го коментира.

– Досега имав обичај само да го прочитам насловот, понекогаш и првата реченица. Доколку насловот ептен многу ме попалеше, ќе ја прочитав и втората реченица, а потоа ќе го испратев коментарот – вели Менде. – Најчесто се случуваше само да го прочитам насловот и веднаш да скролувам до коментарите, каде што почнував да се карам со купот неписмени и лошо информирани коментатори – признава Менде, кој рече дека за овој експеримент се одлучил зашто во претходните месеци сè почесто добивал критики дека неговите коментари немаат ама баш никаква врска со содржината на текстот.

– Верував дека коментаторите само сакаат да ме испровоцираат, но денес сепак решив да го прочитам целиот текст. Чудно е тоа чувство, дури малку и ме плаши, зашто имам впечаток дека во многу голема мерка ја ограничува креативноста при испраќањето коментари. По првиот, прочитав и неколку други вести, и сфатив дека 4 од 5 коментари кои би ги испратил врз основа на насловот и првата реченица, не се на место ако се посвети внимание на целиот текст – рече Менде и напомена дека ова најверојатно нема да го практикува во иднина, зашто би можело да му го уништи целото уживање во плукањето на авторите на текстовите и другите коментатори.

Текстот е адаптација на текст од njuz.net

ОкоБоли главаВицФото