1021 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 16:01
Власта, во обидот да ја заштити својата позиција на неодговорност и недопирливост и во намерата да го одржи системот во кој законите не важат за одреден круг луѓе и во кој непочитувањето на законите не се санкционира, примени и применува неколку стратегии:
1. Врши замена на теза, односно, протестите насочени кон глобални промени на делувањето на полицијата, специјалните единици и посебно воспоставувањето на систем на контрола и одговорност, ги претставува како протести поврзани единствено со смртта на момчето Мартин. Секоја повреда на човековите права е индивидуална (насочена е кон индивидуаи кои се појавуваат како жртви). Собрани на едно купче, многуте индивидуални повреди укажуваат на проблеми на системот, организацијата и нормативата. За да се разрешат индивидуалните случаи треба да се разрешат проблемите на системот, организацијата и нормативата.
2. Ги дискредитира протестите со тоа што ги прогласува за политички диригирани и партиски инструментализирани. На овој начин власта се обидува да ја пресече нитката на нужна и природна солидарност која се воспоставува меѓу граѓаните кои протестираат, граѓаните организирани во здруженија на граѓани и опозиционите политички партии кои имаат посебна улога во демократското општество да ја контролираат власта и да укажуваат на грешките и проблемите кои треба да се поправат. Во обидот да ги изолираат младите кои се организираат во протестите од сите можни природни сојузници, власта премолчува дека самата таа е конгломерат од организирани структури и институции кои градат заеднички фронт на заштита на сопствената позиција. Прво, ВМРО-ДПМНЕ не е издвоена партија туку е дел од коалиција составена од повеќе партии кои ѝ даваат поддршка. Второ, МВР не е изолирана институција, туку е дел од целокупната структура на власта која ѝ дава поддршка. Трето, во игра се повеќе невладини организации, социјални мрежи и медиуми кои се блиски на власта и кои секојдневно настапуваат со отворена поддршка на нејзините ставови и позиции. Тоа значи дека: власта може да формира мрежи, сојузи и структури на солидарност, а граѓаните треба да настапуваат изолирано и во групи на индивидуален интерес. Наспроти ова, вистинската демократија која ја препознава моќта на државата, подразбира многу широко поврзување на различните делови на пошироката заедница со цел давање гласност на индивидуата наспроти моќниот апарат на државата.
3. Лаже и дезинформира. Го користи незнаењето на пошироките кругови граѓани во однос на специфичната материја која е поврзана со дејствувањето, организацијата и одговорноста на МВР и шири дезинформации и отворени лаги. Концентрат на дезинформации и лаги претставува одговорот даден на барањата на младите кои протестираат објавен на официјалната страна на МВР.
Во прилог давам анализа на барањата и одговорите на МВР:
1. Барање - Целосно почитување на универзалните човекови права од страна на сите институции на системот.
Одговор: Од страна на Министерството целосно се почитуваат човековите права и слободи. Впрочем, ова беше еден од условите за визната либерализација по кој Република Македонија беше високо оценета. МВР секојдневно работи и се залага за нивно унапредување, а како признание на сите активности кои ги презема Министерството дојде и поканата за предлагање на член во Поткомитетот за превенција од тортура и друг вид сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување на Обединетите Нации, со мандат од 4 години.
НИКОЈ ВО НИТУ ЕДНА ДРЖАВА НЕ МОЖЕ ДА ТВРДИ ДЕКА ЦЕЛОСНО СЕ ПОЧИТУВААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ. ВАКВОТО ТВРДЕЊЕ Е ЕДНОСТАВНО БЕСМИСЛЕНО. ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НЕМА ВРСКА СО ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРАВАТА И СЛОБОДИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ. ЧЛЕНОВИТЕ ВО КОМИТЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТОРТУРА СЕ ПРЕДЛАГААТ И ИЗБИРААТ ОД ДРЖАВИТЕ (НЕ ПОСТОИ ТАКВО НЕШТО КАКО ПОКАНА ЗА ЧЛЕНСТВО И ЧЛЕНСТВОТО НЕ Е НАГРАДА НИТУ ПОКАЗАТЕЛ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВАТА И СЛОБОДИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ВО КОНКРЕТНАТА ДРЖАВА). ЧЛЕНОТ НА ОВОЈ КОМИТЕТ Е ВО ИНДИВИДУАЛНО (ЕКСПЕРТСКО СВОЈСТВО. МОМЕНТАЛНИ ЧЛЕНОВИ МЕЃУ ДРУГИТЕ СЕ ОД КИНА, СЕНЕГАЛ ЕКВАДОР, МАРОКО – ДРЖАВИ КОИ НИКАКО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВБРОЈАТ МЕЃУ ВОДЕЧКИТЕ ВО ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА.
2. Барање - Одговорност и целосно расветлување на случајот каде крвнички беше претепан 22-годишниот Мартин Нешкоски од Скопје, со доставување на комплетната доказна документација до судските органи;
Одговор: Одговорноста во однос на убиството кое се случи на Плоштадот „Македонија“ е веќе лоцирана и до надлежното Јавно Обвинителство, на 08.06.2011 година, беше процесуирана целокупната документација од преземените мерки и активности во форма на кривична пријава, а подоцна и во форма на посебни извештаи. Пријавата беше прифатена и проследена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје како барање за отварање на истрага.
НЕ Е НАПРАВЕНА ЦЕЛОСНА ИСТРАГА НА СЛУЧАЈОТ ВО ОДНОС НА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ ОД МВР (ПРИСУТНИ НА НАСТАНОТ, ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ПРИЕМ НА ПРИЈАВИ, ПО КОМАНДНО-ВЕРТИКАЛНА ОДГОВОРНОСТ, ПРОЦЕДУРАЛНО ИНВОЛВИРАНИ, ЛЕКАРИ). ИЗОЛИРАЊЕТО НА ЕДЕН ОСОМНИЧЕН БЕЗ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБЕМНА И ЦЕЛОСНА ИСТРАГА Е ЕДЕН ОД НАЧИНИТЕ НА ПРИКРИВАЊЕ НА ДЕЛАТА НА ТОРТУРА. ВО ВАКОВ СЛУЧАЈ, ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ТРЕБА ДА ИНИЦИРА СОПСТВЕНА ИСТРАГА ВО КОЈА ЌЕ БИДЕ ОПФАТЕН И ПРОБЛЕМОТ НА НЕФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ОРГАНИТЕ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ТОА ВО МВР.
3. Барање - Правда, утврдување на кривичната одговорност и санкција за сторителот на свирепото убиство на 22-годишниот Мартин Нешкоски од Скопје;
Одговор: Осомничениот за кривично дело „Убиство“ по чл.123 од КЗ на РМ, на 07.06.2011 година, ден по настанот кој се случи во утринските часови на 06.06.2011 година, беше идентификуван, обезбеден и со него беше извршен разговор во службените простории на СВР Скопје. Истиот веќе следниот ден, на 08.06.2011 година, беше изведен пред надлежен Истражен судија од чија страна му беше изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена. Изрекувањето санкција за осомничениот е во исклучителна надлежност на судот кој треба да одлучи во фер и непристрасна постапка
ПРВИЧНИОТ ОБИД ЗА ПРИКРИВАЊЕ НА КРИМИНАЛНИОТ АКТ, НЕСООДВЕТНОТО СОБИРАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИТЕ И НЕМАТЕРИЈАЛНИ ДОКАЗИ И ОТСУСТВОТО НА ПРОШИРЕНА ИСТРАГА УКАЖУВААТ НА МОЖНОСТА ЗА НЕСООДВЕТНА ИСТРАГА И НАТАМОШНО ПРИКРИВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ РЕЛЕВАНТНИ ЗА СЛУЧАЈОТ. ОТСУСТВОТО НА ВНАТРЕШНАТА КОНТРОЛА ОД ПОНАТАМОШНОТО ПРОЦЕСИРАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ ВО НЕГОВАТА СЕВКУПНОСТ (А НЕ САМО ПОВРЗАНО СО ДИРЕКТНИОТ ОСОМНИЧЕН) ИНДИЦИРА НАМЕРА ЗА ОДРЕКУВАЊЕ ИЛИ МИНИМИЗИРАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА НА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ ПА И НА САМИОТ ГЛАВНО-ОСОМНИЧЕН.
4. Барање - Правда, утврдување на кривична одговорност и санкција за сите одговорни лица кои со неодговорно вршење на јавна функција и пропусти во вршењето на функцијата, со неспречување на казнивото дело и со груб обид за прикривање на настанот, доведоа до загрозување на безбедноста на граѓаните, загрозување на почитувањето на основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Македонија, законите и ратификуваните меѓународни конвенции и договори.
Одговор: Утврдувањето на кривична одговорност и санкции за сите одговорни лица е исто така постапка во која одлучува судот врз база на добиените докази и сознанија од истрагата.
НЕТОЧНО. ПОСТОЈАТ РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ И НИВОА НА ОДГОВОРНОСТ. МОЖЕ ДА СТАНЕ ЗБОР ЗА: А) ОДГОВОРНОСТ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ПОВРЗАНО СО ИЗБОРИТЕ (ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА МИТИНГ НА ПОБЕДНИКОТ, ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УЛИЦИ ВО ВРЕМЕ НА ИЗБОРЕН ПРОЦЕС, РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА НА ПЛОШТАДОТ И СЛ.) Б) ОДГОВОРНОСТ НА ТОЈ КОЈ ДАЛ УСМЕНА НАРЕДБА ДА БИДАТ УПОТРЕБЕНИ ПРИПАДНИЦИ НА СПЕЦИЈАЛНИТЕ ЕДИНИЦИ ВО ПРОЦЕС НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НАСТАН. В) ОДГОВОРНОСТ ЗА ОТСУСТВО НА ПИСМЕНА НАРЕДБА (ВО РОК ОД 24 ЧАСА ОД ДАВАЊЕТО НА УСНА НАРЕДБА) Г) ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕПРИЈАВУВАЊЕ НА СЛУЧАЈ НА НАСИЛНА СМРТ Д) ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОПУСТ ВО ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ОПАСЕН КАДАР ВО ПОЛИЦИЈАТА СО ПСИХОЛОШКИ ПРЕЧКИ Ѓ) ОДГОВОРНОСТ ЗА ДАВАЊЕ ИНФОРМАЦИИ КОИ НЕ СЕ ПРОВЕРЕНИ И ЗАЛАЖУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА Е) ОДГОВОРНОСТ ЗА ОДДАВАЊЕ НА ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ДОСИЕ ВО ПОЛИЦИЈАТА… ОДБИВАЊЕТО ДА СЕ ИСТРАЖАТ СИТЕ ОВИЕ ОДГОВОРНОСТИ ЈАСНО ПОКАЖУВА ДЕКА МВР НЕ ФУНКЦИОНИРА КАКО ИНСТИТУЦИЈА И НЕЈЗИНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ Е ОПАСНО ЗА ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ.
5. Барање - Поднесување на кривична пријава од страна на надлежните органи на прогон за прикривање на кривично дело (убиство), сè со цел откривање на сите учесници во кривично правниот настан.
Одговор: Кривична пријава се поднесува врз база на основани сомненија за сторено кривично дело. Во конкретниот случај, по спроведените предистражни дејствија, беше идентификуван осомничениот и против истиот беа иницирани мерки на кривичен прогон. Во натамошната постапка, доколку надлежниот Истражен судија одлучи да ја прошири истрагата и за прикривање на кривично дело, преземајќи мерки на кривичен прогон против други лица кои биле присутни, го виделе настанот, а не го пријавиле, МВР целосно му стои на располагање за да постапи по сите наредби.
ПОГРЕШНО. МВР ТРЕБА ДА СПРОВЕДЕ НАТАМОШНА ИСТРАГА ЗА ВНАТРЕШНИТЕ ПРОПУСТИ ВО ПРОЦЕДУРАТА И ДОКОЛКУ СЕ ПОЈАВАТ ДОВОЛНО ЕЛЕМЕНТИ ДА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ И ПРОТИВ ДРУГИ ЛИЦА. ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ИСТО ТАКА ТРЕБА ДА ПРЕВЗЕМЕ СОПСТВЕНА ИСТРАГА СО ЦЕЛ ЛОЦИРАЊЕ НА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ ВО КРИВИЧНОТО ДЕЈСТВИЕ.
6. Барање - Замена на секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР со Независен систем на контрола на работата на МВР (по препорака на сите извештаи кои упатуваат на формирање независна цивилно тело за контрола).
Одговор: Во моментов во соработка со своите меѓународни партнери, МВР спроведува реформи со кои ќе се зголеми персоналниот и техничкиот капацитет на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Покрај тоа, беа преземени и низа мерки за зацврстување на неговата независност во насока на поголема ефикасност во постапувањето. Од друга страна, МВР продолжува блиску да соработува со Народниот Правобранител и Собранието како надворешни институции овластени да вршат надзор врз работењето на министерството. СВКПС исто така е отворен за соработка и со невладините организации, а согласно хиерархиската поставеност Јавниот Обвинител во секој момент може да иницира постапка за кој било случај или кој било полициски службеник. Барањето на замена на СВКПС со „Независен систем на контрола“ е легитимно и впрочем беше дел од програмата на СДСМ. Не може да исклучиме дека опозицијата истото ќе го покрене во Собранието и мнозинството пратеници ќе се произнесат по него согласно мандатот кој им го имаат доверено граѓаните.
БАРАЊЕТО ЗА ПОСТОЕЊЕ НА НЕЗАВИСЕН СИСТЕМ НА КОНТРОЛА ПРОМОВИРАНО ОД СТРАНА НА ЦИВИЛНИОТ СЕКТОР БЕШЕ ПОДДРЖАНО ОД СТРАНА НА ВМРО-ДПМНЕ КОГА БЕШЕ ВО ОПОЗИЦИЈА. ОДБИВАЊЕТО ДА ЈА РАЗГЛЕДА МОЖНОСТА ВО СВЕТЛОТО НА КОНТИНУИРАНИТЕ И КУМУЛИРАНИ ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО НЕКАЗНИВОСТА ВО ПОЛИЦИЈАТА ВО МОМЕНТОТ КОГА Е НА ВЛАСТ ЗНАЧИ ДЕКА И ТОГАШНАТА ПОДДРШКА БИЛА ЕДИНСТВЕНО ВО ФУНКЦИЈА НА ДОБИВАЊЕ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ. ОДГОВОРОТ УКАЖУВА НА ОТСУСТВО НА ПОЛИТИЧКА СВЕСТ ЗА ПРОБЛЕМОТ И ОТСУСТВО НА ПОЛИТИЧКА ПОДГОТВЕНОСТ ОВОЈ ПРОБЛЕМ ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН.
7. Барање - Преиспитување на сите законски и подзаконски акти од областа на внатрешните работи и нивната примена во врска со формирањето, функционирањето, третманот и намената на единиците на полицијата и истите да претрпат измени и дополненија заради воведување на строги критериуми за вработување, редовни стандардизирани психолошки тестови и проверки, строго дефинирање на начинот на управување, надзор, намената на полициските единици и строго дефинирање на потребите заради кои припадници на специјални полициски единици ќе бидат повикувани на службена должност.
Одговор: Законските и подзаконските акти од областа на внатрешните работи се веќе донесени и истите беа поздравени од страна на Европската комисија. МВР и натаму продолжува да работи на хармонизирањето на домашното со европското законодавство. Доколку немате информација, осомничениот е вработен во Министерството пред десетина години. Оттогаш во голема мера се изменети условите за прием и напредување во специјалните единици, а критериумите се поставени на повисоко ниво.
СПЕЦИЈАЛНИТЕ ЕДИНИЦИ СЕ ФОРМИРААТ СО ИНТЕРНИ АКТИ КОИ НЕ СЕ ДОСТАПНИ ЗА КОНТРОЛА НИТУ НА ПОСТОЕЧКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ (СОБРАНИЕ И НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ). НЕ СЕ ЗНАЕ КАКОВ ВИД ОРГАНИЗАЦИЈА ИМААТ, КОЈА Е НИВНАТА НАДЛЕЖНОСТ, КОЈ И ЗА ШТО МОЖЕ ДА ГИ АНГАЖИРА, КАКВА ОБУКА ИМААТ, ДАЛИ СЕ ВРШАТ РЕДОВНИ ПРОВЕРКИ НА ПСИХИЧКАТА СПРЕМНОСТ И СЛ. ВООПШТО НЕ Е ОДГОВОРЕНО НА ПРАШАЊЕТО ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НИЗ ПРИЗМАТА НА НЕЈЗИНОТО ПРАКТИКУВАЊЕ. ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА СЕ ДОНЕСЕНИ СООДВЕТНИ ЗАКОНИ И ДЕКА ТИЕ СЕ ПРИМЕНУВААТ, ТРЕБА ДА ИМА АНАЛИЗИ, ПОДАТОЦИ И ИЗВЕДЕНИ ЗАКЛУЧОЦИ ЗА ПОСТОЕЧКАТА СОСТОЈБА. ОТСУСТВОТО НА ЕЛЕМЕНТАРНИ ЗАКОНСКИ ПРЕДВИДЕНИ ПРОЦЕДУРИ НА “ДЕТОКСИКАЦИЈА“ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ И ПОСЕБНО ПРИПАДНИЦИТЕ НА ОВИЕ ЕДИНИЦИ ПОСЛЕ СЕКОЈА АКЦИЈА ВО КОЈА СЕ ПРИМЕНУВА СИЛА И ПОСЕБНО КОГА ИМА ПОВРЕДЕНИ И УБИЕНИ ИНДИЦИРА И НОРМАТИВНИ И ОРГАНИЗАЦИОНИ ПРОБЛЕМИ.
8. Барање - Забрана за вработување на лица во МВР кои имаат криминално досие и се одговорни за дела од сферата на насилниот криминал.
Одговор: Забраната за вработување на лица во МВР кои имаат криминално досие беше предвидена во законите поврзани со оваа проблематика, но истата наиде на осуда од страна на експерти за човекови права и беше оценета како противуставна и дискриминаторска со образложение дека секој по издржување на пропишаната казна е еднаков со останатите граѓани.
НЕТОЧНО. СЕ БАРАШЕ ПРЕЦИЗИРАЊЕ НА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА И НИВНО ПОСТАВУВАЊЕ ВО КОНТЕКСТОТ НА РАБОТНОТО МЕСТО НА ИСТ НАЧИН КАКО ШТО СЕ БАРА НА ПРИМЕР, ПЕДОФИЛ ДА НЕ РАБОТИ НА РАБОТНО МЕСТО КОЕ ПОДРАЗБИРА КОНТАКТ СО ДЕЦА.
9. Барање - Зголемена контрола над работата Министерството за внатрешни работи преку задолжително правно регулирање на начинот на објавување на годишниот јавен извештај на МВР односно формирање на правно тело која ќе се грижи за отворено учество на заинтересираните граѓани (одлуката за присуство е на ниво на индивидуа или граѓанска организација, а не по принцип на селективност на државните органи) односно регулирање на редовно издавање на месечни јавни извештаи и термин за односи со јавност на која ќе мора да се даде одговор на сите прашања поставени од заинтересираните страни.
Одговор: МВР редовно ги доставува своите извештаи до Собранието на РМ и нема против во соодветна процедура, истото да одлучи кој може да присуствува при разгледување на истите. Секторот за односи со јавност и слободен пристап до информации веќе соработува со сите заинтересирани страни и согласно законските обврски одговара на сите поставени прашања.
НЕ Е ОДГОВОРЕНО НА БАРАЊЕТО ПРАВНО ДА СЕ РЕГУЛИРА НА НИВО НА ОБВРСКА ИНФОРМИРАЊЕТО И ДА СЕ ОДРЕДИ ПРОЦЕДУРА НА ПРИСУСТВО И ПОСТАВУВАЊЕ ПРАШАЊА КОЈА ЌЕ ГО ОНЕВОЗМОЖИ САМОВОЛНИОТ И СЕЛЕКТИВЕН ПРИСТАП.
10. Барање - Заострена казнена политика во КЗ за кривични дела сторени од страна на вработените во МВР без разлика дали се или не се сторени на службена должност.
Одговор: МВР нема ништо против заострена казнена политика кон сите сторители, вклучувајќи ги и вработените во Министерството. Сепак измените во КЗ се ингеренција на Министерството за Правда и правниците треба да проценат дали ваквото решение е уставно издржано.
ПОЛИТИЧКАТА ВОЛЈА ЗА ПРОМЕНИ ВО ОВАА НАСОКА ТРЕБА ДА СЕ ИЗРАЗИ И ОД СТРАНА НА МВР. РАЗВОДНУВАЊЕТО НА БАРАЊЕТО СО ИЗЈАВАТА ДЕКА МВР Е ЗА ЗАОСТРЕНА КАЗНЕНА ПОЛИТИКА СПРЕМА СИТЕ, ПОКАЖУВА ОТСУСТВО НА СПРЕМНОСТ ДА СЕ АДРЕСИРААТ СПЕЦИФИЧНИТЕ ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО НЕКАЗНИВОСТА НА ПОЛИЦИЈАТА И ОТЕЖНАТИТЕ УСЛОВИ НА ДОКАЖУВАЊЕ НА ВИНАТА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ КОИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА СО ТЕШКИ ТЕЛСНИ ПОСЛЕДИЦИ ИЛИ СМРТ НА ЖРТВИТЕ. ОВА ПОКАЖУВА И НЕСПРЕМНОСТ ДА СЕ ПОСТАПИ СОГЛАСНО ОДРЕДБИТЕ НА КОНВЕНЦИЈАТА ПРОТИВ ТОРТУРАТА И КОНТИНУИРАНИТЕ ЗАБЕЛЕШКИ ДАДЕНИ ОД СТРАНА НА КОМИТЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТОРТУРА НА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА (КОЈ МАКЕДОНИЈА ЈА ПОСЕТУВА МНОГУ ПОЧЕСТО ОТКОЛКУ ТОА ШТО ГО БАРА СТАНДАРДНАТА ПРОЦЕДУРА).
11. Барање - Оставка на сите директно одговорни лица во МВР, заради нехумано и неодговорно вршење на функцијата, а особено на министерката за внатрешни работи г-ѓата Гордана Јанкуловска и Помошникот министер за Односи со јавноста при МВР, г-динот Иво Котевски, а во рок од 7 (седум) дена по доставување на ова барање.
Одговор: Прејудицирањето вина и одговорност, непочитувањето на надлежните институции и процедури е постапка која што се коси со сите демократски правила и постапки. За политички барања постојат соодветни процедури во демократски избраните институции, кои впрочем изминативе години во неколку наврати ги користеше СДСМ. МВР јасно го соопшти својот став по случајот дека станува збор за трагичен настан кој не е политички и истиот не треба да се злоупотребува во политички цели. Одговорноста за настанот е индивидуална и обврска на министерството беше истата да ја утврди, лоцира и да покрене соодветна постапка, што досега е сторено.
ПОЛИТИЧКАТА ВИНА НЕ СЕ ДОКАЖУВА ВО СУДСКА ПРОЦЕДУРА ЗА ДА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЗБОР ЗА ПРЕЈУДИЦИРАЊЕ НА ВИНА. ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ПОВИКААТ НА ОДГОВОРНОСТ ЗАТОА ШТО СУВЕРЕНИТЕТОТ ПРОИЗЛЕГУВА ОД ГРАЃАНИТЕ И ИМ ПРИПАЃА НА ГРАЃАНИТЕ. СЕКОЈ ОБИД ДА СЕ ОГРАНИЧИ СУВЕРЕНИТЕТОТ НА ГРАЃАНИТЕ ПРЕТСТАВУВА АКТ НА КРШЕЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И АКТ НА УРИВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК. ТЕМЕЛНА ВРЕДНОСТ НА УСТАВОТ СЕ ОСНОВНИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ. ОСНОВНО ПРАВО И СЛОБОДА НА ГРАЃАНИТЕ Е ДА ГО ИСКАЖУВААТ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ (ВО УСТАВОТ Е ГАРАНТИРАНА СЛОБОДАТА НА ЈАВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА МИСЛАТА). ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ОВА ПРАВО ЈА ПРАВИ ВЛАСТА НЕДЕМОКРАТСКА И НЕУСТАВНА. НА ГРАЃАНИТЕ ИМ СЕ ГАРАНТИРА СЛОБОДАТА НА ЗДРУЖУВАЊЕ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ УВЕРУВАЊА. БИЛО КОЕ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОВА ПРАВО Е ПРОТИВУСТАВНО И НАСОЧЕНО КОН УРИВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК. ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ПРАВО МИРНО ДА СЕ СОБИРААТ И ДА ГО ИСКАЖУВААТ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ. БИЛО КОЕ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОВА ПРАВО Е ПРОТИВУСТАВНО И НАСОЧЕНО КОН УРИВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК. СЕКОЈ ГРАЃАНИН ИМА ПРАВО ДА УЧЕСТВУВА ВО ВРШЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ФУНКЦИИ. БИЛО КОЕ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОВА ПРАВО Е ПРОТИВУСТАВНО И НАСОЧЕНО КОН УРИВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК. ГРАЃАНИНОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОВИКАН НА ОДГОВОРНОСТ НИТУ ДА ТРПИ ШТЕТНИ ПОСЛЕДИЦИ ЗАРАДИ ПРЕТСТАВКИ ПОДНЕСЕНИ ДО ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ. БИЛО КОЕ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОВА ПРАВО Е ПРОТИВУСТАВНО И НАСОЧЕНО КОН УРИВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК.
НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ТРАГИЧЕН НАСТАН ТУКУ ЗА ПОВРЕДА НА ПРАВОТО НА ЖИВОТ ГАРАНТИРАНО СО УСТАВОТ ОД СТРАНА НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК. ОДГОВОРНОСТА ЗА ВАКОВ ВИД НА ПОВРЕДА Е И ИНДИВИДУАЛНА (НА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ) И ИНСТИТУЦИОНАЛНА (НА СИТЕ СТРУКТУРИ НА ДРЖАВАТА КОИ ГО ОВОЗМОЖИЛЕ, НЕ ГО ОТКРИЛЕ, НЕСООДВЕТНО ГО ПРОЦЕСИРАЛЕ, СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО ЗАТСКРИЈАТ И ОДБИВААТ ДА НАПРАВАТ ПРОМЕНИ СО ЦЕЛ ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДРУГИ СЛУЧНИ СЛУЧАИ).
Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста. ДУРИ И ВО ВОЕНА СОСТОЈБА.
Извор: kvadraturanakrugot.crnaovca.mk
Слики: Thomas Allen
Shto vreskash so golemi
Испратено на 17 јуни 2011 од ak47Shto vreskash so golemi bukvi? Celiot tekst e potpolna zamena na tezi. Oni i davaat konkretni odgovori, ovaa vreska kako ne i izrazile dovolno politichka volja za nejzin vkus (ko da e MVR politichka partija shto treba da "izrazuva volja"), i kako kako nikoj ne smee da i go ogranichi pravoti na javno izrazuvanje (povtorno, ko da nekoj neshto i ogranichil). Bre, shto ti e NVO reketar.
Da go citiram Upton Sinclair, mnogu e teshko da im objasnish neshto na lugjeto koga se plateni da ne go razberat.
Уф колку долго време го немав
Испратено на 18 јуни 2011 од JanaУф колку долго време го немав чуено Синклер.
„Многу е тешко да му објасниш нешто на човека кога е платен да не го разбере тоа.“
Браво.
a uste potesko e da objasnis
Испратено на 21 јуни 2011 од kocha uste potesko e da objasnis na ogranicen covek kako tebe deka vistinita ne e vo partiskiot bezobrazno ispran mozok,a ocigledno tvojot e takov,sto uste treba da se sluci za da go trgnete prevezot od ocite?! inaku sekoja cest za G-ga Najchevska,odlicen i MNOGU VISTINIT tekst
Ti prijatelju bolje ne go
Испратено на 17 јуни 2011 од Predrag TerzioskiTi prijatelju bolje ne go citaj Upton Siclair moze da zastranis.Posle so praime.
A ako може овој неплатениов
Испратено на 17 јуни 2011 од RoxxA ako може овој неплатениов што го чита Санклар синклар да даде коментар да посочи што во горниот текст не е точно? што е неточно. што е неправилно и како би требало да биде. ??? за тие работи шо вика санклар а:?
Za zhal, Sinclair ne pishuval
Испратено на 18 јуни 2011 од ak47Za zhal, Sinclair ne pishuval za lovenje veshterki, shto e tochno ona shto se sluchuva po ulicite na Skopje, i po mediumite ko Okno.
8. Барање - Забрана за
Испратено на 18 јуни 2011 од Dame16128. Барање - Забрана за вработување на лица во МВР кои имаат криминално досие и се одговорни за дела од сферата на насилниот криминал .
.... мислам дека Госпожа Најчевска со ноќи нема спиено кога демилитаризираниот УЧК доби право на 25% на работни места во МВР според ранковен договор ... фала богу што интернетов е двонасочна комуникација , па можеш експлицитно да им објасниш дека некако наеднаш добиваат напади на склероза па забораваат дека полицијата има 25% УЧКи ...
Ама нее, не не. НЕ НЕ НЕ! Не!
Испратено на 22 јуни 2011 од 42Ама нее, не не. НЕ НЕ НЕ! Не! УЧК беа граѓани на РМ и борци за слобода и поголеми човекови права. Прашај ја Најчевска ќе ти објасни зошто спиела. Или се радувал. Просто да... земеш и да... напраиш pretty patterns on the wall.
mirjana najcevska moze da go
Испратено на 19 јуни 2011 од zzzzzmirjana najcevska moze da go zaspie chuck norris so svoj tekst.
Црвените букви многу тешко се
Испратено на 19 јуни 2011 од JanaЦрвените букви многу тешко се читаат.
Ако може да се препостира текстов со црн болдиран фонт.
Фала.