Жените ѝ даваат предност на љубовта пред парите

22.06.2011 12:31
Жените ѝ даваат предност на љубовте пред парите

Повеќето жени кога стапуваат во брак предност ѝ даваат на љубовта пред парите, но под услов идниот сопруг да е во работен однос, велат резултатите од едно неодамнешно истражување.

75% од жените изјавиле дека не би се омажиле за некој што не работи, а 65% тоа би го сториле со нелагодност доколку и самите би биле невработени. Над 91% од жените истакнувата дека попрво би се омажиле од љубов отколку за пари.

„Иронично е тоа што жените ѝ придаваат поголема важност на љубовта отколку на парите, а сепак не би се омажиле доколку тие или партнерот се невработени“, вели Меган Касерли од списанието Forbs women кое го спроведе истражувањето во соработка со интернет страницата JorTango.

„Она што исто така чуди е фактот дека 77% од испитаничките веруваат дека можат да имаат сè – исполнет однос со партнерот и семеен живот напоредно со успешна кариера“, додава Касерли.

Сепак, 63% од жените велат дека работат 40-59 часа неделно, а 62% од нив во работните денови минуваат само три часа во будна состојба со партнерот.

„Очигледно кариерата е на прво место за вработените жени“, наведува Касерли, додавајќи дека е прилично иронично тоа што голем број од жените веруваат дека можат да имаат сè.

Една третина од испитаничките изјавиле дека заработуваат повеќе од партнерот, а половина дека се подготвени за омажат за некој кој заработува значително помалку од нив. Сепак, 41% од нив никогаш не би се согласиле на тоа.

Нешто повеќе од половина од испитаничките кои учествувале во истражувањето рекле дека би се откажале од кариерата и би му се посветиле на семејството кога партнерот би го побарал тоа од нив, но само 28% истото би го побарале од партнерот.

Доколку би имале еден час слободно време вишок секој ден, 42% од жените изјавиле дека би го потрошиле на себе наместо на партнерот, пријателите, семејството или работата.

Извор: b92

ОкоБоли главаВицФото