Градот и фотографијата - Ежен Атже

22.06.2011 12:56
Градот и фотографијата - Ежен Атже

Три децении Ежен Атже бескомпромисно ја следел својата мисија – да го фотографира стариот Париз, градот кој полека исчезнува. Тој ги игнорирал новите градски симболи и новите урбанизирани раздвижени делови на Париз и секојдневно излегувал да ги документира улиците, фасадите, архитектонските детали, како и пејзажите на јавните градини и паркови низ градот, обележани од минувањето на времето, кои набрзо ќе исчезнат. Во текот на оваа негова систематска документација на Париз, од 1897 година, кога на старо купил големо форматна фотографска камера, сè до неговата смрт во 1927 година, Атже снимил и оставил зад себе повеќе од 10.000 фотографии.

Ежен Атже е роден 1857 година во близина на Бордо. По неуспешните обиди да успее како актер и сликар, на 40 години почнал да се занимава со фотографија. Снимал со (и за тоа време) застарена технологија – на стаклени плочи со димензија 18 x 24 см, користејќи долги експозиции, давајќи им специфичен изглед и атмосфера на фотографиите – празни улици, евентуално разлеани и заматени движења, состојба како во сон со чувство за простор и перспектива.

Иако релативно успешно ги продавал своите фотографии на сликари, архитекти, декоратери, како и на некои колекции на библиотеки и музеи, Атже не бил многу познат за време на својот живот, ниту пак сметан и прифатен како голем фотограф и уметник. Дури по неговата смрт, благодарение на Мен Реј, кој бил сосед на Атже, и на Бернис Ебот, која тогаш работела како асистент на Мен Реј, фотографиите на Ежен Атже добиваат статус на значајно остварување, достигнувајќи го нивото на вистинска уметност.

Фотографиите на Атже на кои се прикажани празни улици и места, Валтер Бенјамин ги споредува со „места на злосторство” и во нив согледува посебен облик на модернизам, за кој ни самиот Атже можеби не бил свесен додека ги правел. На тој начин Бенјамин, а и други теоретичари и историчари, го маргинализираат значењето на фотографиите на Атже како документ, а го потенцираат модерното искуство на градот што го пренесуваат, славејќи го Атже како зачетник на надреализмот.

За Атже, Бернис Ебот ќе напише: „Тој беше историчар урбанист, Балзак на камерата, од чии дела можеме да ја исткаеме големата таписерија на француската цивилизација”.

Браво за прилогов! Атже ми е

Браво за прилогов! Атже ми е еден од омилените фотографи. Што би се рекло на фејсбук, лајк :)

Доста лижеш, Иване. Намали

Доста лижеш, Иване. Намали малце. :)

И јас те сакам.

И јас те сакам.

ОкоБоли главаВицФото