Кога Галите тепаат

23.06.2011 10:02
Кога Галите тепаат

Едно сеопфатно истражување на група научници од европските медицински универзитети утврди дека стриповите за авантурите на Астерикс содржат дури 704 повреди на мозокот.

Поголемиот дел од таквите повреди ги добиле, погодувате, Римјаните, и тоа оние од машки пол, а кај половина од таквите повреди извршители биле Астерикс и неговиот верен пријател Обеликс. Истражувањето е објавено во „European magazine for neurosurgery“, а научниците се обиделе внимателно да ги избројат сите оштетувања на мозокот и да ги класифицираат според различни критериуми.

Според британски Guardian, за да ги идентификуваат трауматичните повреди на главата, истражувачите користеле знаци како што се виолетовите подочници (познати и како „очи на ракун“) или исплазен јазик на страна. Според степенот на сериозноста на повредите, утврдени се 390 случаи на тешки трауми, 89 умерени и 225 случаи на блага траума, но за среќа на Римјаните, ниедна од нив не е причина за смрт или трајно оштетување.

„Најдоло траеше повредата на главата на галскиот друид Гетафикс кој на неколку месеци целосно ја беше изгубил моќта за говор и ориентација. Во сите други случаи симптомите на потрес на мозокот главно исчезнуваа во рок од неколку минути“, пишуваат истражувачите.

Кога станува збор за родовата и нацоналната припадност, од 704-те жртви дури 698 се мажи, од кои 64% се Римјани. Меѓу останатите настрадани се и 120 Гали, 59 бандити и гусари, 20 Готи, 14 Нормани, 8 Викинзи, 5 Британци и 4 вонземјани. Од друга страна, непобедливите Гали се одговорни за најголемиот број вакви повреди (87,1%), од кои Астерикс и Обеликс ги нанеле повеќе од половината од нив. Римјаните се одговорни само за 32%, а останатите 1% ги предизвикал еден пират.

Исто така е утврдено дека за ваквата статистика, пред сè, е заслужна волшебната напивка на друидот Гетафикс на која ни римските шлемови не можат да пружат отпор. Всушност, споменатата напивка со имела, за која се смета дека дава натчовечка сила, е одговорна за најголем број од потешките облици на повреди на мозокот.

Интересно е тоа што целта на ова сеопфатно истражување не е наведена, па можеме само да заклучиме дека европските неврохирурзи смртно се досадуваат.

Извор: b92

ОкоБоли главаВицФото