Последната колумна

29.06.2011 11:23
Последната колумна

Како да се напише последната колумна за весник кој е осуден да го снема? Како да се напише колумна која ќе излезе во последниот број на ШПИЦ, во среда, 29 јуни 2011 година. Веќе наредниот ден, четврток, 30 јуни 2011 година, ќе биде запаметен по тоа дека ќе го снема не само ШПИЦ, туку и ВРЕМЕ и КОХА Е РЕ. На ова му претходеше исчезнувањето на печатеното издание на неделникот ГЛОБУС. Она што лебди во воздухот е неизвесноста дали ќе опстане телевизијата А1. Односно, дали ќе се најде откупувач на долговите? Неизвесна е и судбината на УТРИНСКИ ВЕСНИК. Не дека во Македонија и порано не згаснувале медиуми. Но никогаш досега мракот во медиумскиот простор не настапил толку наеднаш и никогаш досега не бил толку црн. Медиумите кои ќе занемат имаа заеднички именител. Тие имаа критички однос кон политиките на груевизмот. За волја на вистината, нивното демаскирање на популизмот на Груевски не почна едновремено. Некои од нив беа негови поддржувачи во 2006 година. Од денешна перспектива гледано, се чини дека точката на пресврт беше самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година. Една по една, почнаа да умираат илузиите дека Груевски ќе ги исполни ветувањата на „преродбата”. Странските инвестиciи не пристигнаа, портите на НАТО и ЕУ не се отворија, сиромаштијата и невработеноста не се намалија, корупцијата цутеше, слободите беа загушени, партизирањето на администрацијата и институциите достигна невидени размери, владеењето на правото беше прегазено. Антиквизацијата стана догма на владеачката партија поткрепена со милионите евра кои беа потрошени за споменици кои дојаваа на плоштадите.

На многумина им беше тешко да се соочат со сопствените заблуди за вистинските намери на Груевски. Имаа потреба да се лажат себеси дека тој сепак ќе испорача дел од ветувањата кои би биле во корист на мнозинството граѓани кои иднината на Македонија ја гледаат во ЕУ и НАТО. Имаше и има и такви кои не се лажеа себеси, но ги лажеа другите, граѓаните. Денес веќе не се важни нивните мотиви. Лажењето на самите себеси, еднакво како и лажењето на другите, му овозможи на Груевски да заграби премногу власт во 2008 и 2009 година. На изборите во јуни 2011 година, Груевски освои помалку гласови, но тоа не ја намали битно неговата моќ. Репресивниот апарат е негов. И државниот апарат е негов. Лојалноста на полицијата, судството и државното чиновништво кон Груевски е зголемена. Прегратката е засега нераскинлива. Пред изборите и по нив, Груевски ги злоупотреби толку што ги претвори во соучесници на кои им сега им е неопходна неговата заштита.

Еден по еден, Груевски ги згази бастионите на слободата и демократијата. Не му беше тешко да го направи тоа зашто сите се надеваа дека ќе преживеат доколку направат „мали” отстапки. Тие „мали” отстапки се претворија во големи концесии чии жртви беа слободите и правата. Правото да се биде член на друга партија освен на владеачката, правото да се има политички став спротивен на ставот на владеачката партија, правото да не се гласа за владеачката партија или, скраја да е, да се гласа за демонизираната опозиција. Груевистичка Македонија стана темен вилает, не помалку темен од оној во „Дервишот и смртта” на Селимовиќ. Еден ум, една партија, една телевизија, еден весник, се чини дека ова е идеалот кон кој цели Груевски.

Овој четврток ќе го снема Пецко. Некој иден четврток ќе го снема Јофе. Без нивниот хумор потешко ќе се живее во нашиот темен вилает. Еден по еден, исчезнуваат колумнистите кои не му аплаудираа на груевизмот. Некои новинари ќе добијат нови газди чии налози ќе ги извршуваат без приговор. Тие што нема да прифатат ќе останат на улица барем извесно време. Поимот солидарност не постои во атомизираното предмодерно македонско општество. Луѓето се оставени сами на себе, препуштени на милост и немилост на моќниците, осудени да метанисуваат и бакнуваат раце. Долговите им се претворија во грпки кои не даваат шанса грбниците да им се исправат. Бремето на секојдневието е толкаво што се чини дека да се мисли за иднината е излишно, бесмислено и болно. Погледот во „златното теле” на груевизмот не боли.

Не ми беше лесно да ги пишувам колумните за ШПИЦ. Не ми беше лесно ни кога добивав честитки за нив. Не ми беше лесно, зашто чувствував дека колумните, не само моите, понекогаш се само глас во пустината. Но обврската да се сподели јавно загриженоста од ничкосувањето на Македонија управувана од Груевски беше посилна од „гласот на разумот”, кој сугерираше да се помолчи и одмолчи, да се почека во заветрина, за да не биде човек изложен на лаги и клевети. Верувам дека тој „глас на разумот” ги измачувал и новинарите и другите колумнисти на ШПИЦ и на сите медиуми чија „врева” не им годи на ушите на груевистите. Но верувам и во тоа дека во молчењето не е спасот. И верувам во тоа дека замолчаната „врева” ќе се јави одново, на некое друго место, во друг медиум. Молкот не е природна состојба за оние кои одлучиле дека говорот им е вокација. Ќе бидам и натаму со нив, таму кај што ќе одлучат да ја продолжат битката за достоинството на новинарството.

Вчера Геро ми соопшти дека последниот ШПИЦ најверојатно ќе излезе во среда. Не бев изненаден, а сепак бев шокиран. Вчера во Прага, на примопредавањето на претседателствувањето со Декадата за инклузија на Ромите, се сретнаа Џорџ Сорос и Никола Груевски. Не бев изненаден, но многумина беа шокирани. Вчера во Кривичниот суд не се појави Латас. Требаше да приложи докази дека сум бил платен за моето учество во „Дијалозите за Македонија” и дека Фондацијата го финансирала СДСМ во 2006 година. Не бев изненаден, а не бев ни шокиран. Така е тоа во темниот вилает.

Илустрации: Adhika Rahmani

А за тие данок што не

А за тие данок што не плаќаат....што не напиша два-три реда.

Пријателе, ако не ти се

Пријателе, ако не ти се допаѓа, пресели се на пр. во соседна Грција....и автоматски стануваш дел од Европска Унија.

Господине Владимир Милчин,

Господине Владимир Милчин, вие бевте инсталирани и работевте да го бутнете Груевски од власт, ама вашата "способност" се виде на долг рок не само што не го бутнавте туку се дотепавте вие самите. Ништо немаше да направите, освен да ако продадевте се со се името може и ке влезевме и ке бевме запамтени низ историјата како најголеми вавилонски ороспии без авторитет и кредибилитет.
ме мрзи да пишувам стварно доста е од магарето кое на зајакот му кажа имаш големи уши
А баш ми е гајле за А1, ВРЕМЕ,Шпиц и онака имаа само глупости во нив, турска инвазија, промоција на касандриниот живот во матните 1001 ноќ.

Доста веќе дробите попара, повлечете се од сцена ја кочите државата со опструкциите на бранко и неговата тајфа, оставете го човекот нека го доработи мандатот на раат макар и крадел НИ Е ПРВ НИ Е ПОСЛЕДЕН, а и ти верувам дека ке ЛАПАШ на негово место.

Туго несреќна, свесна си за

Туго несреќна, свесна си за темницата која ќе настане по укинувањето на сите опозициони медиуми? Толку сте слепи, не гледате како ве прават будали? Толку сте безрбетници и исплашени, чекајќи да ви фрли Грујо и вас по една коска? Како можете за замижите пред газењето на човековото достоинство? Разбудете се, или молчете, жална е вашата зашеметеност.

Shto ima da se shokira chovek

Shto ima da se shokira chovek shto Gruevski se sretnal so Soros? Se nadevam deka mu pobaral ovoj da go smeni propagandistichkiot dzhgan shto mu ja vodi organizacijata vo MK, i se nadevam, vo ime na demokratijata, deka baranjeto kje bide ispolneto.

Тоа што Груевски се сретнал

Тоа што Груевски се сретнал со Сорос е само доказ повише дека вториот сфатил дека ќе мора да прави дилови со други луѓе, зашто оние во кои се колнел до вчера се избришани.

Изродбеници, чудно е што ја

Изродбеници, чудно е што ја прогласувате за пропагандистичка суштинската (дури би рекол: единствената можна) политика за иднината на Македонија - брз влез во ЕУ и НАТО и развој на демократијата.
Чудно е кога едно по многу нешта тоталитарно движење нагалено наречено груевизам, чијашто единствена суштина е пропагандата, движење кое нема апсолутно никакви политички принципи освен манипулацијата и популизмот, обвинува некого за манипулација и пропаганда.
Изродбеници, нека не ве залажуваа изборните победи. Знаете и самите како доаѓате до тие „победи“, колку многу пари, закани и пропаганда се потребни за да аздисува фамилијата, а Македонија да оди во рикверц. Хитлер владееше 13 години. Милошевиќ исто така 13. Златниот-Црниот е на власт речиси 10 години, а апсолутна власт има пет години. Земјава ќе го издржи груевизмот, ко што Србија го издржа балканскиот касап. За жал, многу луѓе нема да го издржат груевизмот, и ќе отидат јабана, ко што многумина веќе отидоа. Тоа е цената за плаќањето на историските заблуди.
Значи, изродбеници, мора да ви биде јасно: и да ги уапсите луѓето што и’ носат светлина на Македонија (луѓето што пишуваат во Окно, што членуваат во ГЕМ, Плоштад Слобода, важен дел од умните и одговорните луѓе во опозиционите партии итн.) - џабе ви е. Џаба сте кречили. Се знае како завршуваат пропагандистите, популистите и диктаторчињата. Велат дека дури и челичниот Путин го чека слична гадафиевска судба.
Така што - без многу тревожење. Опуштете со во новиот бран пљачкање и опустошување на Македонија. Не постои начин да избегнете да го платите цехот, кога и да биде тоа, кој и да биде наплаќачот.

Плачи пичко соросоидна! :)

Плачи пичко соросоидна! :) ГЕМ мем окно мокно плоштад слобода..мор носете се у три лепе пичке материне..

Alrighty then. :)

Alrighty then. :)

Чудо што се оваа наша земја

Чудо што се оваа наша земја крепи. Затоа ФИРОМ-ци ќе си останете ништо поразлични од стока на препродавање. ФИРОМ во име, ФИРОМ во дух, ФИРОМ во интелект.

Ако, ако, удирајте се вие

Ако, ако, удирајте се вие упорно во гради со ВМРОовски пароли, маици, знамиња, запалки и врвки за клучеви. Величајте го Александар, т.е. Воинот на коњ на плоштад (кој патем власта нема задник ни име да му даде), јадете земја и корење ама битно името НЕ го давате! Одличен став, продолжете понатаму. На тој начин Македонија дефинитивно ќе ја закопате подлабоко и побрзо отколку што си замислував.

Одеднаш згаснаа...па одеднаш

Одеднаш згаснаа...па одеднаш кога ист газда апаш (Рамковен,ски) држи три весници и едена телевизија. А што се однесува до другите медиуми јас не разбирам што сакате? Владина помош? Не се продава весникот, скрати нешто, смени и продужи иначе што? Субвенции да не сакате? Ослободување од данок? Дај кажете да знаеме сите.

Стојменов и Ѕинго не се

Стојменов и Ѕинго не се апаши, а? Или само тој што ја критикува власта заслужува да заврши во затвор? Велија не е ништо во споредба со гореспоменатите двајца кои си наоѓаат удобно засолниште зад грбот на портокаловите.

Чекај бе пријател.Јас ги

Чекај бе пријател.Јас ги споменав ли Ѕинго и Стојменов?Еве и да речеме дека Ѕинго и Стојменов не плаќаат данок - иако до сега никој не навел таков доказ - како тоа го оправдува А1 и Шпиц,Време и Коха? И што е со Глобус и утрински? Некој забранува да се купат? Нешто ги оданочуваат плус од законското?Значи ти браниш лопов со тоа што викаш ама има и други лопови пуштете го?Не си искрен. Ако си искрен ќе речеш ајде што побрзо да се заврши случајот со Велија па да почнеме да пишуваме и прашуваме за ѕинго и Стојменов плаќаат данок или не.Да видиме податоци.

Печатениот медиум ако не

Печатениот медиум ако не изумира тогаш се преполовува низ целиот свет. Интернетот ги поткусури овие публикации- зошто да давам пари за хартија кога можам на интернет да читам што јас сакам?

Господине Милчин, во вашата равенка за згаснувањето на овие медиуми не спомнавте ништо од трговско-монетарните веројатности за нивното пропаѓање. Да се потсетиме колку е излишно во земја од 2 милиони да постојат 5-6-7 дневни весници. Освен добро утврдените на се друго му е судено да се бори за опстанок.

Ама, како тоа само весниците

Ама, како тоа само весниците што не ја воспеваат Преродбата не се купуваат, а знаеме дека расположението меѓу граѓаните е поделено, власта има поддршка исто колку и опозицијата.
Е сега, си забележал што има во Дневник откако сврте 180’ на десно. Има така поголемки платени политички огласи од владејачката партија и Владата. Ако тоа не е корупција на медиумите јас не знам што е. А за лоповлукот, кажи ми што се 750 илјади евра во шише?

@Erwin Rommel - докази има и

@Erwin Rommel - докази има и тоа колку сакаш, ама кога те штити власта никој не може да допре до тебе, тое повеќе од јасно. И на крај краева, нема јас што да судам за Велија дали плаќал или не, ниту пак можеш ти да го нарекуваш лопов - јас тоа не го знам, меѓутоа не може ниту да им се верува на институциите во денешнинава затоа што се` е партизирано и се` се случува и решава по налог на власта. Затоа те молам, не спори за работи кои не ги разбираш. И не е малку симптоматично што само се гонат и чешлаат медиуми кои ја критикуваат власта? Сите тие што ги наброја, сите се жртви на еден застрашувачки режим во Македонијава, кој за жал зема се` поголем замав. И уште нешто за крај: Глобус, Утрински, А1, Време, Шпиц и Коха Е Ре не може да се купат затоа што никој странски (или домашен) бизнисмен или ватевер не е доволно глуп да купи нешто што е зафатено од канџите на власта - нешто толку несигурно, затоа што е очигледно дека власта може да си игра играчки со медиумите, да измислува секакви неплатени и заостанати суми само и САМО со цел да ги замолчи.

Не ја одговори суштината.

Не ја одговори суштината. Дали постои или не постои долг и дали и колкав е тиражот на овие весници. Тоа е едноставно прашање. Се друго е заобиколување на темата. До сега овие медиуми имаа илјада прилики да побараат ако не се во можност да плаќаат даноци некакви договори за рати или не знам какви други идеи доколку не се способни да си ги исплаќаат обврските и можеби ќе беа тие предлози прифатени. Но не тие одбраа да не плаќаат даноци, да прават манипулации и евентуалните побарувања на државата да ги претстават како притисок. Еве конкретно за Велија Рамковски, сите знаеме дека е(беше) богат. Син му се возеше во луксузни автомобили, имаа луксузни куќи, епа сега кој му е виновен за неплаќањето данок. Јас? Глобус никогаш не сум слушнал некој да купил, Утрински имаше некој тираж но очигледно не доволен. Кој е виновен за тоа? Државата? Па доколку гледаш дека нешто не оди промени нешто, подбри го своето онлајн издание и тука привлекувај реклами. Не само кукај, плачи и обвинувај. Така е најлесно.

Од сигурни извори можам да ти

Од сигурни извори можам да ти потврдам дека луѓето што работат во медиумите на Перо Наков барале од државата прилики (како што ти викаш) да ги плаќаат наводните сметки на рати и сл. олеснителни начини. Меѓутоа, нашата високо "алтруистичка" влада, односно луѓето во неа, одговорните за овој случај не се согласиле. Они сакаат да се затвори А1, Време, Шпиц и Коха Е Ре и точка. Што се однесува за тиражот: исто од сигурни извори ти тврдам дека Време има(ше) најголем тираж од сите весници во Македонијава, вклучувајќи го и Дневник (кој сега е многу очигледно весник на владеачката партија) кој порано го држеше првото место. А1 исто така е најгледана телевизија; мислам дека не би требало да има некој голем сомнеж околу тоа. И како што напишав во претходниот пост, Глобус, Утрински и други медиуми во таква опасност не сакаат да ги купат затоа што потенцијлните купувачи ќе бидат зезнати заради нивната нестабилна состојба (постојаното менување на сумата околу долговите, на пример) - овој факт не` враќа на оригиналната премиса: власта не сака нивната состојба да биде разрешена, сака само да ги затвори - да не постојат. А тоа што семејството му се возело во луксузни автомобили и што живееле во луксузни куќи не е ниту моја, ниту твоја работа. Сигурно Велија не е единствениот човек во земјава кој што може да си го дозволи тоа.

П.С. Никој не го споменува фактот што во А1, Време, Шпиц и Коха Е Ре ги имаат најхуманите услови за работење од сите медиуми во Македонија; како и тоа што Велија ги прибираше новинарите отпуштени од другите телевизии, како тоа што им даваше пари на луѓе за итни операции, како тоа што отвараше фондации за зачувување на ликот и делото на одредени личности од нашата култура и историја, и што се грижеше за земјоделците.

Типично за Геро, 29ти не беше

Типично за Геро, 29ти не беше последен ден за Шпицот му. Никому не му чуе за Перо Наков затоа што никому не фали Сител2. Ако се толку сигурни дека ги платиле даноците, нека ни покажат уплатници од тоа што платиле па да бидеме сите сигурни дека е чиста политика.

И уште нешто. Велија се обиде да ја уништи Коха и сеуште користат украден бренд кој НЕ СМЕАТ со судска одлука! Епа, сркајте ја чорбата сега!

И цинизмот повторно победува

И цинизмот повторно победува во нашата држава. Епа продолжете и понатаму така, пријатели. Ќе се видиме по 20 години.

Секогаш Ваш, Статус Кво.

П.С. Греота да ги споредуваш медиумите од Перо Наков со Шител. Навистина, греота.

Господа, се препукувате тука

Господа, се препукувате тука сите како да сте платени за тоа. а1, сител,и некој си утепани весници што никогаш ама баш никогаш не ми го привлекле вниманието со некој нормален текст се осудени на пропаст затоа што играат со ѓаволот(државата и политичарите).
Во оваа држава доволни се 3-4 весници и 4-5 ТВ и со ДЕКРЕТ И УСТАВ И ЗАКОН И НЕЗНАМ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗАБРАНИ ДА СЕ ОТВАРААТ НОВИ МЕДИУМИ. Кој сака да работи на МК пазар, нека купи веќе постоечки медиум, пазарна економија, подобриот го јаде послабиот итн.

БАНДО КРИМИНАЛНА!
Интернетот е доволен, народот повеќе неможе да биде изманипулиран, ни Бранко, ни Милчин, ниту Грујо е кадарен да се соочи со тоа, сите ќе бидете исчистени како ориз пред готвење
Оваа новинарска фела си го доби тоа што си го дробеше, некои ќе си го добијат покасно!
стоп за новинарите, подобро Медиумски МРАК одколку вакви новинари!!!

Колумнисти, експерти, аналитичари....абе ми се гади од вас тапоглави луѓе што само звучите ИНТЕЛЕКТУАЛНО

Good riddance.

Good riddance.

ОкоБоли главаВицФото