Kонцерт акција со Bernays Propaganda, XAXAXA и Heart Stroke
Понеделник, 4 јули, Кеј на Вардар. 18 часот.
Во рамки на одбележувањето на своето дводецениско постоење и под мотото „20 години слободни”, Канал 103 прогласува слободна зона. На 4 јули, на кејот на Вардар, веднаш до споменикот на Гемиџиите, со почеток во 18 часот, ќе се одржи концерт - акција на јавен простор. На местото кое некогаш беше собиралиште на прогресивната градска младина ќе настапат скопските бендови Bernays Propaganda, ХАХАХА и Heart Stroke.
Со оваа акција Канал 103 сака да ја реафирмира слободата како вечно незавршен историски процес, територија која мора одново и одново да се освојува и брани. Цели 20 години Стотројка е гласноговорник на слободната мисла и неуморен двигател и поддржувач на прогресивните текови во кревката македонска демократија. Канал 103 останува тоа, до крај.
________________________________________________________________________
BERNAYS PROPAGANDA се гордоста на независната македонска музичка сцена, највредниот и бездруго политички најсвесниот домашен бенд. Зад себе имаат илјадници километри европски турнеи. Нивниот My Personal Holiday беше прогласен за најдобар албум за 2010 година според Канал 10.
ХАХАХА е сочинет од трите машки членови на BERNAYS PROPAGANDA. Создаваат мелодичен панк во најдобрата традиција на нивните американски херои од 80-тите, притоа звучејќи сосем свежо и актуелно. Остри и ангажирани текстови, заразна енергија и искреност. Неодмна се вратија од нивната прва европска турнеа на која го промовираа деби албумот „Танго Револуционер“.
HEART STROKE се млад скопски бенд, ново име на виталната македонска хардкор панк сцена.
_______________________________________________________
Канал 103 почна да зрачи на -ви мај 1991 година. Надвор од државните регулативи и концесии, физички сместена во Македонската Радио-Телевизија, Стотројка прерасна во културно движење на јавен медиум чија концепција е да промовира музички вредности, прогресивна уметност и слободна мисла.