Медиумски колапс

04.07.2011 13:07
Медиумски колапс

Македонскиот концепт за информирање во плурално општество доживеа колапс, се претвори во карикатура. Проблемот од немање избалансирани информации деновиве се трансформира во нешто пострашно: медиумите згаснуваат откако власта донесе пресуда против критичната мисла.

Анализата како стигнавме до оваа точка е толку замрсена што на моменти можеме да се сoгласиме и со тезата дека ништо не функционира и дека македонското новинарство е зрело за нов почеток. Таквиот жалосен суд можеме комотно да го транспонираме и на македонското општество. Затоа што без слободни и критички медиуми или новинари не може да напредува ниту едно општество. Медиумите се главниот инструмент на човековата цивилизираност, без нив нема напредок за човекот, а модерните општества без разлика на нивните политички уредувања, се осудени да се уназадуваат. Но, медиумите се несовршен инструмент, честопати фаличен. Ниту во идеални ситуации јавното мислење не може да се потпре единствено на новинарството, кое поради својата природа, знае да погреши, да претера, да создаде конфузија.

Тука е улогата на критичката мисла, на дебатата, на политиката, да дадат супстанција и да ја кристализираат улогата на медиумите. Кога го нема тоа, а уште повеќе кога политиката ги злоупотребува медиумите, ги затвора или ги претвора во пропаганден сервис, таа не ја руши само демократијата, туку и како општество нè враќа во камено време.

Сепак, ако треба да издвојам неколку главни причини зошто паднавме толку ниско, би навел три работи. Фактот дека целосно ја изгубивме битката за јавниот сервис да не стане пропагандна машина е првиот индикатор дека нешто не функционира во нашата демократија. Информирањето како бизнис создаде медиуми што дегенерираа во политички клиентелизам. Кај нас не се отворија медиуми што промовираат слободно новинарство, туку медиуми што постојат заради остварување лични или партиски интереси. Новинарите и фелата се само колатерална штета на еден извитоперен систем. Медиумите останаа без лидер што ги поставува стандардите, а во Западна Европа тоа е најчесто јавниот сервис. Тој сервис можеби не е најатрактивен, но е најурамнотежен и доколку е функционален, создава квалитетни кадри. Во отсуство на сидраш што би ја афирмирал плуралноста, градењето консензус, кој би се фокусирал на битните работи, не постои систем што би можел да го супституира тоа.

Ние отидовме и чекор натаму од овие очигледни недостатоци. Медиумите денес се инструмент за привидно единство меѓу власта и народот, и постојат само заради пропаганда. Има медиуми што, наводно, лошо поминуваат на пазарот и медиуми што одлично котираат во буџетските ставки. Или, поедноставно, тие што имаат државно-партиска поддршка ќе постојат, а другите ќе згаснат. Јавноста и слободниот пазар одамна престанаа да бидат судијата што одлучува кој медиум се слуша. Единствениот судија е власта! Македонскиот концепт од илјадници медиумски цвеќиња се претвори во икебана. Власта ги пресуши цвеќињата и сега остана да ја аранжира икебаната. Затоа, Милчин е во право кога ќе забележи дека тој аранжман има еден единствен именител: исчезнуваат само оние медиуми што се критички настроени.

Медиумите малку можат да направат околу ваквата ситуација. Тие се инструмент, не се семоќни и не треба да очекуваме дека медиумите можат да се справат со лошата политика. Ако политиката решила да ги уништи систематски, тогаш така и ќе биде. Еден инструмент во погрешни раце секогаш сè искривува или сè уништува.

Оваа координирана и програмирана акција на власта не треба да нè чуди. Впрочем, премиерот лично ги прозва медиумите што се „лоши“ и што не треба да се слушаат. Види случајност, токму посочените медиуми згаснаа или се пред згаснување! Ова што се случува деновиве е само последниот чин од драмата. Ова не е повеќе политика на страв. Ова е максимално искористување на изборната победа за да се пресечат некои новонастанати состојби. Во последната година се консолидираше еден критички дух, едно опозициско расположение, еден демократски фронт. Сега гледаме како власта сака да го ливелира тој фронт и да го врати на почетните позиции.

Погледнете гои само темпото и брзината со која власта ги применува овие недемократски и рестриктивни методи. Власта не брза само да го активира лузерското чувство кај критичарите, туку сака и да ги маргинализира, да го осиромаши општеството од нивното постоење. Ова е зачепување на сите канали. И во сето тоа постои еден огромен парадокс. Изборите санкционираа една нова реалност. Половина од граѓаните се опозициски настроени. Над две третини мислат дека Македонија оди во погрешна насока или дека води лоши политики. И, одеднаш, стануваме свесни колкав дисбаланс постои во создавањето перцепција и слика на едноумие. Наместо новонастанатиот контекст што создава реални услови и потреба од сериозна дебата, ние заглавуваме во сè поголемо искривување на реалноста.

Нашата земја и нашиот народ се сериозно поделени. Но, наместо прифаќање на таа реалност и барање решенија, гледаме како едната страна, како едната половина ѝ пресудува на другата, а со тоа и на целото општество. Власта нема намера да дозволи дијалог и натпревар меѓу двете страни. Напротив, оваа пирова победа е основата за нов апсолутизам и доминација на само едната половина од вистината.

Власта повторно го рестартира системот. Во едни мошне неповолни и недемократски услови опозицијата, невладиниот сектор, неколку медиуми и многубројни индивидуи успеаја да создадат пресија врз власта, да постигнат некаков асиметричен баланс. Но, власта нема намера да го прифати тој баланс. Таа сака второто полувреме од натпреварот да се игра според сосема поинакви правила. За почеток, тоа ќе биде во услови на апсолутна недемократичност. Сè она што било направено, што досега се постигнало, власта ќе се обиде со неколку потези да го сруши. Воедно, ќе направи сè за повторно да го реактивира стравот, очајот, апатијата и конфузијата. Јавноста и опозицијата, критичарите и другите демократски настроени луѓе ќе мораат да изнајдат нови начини на соочување. Ќе мора уште еднаш да ја потсетат власта дека таа не е апсолутен господар на расположението и дека нејзините клучни политики ја немаат ни приближно поддршката за која таа сака да создаде привид.

Затворањето на медиумите од страна на власта е само уште еден чекор кон нашето колективно самоубиство. Ќе ве потсетам, според францускиот социолог, Емил Диркем, не се самоубиваат единствено индивидуите, туку и општествата и државите. Тоа се случува кога општеството ќе ги изгуби правилата и вредностите, кога се руши рамнотежата, кога институциите се партизираат, кога се кинат сите општествени врски. Една од најважните врски, онаа меѓу јавноста и медиумите е раскината, за сметка на врската меѓу медиумите и власта. Но, на тој начин скината е и врската меѓу луѓето и моќта, меѓу луѓето и власта, меѓу власта и одговорноста. Со затворање на критички настроените медиуми и згаснувањето на критичната мисла, Македонија, дефинитивно, ја скина папочната врска со демократијата и со напредниот свет.

Некои сигурно ќе искоментираат дека и ова мислење и оваа критична мисла е необјективна и парцијална и со тоа, небитна. Но, грешат, затоа што многу луѓе не разбираат како се постигнува објективноста во новинарството. Критичната мисла е важна и затоа што не постои или не треба да мислиме дека постои сепарација меѓу информацијата и мислењето. Демек, отиде критичната мисла, барем ќе ни останат фактите. Делумно, таквата заблуда и лажна сепарација се причината за мизерната состојба во нашето новинарство. Таа сепарација не постои ниту во новинарската пракса, ниту, пак, филозофски е оправдлива. Целиот живот е интерпретација на реалноста, не постои апсолутна вистина, не постојат факти. Во новинарството, како и во една демократија, најдобриот начин да се постигне објективност е слободно да се искажуваат сопствените мислења.

Извор: Утрински весник, 04.07.11.

Слики: Aisha Franz

А1,Сител,и некој си утепани

А1,Сител,и некој си утепани весници што никогаш ама баш никогаш не ми го привлекле вниманието со некој нормален текст и видео се осудени на пропаст затоа што играат со ѓаволот(државата и политичарите).
Во оваа држава доволни се 3-4 весници и 4-5 ТВ и со ДЕКРЕТ И УСТАВ И ЗАКОН И НЕЗНАМ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗАБРАНИ ДА СЕ ОТВАРААТ НОВИ МЕДИУМИ. Кој сака да работи на МК пазар, нека купи веќе постоечки медиум, пазарна економија а не сосила и насила живот за медиуми, подобриот го јаде послабиот итн.

БАНДО КРИМИНАЛНА!
Интернетот е доволен, народот повеќе неможе да биде изманипулиран, ни Бранко, ниту Грујо е кадарен да се соочи со тоа, сите ќе бидете исчистени како ориз пред готвење
Оваа новинарска фела си го доби тоа што си го дробеше, некои ќе си го добијат покасно!
стоп за новинарите, подобро Медиумски МРАК одколку вакви новинари!!!

Vika Ivor, "zhivotot e

Vika Ivor, "zhivotot e interpretacija, ne postojat fakti".

Chekaj da svatam! Ako vo shuma padne drvo ama nikoj ne go videl da padne, i nikoj ne go chul da padne, dali drvoto e sepak padnato, ili toa zavisi od tvojata interpretacija? Vtoro prashanje: pod istite uslovi, dali krivecot shto drvoto padnalo e Nikola Gruevski?

Jas naiven si mislev deka novinarstvoto ima vrska so objektivnata realnost, a sega Ivor mi objasni deka barem negovite tekstovi se verodostojni otprilika ko horoskop.

Mozhebi tuka lezhi zajakot za krizata na novinarstvoto; premnogu "novinari" se nafatija da ni baat mislejkji deka nie mizhime.

"Затоа, Милчин е во право

"Затоа, Милчин е во право кога ќе забележи дека тој аранжман има еден единствен именител: исчезнуваат само оние медиуми што се критички настроени."
Неточно. Згаснуваат само оние медиуми кои на плаќаат данок, служат како параван за прикривање на други нелегални економски активности и медиуми кои се досадни и не успеваат да привлечат конзументи и спонзори. И доста теоретизираме, македонските медиуми и повеќето од светските мејнстрим медиуми служат пред се за да им служат на своите сопственици и нивниот профит, и ова до некаде е разбирливо но се отиде до таму што тоа не им е само основна цел туку и единствена цел на медиумите и новинарите кои работат во медиумите. А за тоа се виновни самите новинари.

Пропаѓаат медиуми каде што

Пропаѓаат медиуми каде што креатури како Ивор, квази аналитичари наместо да анализираат и известуваат тие агитираат или поточно „сонуваат“ - може најдобро да се каже. Која анализа од овој „ПиАр стратег од СеДеСето“ и самопрогласен аналитичар, се покажала точна?! Која прогноза излезе бар половина вистина?! Затоа „драги мој“, анализите на Ивор, но и медиумите каде он пишува, може најдобро да се искористат за тоалетна хартија, евентуално за добивање нагон за „голема нужда“.

„Добредојде во пустината на

„Добредојде во пустината на реалното!“, му вели Морфеус на Нео, во филмот Матрикс, покажувајќи му го уништениот градски пејсаж.

А во тој пејсаж едно маче, т.е. лавче, тркала говедска глава како клопче. „За маче говедската глава е многу“, му вели Нео на Морфеус. „Не е ако мачето е лавче. И не е ако сето ова е халуцинација“.

Всушност, чопор стаорци грабнале некаква глава. На тоа наликува нашата пустина на реалното. Притоа стаорците не знаат дека ја грабнале големата митска македонска глава. Не е клопче. Не е копче. Тристатонска глава. И ја влечат стаорциве главава, избезумено, како мравки шкорпија, обидувајќи се негде да ја пикнат, да ја сместат... На постамент, можеби?! Не е лошо. На плоштад?! Можит.

Најинтересното во земјата, не

Најинтересното во земјата, не може да се види. Можете да бидете сигурни дека тоа не сте го виделе. Го опкружуваат со магла. Така ми остана недостапна, невидлива, Сојузната Престолнина, иако не знам колку пати ми го беа покажале патот и јас, во текот на една недела, бев убеден дека речиси ја допирам.
Тие имаат седум видови магли (зборувам за главните) и доволна е и третата за да ве попречи да го видите сопствениот коњ додека јавате. Следната е толку густа што верувате дека сте среде лавина од бел песок. За да знаете дали тоа се вистински магли, гледајте дали тие го следат ветрот. Ако не го следат, тоа се маѓепсани магли. Ова го изнесувам заради можен приговор. Всушност, Волшебникот не создава едновремено магла и ветар, а зошто е така - ми остана неразјаснето.
Нивната магла е доволна за да збудалите. Потполно отсуство на белези за снаоѓање... гледате лист, шепа, муцка, но не сте кадарни да препознаете џбун, животно.
Некој си Кал, чијашто доверба ја бев стекнал, ми ги позајми своите наочари против маглата. Требаше да се има одреден недостиг од вид, бидејќи суштествата, работите, ми се појавија во такви превирања што бев сосема дезориентиран. Нерасположен, му ги вратив наочарите. Требаше да ги задржам.

Анри Мишо, Земја на Магијата

„Нека сè оди по ѓаволите!“ -

„Нека сè оди по ѓаволите!“ - рече ненадејно налутено Остап. „Сè е измислица. Не постои никаков Рио де Женеиро, ни Америка, ни Европа. Нема ништо. И воопшто, јас знам, последниот град е - Шепетовска, од кој се разбиваат брановите на Атлантскиот океан.“

Иљф и Петров, Златното теле

„Пали, кога не си ја знаеш

„Пали, кога не си ја знаеш вистината“, му вели поискусниот Дарко Дамески на младиот Слободан Димитриевиќ (кој тргнува, во очај, да пали сè) на крајот на филмот на Бранко Гапо, „Време без војна“. „Пали, кралче-Сонце! Со своите лекокрили зраци спржи сè!“

Златниот-Црниот (кралчето

Златниот-Црниот (кралчето Црно Сонце) не’ извади на добар пат. Доказ дека патот е добар? Сите не’ прегазија.

Ivor....kumot neka ti gi

Ivor....kumot neka ti gi vrati parite sto ti dal, da ne recam takvo idiotsko ime

ОкоБоли главаВицФото