Колку полошо – толку подобро

06.07.2011 10:55
Колку полошо – толку подобро

Пред изборите си поставив едно вакво прашање: дали ги живееме последните денови на демократијата или тоа се почетоците на диктатурата? Одговорот стигна брзо: на 5 јуни не ја спасивме демократијата, сега ќе се бориме против диктатурата. Баш против диктатура?

В ред, тоа е можеби пресилен збор, но никој не може да ми забележи дека претерувам ако констатирам дека еден квазидемократски систем тендира кон натамошна режимизација. Прв индикатор за режимизацијата е згаснувањето на оние медиуми, за кои Владимир Милчин кажа дека имаат заеднички именител – а тоа е да се критички настроени спрема власта.

Можам да замислам колку ќе биде збунета овдешната наивна свест кога набргу, веќе на почетокот на есента, а можеби и порано, во Македонија нема да постои ниту телевизија, а ниту весник кои критички ќе ја опсервираат Владата. Дури и ним ќе им стане јасно дека медиумскиот простор се претворил во мочуриште во кое останале само преродбеничките жаби. По дваесет години демократија и по невидениот бум на сите видови медиуми, Македонија ќе заличи на Србија и на Хрватска од почетокот на деведесетитте кога критичкиот дискурс остана без медиумска платформа. Медиумите што опстанаа во овие две држави беа толку маргинализирани и беа толку против духот на времето што симболизираа две нешта – прво, дека во луди времиња работите мораат да добијат апсурдни димензии според жестината и интрасигентноста и, второ, силите на отпорот во услови на режим се само светилници за некои идни кормилари во медиумското море.

Но, не треба премногу да се теоретизира зашто во една држава настапува медиумски мрак. Ќе се задоволиме со наједноставното објаснување – власта која сака да владее со сила и која сака да ја уништува демократија, не поднесува критика и ќе направи сè да ја задуши. Оттука, ми се чинат бесмислени сите жалопојки по сето ова што сега ни се случува. Зар некој веруваше дека ќе биде поинаку? Напротив, ситуацијата во која се најдовме бара трезвеност и рационалност, што се предуслови за активитет.

Откако ќе констатираме дека власта може да слави за добро завршената работата со медиумите и дека другите фактори и чинители во општеството потфрлија, останува да се соочиме со клучното прашање – какви задачи ни престојат во услови на информативен мрак? Односно, што ќе се преземе откако ни се случува креативната деструкција, бидејќи по ваква груба инструментализација на медиумите и по ваква драконска пресуда на критиката, нормално е да очекуваме старото да исчезне, а новото што ќе се роди, меѓу другото, дека ќе ги истресе од себе валканиците од изминатите две децении.

Новите околности налагаат креативност и решителност и тоа во прв ред од опозицијата. Сега, кога зајакна во пратенички мандати, кога се чини дека ѝ порасна политичкиот рејтинг, опозицијата одново е притисната до ѕид затоа што власта го ресетираше системот и го врати во предграѓанска фаза. Поради тоа, критичкиот дискурс ќе живурка само во три форми – првата е Собранието кое одамна ја загуби аурата на храм на демократијата или на релевантен политички чинител, втората се социјалните мрежи кои доживееа експлозија, но овој вид комуникација е дефектен или е инсуфициентен бидејќи кај нив се испреплетени битните и небитните, јавните и приватните пораки и, третата форма, е улицата или агората, која, се разбира, не може да биде супституент или платформа за континуирано дејствување.

Во вакви ненормални услови, опозицијата треба да ги напушти досегашните практики кои се потпираа на тактиката – колку полошо, толку подобро. Оваа тактика беше добра за собирање и за канализирање на гневот, но сега се бара акција, реален притисок, нови форми на политичко дејствување против настапувачкиот медиумски мрак. Ако досега опозицијата мораше да се приспособува и да комбинира со скромните ресурси, пресвртот ќе биде означен оној момент кога ќе стане јасно дека и таа е способна да креира, наместо да парира.

Свесен сум дека и мегафоните на власта и политичките „чистунци“ ќе ми забележат дека заговарам радикализација со која до крајни граници ќе се истакне поделбата во општеството и ќе се санкционира доминацијата на политичкото врз јавното и врз општественото, што, рака на срце, се коси со природата на медиумите кои претендираат да го изразат општото и чија првенствена задача е да создаваат клима на помирливост и на разбирање. Но, од друга страна, во вакви ненормални услови, би било погубно празниот простор да не се пополни и ние полека да се привикнуваме на животот во кој критичкото промислување и слободата на јавниот збор се осудени да останат во сферата на приватноста или на маргините од политиката. Како опозицијата ќе ја искреира таа нова медиумска конфигурација, со кои методи ќе се служи, со кои пари ќе се финансира тој проект за да се ревитализира медиумскиот простор, кои ќе бидат носителите на проектот итн., не е моја работа да кажувам или да шпекулирам. Но, тоа мора да се направи.

Втор голем проблем е однесувањето на меѓународниот фактор, т.е. на нашите западни пријатели, за кои нè врзуваат многу убави спомени и уште поголеми надежи, но, ред е да забележиме дека во сегашниот момент некои работи се толку апсурдни и се толку неприфатливи што не можат да се премолчат. Нас треба да нè загрижува што Запад и понатаму ќе му дава концесии на Груевски за да го охрабри да постигне компромис со Грција и така да се деблокираат нашите евроатлантски интеграции. Како што видовме досега, политиката на замижување заради охрабрување не дава ефекти. Најверојатно, така ќе биде и во иднина, односно сè додека Груевски не ги потроши сите ресури и ја доведе државава до економски колапс.

Зошто Европа и Америка избираат крајно прагматични солуции и покрај погубните политики на Груевски, е многу широка тема. Што е тука стратегија, а што е тактика, тешко е да се процени. Но, во моментов една хипокризија мора да престане. Странските амбасадори во Скопје и високите челници од Европската унија се во вистински елемент и многу сакаат да зборуваат за значењето на слободата на медиумите, за слободата на говорот, за демократијата итн. Тоа што го зборуваат и тоа како нè подучуваат е на место, тоа е убаво да се слушне, но какво фајде од сето тоа кога зборовите не се поткрепени со дела. Запад мора со практични потези да покаже дека ќе се спротивстави против медиумскиот мрак, прво, заради сопствениот кредибилитет и второ, од чисто прагматични причини, бидејќи не постои друг начин да се омекнува еден опасен популист освен да јакнат оние центри на моќ кои ја проблематизираат неговата апсолутна власт.

Како Европа и Америка ќе го вразумат Груевски ако тој стане апсолутен господар и во медиумската сфера? Зар тој ќе биде покооперативен кога медиумите во Македонија ќе информираат само за големите постигања на преродбата и за непоколебливоста во одбраната на националните интереси? Оттука, се плашам дека и Запад е заговорник на тактиката – колку полошо, толку подобро. А со таква тактика, всушност се кажува дека работите допрва треба да стануваат уште поапсурдни.

Слики: Conrad Haberland

Извор: www.globusmagazin.com.mk

Дали од ова следува ако

Дали од ова следува ако отворам весник кој ќе се вика „Критичар на власта“ можам да правам што сакам, оти не смее никој да ме повика на одговорност, затоа што со тоа автоматски се удира по слободата на медиумите?

Дали слободата на говор не подразбира и одговорност и професионалност?

Окно е медиум, критичар на власта, па не е затворен.

Зборови како диктатура и фашзам не треба да се употрабуваат кога се зборува за власта во Македонија, затоа што ни оддалеку не е тоа. Таквиот говор е само демагогија.

Кога власта греши, треба да се критикува, ама со аргументи, и само за грешките, без користење на „тешки“ зборови со цел да се оттргнува внимание. Листа на грешки, листа на барања, како што тоа на пример се прави на протестите против полициската бруталност.

Зошто, бе, Александар “...

Зошто, бе, Александар “... власта ... треба да се критикува, ама со аргументи ... без користење на „тешки“ зборови“? Ајде малце елаборирај за оваа вредност. Што следи по оваа изјава? Ајде кажи зошто е тоа така. Жити се, објасни.

Власта не е мома да ја чуваме како капка роса на дланката. Што дека некој ја критикува власта без аргументи? Власта е на позиција на моќ.

Од каде таа идеја дека власта смее да се критикува ако и само ако се исполнат некои услови? Кого да критикуваме? Опозицијата? ЕУ? Грците? Ама тоа и не е толку важно.

Дај објасни ми зошто мора да имаме ограничувања на тоа како се критикува власта. И кому му користат таквите ограничувања?

Затоа што и начинот на кој

Затоа што и начинот на кој зборуваш, пишуваш, па и критикуваш кажува кој си и од каде доаѓаш а и какви се твоите намери. Критикувај со аргументи, ако е потребна критика. И критикувај секаде каде што треба да се критикува, не само на едно место.

Се согласувам дека власта е најподложна на критика и само затоа што е власт, но ако се нема мерка и во критиката, тогаш јас лично не му верувам и на критичарот.

Добро, тоа дека не му веруваш

Добро, тоа дека не му веруваш на критичарот го разбирам. Тој што урла е гласен ама не значи дека е во право. Во ред.

А за кои намери станува збор? Какви намери може да има опозицијата (или, да речеме, некој опозицијски настроен медиум) освен тие да укаже на недостатоците на власта? Јас не сакам сам да заклучувам па затоа прашувам. Ама за да не испадне дека си играм Сократ подолу ќе реагирам на твоето тврдење иако е можно воопшто да не го застапуваш она што ќе го нападнам. Со аргументи и без тешки зборови.

Критиката на власта има една единствена доволна намера: да укаже дека оние луѓе кои ја држат власта в раце не работат добро. Тука нема апсолут; не е јасно што е тоа општо добро, од тројца да прашаш ќе добиеш пет различни мислења, потребни се некои формални и неформални рамки во кои се одвива јавниот дијалог и сл.

Но суштината е оваа: критиката на власта не треба оправдание. Убаво е ако е конструктивна и ако помага де се решат некои проблеми ама тоа е додадена вредност на критиката. Таа не мора да нуди ништо подобро, доволно е да биде јавна критика.

Демократијата не трпи ограничувања од типот: смеете да критикувате ама само ако имате докази дека сте во право. Јавната дебата не е судски процес. Ние мора да расправаме за оние нешта за кои НЕМА доказ. За оние вредности и идеји кои не се црно/бели. За оние работи кои секој од нас поинаку ги разбира и доживува. Важно е да расправаме за тоа. Во моментот кога едната страна на таа расправа мора да се ограничи себеси (или да испадне неверодостојна) веќе нема демократска институција туку фарса. Тогаш се правиме дека има јавност иако ја нема.

Да речеме, јас велам лошо е што се гасат оние медиуми кои се критички настроени кон власта. Некој ќе рече дека нивната настроеност нема врска со гасењето туку се работи за даноци, сметки, варки, незаконско работење. На тоа можам да речам дека е сулудо само таквите медиму да се кабает за незаконско работење, другиве од спротивниот табор се исти и треба ист аршин, само што власта ги штити оти тие ја штитат власта. Е во тој момент доаѓа некој трет и ми вели јас да докажам дека тоа е така или да се повлечам од расправата бидејќи сум лажго и платеник.

И тоа е тоа. Ние немаме расправа туку имаме скеч. И сега тоа не е доволно туку треба да ги снема сите оние места каде што моите лаги и платенички пропаганди можеа да бидат објавени. А тоа е оправдано бидејќи медиуми кои објавуваат лаги немаат место во јавноста. Со тоа што, по дефиницијата наметната од страна на сегашниот естаблишмент, секоја критика на власта спаѓа во една од овие категории:

1. Лага
2. Напад врз државата (не власта, државата)

Од сите штети кои власта на Груевски ги има направено во овие години најголемата и најдолготрајната ќе биде ништењето на секој опозицијски глас. Буквално, со толку критики кон комуњарите и едноумието, преродбеницити се на одличен пат да не вратат токму таму. Една партија. Една вистина. Една позиција.

Не се занимавам со политика,

Не се занимавам со политика, ама претпоставувам дека опозиција, во било која форма, освен што ја критикува власта, може да има мотив и самата да дојде на власт. Во тие услови, методите може и да бидат не многу чисти.

Власта, исто така, може да тежнее кон целосна контрола, но токму со презентирање на јасен случај би ја демаскирале. Извици од типот на фашизам, тоталитаризам, делуваат на емоциите, не на рациото.

Ако никогаш не се понудат и конкретни забелешки и докази, тогаш ризикуваме да се прекриеме со шум во кој секој за другиот извикува најпогрдни зборови и ништо не се менува.

Е како не се занимаваш со

Е како не се занимаваш со политика? Ова што е?

Би било супер кога тој шум би згаснал но, место шумот да згасне, згаснуваат медиуми кои покрај шумот носат и други содржини.

Во демократија за шумот мора да има место. Не бидејќи носи некоја квалитета или добробит туку заради тоа што шумот значи дека можности за расправа постојат.

Не сум бил таму но претпоставувам дека во Кина нема многу шум. Ако имаш отворен канал за комуникација ќе добиеш и шум. Бесмислено е да го гасиш каналот заради шумот. Е сега, дали може да имаш отворен канал без шум... Сигурно, ама за тоа треба едно 50-60 години трпеливост кон сите што ни шумат.

Ова е коментирање на

Ова е коментирање на интернет, не е ништо посебно. Ниту некого ќе убедиме во нешто, а тешко и дека самите ќе си (до)кажеме нешто што не го знаеме :D

Василе Запад го подржува

Василе Запад го подржува Грујо зато што само тој може да го реши проблемот со Грција. ДПМНЕ има контрола над високо-необразованиот дел на населението кој тежнее да биде националистички настроен. Пропагандната машинерија на Грујо е капитал во очите на Европа/САД со кој би се послужиле за омекнување на незадоволството од "грчките уцени" и евентуалното прифаќање на компромисното решение. Имиџот на патриот кој не го витка рбетот пред грчките закани треба да изигра клучна улога. Решението не е битно самото по себе, битно е да е "патриотско" и сервирано од "патриот-бранител на македонските интереси." Така патриотски спакувано ќе го голтнат националиситчките кругови. Па замислете само СДСМ "предавниците" да преговараат а ДПМНЕ да биде во опозиција со нивната способност за удирање по националистичките барабани, кај ќе ни биде крајот?! ЕУ ја заболе дали ние ќе банкротираме економски и морално, и дали ќе бидеме демократија, тие пресметале дека до решение на проблемот полесно се доаѓа по недемократски пат преку Грујо и ко. Проблемот е што Грујо нема намера да го решава спорот, а режимот расте. До кога Европа тоа ќе го толерира ќе видиме, тие можат да чекаат- но ние ја плаќаме цената.

ДПМНЕ има контрола над

ДПМНЕ има контрола над високо-необразованиот дел на населението кој тежнее да биде националистички настроен...
хахахаха слатко ме изнасмеа. Па погледни ги поддржувачите на СДС на митинг или оние што потпишуваа поддршка за А1 - пијандури, небањати, гнасни, луѓе исфрустрирани од своите животни судбини. Тие се таргетот на СДС, тие се столбот на СДС, овци кои слепо ќе го следат Бранко во уште еден пораз.

Erwin Rommel само го

Erwin Rommel само го потврдува напишаното, ДПМЕН има контрола над високо-необразованите општествени слоеви.

"Hirohiot" (ваљда Хирохито),

"Hirohiot" (ваљда Хирохито), го потврдува она што го зборувам за СДС - таргет им се исфрустрирани лузери и полуретардирани социјално загрозени лица. Се смеат на онаа сељачина Јофе, гледаат А1 вести кои човек отпорен на пропаганда може да ги издржи до 5 минути и мантраат БЦ е спасот БЦ е спасот ќе тепа следен пат ќе тепа следен пат нема бољи нема бољи.

Koj spomna BC?

Koj spomna BC?

Патолошката опседнатост на

Патолошката опседнатост на ОКНО со Грујо нема граници. Ни мантри ни свети мантии не помагаат. Ја критикувале власта која уште не почнала да работи. Ќе штрајкуваат пред собрание на денот на формирање на новата влада. Е тоа е тој план на децата на Милчин & Co. Тешки времиња за соросоидите доаѓаат.

Е гуско една неписмена,

Е гуско една неписмена, штрајкуваме против полициската бруталност, против тоа што ни се случува во последниве 20 (ДВАЕСЕТ) години, а не овие 2,3 или 5 откако твојот пастир е на власт. Дојди погледнија претставата што ќе ја изведуваме тој ден, критика е на нашиот сив свет и на сите оние што гледаат црно-бело, без разлика дали Грујо е белиот за нив, или Бранко. Протестираме и бараме правда и за она за што вие во 90тите, во времето на Бранко МОЛЧЕВТЕ. Затоа, затни си ја муцката, земај си ја државната платичка и седи си во дувлото. Остави ги оние што навистина сакаат да живеат во нормална држава да се борат за тоа. И да, не сум политички коректен, оти преку глава ми е од вас, политички коректните партиски лигуши. Идете у курац и ДПМНЕ и СДС, ради вас живееме вака.

Слаѓана, ниту на Исус не му

Слаѓана, ниту на Исус не му било лесно!

Од кај знаеш?

Од кај знаеш?

Западот веројатно ја толерира

Западот веројатно ја толерира овдешната пропагандна машинерија затоа што и самиот си има своја, прилично незавидна. Во спротивно немаше да биде возможно константното кратење на граѓанските права во САД во изминатата декада, под плаштот на војна против теророт...

до Маријан, Хирохиот, Васил и

до Маријан, Хирохиот, Васил и сличните на вас,

Ве молам наведете кој според вас е нај компетентен да владее со државава и зошто?

Зар треба да гласам за оние кој викаат дека ќе го укинат законот за пушење, дека ќе ги намалат казните, дека ќе им се даваат дозволи на сите за се и сешто, урбан хаос во урбаната ни џунгла, за оние кои до вчера беа против референдум за името а во директна борба за фотеља кажаа "и ние ќе одиме со референдум"
И би сакал да ве прашам, дали за 1000-2000 еура би си го промениле вашето име и зошто не?

Незнам колку и се лепливи рацете на оваа власт, ама јас гледам промени, се средуваат улици, се поправаат, сали, училишта, паркови, спортски терени, се градат нови згради за јавна администрација, интензивно се применуваат кампањи за инвестирање и туризам, се зголемија во неколку наврати и платите и пензиите...
Па сите кога се враќаат од европа зборуваат, за убавите згради, чисти паркови....а кај нас имало руинирани административни бараки, а кога се почнува со решавање на ситуацијата ВИЕ ВИКАТЕ СТОП, ИМА ПРИОРИТЕТИ!!

е сега ме интереси КАКВА ПРОМЕНА САКАТЕ ВИЕ, ШТО Е ЗА ВАС ПРОМЕНА?! ПРИОРИТЕТ?!....кога ќе влезете во ЕУ и НАТО што би очекувале да се случи?! розеви кокичиња ли да паѓаат!?

АЈДЕ БИДЕТЕ МАЛЦЕ ПО РЕАЛНИ, ПРЕСТАНЕТЕ СО ДРВА И КАМЕЊА ПО СЕ ШТО МРДА, РАЗБУДЕТЕ СЕ, А НЕ САМО ДА ПРОПАГИРАТЕ ФАШИЗАМ, СЛЕПИЛО, ДИКТАТУРА

НИ ГРУЕВСКИ А НИ БРАНКО НЕ МИ СЕ КРИВИ ЗА МОЈОТ УСПЕХ/НЕУСПЕХ

АКО Е УСПЕХ СИ ГО ПРЕПИШУВАШ НА СЕБЕ, АКО Е НЕУСПЕХ ДРЖАВАТА Е КРИВА

Пријателе, токму сега се

Пријателе, токму сега се даваат дозволи за се’ и сешто. Конкретно, секој, ама буквално секој може да добие факултетска диплома, да лепи плаката две-три години и тап работа во државна служба. Ставот за името е ист и кај ДПМНЕ и кај СДСМ и едните и другите се за компромис со Грција. Законот за пушење никој не кажа дека ќе го укине, туку дека ќе се либерализира, што го направи и ДПМНЕ, не формално, ама веќе е полабаво со тој закон. Законот за алкохол до 19 е убедливо најглупиот закон во свет и жалам што од СДСМ не чув дека доколку дојдат на власт ќе го укинат. Трета работа, се средуваат улици велиш, а автопат еден километар што не е направено, а капитални инвестиции што нема, едноставно 24/7 безмилосната брутална пропаганда успеа толку да им ги испере мозоците на луѓето, па дел почнаа и да се чудат како сме живееле пред Грујо. Приоритети ли сакаш? Пруга до Бугарија, автопатишта, хидроцентрали, тоа се за мене приоритети. А да, и департизација на администрацијата, која отсекогаш била партизирана, ама тој принцип ДПМНЕ го надгради и прошири, буквално од првото до последното работно место што е платено од буџетски пари, плус со список уште од 15 луѓе. Фашизам, или диктатура нема, ама има обиде за тотална контрола на се’ во општеството и во државата, еден малце помек тоталитаризам.

Nikoj ne e idealen, i tie se

Nikoj ne e idealen, i tie se luge....neznam kako nie bi se odnesuvale da sme na vlast megutoa deka se preteruva se preteruva so kritika i taa skoro i da ne e neutralna.
Mi smeta toa sto kritickata misla se generira vo golema mera od eden izvor, site kako da mislat od ist mozok, sto ke kaze opozicija toa se prioriteti, a tie prioriteti ne gi cepka 20 godini nikoj.
Pa poglednete samo kako se prepukuvame nie ovde so slepci, so fashisti so nacionalisti urbani i ne urbani....kako da nemame mnogu prostor i nie da zboruvame

Испран мозоку, ставот на сдсм

Испран мозоку, ставот на сдсм за името никогаш не бил ист со ставот на вмро! Ставот на сдсм беше, тој што е на власт треба да го реши името, а вмро вели - името ќе го решат граѓаните на референдум. Е кога дојдоа изборите и кога виде Дон БЦ дека ќе ги изгуби изброите, го свитка опашот и го препиша ставот на ВМРО за референдум во својата програма од два листа хартија! Истото важеше и за субвенционирањето на земјоделците и сточарите, и сдсм исто како вмро ќе субвенционирале?! Ма немој!? ММЕ кој прв почна работава.
Викаш ништо не се изградило, сето било пропаганда. Да, се изградија многу работи, нешто што не боло пипнато 20 години и повеќе. Се изградија два најмодерни аеродрома (на 8 септември ќе гледаш отварање на најмодерен аеродром на балканот) и конечно почнаа туристи да доаѓаат, се изгради стадионот, салата Борис Трајковски со базенот карпош. Велосипедски патеки, кејот се среди, градот доби нови сообраќајници, проширени булевари, конечно и споменици! Градот доби атмосверска канализација, не плива повеќе после дождови. Администарцијата добива нови згради, добија и нови компјутери, ејј на 486 и пентиум 3, се носеше државава!!! Училиштата добија реновирање, болниците добија најмодерна опрема. Борбата со корупцијата и криминалот не ги спомнувам. Паѓањето на неколку мафии, онаа бела докторска, онаа градежна мафија, онаа корупцијата во судот и царината, ефикасноста на полицијата и ред други работи што во времето на твојот омилен лик од мафијашките времиња (БЦ)претставуваа црнила за Македонија, не вреди да му се спомнуваат на човек како тебе. Џабе е!!! Конечно се изградија и неколку фабрики во економските зони, но за тип како тебе, доволно е да се спомне бар ЕДНА еве, само за споредба со твоите од Бихачка, кој што не изградија ниту ЕДНА, а затворија МНОГУ!!! Ти можеш да се правиш слеп колку сакаш, но неможеш на народот да му ги затвориш очите. Во следните години и автопатиштата ќе се изградат, ќе се отворат нови грамични премини, и неколку хидро централи ќе почнат да се градат. Стандардот ќе се покачи, а Македонија после 10 годиони ВМРО на власт ќе заличи на модерна држава. Епа неможе се да се направи одеднаш за 4 години, но најтрагично е што тој што ништо не направил за 20 години, бара неговиот опонент да го направи за 100 дена!!! Пругата кон Бугарија, онаа што тебе гледам многу ти фали, ќе остане да го чека БЦ да се врати на власт да ја догради. Веројатно тоа ќе се случи на „Свети Никад“ на 15ти Септември 2045. Ќе останат само столбовите како симбол на успехот од времето на транзицијата!!

Ај сиктер!

Во предизборниот отчет на

Во предизборниот отчет на владејачката партија ни беше сервиран еден импозатен опус (илјадници ли беа) на исполнети проекти. Што од инфраструктурна природа, што инвестиции, што реформи во клучните сектори, едноставно не се набројува. И јас се согласувам со сето тоа, очигледна е намерата да се остави добар впечаток, да се вдахне надеж, да се извлече понекој поен.
Но економијата е безмилосна, не трпи ни добри надежи, ни патриотизми, ни удирања во гради, само едноставни одговори на едноставни прашања. Прашања од типот - колкава е стапката на невработеност последниве 5 години? Колкава е сиромаштијата? Кои земји имаат најмногу обиди за добивање азил во Европа? Колку луѓето во оваа земја се чувствуваат сигурни, економски и правно?
Или сума сумарум, како една влада толку силно декларирана како еконмски реформатор, не успеа да освои ни една економска цел која се однесува на животниот стандард?
(За волја на вистината никогаш не се декларираа како про-демократска опција па неуспехот на тоа поле полесно го "варам").

Rikardo jas neznam vo koj

Rikardo jas neznam vo koj grad zivees i dali si imal moznost da prosetas niz Makedonija. Velis "prerodbenciite" gradele parkovi, razubavuvale, demek da sme licni kako Evropa. Rikardo, denes se gradat parkovi i teniski tereni vo sela koi nemaat vodovodna i sanitarna instalacija! se perat pari kaj ke se stigne...

Цитат од текстот: „Дури и ним

Цитат од текстот: „Дури и ним ќе им стане јасно дека медиумскиот простор се претворил во мочуриште во кое останале само преродбеничките жаби.“

Мој коментар: во секој случај подобро од транзиционите шлепери како тебе.

Рикардо, брате, ја не велам

Рикардо, брате, ја не велам дека не се гради. Ниту дека не треба да се гради. Ако бе, нека градат.

Мене ми е проблем токму тоа што ти го правиш, не тоа што некој градел. Јас барам слобода да ја криткувам власта. Ти на тоа ми одговараш мошне мудро: е добро, викаш, кој да владее ако не ДПМНЕ?

Не знам дали разбираш дека ти и јас не водиме ист разговор. Јас зборувам за едно, а ти ми одговоараш дека бидејќи зборувам за тоа автомагијски се залагам СДСМ да владее.

Ало! Еј! Има некој дома? Ти сега ми одговараш тако што прво ќе замислиш нешто šто не сум го рекол и тоа ќе го нападнеш?

Па токму тој став дека оној кој критикува мора да е за СДСМ е најголемата штета на сегашниов режим. Ти не си во состојба да замислиш дека е можно некој да ја критикува власта, да биде опозицијски настроен, а да не е од СДСМ.

Сосе сите изградени улици и сали и училишта и споменици и покрај сите исполнети ветувања ти и мноштвото како тебе сте првите долготрајни жртви на Груевизмот. Гради од камен додека го урива духот. Отвара улици, затвара умови.

Ја за тоа говорам овде. Вистински државник демократијата не ја користи како кусур. Вистински државник опозицијата не ја толкува како предавство.

Јас не го спомнав СДСМ вие

Јас не го спомнав СДСМ вие сами си се препознавате, а си се препознавате не по тоа што имате различен став и мислење од власта туку што во конинуитет имате идентичен со опозицијата,
па затоа прашав кој според вас во моментов е најсоодветен да владее и друго што ме мачи а го пишав подоле е ПОВТОРНО КАЖУВАМ како да сите мисли,коментари и ставови излегуваат од еден ум од една кујна.

исто така не добив одговор, дали за 1000-2000 еура би си го промениле вашето име и зошто не?!
Таа е пропорционалната цена на Македонија за влез во ЕУ и НАТО.
Кажете си јасен став не прикажувајте бранко станко грујо

мој став е дека македонија не треба да го менува името ПА ШТО САКА НЕКА БИДЕ! Или ќе бидеме народ или ќе бидеме курви одлуката е сега!

Го фатиле Васила го ебале

Го фатиле Васила го ебале насила.

ОкоБоли главаВицФото