2009 е година на Галилеј и Дарвин

09.03.2009 15:12
darvin.jpg

Што во науката ни носи 2009 година? Нови откритија, нови сознанија, но и возбудливи продори кои повторно ќе ги поместат границите на нашето незнаење. Секако, невозможно е да се предвиди она што научниците ќе го откријат; на крајот на краиштата, најголемите откритија главно се неочекувани. Сепак, сега веќе знаеме дека 2009 година ќе биде значајна година за науката бидејќи ќе биде посветена на двајца големи научници, Галилеј и Дарвин.

Имено, Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) и УНЕСКО, 2009 година ја прогласија за меѓународна година на астрономијата, на тој начин одбележувајќи 400 години од првото астрономско набљудување со помош на телескоп, кое го изведе Галилео Галилеј.

КВИЗ: Колку ги познавате Галилеј и Дарвин

1. Галилео Галилеј е роден во:
а) Пиза
б) Падова
в) Фиренца

2. Мецената на Галилео се викал:
а) Роберт Белармин
б) Козимо II Медичи
в) Чезаре Борџија

3. Како се викал кардиналот, почитувач на делото на Галилеј, кој во 1623 година станал папа Урбан VIII
а) Пол Попард
б) Роберт Белармин
в) Мафео Барбарини

4. Љубовта на животот на Галилеј со која имал три вонбрачни деца се викала:
а) Марина Гамба
б) Викторија Колона
в) Марија Селеста

5. Галилеј последните години од животот ги поминал во домашен притвор во:
а) Рим
б) Падова
в) во близината на Фиренца

6. Дарвин на Универзитетот во Кембриџ студирал:
а) медицина
б) теологија
в) геологија

7. Капетанот на бродот Бигл, кој го викнал Дарвин на патувањето низ светот, се викал:
а) Роберт Фицрој
б) Фицрој Меклин
в) Џозеф Хукер

8. Пред две години во зоолошката градина во Бризбејн умре 176 години старата желка Хариет која, според легендата, Дарвин ја нашол на еден остров и ја однел во Британија. Островот се викал:
a) Куба
б) Маврициус
в) Галапагос

9. Истовремено со Дарвин, теорија за еволуцијата објавил и:
a) Алфред Расел Валас
б) Чарлс Лајл
в) Томас Бел

10. Името на „Дарвинов пит бул“, немилосрдниот заговорник на теоријата за еволуцијата е:
a) Ричард Докинс
б) Томас Хаксли
в) Олдос Хаксли

Одговори : (1.a, 2. б , 3. в , 4. а , 5. в , 6. б , 7. а , 8. в , 9. а , 10. б )

На чајанкаИстовремено, во 2009 година се слави 200-иот роденден на Чарлс Дарвин, како и 150 години од објавувањето на неговото епохално дело Потеклото на видовите. Големите годишнини ќе бидат одбележани на глобално ниво: на пример, во манифестацијата Меѓународна година на астрономијата под слоганот „Космос: вам ви преостанува да го откриете“ досега се вклучени 135 земји. Главната идејата на манифестацијата е да им овозможи на што е можно поголем број луѓе гледање низ телескоп, на истиот начин како што пред 400 години гледал Галилео Галилеј. Кога во 1608 година оптичарот Hans Lippershey во Холандија го измислил телескопот, веста брзо се проширила низ Европа. Италијанскиот физичар, математичар и астроном Галилео Галилеј (1564-1642) потоа го усовршил овој телескоп и во 1609 година почнал со првите набљудувања. Веќе во 1610 дошол до чудесни откритија.

Потврдување на тезата на Коперник
Тој откри дека Месечината е карпесто тело слично на земјата, а не совршен астрален објект, како и дека Венера покажува мени, што било директен доказ дека се врти околу Сонцето. Со помош на телескоп, Галилео открил дека и околу Јупитер кружат четири Месечини, како и дека Сонцето има дамки, кои покажуваат дека ротира. Каде и да го насочел својот телескоп, Галилео гледал многу ѕвезди.
Откритијата на Галилео биле силна потврда на хелиоцентричните теории за вселената на полскиот астроном Никола Коперник и целосно ја срушиле дотогашната слика за светот изграден главно врз библиската Книга на настанокот според која Земјата е центар на светот и околу неа кружат сите небесни тела.
Црквата ги негирала откритијата на Галилеј и во 1616 година му забранила да ја подучува теоријата на Коперник. Но, Галилеј никако не можел да се помири со наметнатата забрана, па во 1632 година го објавил делото Dialogo sopra i due massimi sistemi del mondo tolemaico e copernicano во кое го објаснил системот на Коперник. Заради тоа во 1633 година во синџири е однесен во Рим пред судот на инквизицијата. Морал јавно да се одрекне од учењето на Коперник, а прогласен е за еретик, причина поради која остаток од животот ќе го помине во домашен притвор.
Процесот кој инквизицијата го водела против Галилеј станал симбол за судирот меѓу науката и верата, а на Црквата и’ ја припиша стогодишната стигма „непријателка на науката“. Папата Јован Павле II дури во 1992 година се извини за злосторствата на инквизицијата, па призна дека Галилеј многу страдал во рацете на луѓето и органите на Црквата. Меѓутоа, на почетокот на 2008 година на Универзитетот Сапиенца во Рим избија протести на студентите и професорите заради одлуката на ректорот да го повика папаа Бенедик XVI да одржи уводно предавање при отворањето на академската година.

Бунт на Универзитетот
Студентите и професорите се побунија против доаѓањето на папата бидејќи тој во 1990 година, тогаш сè уште како кардинал Јозеф Рацингер, рече дека „процесот на Црквата против Галилеј беше оправдан и чесен“. Папата Бенедик XVI на крајот самиот го откажа предавањето, а неодамна, по повод Меѓународната година на астрономијата му одаде почест на Галилеј.

Додека Галилеј со своите опсервации ја сруши црковната слика на светот според која Земјата е центар на светот, англискиот природонаучник Чарлс Дарвин (1809 – 1882) покажа дека човекот е последниот во долгата еволуциска низа на животни од кои се развил по пат на природна селекција.

Приказната за теоријата на еволуцијата на Дарвин, која многу научници ја нарекуваат „најсилна идеја на човечкиот ум“, почнува во 1831 година кога 21 годишниот Чарлс Дарвин тргнува на патување околу светот со бродот Бигл. Петте години пловење го измениле животот на Дарвин. Пронашол голем број фосили кои го увериле дека земјата е многу стара, видел различни поднебја, разновидна флора и фауна. Открил дека на островите живеат многу различни видови кои се слични на оние на копното, а сепак различни бидејќи се приспособени на новите услови на живот. Кога во 1836 година се вратил во Англија, Дарвин почнал да ги развива своите идеи, а во 1838 година напишал нацрт на теоријата за еволуцијата по пат на природна селекција. Потоа теоријата ја развивал цели две децении, а неговите биографи тврдат дека свесно се колебал во врска со објавувањето бидејќи знаел дека тоа ќе го разниша црковниот поглед на настанокот на човекот. Наводно, Дарвин не сакал да ја навреди својата сакана и длабоко религиозна сопруга Ема.
Теоријата за еволуцијата првпат е претставена на 1 јули 1858 година во Лондон, но Дарвин не бил присутен на претставувањето бидејќи во својата куќа во Кент ја оплакувал смртта на својот 19 месечен син Чарлс. Три од десетте деца на Чарлс и Ема, инаку негова братучетка, умреле во раното детство.

Најнапаѓаната теорија
Откако неговото дело е претставено во јавноста, Дарвин трудољубиво се посветува на пишување и во 1959 година ја објавува книгата Потеклото на видовите. Теоријата на Дарвин веднаш го привлекува вниманието на интелектуалната јавност, а тоа што потоа следеше антропологот Стивен Џ. Гулд го нарече „најголемата идеолошка револуција во науката“. Во изминатите 150 години, теоријата за еволуцијата беше една од „најнапаѓаните теории во историјата на човештвото“. Иако практично секојдневно од лабораториите пристигнуваат потврди за теоријата за еволуцијата на молекуларно ниво, теоријата на Дарвин и понатаму е предмет на спор во низа земји. На пример, во „меката на науката“, За еволуцијатаАмерика, 60 проценти од луѓето не ја прифаќаат теоријата за еволуцијата. Многу од нив и понатаму слепо веруваат дека Бог пред 6000 години прво го создал Адам, а потоа од неговото ребро настанала Ева.

Католиците ја признаваат еволуцијата
За разлика од христијанските цркви во Америка од чии редови доаѓа најголемиот отпор кон теоријата за еволуцијата, католичката црква од 1950 година, значи од времето на папата Пиј XII , смета дека еволуцијата е правилен научен пристап кој не е во дисхармонија со Библијата.
Ова во 1996 година го повтори и Јован Павле II , а ватиканскиот министер за култура Џанфранко Раваси неодамна изјави дека Светата Столица нема да му се извини на Дарвин бидејќи неговата теорија никогаш не ја осудила, ниту ја забранила Потеклото на видовите. Раваси, исто така, најави дека во чест на Дарвин во Ватикан на крајот од февруари ќе се одржи научна конференција.

Извор: Јутарњи лист

Слични содржини

Наука / Живот / Историја
Наука / Историја
Книжевност / Наука / Историја
Општество / Наука / Историја

ОкоБоли главаВицФото