Деспотот-дерле

11.07.2011 13:18
Деспотот-дерле

Деспотот најчесто е татко на нацијата. Повеќето тирани, автократи, диктатори си ја избираат улогата на татко, некој чиј збор мора да се слуша и беспоговорно да се следи. Како синови на нацијата или на народот се претставуваат помал дел од диктаторите и тираните.

(Мало терминолошко разјаснување: автократија е чадор-израз кој ги покрива деспотизмот, тиранијата, диктатурата и тоталитаризмот. Деспот е грчки збор и го означува оној што прибегнува кон самовладеење; деспотизмот означува стил или начин на лидерство. Тиранија исто така е збор со грчко потекло и се однесува на неуставниот начин на доаѓање на власт и одржување на власт. Тоталитаризмот е владеење коешто не толерира ниедна друга партија или политичка припадност. Тоталитаризмот често се поврзува со модерното доба, со технологијата, со можноста да се ограничи пристапот до информациите и да се изврши целосна контрола над медиумите. Каква било дифузија на моќта или неконтролираната размена на идеи може да биде опасно за автократските системи.)

Како што Република Македонија по многу нешта е сосема посебна, тешко споредлива и тешко предвидлива земја, така и нашиот актуелен деспот е раритен; во нашиот случај не станува збор за деспот-татко или деспот-син на нацијата туку за – деспот-дерле. Или дериште. Размазен нарцисоиден цмиздравец кој мора да добие сè што ќе замисли и што ќе посака. Потсетете се само на случајот „Скопје 2014“; наполно беа игнорирани стотиците критики од стотиците компетентни луѓе. Наполно беа игнорирани дури и ретките повици за разум од страна на содружниците на деспотот. На крај, некои од верните слуги дури паѓаа на колена пред своето возљубено тиранско чедо и молеа: „океј, пастиру, налет сите споменици, згради и фонтани, те молиме само за една единствена безвредна ситница: не ја прај Триумфалната капија, таа е ужасот, руглото, врвот на нашето лудило кое инаку феноменално го менаџираш и ти се клањаме за тоа!“ Знаеме сите, џабе беше паѓањето на колена; ене ја Триумфалната капија како историски пример до кој степен може да излезе од шрафовите едно време и еден народ впрегнат да ги извршува и најнастраните фантазии на своето премило дерле-деспот.

Има и многу други примери за инфантилната непопустливост на нашиот џепен тиранин (четирите предизборни услови на опозицијата, на пример, која бараше фер и демократски избори; не доби ништо, се разбира, и мораше со гол газ да излезе на таламбас). Да, овдешните слуги на деспотијата знаат да зборуваат за компромис, дури и за разумен компромис, но кога нашиот деспот зборува за компромис тоа личи на договор меѓу нацистите и Евреите. Нацистите сакаат да ги потепаат сите Евреи, а Евреите сакаат да останат живи сите. Во таква ситуација чесно поштено правиме компромис, утепуеме пола од Евреите и – мир у куќа. Разумен компромис.

Една од причините зошто дозволивме со Македонија да владее деспот-дерле веројатно е и овдешниот култ на детето. Тој култ веројатно во просек во општеството произведува повеќе деришта, а во таква културна клима се чини нормално нашиот национал-социјалистички обединувач да биде дерле. Сакаш споменик? Еве ти. Мал ти е? Еве ти поголем. Само немој да плачеш и да се трескаш од земја. Сè ќе направиме да ти биде раат и да немаш приговори на нас.

Освен послушност, нашето дерле бара да му рецитираме и мантри благодарници. Ни велат слугите на деспотот-дерле: „Тој ви гради град, нација, идентитет, децата ви ги става во спортски сали, а инаку со малиот прст би можел сите да ве потепа! Ко Ленин. Ама нејќе. Зашто е бескрајно добар и мил. Затоа ќе му пеете мантри благодарници“. И му пееме. Зашто ни годи. Зашто на Македонците дерлето им годи. Како чир на газот им годи, ама пеат.

А слугите на дерлето вака му велат на пастирот кога одат на лов и кога не знаат како да се соочат со пастировите постојани промашувања на дивите гуски: „Хм, хм, чудно, пресветол пастиру, мртви, а летаат!“ Така и на Тито му зборувале, придружниците.

Дека во толерирањето на милото деспот-дерле како нација сме забегале преку сите можни граници нека послужи и споредбата со сличен водач во речиси иста културна средина: премилата ни Србија. Неколку психолошки анализи го портретираат Борис Тадиќ (кој и самиот е психолог, син на мајка невропсихијатар) како вечно размазено дете на салонските белградски „татковци на нацијата“ (националистичкиот круг околу Добрица Ќосиќ, во кој припаѓа и таткото на Борис Тадиќ, Љубомир Тадиќ). Но погледнете што на својот претседател му направи јавноста во Србија (која е истата, многумина велат, вазалска и назадна паланка како Македонија): Тадиќ наивно во некаков говор предложил да му се изградат некакви кули на Никола Тесла, еден од посакуваните симболи на современа Србија (нешто ко Аце наш). Речиси немаше весник, и лев и десен, и таблоид и сериозен неделник, да не прокоментира дека Тадиќ тропа глупости. Еве што светски познатата писателка Биљана Србљановиќ му рече на Тадиќ во НИН: „Кога некој со толку самоувереност си допушта себеси да размислува за поставување кули, па макар во слава на Тесла, нормално е луѓето да се прашуваат – па чекај, дали вака и законите се пишуваат, вака ли се работи реформата на судството, економијата и проектот на нашата кандидатура? Што на водачот му паднало на ум, што му се јавило во моментот на вдахновение или безделништво, без какво било познавање на материјата, овде да удри кула, таму институтот на нагодба, па сето тоа онака човечки и дилетантски, а без свест за последиците. Секогаш во такви случаи си приспомнувам на приказната за славниот хотел Москва, на Црвениот плоштад, кога Алексеј Сусев понудил два архитектонски плана за идната зграда, исцртани на паус папир, а Сталин ги преклопил двата листа еден врз друг и едноставно ги потпишал – обата проекти. Хотелот тогаш морал да биде изграден така, гротескна мешавина на два проекта, без логика и употребна вредност. Престојував еднаш таму, кон крајот на деведесеттите, и во тие лавиринти многу дознав за слепото почитување на водачот. Сега, инаку, е урнат, чека да биде обновен од темел и да стане Ritz или Four Seasons, пак некоја ругоба, но сега по мерка на новите богаташи“.

Иво Андриќ, генијалниот југословенски писател еднаш сјајно го опиша и нашето време: “Dođu, tako, vremena, kada pamet zašuti, budala progovori, a fukara se obogati.” Такво време ни дојде и нам, во Македонија. Умот молчи, фукарата се богати, а будалата неприкинато дрдори дека не сме ни свесни колку ни е добро. Сè во служба на деспотот-дерле.

***

Додаток

Не за дерлето-деспот туку за татковците-деспоти еднаш пишував текст за „Утрински весник“. Тргнав од интересната теза на Борис Буден кој Туѓман и Милошевиќ ги спореди со пермисивни мајки кои на „своите" палави деца им ги допуштаат сите свињарии, т.е. воопшто не им ги попречуваат на „своите" народи често многу опасните нагони; за разлика од Тито, кој беше „вистински" татко, пред сè, зашто знаеше да ги ограничува опасните општествени нагони.

Среќко Пулиг се надоврзува на таа теза: „Слободан Милошевиќ беше вистинскиот татко на хрватската држава и тука лежи тајната на нашата нелагодност во постјугословенската политика и култура. Како таков тој не само што е најголемиот во галеријата на нашите vanishing mediators, исчезнувачките посредници, кои успеаја, без оглед на својата и нашата вера и нација, да нè пренесат од политичката југословенска држава во новите постполитички, „национални", полудржавни, полуопштествени и полукултурни творби на работ на Империјата. Милошевиќ е најголемиот во галеријата на ликовите кои нè пренесоа од политички некој во политички никој. Па, сепак, и како таков, со својата смрт и со идниот задгробен живот, кој штотуку почна да се одвива, тој уште еднаш покажува дека не мисли туку-така да се откаже од нашите зомбиевски животи".

Зад неговата политика, вели Пулиг, како најзначајна последица не остануваа само многубројните трупови на убиените, туку остануваа (и сè уште се тука, со нас! И повеќе-помалку владеат со нас!) живите мртовци, постполитичките зомбиja, на сите страни, и оние кои само перфидно тргуваа и симулираа судири и оние кои реално поминаа низ, во секој поглед, осакатувачките војни. Најголемото злосторство на Милошевиќ, и за тоа речиси никој не пишува (оти овдешниве пишувачки агенди главно ги обликуваат англоамериканските медиуми кои сопствениот партикуларизам го продаваат како универзална вистина) е што тој, всушност, ја усмрти секоја можност за занимавање со рационално сфатената политика на простор кој сега изгледа како безвоздушен ("Западен Балкан", некоја чудна аморфна претполитичка смеса), а некогаш се нарекуваше југословенска политичка држава и цивилно општество. Наместо со политика да се обидеме да влијаеме и да бидеме одговорни за сопствените животи, со помош на "проектот" на Милошевиќ и неговите пајташи поголемиот дел од населението во регионов е претворен, како што вели Пулиг, во антиполитичка каша од човечки и материјални ресурси за неолибералната глобализација; исчезнувачкиот посредник, значи, и самиот деновиве исчезнувајќи, најмногу придонесе од една солидна политичка заедница како регион и како потенцијален политички чинител да се претвориме во постполитичка глобална безначајност.

Слики: Fred Stonehouse

Пратете ја Биљана Србљановиќ

Пратете ја Биљана Србљановиќ една недела во Македонија и ќе сфати дека Србија е рај на земјата.
„Дерлето“ Тадиќ сепак гради мостови преку Дунав. Нашево гради споменици и Триумфални капии - и притоа дрпа дури и над африканските стандарди за дрпање (пута девет, минимум). Ако, ако. Сака да трпи Македончето? Нека трпи (и нека дрпа, колку што може). И нек му пее „мантри благодарници“ на пастирот затоа што, вака-така, сепак не’ остава живи, не?! А би можел сите да не’ потепа, ко што вели текстот. Затоа - да му бидеме благодарни.

Јас би додал деспот-душман

Јас би додал деспот-душман (од персискиот збор душман што значи непријател). Ако некој е деспот врз сопствениот народот, по аналогија во истовреме е и прв душман на народот.

Мене пастирот малку ме

Мене пастирот малку ме потсеќа и на Бејби Док. Го памтите? Син на Папа Док, славниот диктатор од Хаити. Бејби Док е негов син и владееше од 1971 (кога умре „Таткото Доктор“) до 1986, кога збриша за Франција. Годинава Бејби Док несфатливо се врати во Хаити и го уапсија, нормално.

Еве малку што вели Вики за

Еве малку што вели Вики за Папа Док т.е. за François Duvalier, т.е. за вуду волшебникот Baron Samedi (името го искористија и во филмовите за Џемс Бонд):
Duvalier fostered a personality cult around himself, and claimed to be the physical embodiment of the island nation. He also started to revive the traditions of vodou, later on using them to consolidate his power as he claimed to be a houngan, or vodou priest himself. In an effort to make himself even more imposing, Duvalier deliberately modeled his image on that of Baron Samedi. He often donned sunglasses to hide his eyes and talked with the strong nasal tone associated with the loa. The Duvalier regime propaganda even stated that "Papa Doc: was one with the loas, Jesus Christ, and God himself". The most celebrated image from the time shows a standing Jesus Christ with hand on a seated Papa Doc's shoulder with the caption "I have chosen him". There was even a Duvalierist variant of the Lord's Prayer.

physical embodiment of the

physical embodiment of the island nation - тоа е и нашиот Мал-Голем водач (Златниот-Црниот, премилиот ни Николае Грујабе): отелотворение на македонската нација, ни више ни мање.

Ако не знаете што е Houngan,

Ако не знаете што е Houngan, еве објаснување (чинам, уште сум во темата: Дерле:)
Houngan is the term for a male priest in the voodoo religion in Haiti (a female priest is known as a mambo). The term is derived from the Fon word "hùn gan". There are two ranks of houngan, houngan asogwe (high priest) and houngan sur pwen (junior priest). A houngan asogwe is the highest member of clergy in voodoo; he is the only one with authority to ordain other priests.

It is the houngan's role to preserve the rituals and songs and maintain the relationship between the spirits and the community as a whole (though some of this is the responsibility of the whole community as well). They are entrusted with leading the service of all of the spirits of their lineage. Sometimes they may also be bokor (sorcerers).

Фала, вуду мајсторе! И јас,

Фала, вуду мајсторе! И јас, како талмудист, можам многу да научам од твоето (политичко) вуду знаење! Не знаев, патем, што значи loa(s), па прочепкав (во темата сум, се разбира, наш Грујо е посредник меѓу Бога, македонските античките духови и дребниот јаден сегашен мк народ):
The Loa (also Lwa or L'wha) are the spirits of the voodoo religion practiced in Louisiana, Haiti, Benin, and other parts of the world. They are also referred to as Mystères and the Invisibles, in which are intermediaries between Bondye (Bon Dieu, or good god)—the Creator, who is distant from the world—and humanity. Unlike saints or angels however, they are not simply prayed to, they are served. They are each distinct beings with their own personal likes and dislikes, distinct sacred rhythms, songs, dances, ritual symbols, and special modes of service. Contrary to popular belief, the loa are not deities in and of themselves; they are intermediaries for a distant Bondye.

Ова исто е интересно, како

Ова исто е интересно, како Папа Док ги потепал сите црни кучиња во Хаити:
On May 24, 1959, Duvalier suffered a massive heart attack, possibly as a result of an insulin overdose; he had been a diabetic since early adulthood and also suffered from heart disease and associated circulatory problems. During this heart attack he was unconscious for nine hours; many associates believed that he suffered neurological damage during these events that affected his mental health and made him paranoid.

While recovering, Duvalier left power in the hands of Clement Barbot, leader of the Tonton Macoutes. Upon his return, Duvalier accused Barbot of trying to supplant him as president and had him imprisoned. In April 1963, Barbot was released and began plotting to remove Duvalier from office by kidnapping his children. The plot failed and Duvalier subsequently ordered a massive search for Barbot and his fellow conspirators. When during the search Duvalier was told that Barbot had transformed himself into a black dog, Duvalier ordered that all black dogs in Haiti be put to death. Barbot was later captured and shot by the Tonton Macoutes in July 1963. In other incidents, Duvalier ordered the head of an executed rebel to be packed in ice and brought to him to allow him to commune with the dead man's spirit.

Имам слушнато дека

Имам слушнато дека пресветлиот наш пастир повеќе месеци од најраната возраст ги минал заробен во ортопедско корито (ради тој проблем со нозете, изгледа, човекот се гега кога оди). Дали можеби тука настанал и некој дополнителен неуролошко-церебрален проблем?!
many associates believed that he suffered neurological damage during these events that affected his mental health and made him paranoid

Она што исто така ги спојува

Она што исто така ги спојува двата политички нарциси што ги водат двете најзаостанати европски држави, Србија и Македонија: Тадиќ бил ужасен ватерполист (дно дна), а Грујо уште поужасен боксер, без ниту еден меч во кариерата!

Романот The Comedians (1966)

Романот The Comedians (1966) на еден од моите најдраги писатели, Graham Greene, се случува во Хаити и во голема мера зборува за Папа Док и неговата тајна полиција, Tonton Macoutes. Во една сцена од романот главниот лик поминува крај голема неонска мижуркава реклама на која пишува: Je suis le drapeau, Uni et Indivisible. Francois Duvalier. „Јас сум знамето, Единствениот Незаменлив. Francois Duvalier.“
Средечно го препорачувам романот, но и целиот Греем Грин!
На друго место во романот се цитира делче од Ромео и Јулија: Лекот против хаосот, не ли е во хаосов?

Мала корекција која никако не

Мала корекција која никако не ја менува суштината, Иво Андриќ, а не Меша Селимовиќ рекол: "Dođu, tako, vremena, kada pamet zašuti, budala progovori, a fukara se obogati !"

Фала, Б! Го читав деновиве

Фала, Б! Го читав деновиве Меша Селимовиќ, па несвесно сум направил грешка. Еве, да се заблагодарам, стварно Селимовиќ, од Тврдина: ...Postoje tri velike strasti, alkohol, kocka i vlast. Od prve dvije se nekako mogu izljeciti, od trece nikako. Vlast je i najtezi porok. Zbog nje se ubija, zbog nje se gine, zbog nje se gubi ljudski lik. Neodoljiva je kao carobni kamen, jer pribavlja moc… Covjeka na vlasti podsticu kukavice, bodre laskavci, podrzavaju lupezi, i njegova predstava o sebi uvek je ljepsa nego istina. Sve ljude smatra glupim, jer kriju pred njim svoje pravo misljenje, a sebi prisvaja pravo da sve zna, i ljudi to prihvataju. Niko na vlasti nije pametan, jer i pametni ubrzo izgube razbor, i niko trpeljiv, jer mrze promjenu. Odmah stvaraju vjecne zakone, vjecna nacela, vjecno ustrojstvo, i vezuci vlast uz boga, ucvrscuju svoju moc. I niko ih ne bi oborio, da ne postaju smetnja i prijetnja drugim mocnicima. Ruse ih uvijek na isti nacin, objasnjavajucu to nasiljem prema narodu, a svi su nasilnici, i izdajom prema vladaru, a nikome to ni na um ne pada. I nikoga to nije urazumilo, svi srljaju na vlast, kao nocni leptiri na plamen svijece.

Тоа па тоа. Власта кради,

Тоа па тоа. Власта кради, деспоти се оние на власт. Наместо да се повторува исто па исто по илјадити пат, зошто не се дадат креативни одговори на прашањето како и зошто без власт?

Како да се победи еден

Како да се победи еден диктатор? Фантастична колумна од претседателот на Free Africa Foundation. Колумната заслужува македонски превод и објава. Со нетрпение ја очекувам неговата книга Defeating Dictators.
http://www.huffingtonpost.com/thor-halvorssen/george-ayittey-how-to-def_...

А таман мислев дека по

А таман мислев дека по поразот ќе ја смените тактиката, бар за некој степен поналево. Али тоа е, некреативни сподоби еднакво на курац власт за вас, мои мали манијачиња.

Таму каде што секој лаже за

Таму каде што секој лаже за сето она што е значајно, оној кој ја зборува вистината почнува да дејствува, сеедно дали е свесен за тоа. Така и тој се вплеткува во политичката дејност, оти во случајот да преживее, што не е сигурно, тој ја започнува промената на светот.
Хана Арент

P. T. Barnum, милионерот,

P. T. Barnum, милионерот, познат и како таткото на циркусот, еднаш изјавил: „Никој никогаш не банкротирал на потценувањето на интелигенцијата на американскиот народ.“
Така што, ако сакате да го победите груевизмот треба да го потцените македонскиот народ дабетер од што го потценува Златниот-Црниот. А можно ли е тоа?! Да истураме кофи гомна врз главите на поданиците, директ од Воинот на коњ?!

На кој начин Македонците го

На кој начин Македонците го сакаат својот лажен татко, т.е. деспотот-дерле?! Можеби на овој, наречен фетишистичко порекнување:
На сличен начин на „фетишистичко порекнување“ за својот татко зборува Светлана Сталин во мемоарите пишувани во шеесеттите години, по нејзиното емигрирање во САД. Според Светлана, Сталин „однатре“ бил чувствителен татко и грижлив водач кому неговите зли соработници (Берија, на пример) ги натовариле повеќето масовни убиства што биле извршени. По мемоарите на Светлана Сталин, синот на Берија, Серго, ги објавил своите сеќавања каде што го портретира татка си како чувствителен семеен човек којшто просто ги следел Сталиновите наредби и скришно сакал бројот на жртвите да го направи помал. И Андреј Маленков, синот на Георги Маленков, Сталиновиот наследник, исто така ја раскажал приказната за својот татко опишувајќи го како чесен и посветен работник кој постојано се плашел за сопствениот живот.

Пред неколку години, инаку,

Пред неколку години, инаку, за јавноста беа отворени записниците на седниците на советското Политбиро и на Централниот комитет од триесеттите години на дваесеттиот век. Жижек зборува за Сталиновото „милосрдие“ на тие седници. Кога помладите членови на ЦК, страсно докажувајќи го својот револуционерен жар, барале итна смртна казна за Бухарин, Сталин секогаш интервенирал и говорел: „Трпение! Неговата вина се’ уште не е докажана!“ Се разбира дека тоа е чисто лицемерие. Сталин е оној што го создал деструктивниот пламен во кој настрадаа толку многу негови соработници. Но, без оглед на тоа, хагиографиите по правило инсистираат на милосрдната слика на водачот и по правило те прават слеп при здрави очи (т.е. единственото нешто што не го земаат предвид се – очите).
Така и кај нас, Златниот-Црниот („отелотворувањето на нацијата“, заедно со Аце, плус коњот) е нашиот милосрден ангел. Идентитет ни дае, еј! Да не зборм за аутобуси, жичарница и плажи... А комунистите ништо не правеа, спиеја 60 години, пред да се појави нашето милосрдно дерле-деспот...

Прав си, Вуду мајсторе! Мене

Прав си, Вуду мајсторе! Мене автократијата на Груевски ме потсетува на една од митските сцени на советската хагиографија, за која исто збори Жижек: Сталин се шета низ житни полиња и сретнува еден возач кому тракторот се расипал. Со мудар совет Сталин му помага на возачот да го поправи тракторот. Кој е заклучокот? Дека предобриот Грујо, делејќи „шаком и капом“ низ македонските полиња, е прекрасен човек?! Заклучокот е дека на пат кон наполно пропаѓање е онаа земја во која ни тракторот не може да проработи без благословената помош на некаков си политички светец!

Во актуелниов историски миг

Во актуелниов историски миг Македонецот ми личи на стариот Евреин од славниот виц, кој животот го поминувал седејќи на една клупа, крај синагогата, некаде во источна Европа. Еднаш еден патник застанал пред старецот. „Што правите тука?“, прашал патникот. „Го чекам доаѓањето на Месија.“ „Тоа навистина е важна работа, претпоставувам дека заедницата ве плаќа?“, прашал патникот. „Не, никако. Ништо не ми плаќаат. Само допуштаат да седам на клупава. Повремено некој излегува и ми дава малку храна“, рекол старецот. „Веројатно ви е тешко. Но, дури и ако не ве плаќаат, сигурно ве почитуваат зашто сте се нафатиле на толку тешка работа“, рекол патникот. „Не, воопшто. Сите тие мислат дека сум луд“, рекол старецот. „Не разбирам. Не ве плаќаат, не ве почитуваат, вие седите тука на студенилово, се тресете гладен. Каква е таа работа?“, рекол патникот.
„Тоа е постојана работа“, рекол стариот Евреин.

Култот на детето не започнува

Култот на детето не започнува со Грујо. Љупчо и Бранко исто започнаа како курлиња. Добрата страна е што се пензионираш рано и слатко.

Ужасен натпис. Му се испосра

Ужасен натпис. Му се испосра на нашиот деспот а заборави да додадеш дека токму тој деспот е производ на народот и дека народот го качи таму каде што се наоѓа. Уште поголема фарса е што покрај обемното серење не пролиферува никакво решение. Барем идејно, барем далечно, страно и тешко замисливо. Сепак- решение?

И жити се Никола Гелевски, од каде го ископа зборот “раритен“ ?

Спастри се човеку! Сакам да те читам ама ме гребе нешто во грлото додека го чинам тоа и одвај чекам да заврши текстот-токму заради зборовите што ги вадиш од дното на котелот.

Не е натпис туку напис. Земи

Не е натпис туку напис.
Земи септолете, речник и граматика у шаки, па можеби некоаш нешто и ќе успееш да сфатиш.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото