Убивање на критиката

13.07.2011 12:08
Убивање на критиката

Една од главните слабости на западното мислење е вообразеноста дека може да ги реши сите проблеми. Николај Хартман, еден од големите умови на 20 век, препорачувал да бидеме скептични спрема решенијата, а секогаш подготвени да се занимаваме со проблемите. Хартман за учителот на „коњаникот од плоштад“ го има кажано следното: „Аристотел е голем и поради една работа што сме ја заборавиле. Имено, треба одново да ја научиме Аристотеловата вештина да се дискутира за проблемите без да сакаме по секоја цена да ги решиме.“ Таа вештина се нарекува апоретика. Постои уште една поента во ставот на Хартман: повеќето мислители низ историјата се значајни по тоа кои проблеми ги отвориле, а помалку поради тоа какви решенија понудиле. Но, тоа е широка тема.

Изгледа утописки овој постулат на Хартман да се примени консеквентно во политиката. Што би правеле политичарите ако не можат да наметнат впечаток дека имаат решенија или дека ќе изнајдат покус пат за реализација на одредена цел? Без тоа, несомнено, модерната политика не може да функционира или да црпи легитимитет. Но, иако денес политиката е оптоварена со финалниот резултат и со начинот како тоа да се покаже и да се промовира, никој нормален не може да ја оспори вистината дека во основа на нештата, сепак, стои способноста да се согледуваат проблемите и да се расправа за нив. Сите држави кои денес ги сметаме за успешни се карактеризираат и по тоа што знаеле во тешки моменти да ги согледаат проблемите, наместо да бегаат од нив. Дури и најуспешните држави не си дозволуваат да се олабават и да помислат дека ги пронашле сите одговори за проблемите.

Што му е потребно на едно општество за да може постојано да се занимава со проблемите? Потребна е слобода на говорот, критички дух, слободни медуими, политичка култура која ќе потикнува толеранција и разбирање, со еден збор – потребна е вистинска демократија. За жал, сите овие компоненти – или ги извалкавме или сме на пат да ги изгубиме.

Новинарите, порано, знаеа да кажат дека првите пет години од плурализмот беа златните години на демократијата во Македонија. Зошто? Затоа што тогаш имаше хиперинфлација од решенија и никој не се чувстуваше глупаво или загрозено поради тоа. Но, таа лавина од решенија, од проекти, од концепти, укажуваше дека општеството има свест за проблемите, дека не бега од нив и дека е недозволиво тие да се ставаат под тепих како што е случајот сега. Во тие години, на пример, беше нормално да се види како политичари, бизнисмени, професори, уметници и новинари седат на заедничка маса и дебатираат. Тоа беше чудна комбинација за хомологизација на мислењата. Не велам дека тие дебати не беа и за озборување, договарање и за збивање на редовите.

Но, во основа, тие дружби изразуваа еден нов квалитет – никој не претендираше да покаже дека ја има кај себе сета памет на овој свет, дека на секому му е се јасно и сè му е бистро во главата. Овие средби беа индикатор за една несигурност, но и на желба за учење, за усовршување, со оглед на тежината на проблемите кои се јавуваа. Како се решаваа одредени проблеми, како се затвораа некои поглавја, како се задоволуваа нечии интереси и како системот се институционализираше според новите правила, така се намалуваа учесниците во дебатата, за на крајот, секој да почне да се дружи со своите – политичарите со политичарите, бизнисмените со бизнисмените, новинарите со новинарите... Така, секој си доби своја секира за цепење дрва. Се разбира, само во херојската фаза на демократијата можело да се создаде впечаток дека сите се важни и дека сите подеднакво ќе партиципираат во барањето решенија.

Такви времиња нема никогаш да се повторат и тоа му припаѓа на историјата. Денес, ние имаме друг предизвик, освен да се осврнуваме на убавите моменти во минатото. Главното прашање е следното: зошто критичката мисла е осудена на умирање во Македонија и зошто медиумите кои пишуваат критички и не се во функција на власта се пред исчезнување?

Тажната судбина на критиката, а и на демократијата, ни беше навестена уште пред пет години. Нивниот тажен крај стана извесен кога се сфати дека имаме работа со власт која не прифаќа дебата за ниту едно суштествено прашање, а богами бега од дијалог и за најбанални теми и дилеми. Таква затвореност на една владејачка структура и таква политика на избегнување на дебата не е забележана досега во Македонија. Па дури и во комунизмот, власта се осмелуваше да прифати одржување расправи на теми кои беа надовор од идеолошката агенда, ако проценеше дека на интелектуалната и на културната јавност ѝ треба некаков издувен вентил. Сега, младите генерации, кои се родени во демократија, допрва ќе откриваат што значи да се живее во темен вилает.

Власта предводена од Груевски прифати дебата само во собраниска форма, деформирана со мајоризацијата во парламентот и проследена со валкана пропагандна војна. Така, дебатата стана само формална, а плурализмот – фасаден. Зад сето тоа се наѕираше новото едноумие. Впрочем, таква е денешна Македонија – формата ѝ е демократска, суштината ѝ е антидемократска. Сега гледаме дека и формата треба да се преформатира, дека се мора да биде подредено на извитопереното единство на власта, кое забрзано се стреми кон едноумие.

Во изминатите години, власта мораше да толерира и критички медиуми, но, сега гледаме колкав бил прагот на толеранција и која била стратегијата. На почетокот, власта ги игнорираше медиумите, потоа почна да ги стигматизира, сега ги елиминира. Не би ме чудело во наредната фаза, на интелектуалците и на новинарите, кои останаа без работа затоа што тресеа празна слама и ја критикуваа Владата, да им се понудат лопати и крампови за да бидат корисни за општеството. Доста со зборување и со критикување, време е за работа и за конкретна акција! Како во времето на „Брчко-Бановиќи“!

Тоа би било логична последица на една опасна идеологија. Имено, какво фајде има од медиуми, кои треба да информираат, да образуваат, но и да го поттикнуваат критичкиот дух и дијалогот во општеството, кога власта, едноставно, не прифаќа никаков дијалог!

ВМРО-ДПМНЕ ќе продоложи со стратегијата дека во Македонија има две политички реки кои немаат заедничка утока. Тој дуализам кој власта ни го продава, но и го спроведува упорно и систематски, упатува дека паралелизмот ќе се одржува по секоја цена и дека нема да се дозволи никакво вкрстување на двата политички тека.

Новиот критички дискурс кој сега ќе се реформатира и ќе продолжи да функционира во далеку потешки околности, мора да ја респектира оваа политичка конфигурација и да се ослободи од заблудата дека се можни приближувања помеѓу „нивната“ и „нашата“ Македонија. Критиката треба да се помири со фактот дека не е способна ниту да го омекне, а ниту да го вразуми Груевски.

И што ќе прави критичкиот ум сега? Да влегува во бесмислени расправи со цинични спин-доктори и со други измеќари на власта? Да ги побива триумфалистичките тези на власта дека народот направи избор и дека е повеќе од јасно кој е победникот во Македонија? Дали критичкиот ум треба да докажува колку се опасни и се идиотски мислењата дека во Македонија дебатата заврши на 5 јуни, а сега настапува времето за дејствување и за реализација на проектите? За жал, некој и тоа мора да го прави. Но, клучна работа за критичкиот ум е да помогне да не падне духот кај огромниот број граѓани кои не се помируваат со ваква Македонија, со ваков третман на слободата и на демократијата.

Критичкиот дух треба да му порача на Груевски една единствена поента – оној кој бега од дијалог и кој ја претпочита силата наместо силината на зборот, го избира најопасното оружје во политичката битка. Тоа е голем проблем. Но, нели, од проблемите не смее да се бега. И, нема да се избега!

Слики: Rinus Van de Velde

Извор: www.globusmagazin.com.mk; 12.07.11.

„... во Македонија има две

„... во Македонија има две политички реки...“ за жал имаше, но сега остана само една. Со гушење на критиката, власта стави брана на другата политичка река. Но, што ќе се случи кога нејзината сила зад браната ќе започне да се акумулира и да се прелева преку неа?! Кој ќе се удави во поплавата?!!

Spored Wikipedia, kritika e

Spored Wikipedia, kritika e metod na disciplinirana, sistematska analiza. Po taa definicija, mediumite shto zgasnuvaat denovive, ne se kritichki mediumi, bidejkji ne praktikuvaat nikakvi analizi, tuku samo obichna plukachka propaganda, nevrzana za objektivnata realnost.

Митралезец, ти си

Митралезец, ти си олицетворение на пропагандист, и тоа од најдолен ков (скратено: латасоид, груевист). И дотолку е гротескно кога еден латасоид-груевист збори за „disciplinirana, sistematska analiza“.
Да потсетиме: груевизмот не е ништо друго освен чиста плитка пропаганда (симбол за груевизмот, впрочем, е лудачкиот фасадерски проект СК 014, проект кој ни више ни мање ни дае идентитет!). Доказ за тоа (дека груевизмот е пропаганда): стотици милиони евра изминативе пет години се потрошени за реклами, агенции и медиуми кои го величаат пастирот; десетици милиони евра се потрошени и злоупотребени се десетици државни служби, пак, за („контраразузнавачки“) проекти кои ја уништуваат секоја опозициска и критична мисла. Тоа се, просто, историски факти (кои ќе светнат ко „силно светнат ден“ дури откако диктатурата ќе падне).
Митралезец, „објективната реалност“ во РМ е помрачна од што може најмрачниот критички медиум да ја прикаже. Тоа е, можеби, дури и добро, зашто соочувањето со ужасот на груевизмот може дополнително да ја замрзне ионака мртвата енергија на Македонците.

1. SK014 ne mozhe vo isto

1. SK014 ne mozhe vo isto vreme da bide i fasaderski i tolku korenit pa da menuva identiteti. Reshi se, ili e edno ili e drugo. Do togash, edinstveniot nekonzistenten (da ne recham lud) ovdeka si ti.

2. Reklami ne se koristeni za "velichanje na pastirot", tuku za promocija na vladinite programi. Vlada koja raboti treba i da i objasni na javnosta shto raboti. Najlegitimna praksa vo sekoja demokratska drzhava.

3. Sluzhbi sekako deka ne se upotrebeni za unishtuvanje na opoziciskata i kritichka misla bidejkji nashata opozicija nikogash i nemala misli, a ne pak kritichki, ko shto objasniv pogore.

Zakluchok: edinstveniot mrak ovdeka ti e tebe vo glavata, a za makedonskata energija ne se sekiraj.

Таму каде што секој лаже за

Таму каде што секој лаже за сето она што е значајно, оној кој ја зборува вистината почнува да дејствува, сеедно дали е свесен за тоа. Така и тој се вплеткува во политичката дејност, оти во случајот да преживее, што не е сигурно, тој ја започнува промената на светот.
Хана Арент

P. T. Barnum, милионерот,

P. T. Barnum, милионерот, познат и како таткото на циркусот, еднаш изјавил: „Никој никогаш не банкротирал на потценувањето на интелигенцијата на американскиот народ.“
Така што, ако сакате да го победите груевизмот треба да го потцените македонскиот народ дабетер од што го потценува Златниот-Црниот. А можно ли е тоа?! Да истураме кофи гомна врз главите на поданиците, директ од Воинот на коњ?!

И доста ни е! Смачено ни е!

И доста ни е! Смачено ни е! На бесните Африканци им е доста од нив. Диктаторите ги предизвикуваат најлошите проблеми во светот: сите тие пропаднати земји и пропаднати економии. Сите матни случаи на корупција, грабање и пљачкосување на државните пари се предизвикани од диктаторите...

Три суштински начела мора да

Три суштински начела мора да се следат за да успее една револуција: како прво, обединетата коалиција од опозициските сили е од суштинска важност. Второ, тактиката на диктаторот – силните и слабите страни – мора внимателно да се проучи. И трето, редоследот во реформите е битен; постојат неколку чекори кои мора прецизно да се следат.

Мала група продемократски

Мала група продемократски активисти – наречете ги советот на постарите – претставува императив да служи како нервен центар кој стратешки ќе ги планира и координира активностите на различните опозициски групи, граѓанското општество и движењата на младите. На пример, нешто слично на ова е Собирот во Судан во 1985 г., Дунавскиот круг во Унгарија во 1988, Повелбата 77 во Чехословачка во 1989 и Сојузот за промени во Гана во 1995, во кој учествував и јас. Ако диктаторот закаже избори, советот мора да ги поврзе сите политички партии во избирачки сојуз. Во 2010 г., диктаторите ги „освоија“ изборите поради поделената опозиција. За финансирање советот треба да се потпре на иселеничката заедница, а не на Западните донатори.

Тактиката на сите диктатори

Тактиката на сите диктатори во суштина е истата: покрај собранието, ако постои такво во земјата, тие преземаат контрола врз шесте клучни државни институции (безбедносните сили, медиумите, администрацијата, судството, избирачките комисии и централната банка), во кои ги вработуваат своите поддржувачи и ги ставаат во служба на своите интереси. За да успее, општонародната револуција мора да се избори за контрола врз барем една или повеќе од овие институции, да ги оттргне од канџите на диктаторот. На Бен Али и Хосни Мубарак им дојде крајот кога војската одби да отвора оган врз цивилите. Истото важи и за Филипините во 1986 и Грузија во ноември 2003, кога безбедносните сили беа мавани со рози (оттаму и Розевата револуција), украинската Портокалова револуција од ноември 2004 го придоби Врховниот суд на своја страна, а пакистанската Црна револуција од март 2007 ја имаше целосната поддршка од судството.

Диктатурите не се

Диктатурите не се карактеристични само за Африка и затоа ќе демонстрирам солидарност со сите кои се борат за слободата. Со заедничка работа и учење едни од други можеме да ги победиме грозните диктатори.

Се мислам сите вака комплет

Се мислам сите вака комплет да ве пуштам по грчкиот и бугарскиот нет, па малку да сработите нешто корисно за Македонија освен шо тука си вадите очи...

Ебани сте у мозок, сите до

Ебани сте у мозок, сите до еден, ама сепак ви повторувам, ко на луѓе што не сте, дека пумпањето на народот ќе се скрши врз ваша глава за четири години. Размислете барем малце пред да тропате нешто плачипичкинско и безвезно и менувајте ја реториката, ако не и методот, од време на време, зошто своите ќе си ги испоцркате и после нема да има кој да ве рипа.

А ти фану на Окно, запомни ја више Арент за да почнеме да те учиме како да мислиш со своја глава. Ние - стаорците на Златниот-Црниот Грујабе, вас - папагалите недоквакани и празни.

Зошто им се обраќаш во

Зошто им се обраќаш во множина, коментаторите се еден ист човек.

Биле еден ист „човек“.

Биле еден ист „човек“. Некогаш одамна.

ОкоБоли главаВицФото