Мајкл Џексон бил Македонец

13.07.2011 14:00
Мајкл Џексон - пред и откако станал Македонец

Познатиот штипски и светски историчар Александар Донски преку низа сложени математички пресметки, како и со помош на Американскиот државен архив, односно документите кои оваа американска национална установа љубезно му ги отстапи на проучување, откри дека најпознатата светска поп ѕвезда, која почина пред две години, Мајкл Џексон имал делумно македонско потекло. Имено, одредени корени од неговото семејно стебло досегаат дури до почвата на Македонија!

„На почетокот ни јас не можев да верувам во тоа, несомнено, светско откритие“, вели за Пара вестите штипскиот и семакедонски истражувач и историчар Донски, кој неодамна престојуваше во САД, стипендиран од Македонската фондација за откривање на корените која беше формирана во рамките на Министерството за култура, а е поддржана од многу познати имиња од политичкиот, културниот, деловниот, спортскиот и невработениот свет.

„Пребарувајќи низ американските архиви и документи, наидов на податок кој укажуваше на тоа дека еден од претците на Мајкл Џексон, Михаил Јаконов, кој се родил и пораснал во Битола, во 1882 г. пристигнал на територијата на денешен САД и таму се вработил во градежништвото и го сменил името за полесно да се вклопи во околината. Потоа се оженил за девојка со афроамериканско потекло, со која имал четири деца, од кои две починале. Од останатите две потекнува таткото на Мајкл кој, како што е познато, имал пет деца, меѓу кои едно посебно се истакнувало со белината на својата кожа – Мајкл Џексон“, вели Донски, покажувајќи му на вашиот известувач копии од оригиналните документи што се чуваат во специјалните сефови на Американскиот државен архив.

Донски вели дека планира да напише и книга за ова сензационално откритие, откако ќе ги докомплетира истражувањата и доказите кои одат во прилог на неговата теза. Исто така, за Пара вести изјави дека во САД грчките културни здруженија, откако дознале за оваа вест, веќе се мобилизирале и почнале да пишуваат писма до американските конгресмени во кои тврдат дека Македонија и македонската влада не само што бесрамно ја крадат грчката историја туку сега почнале и дрско да преземаат и од американската. Засега од американската амбасада нема никакви реакции, но оттаму најавија конференција за печатот, меѓутоа не прецизираа кога ќе се одржи.

На плоштадите од неколку поголеми американски градови спонтано почнаа да се собираат групи луѓе, претежно со афроамериканско потекло, и да протестираат, главно извикувајќи „Каде е таа Македонија што сака да краде од нас!“. Многумина од нив носеа географски карти на кои со црвена точка наводно е обележана Македонија, иако новинарите на Фокс њуз открија дека, сепак, се работи за пропуст и по грешка била обележана грчката провинција Македонија, на што повторно реагираа грчките културни здруженија и испратија неколку е-пораки со закани до македонските институции.

Семејството Џексон засега не го коментира најновиот развој на настаните, а нивниот адвокат за новинарите изјави дека можно е да ја тужат Република Маусдонија (подоцна се поправи и рече Македонија) пред Меѓународниот суд во Хаг, како и во окружниот суд во Лос Анџелес.

Инспирирано од веста дека Шакира имала делумно македонско потекло.

Земјата во која си роден е

Земјата во која си роден е света и е твоја мајка родилка. Немој да ја обесчествуваш, продаваш, срамотиш ... тоа е најголем грев ...! - Саи Баба

Поредна глупост що е

Поредна глупост що е изгенерирана от(од) строителите на новата държава(држава) Македония.
...Голем смех!!!

ми глупост е, щото е в раздел

ми глупост е, щото е в раздел "пара вести" :)
да се поучим от Менде Трајчевски - okno.mk/node/12181

СМЪРТЪ ЗА

СМЪРТЪ ЗА ГРУЕВСКИ!!!
Македониja е бугарска, Македонци... ова е истината...

Боjaн от Скопjие

Ахахаха, ахахаха!!! Бе,

Ахахаха, ахахаха!!! Бе, макета мегаломани, кога ще се спрете, бре?! :)))))

абе тоа и јас забележав едни

абе тоа и јас забележав едни такви "македонски" црти кај него

tova trebe da e nekoi srpski

tova trebe da e nekoi srpski sebek

Абе и јас гледам дека ми е

Абе и јас гледам дека ми е познат од некаде и сеа ми текна ... многу личи на прадедому Рамче ... исто он :)

Кој верува на тоа треба да е

Кој верува на тоа треба да е многу глуп.

ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХ

ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХ

Osrahte se be!!!Aman od

Osrahte se be!!!Aman od gluposti! Adam i Eva isto se Makedonci ,od Bitola!

tova trebe da e nekoi srbin

tova trebe da e nekoi srbin premenen kato sebek

Ако е вака, да му се изгради

Ако е вака, да му се изгради споменик во Штип!

Се извинувам, во Битола!

Се извинувам, во Битола!

Македонци мегаломани и

Македонци мегаломани и шовинисти ХА ХА ХА ХА ХА ХА ХА. Планетата е македонска, всичко произлиза от македония, ах да и животните сигурно са македонци ХА ХА ХА ХА ХА ХА ХА!

Новината е че и БАТМАН е

Новината е че и БАТМАН е македонец!
Бил родом от град Прилеп!

а бре, дебилчиња ниедни,

а бре, дебилчиња ниедни, зарем не гледате дека се работи за заебанција? толку ли сте затупени, мајку му, па да не сфатите една обична зафрканција? стварно сте за никаде!