
Во есејот за Градот Дерида се повикува на студиите на Кафка за Прага, но јас имам впечаток дека човекот имал информации што ќе се случува во тажната метропола на Македонците седум години по неговата смрт. Не верувам дека без искуството на Скопје можел на така фасцинантен начин да го долови контрастот меѓу тоа што градот може и треба да биде и меѓу она што не смее да го дозволи ако не сака да умре. Искалибрирајте ја концентрацијата со една таблетка билобил и со став дека телевизискиот формат на македонската политичка менажерија е понеинтересен од базените со нилски коњи во Скопската зоолошка градина и потрудете се да ги проследите со внимание опширните извадоци од фантастичниот текст на францускиот филозоф.
Мораме на некој начин да водиме сметка за идното време и идните генерации граѓани зашто тоа е можеби категорички императив на секој респектибилен и одговорен урбанистички проект. Секоја градба која сака да тотализира, да впише во сегашноста заситени и непроменливи урбани и архитектонски структури, да не ја забележува онаа флексибилна граматика која е во состојба да воведе нови синтакси, нови хармонични развои, нови интеграции кои не се косат со првобитните целини, би била еднаква на насилство и неправда, на морална повреда која ги разорува душата и телото на градот, како интегритетот на името на градот. Непотполноста и незаситеноста на урбаниот простор би морала да стане златно правило на секој проект на денешната урбана реставрација и реструктурација. Таа незаситеност не значи дека ќе оставаме недопрени и неуредени простори. Треба да се гради така што новите естетски и функционални комбинации можат бескрајно да се збогатуваат така што ќе конзервираат, така што ќе основаат со штитење, така што ќе го чуваат наследството во живот без да го сведуваат градот на музеј или на споменични гробишта, тоа што градот секогаш го вклучува, но истовремено тоа што тој никогаш нема да биде.
Човековата заедница на генерации кои живеат и го градат градот, кои трајно живеат во прегратките на градот, што го конструираат и деконструираат, го собира парадоксалното откажување од Апсолутната кула (Кафка) од тоталниот град што го допира небото; тоа е прифаќање на она што некој логичар можеби би го нарекол аксиом на непотполноста. Градот е целина која мора засекогаш да ја задржи незаситената структура, мора да биде отворен спрема сопствената трансформација за проширувањата коишто можеби помалку ги искривуваат или ги дислоцираат сеќавањата на неговото наследство. Градот мора да остане отворен спрема она што го знае. А тој знае дека не знае што допрва ќе биде. Тоа респектирање на не-знаењето треба да се запише како тема во науката и архитектонската и урбанистичка компетенција. Во спротивно, сè би се свело на примена на програмата на тотализирање на заситеноста, на зашивање, на задушување, и тоа без каква и да е одговорна одлука. Затоа што одвивањето на некоја програма или остварувањето на некој „проект“ никогаш не е одговорна одлука.
Прашањата што е градот и што е главен град денеска добиваат меланхоличен или есхатолошки призвук затоа што според имплицитната хипотеза која извира од тие размислувања, градот, метрополата, полисот не се повеќе моќни зададени целини, типолошки единици на хабитатот, на делувањето на комуникациите, на стратегиите, на трговијата, со еден збор на општественоста и на човековата политика; политиката која мора да го промени името на градот како полис или акрополис не е повеќе по мерка на она што се вика рес публика.
Откажувајќи се од градењето на кулата, од највисоката побуда за невидената кула, од подигнувањето градби до небото, некои заедници после неколку генерации се оформуваат во откажувањето. Се носи одлука за зачувување на градот наместо на невозможната кула. Таа одговорна одлука се донесува во име на иднината. За урбаното планирање настапува катастрофа секогаш кога се сака сите проблеми да се разрешат во времето на една генерација и кога не се остава време и простор на следните генерации.
Секој проект кој се однесува на судбината на еден град, односно, на она што ги поврзува неговото сеќавање со неговата сегашност и иднина, поради битни причини ги надминува можностите за довршување и димензијата на една генерација, дури на еден народ или јазик. Времето имплицира ветување кое обврзува повеќе од една генерација и повеќе од една политика, уште повеќе ја надминува политиката како таква во траењето, чија хетерогеност, дури и дисконтинуитет, нетотализацијата - мораат да се земат како закон.
Скопје не е град според критериумите на Дерида. Скопје е израз на идејата на една група идиоти да произведат тоталитарност во градот, да го заситат, да го зашијат, да го затворат, да стават точка на неговиот развој, дури не во рамките на една генерација туку во рамките на една пијана ноќ. Тоа е убиство на градот, односно тоа е злосторство еднакво на тоа кога се убива некое суштество. Дури и повеќе од тоа, зашто урбанистичкиот и архитектонскиот масакр не е само естетска категорија туку е тоа масакр кој директно ги засега луѓето што во него живеат.
Извор: globusmagazin.com.mk
Слики: Јацек Јерка
Помрачен ум.
Испратено на 14 јули 2011 од Erwin RommelПомрачен ум.
Такво време дојде во
Испратено на 14 јули 2011 од Луј СајферТакво време дојде во Македонија: фашисти да се „нормални“, а нормалните луѓе да се со „помрачени умови“.
Прав си, Ромел, стварно. Ако груевизмот е мера за светлина, сите ние сме апла помрачени умови.
Да се пријавам и јас, со
Испратено на 14 јули 2011 од ДаркерДа се пријавам и јас, со помрачен ум, ко лудиот Тричко. Ме теши само што сега, со спомениците, конечно си го добив идентитетот. Старо магаре сум, иначе, ама сеа се свестив. Комунистите 60 години не’ држеа во мрак и идентитетот не ни го даваа. Башка, ништо не изградија, Македонија беше ледина пред да дое пастирот мој. Сеа имаме и градби и идентитет, нек пукнат комуњарите и помрачените умови (и збунетите, ко мене).
Бодријар во една прилика ќе
Испратено на 14 јули 2011 од Фан на ЛаканБодријар во една прилика ќе рече дека реланоста е интринзично одговорна за елитистичката перцепција на владечката класа, додека Сартр ја заговара употребата на неокапиталистичкиот депатријархализам за деконструкција на постоечкото статус кво.
Ако е да му се верува пак на Хемфри, критиката на постконтекстуалниот наратив е себе-негирачки парадокс; субјектот е интерполиран во текстуалната теорија која ја вклучува уметноста како реалност.
Затоа, субјектот е контекстуализиран во материјалистичката посткултурна теорија која го вклучува автократизмот (како овој на Грујовизмот) како нераскинлив дел од неа. Широкото прифаќање на различни гледишта на наративот, откриваат еден скриен субнаратив кој го открива подсвесниот фашистички нагон на Груевистичкиот режим.
Пријателе искрено стварно
Испратено на 17 јули 2011 од РикардоПријателе искрено стварно тресеш глупости притоа никој ама баш никој мислам дека не те разбира! Текстовите корисно и интелигентно е да се пишуваат во кратки едноставни црти на РАЗБИРЛИВ македонски јазик. Македонија губи време декодирајќи вакви компликатори како тебе!
Fan na Lakan........dali si
Испратено на 14 јули 2011 од KomunistFan na Lakan........dali si svesen kolku kenjas bez potreba isto ko da go slusam Toso Malerot vo klipot "Kapadaster za fender" samo zbori, a nisto nekazuva!
Да, мора да водиме сметка за
Испратено на 14 јули 2011 од ГрадбољубителкаДа, мора да водиме сметка за идното време. Ја изгубивме способноста да гледаме кон нашите дела од некој иден момент, кој ќе го живеат нашите поколенија. Дали во 2060 некој ќе биде среќен со нашите сегашни сфаќања за заедничкиот простор, битисување? Бидејќи градот е само еден одблесок на нашето залагање за иднината, нешто ме мачи што најжестоки подржувачи на вакви недоквакакани проекти се највозрасните граѓани(секако со солидна пензија, од омразениот социјализам). Ова им е прилика набрзина нешто да ни остават, да ни го збиберат како што не можеле сите овие децении.
vo Chikago sega se podiga
Испратено на 15 јули 2011 од anonimen 2vo Chikago sega se podiga skulptura na Merlin Monro i toa na glavnata ulica, Michigen avenijata. Eve i nashite blogeri pishuvaat za toa "Воинот на коњот и Marilyn Monroe" odete na blogot na Zoriv
Аман веќе со активистите од
Испратено на 15 јули 2011 од Еден помрачен умАман веќе со активистите од Полицијата на Мислите. Знам дека ви е должност да го браните ликот и делото на малиот Патор, но оставете не барем на Окно да прочитаме по некој критички настроен текст. Се испозатворивте. Малкумина сме ние "помрачените умови," и не претставуваме некоја сериозна закана за вашата добро подмачкана пропагандна машинерија. Мене лично ми претставува задоволство да го читам Тричко. Замисли како би било Ромеле мој драги, да ти го ускратам јас правото да го читаш ти Латас, или недајбоже Мирка!? Па кој ќе размислува за вас?! Кој ќе ве храни со дневната доза омрза и патриотизам, кога Партијата не учи да се отфрлаат доказите на сопствените очи и уши!?
Pa koj ti brani da go chitash
Испратено на 17 јули 2011 од ak47Pa koj ti brani da go chitash Trichko, pomrachen umu?
Pa koj ti brani da go chitash
Испратено на 17 јули 2011 од ak47Pa koj ti brani da go chitash Trichko, pomrachen umu?
Па читај го бре, кој ти
Испратено на 19 јули 2011 од Erwin RommelПа читај го бре, кој ти брани? Единствено нешто за што се жали Тричко и нему сличните е тоа што државата не ги субвенционира. Друг проблем не гледам. КОј спречил некого да купи Глобус? Никој, единствен проблем е што Глобус да ми даваат пари на мене и на 99% од луѓето пак не би го читал. КОј сака секоја недела да чита колумни на благонадежен шизофреничар и параноик кој не гледа излез и уште да плаќа за тоа.
Кога велиш „Партијата“ мислиш
Испратено на 15 јули 2011 од АнонимeнКога велиш „Партијата“ мислиш на ВМРО-СДСМ партијата, или на некоја друга?
Малиот Патор ми брани!!!
Испратено на 17 јули 2011 од Еден помрачен умМалиот Патор ми брани!!! Како? Преку субвенцирање на весници од типот на Вечер со перманентно претурање на будџетски средства во вид на реклами! Ние сме единствени во регионто што имаме државно финансирсани медиуми кои се во приватни раце.
Ne se sekiraj, kje izvadi
Испратено на 17 јули 2011 од ak47Ne se sekiraj, kje izvadi chichko Milchin subvencii i za Trichko, za da mozhe tebe umot da ti ostane pomrachen.
Во најсиромашната држава во
Испратено на 17 јули 2011 од Еден помрачен умВо најсиромашната држава во регионот, владата перманентнот троши огормни суми пари за "рекламирање" ( читај перење пари )во определени медиуми со што директно го нарушува балансот на пазарот, а вам Милчин ви е крив!? Ако ви е целта да живеете во таков општество, тогаш во ред. Мене лично ми смета кога моите пари ( кои редовно ги плаќам како данок кон РМ) се трошат за уназадување на земјава.
Во најсиромашната држава во
Испратено на 17 јули 2011 од Еден помрачен умВо најсиромашната држава во регионот, владата перманентнот троши огормни суми пари за "рекламирање" ( читај перење пари )во определени медиуми со што директно го нарушува балансот на пазарот, а вам Милчин ви е крив!? Ако ви е целта да живеете во таков општество, тогаш во ред. Мене лично ми смета кога моите пари ( кои редовно ги плаќам како данок кон РМ) се трошат за уназадување на земјава.
Ne rekov deka Milchin e kriv,
Испратено на 18 јули 2011 од ak47Ne rekov deka Milchin e kriv, no poentata e deka balansot na pazarot sekako ne e narushen.
Na strana faktot deka tie pari shto ti taka elegantno si gi prisvoi voopshto ne se tvoi, tuku vladini, i za nivno troshenje vladata podnesuva politichki otchet na izbori.
Kade podnesuva politichki otchet Milchin, ako vekje neli, zborime za pazarni disbalansi i nivnite vlijanija vrz demokratijata?
Na kraj, mislam deka celava kritika za reklamite e obichen fingeraj na opozicijata; magjionicharska misdirekcija, bidejkji ne znaat da smislat porelevantna kritika.
Prvo, ne sum siguren deka se raboti za premnogu golemi pari; vtoro, ne sum siguren deka opozicionite mediumi shto ete ne dobile reklami, voopshto i bi sakale da gi primat. Eve Okno, ako utre Grujo im ponudi da objavaat deka treba da se kupuva makedonsko, ili deka treba treto dete, ili deka treba crkva na poshtad, mislish deka kje objavat? Deka im "pashe" vo ureduvachka politika?
РЕКЛАМИТЕ Т.Е ИНФОМРАЦИИТЕ
Испратено на 17 јули 2011 од РикардоРЕКЛАМИТЕ Т.Е ИНФОМРАЦИИТЕ ШТО ГИ ДИСТРИБУИРА ВЛАДАТА ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ БЕЗПЛАТНИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ЕЛИМИНИРА МОМЕНТОТ ДЕКА СЕ ПРАВИ ПРОПАГАНДА, РЕКЛАМА И ТАКА НАТАКА.....ТУКА ТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПРИТИСОКОТ, ВЛАДАТА ДА КОМУНИЦИРА БЕЗПЛАТНО!
НИКОЈ НЕМА ДА ПЛАЧЕ НИ МЕДИУМИ, НИ НАРОД ЕДНОСТАВНО НЕКАКВО СРЕДСТВО ЗА КОМУНИКАЦИЈА Е НЕОПХОДНО!
Парите што владата ги троши
Испратено на 18 јули 2011 од Еден помрачен умПарите што владата ги троши не се Мои туку се Владини! Ете таа логика не доведе до оваа дереџе. Владата давала отчет на избори!? Зарем е потребно да чекам 4 години за да ни одговорат зошто се градат тениски терени ( кои патем остануваат недоградени) во села кои немаат водовод и канализација. И за милион други глупави проекти. Балансот на пазарот не бил нарушен, а земјава останува без ниту еден критички настроен медиум!!! Уште полошо, Латас заговара контрола на интренетот во еден од своите патриотски напливи! Ќе ја погледниме de facto ситуацијата или ќе и веруваме на Партијата кога не учи да не и веруваме на сопствените очи и уши? И уште нешто, зарем во едно демократска земја балансот на медиумскиот пазар треба да се оставрува преку Милчин, или постојат правила на игра?
„Партијата“ е таа која
Испратено на 18 јули 2011 од Анонимeн„Партијата“ е таа која раководи и со медиумот на којшто моментално се жалиш, а „критички“-настроените медиуми се нејзин составен дел. Дали на тебе стварно не ти е јасно сево ова или немаш друга работа па си играш курташак со сите нас тука.
Не постои ВМРО, не постои СДСМ, постои само ВМРО-СДСМ и тоа е фактот што не доведе на ова дереџе на коешто сме сега.
"Анонимен" не знаев дека си
Испратено на 18 јули 2011 од Еден помрачен ум"Анонимен" не знаев дека си овластен да се обраќаш во името на "сите нас тука!" Ако ги пишуваш Ти сите коментари под различно име, тогаш тоа е друга приказна. Друго ако имаш нешто да кажеш за напишаново кажи си-но не сери!!!
Сега знаеш, затоа или освести
Испратено на 18 јули 2011 од АнонимeнСега знаеш, затоа или освести или остани помрачен, ама имај во предвид дека не сите пиеме нафта тука, за разлика од окнашите.
Ха ха, не пиел нафт, големиот
Испратено на 18 јули 2011 од Еден помрачен умХа ха, не пиел нафт, големиот просветлен ум!!! Патетика.
Е баш имате "нежна психа" вие преродбениците. Како загари го браните делот на малиот Патор, од внатрешниот непријател-окнашите!!
Што ќе браниш, глупи сте ко
Испратено на 18 јули 2011 од АнонимeнШто ќе браниш, глупи сте ко кур, те видиш ти лично не знаеш ни да пишуваш ни да читаш. :)
a, temata beshe
Испратено на 19 јули 2011 од anonimen aaa, temata beshe posramuvanjeto na Skopje