Во 2010 г. Кина згаснала над еден милион интернет страници

18.07.2011 09:54
Во 2010 г. Кина згаснала над еден милион интернет страници

Минатата година во Кина биле затворени над еден милион интернет страници. Имено, кинеската академија за општествени науки изнесе податок според кој на крајот на 2010 г. имало 41% помалку страници во однос на една година претходно.

Кинеските државни власти донесоа строги закони за интернетот во текот на изминативе години, а од 2009 г. посебно се сосредоточија на борбата против порнографските страници.

Истражувачите од Академијата истакнуваат дека укинувањето на толкавиот број интернет страници не го нарушило „високиот степен на слободата на интернет говорот во Кина“, пренесува Би Би Си.

Активистите веќе долго време се борат против интернет цензорите во Кина, но засега се немоќни. Бројни страници рутински се блокираат, меѓу кои се наоѓаат и сервисот на Би Би Си на кинески јазик, како и социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер, и видеосервисот Јутјуб.

Извор: RFE