Морничавите фигури на Кристина Ботвел

21.07.2011 10:19
Морничавите фигури на Кристина Ботвел

„Во моите дела јас сум привлечена од процесите на раѓање, смрт и обнова. Она што лежи под површината ме фасцинира и јас се обидувам да го ’уловам’ квалитетот на ’она што не може да се види’, кое го изразува чувството на очуденост кое го чувствувам во моето секојдневно постоење“, вели Ботвел за својата работа.

(горе: Сирена)

Оваа авторка на бизарните и морничави фигури (или мали скулптури), за своето творештво понатаму вели: „Многу од темите вклучуваат бебиња, животни и деца, бидејќи тие ја отелотворуваат суштината на ранливоста и кревкоста која е главна тема во моите дела. Во моментов ја истражувам преобразбата, и создавам фигури со помали фигури во себе. Затоа користам стакло како еден од главните материјали, поради неговата проѕирност. Овие фигури ги гледам како души, и секоја од нив е бремена со сопствениот потенцијал, раѓајќи нова, подобрена верзија на себе си“.

Повеќе за авторката и нејзините фигури можете да најдете на home.epix.net.

Извор: sweet-station.com

ОкоБоли главаВицФото