Време е за малку неред

22.07.2011 10:35
Време е за малку неред

Принудени да даваме нормален одговор во ненормална ситуација ние всушност го легитимираме овој насилнички режим како демократски: молотовиот коктел е посоодветен одговор од дебатирањето со аутистични институции.

Во животот на еден народ има подеднакво пресудни моменти како и во животот на поединците. Денес Македонците проживуваат еден таков момент со сите опасности што со себе ги носи. Додека вознесено го гледаат монтирањето на нивниот воин/освојувач, се демонтира нивната човечка природа. Се расклопува/лупи нивното достоинство дел по дел, слој по слој. Прво со поништување на нивната разумска и правна личност (не се препознаваат и грубо се кршат нивните основни права); потоа со уништување на моралната личност (присилени се да бираат помеѓу криминални алтернативи) и конечно, со кинење на нивната индивидуалност (седиштето на природноста и спонтаноста). Нивната, пак, "метафизичка" рамнодушност додека под свое ги земаат бескрвни и безимени апаратчици само ја потврдува "баналноста" на радикалното зло (Хана Арент). Злото е банално не затоа што е бесмислено, туку затоа сто потекнува од нашата стравична покорност и неспособност за мислење, од отуството на индивидуалност, од нашата предмодерна стварност.

Оваа отсутност на духот кај Македонецот го преобликува во битие непрепознатливо по својата човечност. Културниот поим "македонски непокор" кој сме го читале во учебниците завршува како АУТИСТИЧЕН ПРОТЕСТ.

Болката што ја чуствува под ударите од оваа насилничка власт Македонецот никако не успева да ја донесе до ВРИСОК. Неговиот глас останува задушен во обвинувањата дека е предавнички/туѓ или дека е само еден од многуте плурални гласови/мислења (со организирање на инстант контра-протести). Неговата болка е релативизирана бивајќи прикажана како баналност, злоупотребеност или плуралност. Власта масовно злоупотребува луѓе туркајќи ги на контрапротести за да ја покаже празната плуралност на мислења. Протестите ги означува како достоинствени само кога се стерилни, кога се демократски орнамент, и кога фактички ја затскриваат насилната "нормалност" на владеењето.

Македонецот станува жртва на сопствениот лош тренинг, како животно скокајќи низ запалените кругови во циркусот. Само тогаш е достоинствен, добар и демократичен.

На насилството на институциите се одговора со повик за дебати? Притиснат до ѕид, понижуван и злоставуван, тој бара дијалог. Може ли воопшто да се разговара со некој кој не верува во јазикот/умот, кој ништи сè разумско? Дебатирањето не само што не може да ја спречи катастрофата која е веќе тука, туку и нè внесува во некаков ѓаволски круг (circulus vitiosus). Во некаков привиден разум чија маана е лудилото. Принудени да даваме нормален одговор во ненормална ситуација ние всушност го легитимираме овој насилнички режим како демократски. Нашиот одговор е она што го одрзува привидот на демократија во Македонија. Тој и само тој ја создава илузијата за македонската демократија. Повиците за дебати, "острите реакции" и протестите сведени на мирни прошетки за власта се посакуван демократски декор. Доволно е да видите со каква сласт таа преку своите медиуми го поздравува "достоинственото" протестирање на новинарите, на младите по повод убиството на невиното дете, на исцедените стечајци и др. Сè ова во функција на демократскиот декор.

Скапо нè чинат ваквите анемично интелектуални процени. Распнати помеѓу чувството на изгубеност и желбата за побуна, ја губиме силата со која работите се чуствуваат. Се навикнуваме пасивно да го прифакаме непрекинатиот напад на своите сетила. Оваа власт веќе ни изгледа како нормално и неизбежно зло на кое почнавме да му придаваме и некаква генијалност (штом толку долго може да нè угнетува?!). Но ние не се соочуваме со никакво интелигентно зло, со никакви силни стратегии. Се соочуваме единствено со нашата слабост, нашата отапеност, втолпеност, со оној дел од Македонецот кој станал не-личност.

Во овој ќорсокак во кој западнавме, обновата на ЧОВЕКОТ се чини единствениот излез. Тоа, меѓутоа, бара создавање, нешто ново во однос на она што сега го преживуваме, а создавањето е можно само во слобода и длабоко е врзано за смислата на одговорност. Интеграција на личноста во чинот (Карол Војтила). Со други зборови, во нашиот одговор и дејствување ќе мора да се препознае она што човекот го прави личност. Ова молотовиот коктел го прави посоодветен одговор од дебатирањето со аутистични институции. Легнувањето на младите со кеса на глава пред нозете на министрите реконструирајќи го убиството на Мартин... Скандирањето „убијци!“ „Сакавте да скриете!“ во лице на нашите министри... сето тоа се важни моменти, здрави места на отпор. Денес кога расудувањето нè води до работ на колективно лудило, ваквите дела личат на спасување.

НЕПОСЛУШНОСТ кон силеџиството на власта и ОДГОВОРНОСТ кон човекот и неговото достоинство: тоа се нашите стратегии. Да се исчисти местото – да се прекине со молкот. Да се вратиме на своите апсолутни референци – да се прибереме!

Време е да повикаме за неред, за мало "лудило" преку кое единствено може да се стигне до еден разум. Вознемирете се! Вознемирете го ближниот свој како себе самите! Толку се многу причините за да се спротиставиме на егзистенцијалниот модел кој ни се наметнува. Многу повеќе од калкулациите дали да се излезе или не на протест. Нашата човечност/разумност не смее валкаво да се заплетка во прашањата дали протестирањето можеби е легитимирање на насилство. Тоа насилство е легитимен крик за промени. Утопија е да се очекува дека нашето дебатирање ќе го подобри овој режим кој само за да може да се одржи ќе мора да станува сè потирански. Нашиот протест, како и револуцијата, е вистински настан наспроти лагата на власта. Неговата големина се содржи во трагедијата која се обзнанува.

Авторката е асистент на Правниот факултет "Јустинијан Први" – Скопје

Извор: globusmagazin.com.mk

Илустрација: Ролан Топор

Се надевам дека ќе бидете

Се надевам дека ќе бидете вознемирена доволно кога ќе ве повика јавниот обвинител да објасните каков сакате молотов коктел.

Така е Другар Ван ден Прц! Да

Така е Другар Ван ден Прц! Да се приведе со директен пренос (а сепак ненајавено) и да се однесе пред Народниот Суд, па стручно да се провери нејзиниот помрачен ум, ако треба и со аутопсија. И потоа како што е редот: кодош, предавник, вести во 18.

Кутра А-си-стенка,

Кутра А-си-стенка, камшикувана во таен затвор од груевистите, писаниево е пратено од Голи оток или од Корчула?

Се што пишувате е легитимно.

Се што пишувате е легитимно. И власта е насилничка и ние молчиме и трпиме и точно е дека нешто треба да се превземе. Меѓутоа, Вашите неумесни споредби на власта со аутистичните луѓе се навреда за аутистичните. Затоа подобро да не употребувате термини за кои недоволно знаете. За да не ја правите истава грешка во иднина, мало појаснување. Аутизмот е состојба која е последица на невролошка дисфункција. Ако се најде причината која ја предизвикала дисфункцијата, релативно лесно (но не и брзо) состојбата се враќа во нормална. Аутистичните луѓе најчесто имаат нормална или надпросечна интелегенција, а имаат проблем во комуникацијата со другите луѓе и во однесувањето согласно со социјалните конвенции. Споредбата со нашата власт е неумесна, зашто за неа не може да се каже дека не знае како да комуницира со граѓаните. Таа знае, ама не сака нормално да комуницира со граѓаните.

Секоја чест Елена.Текстот,

Секоја чест Елена.Текстот, како и сите претходни (и оние кои, се надевам, ќе следат) е прекрасен и перфектно ја отсликува состојбата во која се наоѓаме (видена со голи очи секако, а не преку розови очила), како и причините кои не доведоа до неа и единствениот можен излез од истата и премалку е да кажам дека во целост се согласувам со Вас.
„Анонимен 9“ сигурна сум дека асистентката Михајлова последното нешто што сакала да го постигне е да ги навреди аутистистичните луѓе.Нејзината споредба е токму со симптомите на нивната болест „проблем во комуникацијата со другите луѓе и во однесувањето согласно со социјалните конвенции“.Јас не би се согласила дека власта знае како да комуницира со граѓаните, а тоа да не биде газејќи го нивното достоинство.
Се согласувам со „Тлачко Македонски“ АСИСТЕНТКАТА (ќе претпоставам дека она што е напишано е резултат на печатна грешка, а не на неписменост или примитивизам.Во секој случај бидејќи не ми се блиски наведените особини и бидејќи моето домашно воспитување не ми дозволува нема да ја коментирам направената „грешка“) „писанието“ го праќа од Голи оток.Да не бевте толку големи „патриоти“ и за момент да ги симневте розовите очила ќе видевте дека „груевистите“ токму во тоа ја претворија Македонија.Така што „кутри“ сме сите ние што трпиме и молчиме, а АСИСТЕНТКАТА има храброст да се спротивстави и „кутра“ е само затоа што ја имала таа „среќа“ да се роди и живее во едно оппштество чиишто граѓани се стравично покорни и неспособни за мислење (како што и самата навела).
Гледам дека „патриотите“ веќе сте ги вознемириле и почнаа со закани.Знаете како е во „демократски“ општества, за критикување на власта следи „одмор“ зад решетки.Не може ни да се очекува повеќе од личности кои од цел текст успеале да ги „разберат“ (или поточно да ги регистрираат со своите сетила за вид) „клучните“ зборови „молотов коктел“.Црното сценарио на „Анонимен Коректор“ е многу веројатно бидејќи ние „предавниците“ нели тоа го заслужуваме.Затоа Ван ден Прц слободно може да пратите специјалци навооружани до заби и по мене (ќе оставам и други податоци ако е потребно, а и онака никогаш не сум „Анонимна“ кога го искажувам својот став) нема да ми претставува никаков проблем да ја делам келијата со асистентката.Напротив ќе ми биде огромно задоволство (од една страна поради тоа што е прекрасна личност, а од друга страна бидејќи станува гордост да се биде во затвор кога сите луѓе кои РАЗМИСЛУВААТ спротивно на она што власта ни го „сервира“ како „наш“ став, како и борците за човекови права или се или им се заканува мерка притвор, а бидејќи себеси се сметам за припадник на двете групи нема да ми претставува никаков проблем).Единствениот проблем е што ќе треба „Триумфалната капија“ (или „Порта Македонија“, зависно од употребата.Како што Александар Македонски е „Воин на коњ“, а своевремено „пастирот“ најголемиот Македонец го прекрсти и во Александар Велики - позната личност од светската цивилизација) и другите згради во барокен стил да ги пренамените во затвори бидејќи сме многу побројни од она што мислите (или она во што ве уверуваат).
Поздрав до асистентката.Само така продолжете.Огромно задоволство е да се читаат Вашите текстови.Најдобра сте.Да имаше на „Правниот факултет“ повеќе предавачи, а во државата повеќе граѓани како Вас Македонија ќе беше подобро место за живеење.Негативните и неретко навредливи коментари не треба воопшто да Ве демотивираат.Освен што го покажуваат нивото на домашно воспитување, култура и степенот на образование на поединецот, даваат до знаење и дека читателите (барем оние кои успеале да Ве разберат) се пронашле во напишаното.Сте ја „допреле“ нивната болна точка.А оние кои само ќе се обидат да Ве дискредитираат веројатно се исфрустрирале бидејќи не успеале да ја разберат уште првата прочитана реченица и „лечењето“ на комплекси е најлесно со дискредитација.„Подобро“ да фрлаш со дрва и камења отколку да признаеш дека некој е поинтелигентен од тебе - нова македонска поговорка.Се надевам дека Вашите зборови навистина ќе вознемират доста граѓани (во оној контекст во кој Вие сте го употребиле, а не како некој го „протолкувал“ изразот).RESPECT за Вас и Вашата работа и се надевам дека доста граѓани ќе Ви заблагодарат за „будењето“ од длабокиот сон во кој се наоѓаме и од кој мене ме „разбудивте“ уште пред три години преку Вашите предавања на факултет.За тоа како и за работите кои ги научив од Вас ќе Ви бидам вечно благодарна.

Shto e ova, Okno sproveduva

Shto e ova, Okno sproveduva akcija "Site vo odbrana i zashtita na kodoshite"?

ak47, koga se komentira pod

ak47, koga se komentira pod nekoj tekst, se izlozhuva svojot stav vo vrska so temata, a ne stav za sopstvenite frustracii. Nas ne ne' interesiraat tvoite lichni problemi

ak47 ne bidi idiot, inace

ak47 ne bidi idiot, inace fino sto i zenite pogotovo ete taka asistent na fakultet, povikuva na molotov, podrska od mene vo sekoj slucaj, i jas sum za molotov dekor, i jas sum za palenje na gradovi i sela, poveke nemozam ni da pishuvam, tolku sum gneven na BEDNITE DUSHI, sto poveke i ne mi se pishuva, poveke sakam da kjutam da si traam da si odbrojuvam kako bomba!

Makedonceto e golema kukavica, gazo-ljubec, ne mozeme nie nikogas da generirame kreativno vostanie, demonstracii za budenje na makedonskata svest ednostavno nema kvorum za nisto.

Mi se gadi od tie pederski protesti "dosta bese molk" dzabe si go trosea patikite........se pojasno mi stanuva zosto nema drzava, zosto sme bile 5 veka pod tursko, zosto seuste ne sme vo eu, zosto ne uspea ilinden, zosto imase balkanski raspredelbi na teritorii vo koj sami si se secevme i parcosuvavme.

Nie nemame iskren stav, nie si se lazeme samite sebesi kako narod, ne sme iskreni pred sebe, se ke napravime za trulata EU i Nato, ama toa e klub na mazi, klub na luge so stav sekako i po nekoj interes, a ne vakaj tie daj nie na

Браво! Има суптилна

Браво! Има суптилна Жижековска линија, "Мора да скршиме некое стакло за да ја пренесеме пораката!!!!" Само напред, а овие вмровски зомбиа некој ден ќе читаат многу повнимателно.

‎"Dugotrajno robovanje i

‎"Dugotrajno robovanje i rdjava uprava mogu toliko zbuniti i unakaziti shvatanje jednog naroda da zdrav razum i prav sud njemu otancaju i oslabe,da se potpuno izvitopere.Takav poremecen narod ne moze vise da razlikuje ne samo dobro od zla,nego i svoju sopstvenu korist od ocigledne stete."-Ivo Andric

„U trenucima društvenih

„U trenucima društvenih potresa i velikih, neminovnih promena obično izbijaju napred upravo ovakvi ljudi, i nezdravi i nepotpuni, vode stvari naopako i stranputicom. U tome i jeste jedan od znakova poremećenih vremena“, zapisano je u „Na Drini ćuprija“.

- „Tako se na kapiji, između

- „Tako se na kapiji, između neba, reke i brda, naraštaj za naraštajem učio da ne žali preko mere ono što mutna voda odnese. Tu je u njih ulazila nesvesna filozofija kasabe da je život neshvatljivo čudo, jer se neprestano troši i osipa, a ipak traje i stoji čvrsto, kao na Drini ćuprija“ Ivo Andrić

Значи, најапстрахирано што

Значи, најапстрахирано што може:

Тој што повикува на употреба на молотови коктели нема право да се жали ако некој повикува на употреба на пендрек против него.

Тој што ќе употреби молотови коктели нема право да се жали кога пендрек ќе биде употребен против него.

Sorosoidive konecno se

Sorosoidive konecno se razbudija !
, alo razbudetese dosta bese tiranija ,site vo borba za sloboda, so Branko na celu kolone napred !

браво Елена, а кого го

браво Елена, а кого го предлагаш за водач на овој отпор? Претпоставувам твојот ментор Фрчкоски? Не пробувајте да ги разбудите луѓето тие се веќе разбудени и ве прочитаа и вас и вашиот професор.
P.S. Еден совет. Поработете на вашиот однос со студентите па потоа зборувајте за освестувања. Дефинитивно бевте и сте најарогантна асистентка.

Томахавк, знаеш дека си глуп,

Томахавк, знаеш дека си глуп, нели? :)

Мала исправка на „коментарот“

Мала исправка на „коментарот“ на Слаѓана.„Ваа Елена“ беше и е АСИСТЕНТКА на „Фрчко“ (или „посуптилно“ кажано, како што бараат некои од читателите, Елена беше и е АСИСТЕНТКА на ПРОФЕСОРОТ Фрчкоски).Најверојатно сте ги помешале поимите.Во иднина можеби би требало да внимавате на шпекулациите кои јавно ги изнесувате.Ова е чисто добронамерен совет.Знаете дека „фрчат“ пресуди за клевета, навреда, нарушување на углед и сл., па би сакала да ве (иако ова „ве“ би требало да биде напишано со големо „в“, за жал во случајов не можам да го почитувам тоа правило од нашиот правопис) поштедам од главоболки.Иако најчесто осудителните пресуди ги добиваат „предавниците“, можеби судот би се „одважил“ да донесе таква пресуда и за потомците на Александар Македонски (или Велики сеедно.Во зависност од тоа која публика треба да му аплаудира на „пастирот“.Нашата „патриотска“ или меѓународната „предавничка“).Не верувам дека асистентката би се „замарала“ и верувам (и се надевам) дека слатко ќе се изнасмее на „коментарот“ (во случај да го прочита, секако), но не би било лошо во иднина да размислите пред јавно да пренесете некој „рекла-казала муабет“.Во врска со тоа што може да се заклучи преку начинот на кој поединецот го изразува својот „став“ (вашето е се само не став) и во кои случаи се врши обид за дискредитација на личноста на авторот на текстот, за да не се повторувам може да прочитате во мојот претходен коментар.Во врска со содржината на вашиот „коментар“ топло ви го препорачувам коментарот на „анонимен 2“ упатен кон „ак47“.
„Синонимен“ тој што ќе употреби пендрек нема право да се жали кога ќе бидат употребени молотови коктели против него.Чисто за освежување на меморијата на оние на кои истата им служи за „потсетување“ колку штета нанел Бранко на македонскиот народ преку приватизацијата на фирмите (наместо да им продава „патриотизам“ и „чесно“ да ги троши народните пари на „зачувување“ на идентитетот), на прославата на победата на „пастирот“, на само неколку метри од него беше свирепо убиено 23 годишно момче, инаку член на партијата на власт.Момчето било брутално претепано од припадник на специјалната единица „Тигри“ во моментот кога сакало да му ја честита победата на својот лидер.Сега не знам дали убиството било извршено со пендрекот кој сте го спомнале или истото е извршено со голи раце, но знам дека во секоја нормална држава наместо некој да повикува на употреба на пендрек против оној кој повикува на употреба на молотови коктели, молотовите коктели одамна ќе беа употребени против оние кои изигруваат богови и си даваат за право да одземаат човечки животи.Наместо тоа, ние немо (или уште поверојатно со громогласен аплауз, „вознесено“ (како што го проследивме и поставувањето на „Воинот на коњ“, настан кој асистентката го има совршено изанализирано)) ќе го проследиме реизборот на министерката за внатрешни работи.Кога се работи за демократија имаме уште многу лекции да научиме од грчкиот народ.
„Erwin Rommel“ јас не знам кого асистентката го предлага за водач на овој отпор.Единствено што знам е дека во случај да истиот стане реалност (иако имајќи го во предвид менталитетот на македонскиот народ или „македонскиот непокор“, како што самата навела, се сомневам дека би можел да се спроведе во пракса) јас ќе чекорам „рамо до рамо“ со неа и водачот (било кој и да е).И да, луѓето во Македонија се толку „разбудени“ што газењето на нивното достоинство и прекршувањето на човековите права (дури и основното - правото на живот, како во случајот на Мартин) го проследуваат немо.И велите „ве прочитаа и вас и вашиот професор“ (причината поради која ова „ве“ е напишано со мала буква е единствено фактот дека се работи за цитат)?!Ова претпоставувам се должи на долгогодишното бавење на асистентката со политика или било каква друга јавна работа која бара нејзино константно појавување во медиумите.Просветлете ме.Јас мислев дека асистентката ја познаваат само студентите на Правниот факултет и евентуално оние кои ќе ја имаат таа чест да прочитаат некој од текстовите, кои претпоставувам одвај успева да ги објави во нашето „демократско“ општество каде „цвета“ слободата на говор (впрочем како и сите други човекови права), но очигледно сум била во заблуда.Вие имате некои ексклузивни информации за асистентката.Веројатно на 5 годишна возраст била „кодош“ и кај и да е ќе излезе и нејзиното досие како што излезе за сите (ќе го цитарам „Anaplast“) „Соросоиди“.Што се однесува до „арогантноста“ на асистентката сигурен сте дека не сте ги помешале поимите, како што тоа го сторила Слаѓана?Веројатно сте мислеле на праведност.„Спуштањето на земја“ на оние кои се сметаат себеси за „поголем католик од Папата“ (ова со Папата воедно и за да имате причина да ме етикетирате како предавник, комуњар и сл.(иако знам дека не ви е неопходна и дека и без неа ќе се снајдете), а и знам дека потајно Бранко ви е идол (иако искрено се зачудив како само „Anaplast“ ја имал таа доблест да си го спомне својот вистински „пастир“, неостварената љубов на секој вмровец)) и оние кои очекуваат да положат само затоа што ќе доделат неколку комплименти е се само не ароганција.Тврдењето ќе го поткрепам со два примери.Во една од групите за време на предавањето на асистентката некој од студентите ја „поправил“ дека она што го кажува не е точно и ја „просветлил“ укажувајќи и на „заблудата“ во која се наоѓала (нешто слично како дискредитирањата што се обидуваат да се извршат со некои од коментарите).Кога асистентката (која патем од сите предавачи на Правен, според мое мислење, најмногу вложува во надградување на своето знаење) го потсетила студентот кој по логиката на нештата би требало да е поупатен во материјата, зборовите на колешката која ми ја пренесе случката беа слични на оние што сте ги употребиле.И доколку помисливте дека арогантен во случајов бил студентот мало „просветлување“ и од мене.„Арогантна“ во случајов е асистентката која замислете се „дрзнала“ да каже дека ја познава материјата подобро од студентот, а општопознато е дека студентите знаат повеќе дури и од професорите.Професорот Фрчкоски би требало да размисли да го ангажира студентот, кој веројатно ја познава материјата подобро и од него.Штета би било таков „интелект“ да остане неискористен.Што се однесува до вториот случај, во мојата група имаше студент кој со асистентките (а неретко и професорки) беше на „Како се викате? Колку години имате? Положивте ли? (на една од демонстраторките која беше при крај со студиите)“ и делење на разни комплименти и умилкувања од секаков вид.Колку што јас знам асистентите се таму да ни пренесат знаење и не се наши „другарчиња“ за да со нив водиме приватни разговори на предавањата.Кога кон некого се однесуваш со почит и тој ќе се однесува така со тебе.Ако некој поради своите полтронски способности не го положил испитот тоа е праведност.Единствено тоа може да и се „замери“ на асистентката.Не сме навикнати да го „загрееме“ столчето и да се потпреме исклучиво на нашето знаење.Образовниот систем уште од раните фази (основното образование) создава полтрони кои ќе направат се (освен единственото што треба, а тоа е да научат секако)само да добијат висока оцена.Вака подготвените полтрони подоцна се подготвени за извршување на висока државна функција.Инаку покрај огромното знаење кое го поседува (и кое навистина знае како да го пренесе), асистентката е единствен предавач на Правен кој го пренесува своето искуство, професионално и животно (а истото да биде на некој начин поврзано со материјата, секако) и единствена која знае да даде по некој совет, водејќи се повторно од своето знаење и искуство.И ако „ароганција“ претставува да некој те прими и пет минути по завршувањето на приемното време или во неприемен ден (нешто за што одредени асистенти, ако не те избркаат, барем ќе ти дадат до знаење дека ги кршаш „строго утврдените правила“), тогаш да, асистентката е „арогантна“.Таа е (сподед мое мислење) единствената личност на Правен која максимално си ја „одработува“ својата плата и кон студентите се однесува како кон човечки суштества, почитувајќи ги сите карактеристики кои тие би требало да ги поседуваат.Проблемот е во тоа што не сме навикнати на однос кој подразбира взаемно почитување и за голем дел од нас човековото достоинство, како и другите карактеристики кои не одвојуваат од останатиот жив свет, се непознат поим.
Очигледно сум била во заблуда во однос на регистрирањето на одредени фрази со помош на сетилото за вид.Гледам одредени поединци имаат проблеми и со него (сетилото за вид).„Анонимен“ презимето на Елена е МИХАЈЛОВА.„Томахавк, знаеш дека си глуп, нели?“, „Молотовиот може да лети (веројатно се мисли на „лета“) само у твојот и у кабинетот на твојот газда (човечките суштества колку што сум јас информирана немаат свои сопственици, или барем не во демократски општества).Засега толку, а понатаму ќе видиме“.Како беше она за суптилноста и неандерталноста?А, да.„Анонимен“, дај бе малце посуптилно, не биди до толку неандертален.И истиот добронамерен совет како и до Слаѓана.Внимавај на содржината на твојот јавно искажан став.Тоа што си „Анонимен“ не значи дека не можеш да бидеш пронајден во случај да се остварат твоите јавно изнесени закани.Така што освен малку повеќе суптилност и малку повеќе разум не е на одмет.

wow! i uste ednas: wow!

wow! i uste ednas: wow! mislam za komentarive :) tekstot si e na mesto. verojatno po nekoe vreme i ke se evoluira vo pravec na ponasilni protesti. koja i da e vlast sekako deka kje prodolzi po ovakov kolosek, imeno vlastite vo "makedonija" samo uchat edna od druga i se nadgraduvaat. od celiot tekst najpovekje mi se dopadna frazata 'MAKEDONSKIOT NEPOKOR"- se isposrav od smeenje....ali da se vratam na komentarite: alal da vi e, osobeno na vas koi ste del od facebook grupata za poddrshka na "tigarot". I jas sum da go pushtat, ima ushte deca za ubivanje vo makedoniichka. Treba da se sotrat decata! Utre moze da vi frlat nekoj koktel-ina ednite i na drugite. Golem pozdrav.

Валентина, диши, Валентина. А

Валентина, диши, Валентина. А анонимноста е од сосема други, за тебе тешко дофатливи причини, ако сакаш можам и адресата да ти ја дадам за да ми стегнете една тужба. Само што ја (веројатно мислам јас) имам една незгодна навика да се бранам на тужбите, па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа.

А, да, и знаеш дека си глупа, нели? :)

„Анонимен“ ти благодарам на

„Анонимен“ ти благодарам на советот (мислам на оној за дишењето), но јас немам проблеми ниту со сетилото за вид (за разлика од некои читатели, немав проблеми да го прочитам презимето на авторката на текстот), ниту со органите за дишење.Во секој случај ти благодарам што се грижиш за моето здравје.Поласкана сум.
Анонимноста е од сосема други, за мене тешко „дофатливи“ причини?!Ова веројатно бидејќи не можам да се пофалам баш со некоја претерана висина.Само се прашувам од каде го знаеше тоа?Со оглед дека јас не можам да ги „дофатам“ причините за твојата анонимност, можеш да ги симнеш и така да ги направиш „дофатливи“ за мене.Инаку, со оглед дека не ми се закануваш мене, мислам дека понудата за откривање на твојата адреса ја даваш на погрешна личност.Истата (твојата адреса на живеење) мене ми е апсолутно непотребна бидејќи ниту ќе ти „стегнувам“ тужба (она „да ми стегнете“ не го „дофатив“ баш.Со оглед дека сме на „ти“, што значи дека веројатно не се работи за персирање, не гледам никаква причина за употребената множина), ниту пак имам во план да ти дојдам на гости.Така што диши слободно (гледам веќе се виде на суд).Само се обидов да ти дадам добронамерен совет да не упатуваш јавни закани бидејќи во случај да тие се остварат ќе бидеш осомничен.Но она „имам една незгодна навика да се бранам на тужбите“ (нешто што е сосема нормално и не гледам зошто го потенцираше.Тужениот секогаш дава своја одбрана) ми дава до знаење дека судските процеси не ти се непознат поим, па доколку истите те прават среќен, која сум јас да ти ја ускратам таа среќа.
Откако го напишав коментарот сфатив дека заборавив на крајот да го напишам следново: „Слободно напиши „Знаеш дека си глупа, нели?“ или „И сега твојот „одговор“ ќе биде „Знаеш дека си глупа, нели?“, чисто за да те поштедам од маките.Многу ти благодарам што ме „просветли“ за нивото на мојата интелигенција.Немаш ни претстава колку многу ми значи твоето мислење.Што би правела јас без тебе?Целиот свој живот сум живеела во заблуда дека помалку интелигентни (како што можеш да видиш и за тоа има „посуптилен“ израз) се луѓето кои на аргументи, а во недостаток на истите, одговараат со навреди и обиди за дискредитација.И бидејќи јас ваква „глупа“ (иако колку што јас сум успеала да „дофатам“, правилно би било „глупава“, но да не „ситничарам“.Можеби било премногу високо, па како и во случајот со причините за твојата анонимност, не ми било на „дофат“) каква што сум не можам да ги „дофатам“ причините за твојата анонимност, како врвен „интелектуалец“ не би било лошо да ги симнеш малку пониско.
Сосема на крај, за да не се повторувам по 100-ти пат, прочитај во мојот прв коментар во врска со тоа што начинот на изразување на ставот (иако ова „Знаеш дека си глуп(а), нели?“ и не е баш некој став.Во секој случај нема потреба да ми се заблагодаруваш на незаслужено доделениот комплимент) говори за поединецот и во кои случаи се врши обид за дискредитација на личноста на авторот на текстот или на некој од коментарите.Знам дека за така врвен „интелектуалец“ нема да биде лесно, но обиди се да го „дофатиш“ значењето на моите зборови.Се надевам дека си доволно висок.
П.С.Ќе ти дадам мала помош во случај да не успеваш да го „дофатиш“ значењето на изразот „обид за дискредитација на личноста“.Тоа е она што ти веројатно го користиш како „Добар ден“ кога некој во дискусија ќе излезе со аргументи (во недостаток на истите) - „Знаеш дека си глуп(а), нели?“.На крајот на краиштата, единствено важно е што само на тоа и останува - ОБИД.
П.П.С.Мило ми што сум делувала и едукативно (мислам на она „јас“).Иако малку ми е „недофатливо“ она „веројатно мислам јас“ (со оглед дека мене ми е апсолутно непознато што ти веројатно мислиш.Барем тоа би требало да ти биде доволно познато.Она со „лети“ ми беше неразбирливо т.е. „недофатливо“, па се обидов да си го разјаснам.Можеби не примети, но со оглед дека успеав да го разберам она „у“, не те корегирав.И со „ја“ не би имала никаков проблем.„Дофатливи“ се).Во секој случај ти продолжи веројатно да мислиш.

Елено моме Валентино, јас не

Елено моме Валентино, јас не знам како ќе ја составиш тужбата кога текстот повикува на повеќе кривични дела.

ММЕ кој прв почна работава.

Се` ќе беше убаво во текстот

Се` ќе беше убаво во текстот и околу него, да не постоеше една мала ситница: Избори.

Неодамна одржаните сите ги прогласија за демократски и фер, т.е. ги признаа, така што авторката нема што да бара од животот.

Апсолутно промашување и лага.

Бре, бре. Ако некој добил

Бре, бре. Ако некој добил избори, и тоа не му помага да не се чувствува инфериорно. Една работа ме радува. Како што сте тргнале со висење и коментирање на „комуњарски и соросоидени сајтови“, има можност по некоја мисла и идеја да ви влезе во тиквите. Нешто можеби и ќе научите од некој пописмен од вас, фино е да се работи на надградба. Ете фино е што закони почнавте да цитирате, ме радува што сте напреднале во сознанието дека постојат. Ама се си бара време. Како што си бара и тоа луѓето демократски да созреат. Еден мал чекор е направен, ќе следат и други. Во фашистичките глави тоа предизвикува немир и трауми. Како тоа? Како тоа излегле на улица, а ниедна партија не ги организира? Индивидуализмот е ужас во главите на автократските медиокритети, ама е лек против фашизмот. Тоа ќе бидат сцени што често ќе ги гледате. Барем фино ќе ве шетаат на контра-протести, а и „следовање“ сендвич со кокакола нема да изостане. Тенки нозе се гратис. Дотогаш, само напред античка младино. Храбро во кодошење на сајтови, профили. Норма мора да се исполни...

„Анонимен“, можеби не успеа

„Анонимен“, можеби не успеа да забележиш, но јас во ниту еден момент не бев „неандертална“ во моите коментари, така што „смиреноста“ треба да ја бараш на друго место (можеби кај себе). Само, заборави на крајот од „коментарот“ да ставиш: „Знаеш дека си глупа, нели?“. Изгледа и премногу едукативно делувам. Баш ми е мило.
Јас мислев дека одредени читатели имаат проблеми со сетилото за вид, но како што гледам проблемот е посериозен. Проблем со писменоста ќе да е. „Синонимен“ моето име е ВАЛЕНТИНА. Мислам дека многу јасно е напишано (за оние што знаат да читаат, секако). Многу ви се мешаат поимите. Јас не гледам никаква сличност помеѓу имињата, освен што во моето се содржани сите букви кои ги има името на авторката на текстот (со тоа што самогласката „е“ во нејзиното ја има два пати). Морам изгледа повторно да нагласам, за оние кои не разбраа првиот пат (велат: „Повторувањето е мајка на знаењето“). НИКОГАШ не се кријам зад туѓи имиња или псевдоними кога го изнесувам СВОЈОТ став. „Синонимна“ никогаш нема да бидам. Не ми е јасно она со подготвувањето на тужбата. „Синонимен“ прочитај ги коментарите на Слаѓана и на „Анонимен“. Не знам само како успеа клеветењето и личните закани упатени кон асистентката (КРИВИЧНИ ДЕЛА, истите оние на кои се повикуваш) да ги поврзеш со текстот. Повторно некоја за мене „недофатлива“ логика. Што се однесува до тоа на што повикува асистентката, внимателно прочитај го последниот дел од текстот. Можеби после неколку препрочитувања и ќе ја разбереш оправданоста на таквиот протест. Додека читаш имај на ум дека припадник на специјалната единица „Тигри“ изврши СВИРЕПО УБИСТВО (инаку КРИВИЧНО ДЕЛО, кое колку што сум информирана е оквалификувано како убиство од небрежност?!) кое МВР (преку својот портпарол) се обиде да го ПРИКРИЕ (по некоја случајност уште едно КРИВИЧНО ДЕЛО) „информирајќи“ не дека на момчето немало видливи траги од насилство (не забележале дека една половина од телото му била деформирана од тепањето) за подоцна да дознаеме дека истиот оној кој не „информираше“ за тоа како на момчето му се слошило, 5 часа ПРЕД да ја даде оваа изјава знаел кои се вистинските причина за неговата смрт. Соучесници нема, иако убиецот заедно со неколку колеги го преместувале телото на момчето. За да монструозната слика биде комплетна, членови на партијата чијшто член било и момчето, се заканувале на членовите на неговото семејство да не говорат јавно за убиството (обидувајќи се, исто како и МВР, да го „забошотат“ случајот). Најновото „просветлување“ е дека СВИРЕПОТО УБИСТВО било „несреќен случај“ (цитат на „одговорот“ на „пастирот“ од вчерашната седница на Собранието, на која единствена точка на дневен ред е изборот на новата Влада, по долготрајните прозивки на пратениците од опозицијата за негово произнесување по повод скандалозната одлука за старо-новиот предлог за министер за внатрешни работи). Имај на ум и каква реакција би следела во демократските општества за ист ваков „несреќен случај“. Во демократски општества студентите протестираат (и не баш со мирни прошетки по улиците) поради покачување на партиципацијата за студирање, а за ист ваков „несреќен случај“ се надевам знаеш каква беше реакцијата на грчките граѓани. Можеби за тебе изразот „човечки живот“ е само тоа - израз, но за мене е многу повеќе од тоа. Не знам за тебе, но знам дека јас не би сакала мене да ми се случи таков „несреќен случај“ и откако некој изигрувајќи Бог ќе си даде за право да ми го одземе основното човеково право - правото на живот институциите да се обидат да го прикријат „несреќниот случај“. И сега да повториме „Синонимен“: Кој прв ЈА почна работава? Она ММЕ не го употребив како би го испочитувала повикот за суптилност и неандерталност.
Бранко, се ќе беше убаво во текстот и околу него(?!) да не постоеше една мала ситница: розовите очила кои некој или не сака или не добил дозвола да ги симне, а и зошто би го направил тоа кога гледајќи преку нив се е толку прекрасно. Свирепото убиство погледнато преку нив е само „несреќен случај“. Изборите беа толку „фер и демократски“ што сите вработени во државната администрација имаа обезбедено 15 или 30 сигурни гласачи (скандал обелоденет на еден од „предавничките“ медиуми). Лидерот на една од политичките партии кој најави докази за изборниот фалсификат во истиот момент беше притворен (како што „доликува“ за еден „предавник“ со прекумерна употреба на сила и пред објективите на телевизиските камери кои „случајно“ се најдоа на местото на настанот). Тоа што не беа поднесени соодветни пријави се должи на фактот што за кривични дела кои произлегуваат од изборниот процес надлежен е Вишиот управен суд, а актуелните членови на извршната и судската власт имаат големи семејства, па гореспоменатиот суд беше добра прилика за нивно „вдомување“. Авторката од животот има многу што да бара, а веројатно истото и ќе го добие бидејќи апсолутно заслужува.
МИТКО за да не ги повредувам твоите авторски права, иако сакав да „украдам“ неколку твои мисли, само ќе речам: секоја чест на коментарот. Се согласувам во целост со истиот (иако можеби јас не би била толку директна) и мислам дека е најдобар начин да се заврши бесполезнава „расправа“. Не за друго, почнува да ми станува досадно и заморно залудно да вложувам време, труд, енергија и интелект трудејќи се по 100 пати да објаснам една иста работа, а не припаѓам на категоријата т.н. државни службеници, па во недостаток на вистински работни задачи, а се со цел да се „убие“ досадата и евентуално напредне во партиската хиерархија (верувале или не, бидејќи знам дека ќе има контра-обвинувања (во тренд е се што е контра), ова се исклучиво МОИ ставови. Не се издиктирани од ниту една адреса бидејќи за размислување сум си доволна самата на себеси. Ова не е оправдување како оние што имаме можност често да ги слушнеме: „Да не помисли некој дека сум член на СДСМ. Не сум“. Како да членството во СДСМ е кривично дело. Доцнат со создавање на услови за негово казнување. Кога би била член на СДСМ (или на било која друга политичка партија) би го кажала тоа со гордост, со оглед дека никогаш не се срамам од она во што верувам т.е. никогаш не се срамам од себеси) да ја „одработувам“ единствената можна „работна задача“ - пресметка со „предавниците“ на „комуњарско-соросоидни“ сајтови (секако откако добро би се помачила да најдам слободно столче и компјутер за извршување на „мисијата“).

Валe, ќе ни умреш на

Валe, ќе ни умреш на тастатура и пак нема да сфатиш дека пред истите идоли клечиш. Да, како куче. Најверојатно и ќе пцовисаш како таква, преповторувајќи дека другиот е крив и дека ти си слободна ѓоа врапче. Ама не си. Извини.

Митко, си си ебал мамата како има да не оправиш. :)

„Анонимен“, мислам дека веќе

„Анонимен“, мислам дека веќе ти реков да не се грижиш толку за моето здравје. Доволно сум млада за седењето пред компјутер да не ме убие. Доколку би се обидела да му ја честитам победата на „пастирот“, можеби и би завршила така како што ти предвидуваш (не сакам да помислам дека истото можеби и го посакуваш). Инаку, си го згрешил името во коментарот. Целиот коментар е во ред, само што наместо „Вале“ треба да стои „Анонимен“ (или твоето име, доколку одлучиш да престанеш да бидеш таков). Oстатокот од коментарот (секако секогаш „суптилен“ и „неандертален“, посебно она „клечиш како куче“ и „ќе пцовисаш“) е сосема во ред. А и моите идоли гледам ти се добро познати. И, претпоставувам, не се врвните „интелектуалци“: „пастирот“, Латас, Мирка, Миленко, Јанко Јади Бурек, Тања Бумбар. Пред нив „клечат“ други „кучиња“. Преку „дружбава“ со тебе открив дека сум „клечела“ пред истите (се прашувам што тоа требаше да значи. Можеби истите пред кои ти „клечиш како куче“ или потајно го посакуваш истото) идоли. Јас пак мислев дека имам само еден идол (авторката на текстот), личност која знае што значи поимот ДОСТОИНСТВО (и ги гледа луѓето како ЧОВЕЧКИ СУШТЕСТВА, а не онака како што вие милувате и очигледно ви е добро познато (како „кучиња“), впрочем како и сите СЛОБОДОУМНИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ кои јас ги ПОЧИТУВАМ и кои при комуникација не сум ги гледала во чевлите (што би било резултат од „клечењето“ кое фројдовски го спомнуваш), туку во лице) и личност која ја почитуваат и ценат сите оние на кои гореспоменатиот поим (ДОСТОИНСТВО) не им е непознат (очигледно ова со тебе не е случај). Но залудно се трудам. Поимите ПОЧИТ (кој патем го мешаш со поимот ПОЛТРОНСТВО, поим кој очигледно ти е многу добро познат) и ДОСТОИНСТВО ви се апсолутно непознати. Вие сте просто така добро „издресирани“ (чисто да парирам на твојот „суптилен“ и „неандертален“ коментар) што мислите (ако воопшто ви е дозволен таков луксуз) дека сите се како вас. И да, ќе умрете (она „пцовисате“ ми е премногу „суптилно“ и „неандертално“) преповторувајќи како папагали дека некој друг (веројатно Бранко) е крив за се, како и „мудрите“ мисли на „пастирот“, убедувајќи се себеси дека тоа се лично ваши ставови. Ама не се. Извини. Уште една фројдовска грешка . Слободна „ѓоа“ врапче (да не те поправам, ќе претпоставам дека знаеш дека правилно е „како“) не можам да се чувствувам во нашето „демократско“ општество во кое поединци се закануваат дека молотов коктел ќе „лети“ во нечиј кабинет, слободата на говор е мисловна именка, а вработен во специјалната единица „Тигри“ од „чиста мира“ убива дете на улица. Но битно е вие преку розовите очила да гледате како демократијата „цвета“, човековите права се почитуваат, сите се чувствуваме слободно и безбедно во сопствената држава (иако со клечењето ме замисли. Изгледа неможноста да се види вистинската состојба не е до розовите очила. До клечењето ќе да е). А слободоумна сум. Можеби и ти би сакал да бидеш. „Ама не си. Извини“. А за тоа кој ќе „умре“ на тастатурата ми стана јасно во моментот кога, можеби само неколку часа откако го оставив коментарот, сосема случајно, влегов за да видам да не можеби веќе сум добила одговор (инаку тоа го правам еднаш во денот бидејќи знам дека некој „патриот“ ќе се пронајде). Не очекував одговор толку брзо, но како што вели МИТКО: „Норма мора да се исполни“, а и она за државните службеници изгледа те погоди. Се пронајде. Многу осетливи сте. „Висиш“ на сајтов и штом некој „предавник“ остави коментар тргнуваш во исполнување на „мисијата“. Можеш, додека чекаш „жртва“, барем да го препрочиташ текстот уште неколку пати. Можеби и ќе сфатиш нешто од него.
И сосема на крај од мојот последен коментар (знам дека ќе ти недостигам, но немој да плачеш, има многу „предавници“ во државава и сигурно ќе најдеш некој за да ја исполниш нормата. Можеби само ќе треба да се префрлиш на друг сајт). Се додека сте во таква позиција („клекнати како кучиња“) дискусијава е бесполезна. Побарајте дозвола од „пастирот“ да се исправите. Можеби во тој случај ќе видите и сфатите нешто. Вака, со обвинувања за предавништво, навреди („клечиш како куче“, „ќе пцовисаш“) и коментари од типот „не си во право“ како „одровор“ на нечиј аргументиран коментар, секаква понатамошна дискусија е навистина бесполезна. Така што, на „одговорите“ кои сигурна сум дека ќе следат (секако „суптилни“ и „неандертални“ како и сите претходни) нема да одговорам бидејќи иако секоја работа која ја почнувам ја „терам“ до крај, навистина немам намера времето, енергијата, трудот и интелектот да ги „фрлам во вода“. Можете и да го сметата тоа како „победа“ на вашата „аргументирана“ дискусија. Вие ќе продолжите да верувате во она што го мислите (или некој ви кажал дека го мислите) и да си живеете во вашата розова „реалност“. Јас ќе продолжам да верувам во она што го гледам со сопствените очи и резонирам со сопствениот мозок. Се што имав да кажам, кажав. Кој разбира ќе сфати. И за крај ќе бидам малку „неандертална“. „Анонимен“, ние и не се надеваме дека ќе ве „оправиме“ (веројатно и МИТКО не верува дека е можно да се изврши невозможна мисија). Од вас, по се изгледа, и Господ веќе кренал раце.

На ова ли спаднавме, Елено?

На ова ли спаднавме, Елено? Твоите идеолошки претходници барем фаќаа шума. Добро, главно по 1944 г., но сепак...

Иако е еволуциски чекор наназад, мило ми е што барем се нафаќаш да си ги извалкаш рацете со нафтени деривати.

Кој е безгрешен, нека го фрли

Кој е безгрешен, нека го фрли првиот молотов коктел.

Принудени да даваме нормален

Принудени да даваме нормален одговор во ненормална ситуација ние всушност го избираме логичниот избор: пендрек по грб е посоодветен одговор од дебатирањето со аутистични хушкачи.

Во животот на еден народ има подеднакво пресудни моменти како и во животот на поединците. Денес Македонците проживуваат еден таков момент со сите опасности што со себе ги носи. Додека вознемирено го гледаат плукањето на нивниот воин/освојувач во петпарачките писанија, се демонтира нивната човечка природа.

„Ваа Елена“ беше,и е

„Ваа Елена“ беше,и е најдоброт нешто што и се случило на Македонија,само напред!

I sevo ova nemase da bide

I sevo ova nemase da bide tolku tragicno da go nemase toj fakt deka avtorot e seuste zaljuben vo kreatorot na politikite koi sto se kritikuvaat. Perverzija PER EXCELLENCE!

во нормална држава асистент

во нормална држава асистент на правен факултет ќе се запраша двапати дали ќе повикува јавно на фрлање молотови коктели!!

и ако некој и стегне тужба, немојте да квичите и да собирате потписи како за Жарко и за Фемка!

ОкоБоли главаВицФото