Државата - ѓеврек

26.07.2011 15:43
Државата - ѓеврек

Во педесетината денови по изборите, во период кога државата практично нема извршна власт, груевистите направија толку многу ужас, толку многу флагрантни кршења на демократијата, што во јанѕа се наоѓа секој нормален граѓанин: што ли нè чека следните четири години?! Зулумите што груевизмот ги прави за еден месец тешко која било власт може да ги направи за четири години!

Да потсетиме: првиот ден по изборите телохранител на пастирот на чудовишен начин уби момче. Власта се обиде да го заташка случајот и со невидена ароганција ги игнорираше едномесечните протести на граѓаните. Истиот ден беше уапсен најбучниот опозиционен политичар, Љубе Бошковски; дознавме дека во целиот предизборен период водачот на ОМ бил следен од полицијата со очекување да го фатат во нелегално финансирање кампања; и би така, Бошковски беше наместен за „злоупотреба на службена должност“ (според закон набрзина наштанцан и донесен, без никаква расправа - еден од стотиците - за дневните потреби на режимот). Во првиот месец по изборите беа затворени сите три дневни опозициски весници, а истото деновиве го очекува и најгледаната телевизија, А1. Највлијателниот критичар на власта од граѓанскиот сектор, Владимир Милчин, е следниот што се најде на удар на железниот груевизам; според најновите сознанија на строго партиските комисии, жртвата на полициското следење, Милчин, всушност не бил жртва туку бил соработник. Доволно загарите на режимот да се пуштат во уште еден обид за јавна ликвидација на секој што стрчи со главата надвор од груевистичкото блато.

Како симболички капак на сè, првиот месец по изборите среде главниот градски плоштад ни беше инсталиран огромниот кип на Александар Македонски, замисленото лижавче како компензација за хорорите на власта. Та така некни на Канал 5 „народот“ (олицетворен во тројца улични соговорници) јасно кажа: кој не го сака безимениот симбол на македонскиот идентитет, Воинот на коњ, тој комотно може да се сели од државата; другиот глас на „народот“, мошне интересно, се согласи за промена на името, „ако баш мора“. Важно го имаме Воинот на коњ! Грдата грдосија, значи, треба да послужи како анестезија за „компромис“ со името?! А замолчувањето и теророт врз поинакумислечките треба да го одвлече вниманието на народот од валканите договори меѓу Груевски и Ахмети. Додека народот, се знае - си мислат махерите за „народни прашања“ - доволно му е да гледа пуштање крв и повремено да му се фрла по некоја корка леб. Леб и игри за народот, другото за нас, знаат груевистите, умни се тие, квинтесенција на народот се, не се гротескен хир на историјата.

Сето тоа, велам, бескрупулозната и итна пресметка со најекспонираните критичари на тоталитарниот режим, се случува во само два месеци, и тоа во период кога земјата функционира без извршна власт. Кристално јасна е пораката за сите оние кои ќе се осмелат да го подизвадат носот од дупките во кои се скриени изминативе години: не е здраво да се гледа, да се слуша, а богами и да се мириса смрадов што базди на сите страни.

***

„Случајот Милчин“ уште еднаш покажа дека ДПМНЕ од почеток до крај е наказна творба настаната во мрачните разузнавачки кабинети и дувла. Дури, ми се чини, веќе не е толку проблем што ДПМНЕ структурно, уште од зачетокот, е пробушена од тајните служби како швајцарско сирење (или уште подобро, како ѓеврек; она што е дупката во ѓеврекот - тоа е ВМРО-ДПМНЕ).

Проблемот, според мене, е што единствената политика на таа партија е полициско-пропагандната. Агитација, закани, тајни операции, авторитаризам, параноја, сосема матни цели... Наместо граѓанска политика со таа партија, велам, сосема доминира полициско-војничкиот дух: субординација, едноумие, униформираност, страв, послушност, насилство... Политички, економски, национално, државно - профилот на ДПМНЕ (диктиран од тесното јадро на „Фамилијата“) е наполно полициско-кодошки. Целиот светоглед на тие луѓе е конспиративен и заговорнички на највалкан можен начин. И тоа загрижува, што земјата е натерана да регресира, политиката да се претвори исклучиво во полициски операции (медиуми, закони, демократија - сè е тоа полициска работа во очите на груевистите), т.е. целата да потоне во сплетки и заговори.

И затоа јасно мора да се каже, токму ДПМНЕ е легло на кодошлукот во Македонија. Оние што во седумдесеттите и осумдесеттите ве кодошеле зашто сте оделе на слава денес ве кодошат дека не одите на слава. Порано ве обвинувале за одењето в црква, а денес го жигосуваат оној што не оди во црква. Таа примитивна, сељачка, поточно малограѓанска структура, главно набутана во „народната“ ни партија, постојано се распрашува, кој е овој, кој е оној. Се грижат за народното здравје, некој случајно да не забега од новите кодекси на трлото. И притоа, бидејќи главно се дојденци во градот, не ги знаат градските луѓе, обичаите, невидливата градска историја... За да влезе во поредокот на градот кодошот-малограѓанин мора го покори градот. Да исцинкари, да дојави, да го раскринка поинаквиот, другиот... Тоа е неискоренливиот доушнички, поданички плевел, велам, главно набутан во партијата што ја опслужува Фамилијата...

Србија плати ужасно високо цена за „поцајканувањето“ („посељачувањето“) на општеството. Но, тие барем имаат некое оправдување за милитаризмот и паранојата: водеа пет војни за десет години. И покрај тоа, Србија се ослободува од лудилото земјата да ја водат разузнавачи и разбојници (без јасна граница каде почнуваат едните и каде завршуваат другите). Словенија и Хрватска, на пример, полека создаваат професионални полиции, кои не се занимаваат со политика, но кои не клечат пред политиката. Ние во моментов сме 30 години зад Словенија и Хрватска, и барем 10 години зад Србија.

Најстрашно е што не е само политиката во функција на полициски сфатената партија-држава, туку целото општество е на тој пат, до последната дупка, до последниот куќен совет.

***

Во една од старите колумни целово лудило веќе го споредив со романот „Процес“ на Кафка. Ќе потсетам, поради сликовитоста и метафорите, само на доаѓањето на Јозеф К. пред судот. Зградата на судот е офуцана и до половина срушена зграда со многу станови и соби, така што се чини неможно судот да заседава на едно такво место. Бидејќи не може да ја пронајде судницата, К. мора да се качува низ скалите и да ги прашува збунетите станари за насоката. Во еден ходник К. почнува муабет со една перачка, која е жена на судскиот вратар, а ја прогонува некој студент по право кој има важни врски во судот. Неговиот интерес за перачката е од сексуална природа. Наеднаш се покажува дека судот заседава во соседната соба, а патот до судницата води низ приватниот стан на перачката. Веднаш зад неугледната врата на судницата цел куп луѓе го чекаат доаѓањето на К.

Ете, така изгледа општеството и неговите институции во моментов, под команда на преродбениците. На приватно-државен злосторнички потфат. На кафкијански кошмар. А самата преродба ја замени бесконечната транзиција претворајќи се во процес спрема сите нас.

слики: Adrian Ghenie

Се согласувам дека државата

Се согласувам дека државата ни се претвори во кафкијански процес на владата против граѓаните. Како чудовиштето што се сврте против својот креатор Виктор Франкенштајн, така и владата се сврте против своите граѓани. Ги гони (полициски) на сите страни. Креатурата сака да го фати својот креатор. Е сега, чудовиштето во романот на Мери Шели се свртува против креаторот поради недостаток на љубов и нега. Нашата влада најверојатно се врти против народот поради недостаток на поддршка (љубов) од истиот народ. Како некој Alien организам, владата сака да се самоодржи преку истребување на секоја закана. 
Од друга страна, нашиот култ кон личноста на Александар е веќе психопатологија. Потребна е стручна помош да се излечи компулсивно опсесивниот синдром кон Александар.
Еве една интересна референца за нашата „гордост“ Александар. Данте Алигиери во Пеколот, го опишува Александар како е ставен во првиот круг од пеколот, во река од зовриена крв, заедно со  другите светски тирани и сериски убијци. http://www.italianstudies.org/comedy/Inferno12.htm (линија 107)
Исто така, угледниот професор од Принстон Guy Maclean Rogers,  во неговата книга од 2005 насловена „Александар - Амбигуитетот на величенственоста“, тврди дека во втората половина на 20 век, повеќето научници го сметаат Александар како мегаломански претходник на Хитлер и Сталин. Со други зборови, Александар ја губи аурата на крал-философ кој го просветлил светот. (http://www.amazon.com/Alexander-Ambiguity-Guy-Maclean-Rogers/dp/0812972716)

Иги, сосема се согласувам со

Иги, сосема се согласувам со ставот дека Александар Македонски треба да биде сместен во (не)славната историска категорија што ја делат Наполеон и Хитлер. Претенциозно и егоистички е да се верува дека истиот тргнал во поход за да му даде некаква култура на инаку „некултурниот“ свет. Хеленистичката култура не била ни единствената, а сигурно не и најдобрата во тој период. Културата којашто се шири со меч и крв е еднаква на тиранија. Несвојствено е со сила да се создава култура, без разлика какво е мислењето за истата на нејзиниот носител. Сомнителни се и неговите амбиции да биде крал на целиот цивилизиран свет, што исто така влече мрачни паралели со крајно ужасен период од 20-от век...

Не можам да го разберам моралот на нашиот народ којшто подеднакво ја велича неговата македонска империја а воедно се гнаси од османлиската, под којашто бил со векови роб. Не е ли тоа истото, но само со сменети улоги? Веројатно имаме тешкотии со разбирање на тој морален релативизам... 

Neverojatno .., Ednostavno

Neverojatno .., Ednostavno neli :) Zalosno e vakvi komentari da se citaat .., Luge vo totalna zabluda , neznaenje .., Luge koi go plakaat cehot na post socijalistickoto '' Bratstvo i Edinstvo '' ili nakratko : '' Jugosloveni '' ..,

А не е ли сето ова истото со

А не е ли сето ова истото со Нато и ЕУ? :)

Александар во секој случај,

Александар во секој случај, барем така знаеме, не депортирал и раселувал луѓе како што го правеа тоа Хитлер и Сталин, тоа што може да се поистовети е единствено со Наполеон па и други освојувачи, ама такво било времето, време на крв и меч.
Веројатно ако не отидел на исток, можеби тие ќе дојделе на запад. Регионите кој тој ги освојувал биле во голема мера заостанати во развојот.Мотивите за освојување му биле вградени во крвта, растел со борбите против грција и заканата од персија.

Инаку да се навратиме на Груевистите, мислам дека имаат голема желба да го стават народот да живее по еден колосек по нивни вкус. Култура која сакаат да ја изградат преку ноќ, со форсирање, притисоци и нервоза.(Секогаш урлале против, кич, турбо фолк и слично сељаштво) Лидерот тука игра есенцијална улога во режимски стил со декрет СЕ да се стави во ред,сите да плаќаат сите да почитуваат, здраво тело здрав дух, нема цигари нема алкохол. ТОА Е ВО РЕД, но работата е во тоа што сака да се пробие фронтот по секоја цена(да не не фати зимата).Тука почнуваат проблемите, што се водат безпоштедни битки со опозиција и сите критичари на ова управување(тоа што од нервоза зошто нели тој се залага за погоре наведеното, ама па и вториве насрнале на него со се и сешто, па нормално фаќаат нервоза и фрустрации и сето тоа во афект се збришува пола општество).
Ама мислам дека тоа не би застанало тука, на долг рок верувам дека би биле збришани сите што ке застанат на патот на преродбата, затоа што лидерот и неговите стандарди не се поистоветуваат со стандардите на останатите.Тука има момент што таа разлика е неприфатлива за лидерот кој нормално се залага за висока етика, здрав живот, а трпи критика за истите работи тој тоа така веројатно го прима, а накрато всушност неговите воени крила и сателите не ги носат неговите идеали па затоа се се распаѓа.
До некаде го разбирам нашиот фирер, меѓутоа главен проблем е нашето деградирано општество заболено уште од независноста, па и пред тоа, па и ептен пред тоа каде што за сите востанија ние сме добивале сопки, кодошлук, секој знае подобро од подоброто. Тука е големиот судир, внатрешен конфликт на македонштината, борба за власт, фотељи, евтини приказни, позиции и опозиции, ситно политиканство за власт по секоја цена итн.

Културата се шири од центрите т.е урбаните средини, тука лидер е Скопје ама државниците не обрнуваат внимание дека токму тие центрите ги загадуваат со периферијата, која со себе ги носи фрустрациите, примитивизмот, прљавштините, ниските етички стандарди.

ОКНАШИТЕ ги почитувам, но мислам дека сте недоволно независен медиум, аналитичен од социо-психолошки и економски аспек. Повеќето ваши теми се против, власта, 2014 и слични приказни. Имаме потреба од по длабока независност и објективност, анализа на идеологии, личности и мотиви, фактори кој влијаат на едното и другото.

Нашите "АНАЛитичари" мислам на сите весници и магазини всушност не даваат никаква анализа туку сите приказни се превртуваат во стил бранко крадеше, никола тепаше, па никола крадеше а бранко тепаше.

Пријатен ден

п.с и мислам дека сите овде треба да си го подигнат нивото на комуникација, ако има некој корисно да каже нека искоментира, а не да доминираат збовови како глуп, поглуп и најглуп

Rikardo, imas nekolku dobri

Rikardo, imas nekolku dobri poenti. Se soglasuvam deka novinarstvoto ni e na niski granki i deka nema podlaboka analiza na ideologii, partiski lideri itn. Analizite se sveduvaat na toa kolku bilo poloso vo "vase nasproti nase" vreme. Kako nekoja trka do dnoto.

Smetam deka OKNO e eden od retkite nezavisni mediumi sto kriticki ja opservira vladata. Vo vreme koga sistematski se unistuva slobodata na mediumite i slobodata na izrazuvanje, nezavisnite online mediumi se svetloto na krajot na tunelot. Potpolno gi razbiram kolumnistite od OKNO koga non-stop ja kritikuvaat vladata, posebno megalomanskiot SK-014 proekt, bidejki toj proekt pretstavuva vrv na gluposta, fizicko olicetvorenie na drzaven kriminal, grabez, populizam, trosenje na narodni pari za neproduktivni proekti.

Se soglasuvam deka Skopje treba da gi diktira etickite standardi, da bide role model, posebno vo delot na spravuvanje so korupcija, vladeenje na pravoto podednakvo za site, razumno i transparentno trosenje na drzavnite pari itn.
Pozdrav, I.

" Smetam deka OKNO e eden od

" Smetam deka OKNO e eden od retkite nezavisni mediumi sto kriticki ja opservira vladata. Vo vreme koga sistematski se unistuva slobodata na mediumite i slobodata na izrazuvanje, nezavisnite online mediumi se svetloto na krajot na tunelot. Potpolno gi razbiram kolumnistite od OKNO koga non-stop ja kritikuvaat vladata, posebno megalomanskiot SK-014 proekt.. "

Независни?? Колумнистите на Окно ?? Окно независен ??
Мноогу добар виц BTW :]]

@Nevrzanite Dobro prasanje

@Nevrzanite

Dobro prasanje otvorivte. Jas smetam deka Okno se nezavisni, bidejki se neprofiten i nevladin medium, koj gi promovira vrednostite na demokratija, sloboda na mediumi, sloboda na govor, covekovi prava itn. Se nadevam deka se soglasuvate deka ovie vrednosti se univerzalni i ne i pripagjaat eksluzivno na niedna ideologija, ni leva ni desna. Se nadevam deka Okno ke prodolzi kriticki da ja opservira vladata i vo idnina, bez razlika dali vladata ke bide vodena od konzervativci ili demokrati. Vo vreme koga slobodata na mediumite e vo klinicka smrt, mora da priznam deka Okno se i vo prvite borbeni redovi na branikot na covekovite prava.

Сите кои не се апла груевисти

Сите кои не се апла груевисти - се непријатели. Чекалната на таканаречените „независни“, „објективни“, „во средина“ итн. - води во единствената канцеларија на груевизмот. Друго нема. Оние на кои привремено им е дозволено да бидат божем „ни ваму ни таму“ се следните за отстрел - што толку добро е познато од историјата. Не можеш да не го сакаш пастирот или малце да го сакаш; тоа го научивме уште кај Орвел: не можеш да бидеш дури ни рамнодушен кон доктрината на пастирот, туку мора да ја сакаш. Дур не ја засакаш, ама искрено, од срце, ќе бидеш на списоците.
Неверојатно ми се идиотите кои и после пет години изродбенички терор си мантраат за „независни, објективни, златна средина“! Мерата на разумот во Македонија денес е да си сто посто против теророт на груевизмот! Мерата на срцето го збори истото!

Интересен е примерот со ЗНМ.

Интересен е примерот со ЗНМ. Станува збор за опортунистичка, исплашена, би рекол дури прорежимска организација, зашто она што збори од ЗНМ е стравот, постојано (стравот кај царува во МПМ, од каде што - од ужасниот таблоид Вест - доаѓа претседателот на ЗНМ). ЗНМ се’ досега го бранеше ставот „Пет минути за Хитлер (Латас, Мирка и другите режимски чудовишта), пет минути за Евреите“. Додека режимот како со огромна гума т.е. чекан, каква црна гума!) ја брише од медиумската сцена секоја помисла на опозициско јавно мислење, ЗНМ главно во ракавици си ја чешла(ше) косата (на бабата, среде пеплосаното село). Првата малку попринципиелна реакција на ЗНМ (излегување од Советот за радиодифузија, по обидот на власта тотално да завладее и со ова по дефиниција независно тело) - го претвори ЗНМ, преку ноќ, во непријател на режимот (така соопшти Центарот за контаминација).
И луѓето сеуште си гледаат сеир. Вчера отидоа Шпиц, Време, Коха, денес А1, утре ЗНМ и Советот за радиодифузија, ама нема везе, главно мене да не ме чепкаат...
Неверојатен народ! Неверојатни сталежи, професии, луѓе...
Окно е реткото светленце. Окно, за среќа не е „независно“, туку, како што спомна претходниот коментатор, Окно е зависно од разумот, срцето, вкусот и граѓанската храброст. И дај боже секогаш да остане такво, против мрачњаштвото на прикриените фашисти, а за слободата на човекот!

Кога Гелевски ги набројуваше

Кога Гелевски ги набројуваше зулумите на режимот направени за само педесет дена интер-регнум (безвластие), не го спомна атакот врз Советот за радиодифузија. Тоа е мошне сериозен напад, на кој веднаш реагираше ОБСЕ, а кој ќе го зацрни и ноемврискиот извештај за напредувањето на МК кон ЕУ. Добро е што претходниот коментатор го спомна тоа.
Иако мислам дека на груевистите кур ич не им чуе нит за ОБСЕ нит за ЕУ нит за слобода принципи правда закони демократија... Како Малиот-Големиот ќе посака - така ќе биде. Сето друго е декор, мижи асан да ти бајам. Македонија е во сопственост на банда криминалци. Анулирани се сите други закони и правила, освен волјата на Златниот-Црниот и фамилијата му, до даљњег.

Ме поттикна претходниот

Ме поттикна претходниот коментатор: Груевски може драматично да ја зајакне ефикасноста на земјава ако укине се’ живо и диво и ако прогласи диктатура на неговата блажена личност и Фамилија. Прво, Собранието е сосема непотребно. Второ, сите тие глупави (баш „декор институции“, ко што вели Радидифузерот), од типот Комисии, Совети, Институти итн („Кур Се Тресе У Ладна Вода институции) - мора да се укинат. Само со тоа ќе се обезбедат нови стотици милиони евра за СК 014 и за земјоделците.
Зашто да се лажеме, просто?! Зашто 15 фантомски члена на партијата да глумат Совет за радиодифузија (или каков бил друг совет, Комисија за лустрација и слично), кога се доволни партиските тела на единствената партија?! Зарем Центарот за контаминација нема капацитет да го супституира Советот за радиодифузија?! Ти се мочам на Бичиклиски ако не може со малиот прст на левата рака (со мала помош на Латасавиот мал прст на десната рака) да управува со сите медиуми (ма каки електронски! со сите!) во РМ!
И тоа со судовите е жива глупост. Неколку стотици милиони евра можат да се уштедат ако се укинат сосема формалните сегашни судови. Нек пресудува Судот на честа на единствената партија за сите случаи. (штавише, глупакот-фанатик Мара веќе има спремен елаборат за електронско гласање и судење; може народ да гласа, по интернет, и да суди, што би ја замарале партијата со глупости).
Се надевам и Окно го рачунаат ко сандаче за народни предлози до Грујо-Владата. Сакам сериозно да се разгледа мојов предлог. Коа е бал (т.е. фасада, Дизниленд) стварно нек е бал! (плус цело време во глава ја имам ползата за земјоделците и за новите споменици што ќе го јакнат идентитетот)

Ај, ај, не се губете, сите

Ај, ај, не се губете, сите вие еден. Независен медиум... Окно не е медиум туку е ПР машинерија, а сите вие што се шлепате на него сте мочани паразити и нит’ ве бивало за курац нит’ некогаш ќе ве бидне.

Преку кур од наводно подигање на културата преку еуфемизми и празни реторики, кога во реалноста сè се сведува на црви врзани како црева со пичкински задни намери за кои и мртвите одмавнуваат со рака и умираат уште еднаш, чисто за ефект.

Културата на говор, да е жива и здрава, премина на друго поле, а вие, соросоиди, имајте добра ноќ и гонете се сите у пичку милу материну.

За момент да тргнеме настрана

За момент да тргнеме настрана фамилии и пастири, Окно може да добие многу кредибилитет ако макар зуцне нешто против зулумите на Папата. Не е можно тој човек за 15 години власт да нема направено никакви зулуми. Па ако е папа, не е светец. Најдоброто од Македонија?

А вака... т`нка работа.

Сценограф, малиов разговор

Сценограф, малиов разговор (под текстот „Владимир Милчин бил жртва...“) меѓу Љуботенски и Преродбеник (од следните) делумно е одговор и на твоите дилеми:

Испратено на 27 јули 2011 од Љуботенски

sve e toa u red, ama neka visat prvo prethodnite vlastodrsci (i kodosite, posto toa e tema na muabetov). NE MOZE ONI DA SE IZVLECAT NEKAZNETO I SO GOLEMI BOGATSTVA, A SAMO FAMILIJATA DA BIDE KAZNETA.

KAZNA I ZA EDNITE I ZA DRUGITE!

A bidejki hronoloski tie se pred ovie, na niv prvo im e redot.

Nesto nejasno?

Испратено на 27 јули 2011 од Преродбеник (од следните)

Љуботенски, немам проблем со твојата логика! Ако стварно биде така, ако принципелно, фер и праведно ги казниме луѓето што ги прекршиле човечките права, прво, во комунизмот, па во транзицијата, а најпосле во преродбата - тоа е добра политичка програма! Тоа е океј!
Но, Љуботенски, грешиш во тоа што ги амнестираш сегашните властодршци-злотвори. Твојата логика е вечниот ориентален круг на освети, а не на правда. Тој круг го афирмира кукавичлукот, кодошлукот, пиздите. Тој принцип на освета не создава принципи, граѓани, одговорност, слобода.
Ти, Љуботенски, си викаш: не можам сеа да ги чепкам Грујо и неговите (Латас, Ѕинго итн.) зашто се јаки, ќе ме рашамараат; него фино лепо утре ко ќе паднат од власт ќе им ја ебеме мајката! Не е тоа океј, Љуботенски, ниге нема да стигнеме така...
Па, глеј, всушност, како груевистите се пресметуваат со комунизмот и транзицијата... Тие не се пресметуваат со реалните лопови или прекршувачи на човечките права (забегани цајкани, егзекутори итн.), туку се пресметуваат со сегашните политички противници (Уставниот суд, Фондацијата Сорос итн.)

втор дел од разговорот

втор дел од разговорот Љуботенски-Преродбеник (од слените)

Испратено на 27 јули 2011 од Преродбеник (од следните)

И просто сум сигурен дека кога еден ден народот ќе им поднесува сметка на преродбениците (а сметката ќе биде тешка тешка до просерување и прокрвавување) главните ѕверови (Грујо, Латас, Мијалкови, Ставре, Маневски, Ѕинго, Стојменови, многубројните криминалци, уредникот Жоро Керим и слични подлеци од моралното општествено дно) - нема да бидат казнети. Ќе бидат казнети, на пример, госпоѓа Доларова или Тодоровиќ или Камчевска-Милевска за неверојатните криминали во СК о14 и другите „културни“ кражби. Ставре ќе биде во Америка, Мијалкови во Прага, „добриот“ Грујо заштитен... И како ќе извршиме правда, а, Љуботенски?!

Испратено на 27 јули 2011 од Преродбеник (од следните)

Керим, Латас, Стојменови и Ѕинго пак ќе бидат со СДСМ (пак со Велија, ко што беа 2006-2008), Љуботенски, така што не знам кого ќе казнуваш од преродбенициве... Бичиклиски?! Тој имбецил, кој не заслужува да го плукнеш, а не па да го казниш! (Имал 200 кривични пријави, се фали! и кур не му чуе... го штити фамилијата... толкав имбецл е што не копча дека тие пријави еден ден ќе бидат активни... нема везе, ужива дебилот во петте минути слава, ради тоа и го ставиле таму - затоа што е дебил - да го амортизира, ко сунѓер, целиот негативен публицитет на фамилијата). И јака работа ќе завршиме ако таков имбецил казниме (такви више мање беа Ламбе Арнаудов, Војо Михајловски итн., претходните жртвени имбецили на претходната гарнитура)

Испратено на 27 јули 2011 од Љуботенски

Никаде не ги амнестирам сегашниве, само сакам, ако се казнува, да биде праведно - за сите.

Ти мисли му ја за Ѕинго и сите што ги наброја, јас сакам да не се заборават претходните.

Ред си е ред.

Испратено на 27 јули 2011 од Преродбеник (од следните)

Љуботенски, ова е наше општество, наша земја, која треба да ја направиме добра и за нашите деца! Не ти е добра логиката, јад да му се светам на Ѕинго, ти на Велија! Така страда општеството, државата, сите ние! Иднината така си ја сјебуваме, Љуботенски! Ако сеа на сите мочани позиции во земјата страв и трепет внесуваат груевистите, зашто би било фер утре истото да го прават некои други злотвори?! Па какво е тоа јебано општество, Љуботенски?!

Ако Окно е ПР машинерија,

Ако Окно е ПР машинерија, тогаш МТВ, Сител, Канал 5, Дневник, Вечер и остали се ПР нуклеарка. Контаминираа све живо во Македонија.

Коља, лепото, а бе Милчин ги

Коља, лепото, а бе Милчин ги цинкарел Чашуле, Чинго и Шишков и така станал професпрче по режија. Ке биде се дадено на увид. Има да се гордееш од кој формат кодош е твојот мецена кој во минативе 20 години ти додели вкупно 5 милиони евра. Кај се арите, Коља?

Прво, „Чинго“, да те поучам:

Прво, „Чинго“, да те поучам: страшна е таа идентитетска инсуфициенција што ве дрма; како можеш ти да бидеш Чинго?! Значи, тоа постојано преземање туѓи идентитети (откај ми е тоа познато?!) збори за ништожен лик, тотално небитен, безвредно заменливо шрафче во партиската машинерија.

Второ, и среде сета умствена празнина, неверојатно си глуп, „Чинго“. Како човек да ти поверува во првото тврдење (дека Милчин некого цинкарел), кога второто (дека сум добил 5 милиони евра) е лудачки надувана лага?! Сто пати овде (а и на други места) сум зборел за сумите што ние културњаците и активистите ги добиваме на регуларни конкурси на кои секој може да конкурира (добиваме и од Министерството за култура; на пример, за списанието Маргина минатата година добивме 600 евра, а оваа година компир; за книга добиваме во просек по 700 евра, а ретко добиваме).

Трето, и да сум добил (камо среќа!) толку неверојатно големи пари, тоа ваљда би зборело дека сум гениј, махер за привлекување странски инвестиции, така?! Во НВО секторот, на пример, многу се цени успешното аплицирање; често пати услов да добиеш пари од некого е веќе претходно да си добил од друг; на едно добиено евро друг ти дава уште едно евро.

Четврто, според развојот на демократското (отвореното) општество и според привлекувањето странски капитал (од кој изминативе 20 години живееја илјадници луѓе во МК), Владе Милчин е еден од најзаслужните и највредните Македонци. Настрана, во мигов, неговата театарска и професорска работа. Владе Милчин, значи, во земјава, заедно со своите соработници, изминативе 20 години донел над 100 милиони евра. За разлика од тоа, најголемиот македонски патриот, Златниот-Црниот, директно од џебовите на граѓаните на РМ за пет години успеа да скоцка 12 милијарди евра.

Згора на се’, „Чинго“, идиоте, „моите“ 5 милиони евра, се сепак само пола Воин на коњ, зарем не?! Замисли стварно да имав пет милиони евра изминативе 20 години?! Со сума од приближно пола милион евра (значи, десет пати помалку од твоето типување, „Чинго“, идиоте) изминативе 20 години успеав да создадам, како уредник, над 300 книги, на пример. Со пет милиона, значи, ќе направев 3000 книги! (груевистите со пет милиона праат 500 книги, и тоа ги прават на најлош можен начин)

Како што нема бивши црнец,

Како што нема бивши црнец, така нема ни бивши џандар. Еднаш кодош, цел живот кодош!
Стоп за Полициската Бруталност!
ACAB!

- Само да е јасно не го сакам

- Само да е јасно не го сакам Груевски .
Но не ми јасно само како жртвите на тоталитарниот режим станувале носители на значајни функции во тој исти тоталитарен режим а и по пропаѓањето си ги задржале функциите или напредувале???
Се согласувам со Рикардо дека кодошлукот ја атомизира Нацијата , затоа сега да се обединиме да ги најдеме кодошите без разлика кој се и на која партија припаѓаат и да ги запечатиме на дното еднаш засекогаш.

Nemo prudens punit ut praeterita revocentur, sed ut futura praeveniantur .

Никој паметен не казнува затоа што се згрешило туку за да не се греши повеќе !

Анархист бил + , јеботе бог

Анархист бил + , јеботе бог ?!?

Милчин бе брат, :))
Да не си можеби бил Наци-панкер, така жртва те гледам измачувана, деградирана, репресиран до јаја..

Kolja, ke mu nosis cigari na

Kolja, ke mu nosis cigari na kodosov vo Idrizovo. A be duhot na Siskov, duhot na Cingo i duhot na Casule ke ve zbudalat. Golemi grevovi ste si stavile na dusata.

Кој му копа гроб на другиот,

Кој му копа гроб на другиот, самиот во него паѓа. Така и Грујо. Пикна еден куп луѓе по затвори, ги жигоса дека се кодоши, предавници... На крај ќе се сврти тркалото и Грујо ќе ја доживее судбината на Санадер.

seljak e seljak,

seljak e seljak, sekade.
Svetislav Basara (kolumna, Danas) za umislenive seljaci:
"Sve se to događa zahvaljujući meteorskom usponu klateža i malograđanštine. O tome je Niče napisao blistave stranice, pa zainteresovane upućujem na njegove knjige. Ovako to ide: domogne se seljačnina neke crkavice, diplomira, recimo, na filozofskom fakultetu, pa odmah pomisli da je filozof i da je njegova filozofija vrhunska istina ovoga sveta. Neće, međutim, svoju „filozofiju“ propovedati u svoje ime. A, jok. Nije toliko glup. Zna da to neće imati nikakvu prođu. Nego, bato, svoju filozofiju stavi u službu vere ili nacije, pa da vidiš kakve to aplauze mami. I kakve honorare donosi. Sad vam je, valjda, cenjeni publikume, jasno zašto je legendarni kineski izumitelj pisma, zaboravio sam mu ime, zaplakao kada je shvatio šta je učinio budućim pokolenjima."

Браво, Коља,

Браво, Коља, бруцошу-интелектуалецу. Само ти и полтроните на Милчин сте интелектуалци, ние другите сме, шо би рекол ти, сељаци. Ебате интелектуалецот кој не успеал да положи еден испит на факултет па се откажал. Туку, интелектуалецу на квадрат, море, интелектуалецу на куб, можеш ли да претпоставиш колку тешко им било на Шишков и Чинго баш заради кодошењето на Милчин.

Ова треба да се штанца како

Ова треба да се штанца како еден од одговорите на сите ваши изродбенички (да не се лажеме, апла фашистички) коментари:
Каде е Ал Пачино од филмот Мирисот на жената (1992) од школските клупи да им ја плесне очигледната вистина на наци југенд јуришниците на Фамилијата, преку легендарната реченица: „Сум видел момчиња со откинати раце и пресечени нозе, но нема ништо пострашно од сликата на ампутираниот дух, затоа што за тоа нема протеза“? Овој филм од школските клупи, го постави прастарото прашање за етичкиот гест: „Колку вредат твоите зборови во моментот кога може да го изгубиш личното добро? Дали си подготвен, ако околностите не ти одат во прилог, да ги изедеш сопствените зборови?“ И одговори дека постојат моменти, кога дури и по цена, целиот твој видлив свет да се распаѓа, тоа што не треба да го распродадеш е вистината.

Така е, Коља, нема ништо

Така е, Коља, нема ништо пострашно од ампутираниот дух. А виновни за повеќедецениската ампутација на духот се кодошите. Другар ти Милчин е еден од нив. Тоа што ти го поддржуваш те прави дел од наци југенд јуришниците на ју-сталинизмот. Нека не те буни тоа што припаѓаш на југенд, ти вечно ќе бидеш млад, бидејќи си вечен бруцош. Ебате фашистите кодошки скриени зад маската на квазиинтелектуализмот.

@човек Си ги помешал брзините

@човек

Си ги помешал брзините и гровташ со хипокризија. Најпрво, етикетирањето и жигосувањето на луѓе, како што ти сега правиш со Милчин, е метод од ерата на Хитлер и Сталин. Грујо ја прислушкува цела Македонија преку братучед му Мијал(ни)ков, што го прави кодош бр.1 во Македонија. Милчин е невин додека не се докаже на суд (пресумпција на невиност, ако нешто ти значи). Југенд елементите барај ги во етно-националистите од ДПМНЕ кои дигаат споменици на сериски убијци и тирани како Александар. Исто така не можам да ја сварам твојата перверзна логика кога невладини, непрофитни медиуми ги обвинуваш за јуришници!?! Како може да бидат јуришници кога единствено средство за акција им е зборот! Јуришниците барај ги кај Грујо кој ја контролира полицијата, УЈП, УБК... По твоето пишување можам да забележам дека ставовите ти се ксенофобични, полтронски, недемократски, и далеку од реалноста, т.е. параноични.

Прочитај си ја последната

Прочитај си ја последната реченица па ќе видиш кој етикетира. Како и сите твои илјадници коментари што почнуваат со „фашисту“, „изродбенику“ итн.

Коља, исти гомна сте и вие и

Коља, исти гомна сте и вие и ВМРОвците. Сфати го еднаш тоа. Милчин донел милиони евра? А бе не јади трици, волу еден, парите се на Сорос. Да ги даваше наменски и кај што треба, ќе беше создадено граѓанско општество. Пошто КОДОШОВ ги трошеше парите на Сорос на погрешни места, место да финансира проекти кои ќе развиваат граѓанска свест, ги даваше на длетанти и полупаразити-полуинтелектуалци како тебе, затоа е ваква државата. Вие сте криви за Скопје 2014 колку што е крив Груевски! Слушаш ли, паразиту проклет? И доста со тоа сталинистичко-фашистичкото: кој не е со вас, тој бил со другите. Ние, народот на оваа држава, н сме ни со вас ни со нив. И затоа страдаме. А додека вие изигрувате малтретирани интелектуалци, си ги полните џебовите, исто ко овие што перат пари од градење споменици. Ќе ви застане залакот в грло и вам и ним. Заедно ќе мочате крв во Идризово, кога ќе ви се дигне народот!

Neverojatno .., Zalosno e da

Neverojatno .., Zalosno e da se pisuvaat a uste potragicno e da se citaat vakvi statii i komentari .., Zalosno e da se eksponiraat vo eterot luge vo zabluda koi se prodeklariraat kako '' demokrati '' .., Luge zadoeni so post socijalistickiot moment na '' Bratstvo i Edinstvo '' .., Tragicno :( So ovoj moment na apsurdno prikazuvanje i moment na opravduvanje na nekoi licnosti a uste poapsurdno i banalno obvinuvanje na nekoi pritoa koristejki navredi i vulgarnosti koi nema da nekogo ''osvestat '' tuku ke navredat .., samo se proiznesuva edna vidno frustrirana licnost ..,

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото